дома блог страница 458

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА БЈБ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Се апсат корумпирани доктори!

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем.

Обемна полициска операција спроведува Бирото за јавна безбедност при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Дознава канал 5 неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни

Дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии

Според нашите извори се работи за мрежа составена од преку 50 лица: доктори, член на комисија во пиом, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро, претреси се прават и во здравствени ординации,адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.

-Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.

Неофицијално се работи за мрежа составена од преку 50 лица: доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро), претреси се прават и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.

Против 49 лица се поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда, брифираат од МВР.

Во рамки на акцијата, се спроведуваат претреси на вкупно 21 локација, од кои:

• 15 се на домашни адреси на осомничени службени лица

Во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица за останатите 25 ќе ги спроведеме до станица оли директ пред ЈО некои може ќе зборат па ќе се решава што како …

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Здружението ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО Кочани

Во духот на општествената одговорност и солидарност, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш обезбеди донација за Здружението Доброволно противпожарно друштво Кочани. Средствата од донацијата во оваа прилика, освен што се значајна поддршка на здружението, ќе придонесат и за надградување и доопремување на претходно набавеното возило со сите неопходните ресурси за гасење пожар.

Би сакале да упатиме искрени желби за закрепнување на повредените лица од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во земјава и во странство. Во оваа прилика изразуваме и силна благодарност до сите здравствени професионалци и волонтери од земјава и надвор од неа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења за спасување и закрепнување на жртвите.

Се согласувате ли? Просечната нето-плата во февруари e 43.053 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти.

ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16.6 проценти, Преработувачка индустрија за 11.5 проценти и за Образование 11.4 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 3.9 проценти и Преработувачка индустрија за 2.5 проценти.

Во февруари годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64.634 денари.

ГОЛЕМА КРАЖБА СИНОЌА ВО ПРИЛЕП: Ограбени просториите на старото индустриско училиште

Маркукуле дознава дека синоќа, засега непознати сторители, извршиле кражба во просториите на старото индустриско училиште во Прилеп.

Просториите на ова училиште каде во минатото се одвиваше практична настава, се наоѓаат до Територијалната противпожарна единица.

Според нашите сознанија, веќе извесен период таму не се одвива настава, но во овие простории се’ уште имало вреден алат во сопственост на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.

Oд МВР работат на утврдување на штетите и пронаоѓање на сторителите.

Николоски во работна посета на високо ниво на Велика Британија – средби со министри и претставници на бизнис заедницата во Лондон

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.

Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.

Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.

Струга ќе го пречека Прилеп во “Ристе Ристески-Ричко”

ФОТО/ФБ/РК Прилеп

Во рамки на петтото коло од плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига, ракометарите на Прилеп требаше да гостуваат кај Струга, но поради немање термин во сала во овој град, стружани ќе бидат домаќини во спортската сала “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп.

Натпреварот е закажан за 23.04. со почеток од 19:30часот, а прилепчани ќе имаат одлична можност да се вратат на победничките патеки по шокантниот пораз изминатиот викенд од Радовиш.

Во моментов по четири одиграни натпревари, Прилеп е втор на плеј-аут табелата со 7 бода, а Струга е на последното место со 4.

РК Прилеп досега забележа две победи над Борец и Пролет, одиграа нерешено на гостувањето кај Куманово и беа поразени на домашен терен од Радовиш.

Убавина! На трет ден Велигден осветен преубавиот храм св. Атанасиј во населеното место Крушеани (Фото галерија)

Во населеното место Крушеани, општина Кривогаштани, денеска на трет ден Велигден, се изврши осветување на доградениот и реновиран црковен храм Св. Атанасиј.

Чинот на осветување го изврши Митрополитот на Крушевско-демирхисарската епархија, Владиката Јован, кој потоа чиноначалствуваше и со света Архиерејска Литургија. Храмот денеска го посетија голем број верници од Крушеани и соседните населени места.

Црквата во Крушеани според некои податоци е подигната и осветена во 1860 година, а според истражувањето на Јован Трифуноски, пак, црквата е подигната во 1877 година.

