дома блог страница 453

Македонија беше дел од 77. Конгрес на Европската боксерска унија во Сараево (ФОТО)

Во периодот од 6 до 8 јуни, во хотелот Hills Ilidža во Сараево, успешно се одржа 77. Годишен Конгрес на Европската боксерска унија (EBU) — настан што ја обедини европската професионална боксерска сцена.

Организатор на Конгресот беше Сојузот за поддршка на професионалниот бокс на БиХ, предводен од претседателот Заим Нумановиќ. Благодарение на извонредната организација и традиционалното балканско гостопримство, Конгресот беше реализиран на високо ниво.

На настанот учествуваа 102 делегати од 42 земји, меѓу кои и Македонија, претставена преку “Про Бокс Македонија” со двајца свои претставници, Весна Чатлеска и Дарко Чатлески.

Клучни теми и одлуки:

Безбедноста на боксерите

Усвоена е иницијатива за воведување на унифицирани медицински прегледи за сите професионални боксери во Европа, со цел да се зголеми здравствената заштита и да се уедначат стандардите.

Борба против пиратските асоцијации:

Конгресот ја отвори важната тема за растечката појава на пиратски асоцијации и нерегуларни промотери. Договорено е заедничко делување за нивно идентификување и информирање на боксерите со цел да се спречи нивното учество на небезбедни настани.

Развој и организација на натпревари:

Споделени се најдобри практики за организирање на спектакуларни боксерски настани, со почитување на високите стандарди на професионалност и фер судење.

Нови членки на EBU:

На Конгресот беа примени две нови полноправни членки Албанија и Литванија ,со едногласна поддршка од страна делегатите на EBU.

Додека Словенија доби статус на привремена членка на Европската боксерска унија.

Одлука за следниот Конгрес:

Со едногласна поддршка, делегатите одлучија 78. Конгрес на Европската боксерска унија да се одржи во Тирана, Албанија во 2026 година.

На Конгресот беа доделени и најпрестижните годишни награди на EBU:

Шампионат на годината:
Weiss vs Molina

Шампион нагодината:
Sam Noakes

Женски шампион на годината :
Tania Alvarez

Промотер на годината:
Queensberry Promotions

Македонски придонес:
Македонската делегација од Про Бокс Македонија активно учествуваше во сите дискусии.

„Наш приоритет е безбедноста на боксерите и високото ниво на професионализам во натпреварите. Целосно ги поддржуваме иницијативите за унифицирани медицински прегледи и борба против пиратските асоцијации. Чест ни е што сме дел од овој заеднички европски процес“, изјавија од македонската делегација.

Конгресот во Сараево ја покажа јасната решеност на европската боксерска заедница за создавање на побезбедна, попрофесионална и пофер боксерска сцена. Македонија, преку активното учество на Про Бокс Македонија, продолжува да дава свој придонес во оваа заедничка визија.

Револуционерни промени во прилепската болница: Јоноски за прв пат раководеше со специфична операција на лакт, наредна недела ќе почне да се оперира и ‘рбет

За прв пат во Прилеп, а втор пат во Македонија, денеска на одделението за ортопедија и трауматологија при прилепската болница “Борка Талески”, се направи артропластика на главата на радиусот кај 37-годишен пациент, кај кој после скршеницата во предел на лактот имаше нефункционалност на зглобот, со ограничени движења и потешкотии во движењето на раката.

Операцијата која беше извршена под водство на д-р Кире Јоноски и д-р Игор Мерџаноски, како и помошниот медицински персонал, отвара ново поле за работа во болницата во Прилеп, со цел воведување на нови современи техники во третман на пациентите.

-Oперативниот тек помина уредно, пациентот се чувствува добро, функцијата на ракате е вратена по поставената протеза на радиусот. Тимот од ортопедско-трауматолошкото одделение се надева дека со континуирана едукација и воведување на вакви нови методи на лекување, во иднина ќе придонесеме за што поголем број задоволни пациенти, кои ќе можат да бидат третирани тука на нашиот оддел, а со цел да се избегнат дополнителните трошоци за пациентите, кои досега за ваква проблематика беа упатувани во клиниките во Скопје и во странски центи, истакна Д-р Кире Јоноски.

Од болницата информираат дека веќе наредната недела, во Прилеп за прв пат ќе се изврши операција на рбетен столб.

 

 

„БРОС“ СЛАВИ 4 ГОДИНИ – Викендов во Прилеп се спрема журка за паметење

Едно од најпрепознатливите места во Прилеп, Брос, овој викенд го одбележува својот 4-ти роденден со дводневна роденденска прослава која ветува незаборавна атмосфера, жива музика и вистински ноќен хаос.

Во изминатите четири години, „Брос“ се изгради како култно место за младите (и оние што се чувствуваат така), каде добрата храна, креативниот амбиент и енергичните викенд журки се рецепт за успешна приказна. Од street food мени до тематските забави и викенд настани – Брос стана повеќе од бар, тој стана симбол на новиот урбан дух во Прилеп.

🎉 Програмата за роденденот ќе биде со нашите најпознати прилепски артисти:

● Петок (13 јуни): На сцената ќе настапат The Hounds, бенд познат по својот моќен рок звук и неверојатна енергија во живо.

● Сабота (14 јуни): Ќе настапи електронското дуо Cyrillic, ветувајќи ноќ со моќен сет и незапирлива енергија.

„Не сакаме само да славиме роденден – сакаме да создадеме ноќ за паметење. Секој што некогаш влегол во Брос знае дека тука се живее моментот. Овој викенд е токму тоа – заеднички момент со сите наши луѓе,“ велат од тимот на Брос.

Почетокот е закажан во 21:00 часот и важи едно правило – сите се добредојдени, но местата се пополнуваат брзо.

Четири години, безброј приказни – Брос ве повикува на роденденска забава каде ќе се пее, ќе се пие и ќе се слави онаму каде што животот пулсира најсилно – во срцето на Прилеп.

Концерт на „Чалгија саунд систем“ во Прилеп

На 14 јуни 2025/ сабота/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“. Влезот за концертот е слободен.

Бендот Чалгија саунд систем постои од 2008 година со една цел: да истражува низ оставнината на македонската музика, да ги открие нејзините скриени тајни и звуци и да се вложи одржувајќи ја во добра форма македонската чалгија без да се изневери традицијата. Во таквото музицирање и растење, Чалгија саунд систем како да ја откри најважаната тајна која ја носи во себе чалгијата – а таа е одлепувањето од индивидуализмот и залепувањето за заедничкото убаво и добро.

Бендот првиот албум го објави во 2010 година со истоимен албум во кој беа без никакво двоумење отсвирени и отпеaни некои од најубавите македонски чалгиски песни.

Созревајќи, во 2019 год, бендот го издаде својот втор албум именувајќи го „Тихувај“ како провокација за авторски поглед на нова чалгија во која беа вметнати современи звуци.

Летото 2023 Чалгија саунд систем направи омаж на еден од последните охридски трубадури – Климе Садило изведувајќи ги неговите незаборавни виолински делници без никакви додавки или преаранжирања положувајќи го тестот на строгата охридска публика.

Чалгија саунд систем е бенд кој уште од почетокот наиде на одличен прием во Македонија остварувајќи со тоа огромен број концертни настапи насекаде.

Но Чалгија саунд систем ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот одржувајќи концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика на светот во Рудлштад, Германија каде во 2022 година ја делеше сцената со најголемите ѕвезди на балканските и светските простори, што од жанрот ворлд музика, што од рокенрол фелата.

Aко не сакаш само да штедиш за лекови во староста, оваа среда научи како и каде да инвестираш

Понеделник е – време е да си ја резервираш средата.

Само 2 дена до after-work на кој парите, финтекот и вистинските одговори ќе се сретнат на исто место.

„Во што да вложиш кога животот ти е инфлација?“
📍 Qworkingo – Coworking Space Bitola
🕔 11 јуни, 17:00 часот

Парите не остануваат долго ако не се вложат паметно.

Прашањето не е дали ќе заминат – туку каде прво одат.

А, која е технологијата зад тоа вложување? Што е финтек и како P2P го трасира патот за финтек-индустријата во Македонија?

Ако барем едно од овие прашања ти е нерешена енигма, сврати на after-work што не зборува со spreadsheets, туку со вистина и хумор.