Храмот сега блеска од убавина, а за тоа заслужни се членовите на црковниот одбор, верниците, како и голем број донатори и добронамерници.

Нека е за навек!

Изложбата “Траги на времето” од прилепчанката Верче Николоска, во четврток во Ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”

,,Траги на времето“ е изложбата на дела од прилепчанката Верче Николоска што ќе биде отворена на 24 април 2025 /четврток/ од 19 часот во Ликовниот салон од ЦК ,,Марко Цепенков“.

Уметницата Верче Николоска која долги години работи во повеќе техники – цртеж, графика, колажи, ќе се претстави со 22 дела работени во акрил на платно. Ќе бидат изложени и пет дела од малата внука Теона, која пројавува интерес за уметноста.

– Делата се апстракции на кои ги пренесувам моите чувства, визии, за уметноста, бидејќи живеам за уметноста. 25 години постојано се надоградувам како уметник. Апстрактниот ескпресионизам најмногу ми лежи, иако работам и други мотиви. Освен колажите, цртежите и графиките сум создала и дела од глина – вели Верче, која досега има реализирано шест самостојни изложби, од кои ова и е трета во Прилеп, а учестувала на бројни ликовни колонии. Член е на ДЛУП.

Кражба во домот на Фатмир Битиќи од СДСМ: Украдена голема сума пари, часовници и други предмети

Поранешниот потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен. Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф, а наводно вкупната вредност на одземените предмети, часовници и пари во разни валути е околу 50.000 евра.

-На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, потврдуваат од МВР за Курир.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Битиќи за ORA24.TV потврдил дека имало кражба во неговиот дом.

-Да… Не би зборувал за детали, одговори Битиќи за ORA24.TV.

ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници

Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме разговорите со нашиот владин партнер ВМРО – ДПМНЕ, соопшти портпаролот на движењето, Никола Мемов на денешната прес-конференција.

Во делот за настапот на локалните избори, рече дека партиското раководство размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот на соработка за избор на кандидати за градоначалници во општините, размислуваат за соработка и заемна поддршка со ВМРО – ДПМНЕ.

Тој сепак нагласи дека кандидатите на ЗНАМ ќе бидат самостојни кандидати, поддржани од ВМРО – ДПМНЕ и нивната коалиција. Досега, како што кажа, разговарале исклучиво со коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ.

На новинарско прашање, дали е можна поддршка и коалиција со некоја друга партија, тој одговори дека, конечниот заклучок и соработка за евентуална таква поддршка на локалните избори, ќе било одлучено од органите и телата на партијата.

Запрашан дали актуелниот министер за здравство Арбен Таравари треба да биде надвор од владиниот кабинет, по превирањата во „Вреди“, рече дека ставот на ЗНАМ е многу јасен, дека тоа е внатрешно прашање на коалицијата „Вреди“, а останувањето на партијата на Таравари зависело од ставот на премиерот.

Мемов, исто така, се осврна и на заклучоците донесени на последната седница на централниот одбор на „ЗНАМ“ – „За наша Македонија“.

– Почнувајќи од утре, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, во следните 60 дена партиското раководство, сите избрани и именувани функционери од движењето ЗНАМ, ќе ги посетат сите општини во Република Македонија и ќе одржат средби со сите членови, симпатизери, но, исто така и граѓани, со цел директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, што ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори. Како и секогаш, движењето ЗНАМ, своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните, рече Мемов.

Во програмата на движењето за локалните избори, главниот фокус ќе бил на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.

На средбите, заедно со граѓаните ќе била извршена соодветна анализа, по што ќе следувала и идентификација на квалитетни кадри – кандидати за градоначалници и кандидати за советници, кои можат да направат вистинска разлика на локално ниво.

Во таа насока, формирани биле четири каравани што, како што беше кажано, ќе ги предводат претседателот Максим Димитриевски, генералниот секретар Горан Минчев и двајцата потпретседатели – Весна Бендевска и Павле Арсовски.

Мевов додаде дека донеле одлука за одржување на втор изборен конгрес на движењето, каде ќе бидат избрани претседател на партијата, како и централниот и надзорниот одбор. Конгресот ќе биде оддржан во втората половина на месец јуни.