Теодор Тодоровски од P2P ќе објасни каде и како да инвестираш – ако не сакаш само да штедиш за лекови во староста.

А потоа?

Краток курс за инвестирање. Долг after-taste.

Дегустација на одбрани вина и разговори што вредат.

Во Bonatti нема крај на изненадувањата! Попусти и до -40% во пресрет на летните одмори (Фото галерија)

Нема крај на изненадувањата во Bonatti. Во пресрет на летните одмори подновете се со нешто уникатно и  удобно. До 16.06. имаат попусти и до -40% на одредени производи!

Посетете го продажниот салон на Bonatti во Прилеп на бул. “Гоце Делчев” бр. 6-3, наспроти “Ла Страда” и изберете нешто убаво и квалитетно за себе или за вашите најблиски.

Во продолжение погледнете само дел од широкиот асортиман на производи, кој вклучува долна облека, пижами, аксесоари и други модни детали.

 

ЛУДО СЛАВЈЕ ВО БИТОЛА! Вака се пречекуваат спортските херои (Фото галерија/Видео)

Синоќа, Платото пред Офицерскиот дом, каде што се одржа големата прослава по повод освојувањето на шампионската титула од страна на РК Еурофарм Пелистер, беше центарот на радоста и спортскиот дух на Битола. Голем број битолчани, верни навивачи, припадници на навивачката група Чкембари, како и бројни љубители на ракометот, се собраа заедно да го одбележат овој историски успех.

Настанот помина во извонредна атмосфера, исполнета со навивачки песни и голема позитивна енергија. Специјален придонес во забавниот дел на програмата дадоа музичките настапи на „Brass Brothers“ и популарниот пејач Димитар Андоновски, кои со своите изведби ја зголемија еуфоријата и донесоа дополнителна магија на вечерта.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се обрати на присутните, изразувајќи искрени честитки до ракометарите, стручниот штаб и управата на клубот. Тој се заблагодари за нивната посветеност и професионализам, истакнувајќи дека со овој успех Битола уште еднаш докажа дека е вистински спортски град со огромен потенцијал и традиција во ракометот.

-Оваа вечер беше многу повеќе од прослава – таа беше симбол на заедништвото, страста кон спортот и гордоста на градот што стои зад своите шампиони – велат од општина Битола.

Шест дена авантуристичко патување по Вардар: По 25. пат ќе се одржи уникатната “Вардарска регата” (ФОТО)

Во организација на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, годинава по 25-ти пат ќе се оддржи уникатната Вардарска регата – шестдневно авантуристичко патување по реката Вардар, кое ги спојува природната убавина, историјата и пријателствата низ границите.

Минатата 2025-та година, учесниците запловија на 19-ти јуни од Македонија, а на 24-ти јуни пристигнаа во Солун, преминувајќи вкупно 280 километри од кои 80 километри низ територијата на Грција.

Оваа регата не е само спортски настан – тоа е жив споменик на велешката традиција, на гемиџиите кои со своите пловила столетја наназад тргувале по течението на Вардар. Од времето кога турската патарина ги принудила трговците да ја бараат реката како слободен пат, па сè до денешната еко-авантура – Вардар останува сведок на истрајноста и духот на велешани.

“Ќе запловиме десет пловила се надеваме дека нема да пловиме, веславме по високи температури и по 50 степени на сонце и жега, но сепак треба да се весла, благодарност за централите на ЕСМ кои ни се ветер во грб и ни овозможуваат добар водостој на Вардар. Тоа што за нас беше несфалтиво и што не можевме да веруваме, дека реката Вардар е една низ Македонија, друга низ Грција. Во Евозни се сретнуваме со река Вардар, која е непозната за нас. Таму не среќаваме ниту пластично чише, ниту отпад како што во Македонија по големите дождовите. Реката низ Грција е максимално еколошки заштитена, немаше отпадна, индустриска вода насочена во неа. Сепарации какви што гледаме тука не постојат, таму е друга технологија, која не го менува текот на реката, не ја уништува“, кажа Ангелче Гушев, организатор и капетан на Вардарската регата, 25-та годинава по ред.

“Од клучно значење за оваа мисија се и грчките извидници од Солун, кои веќе пет месеци претходно со велешките извидници го координираа секој чекор од регатата. Тие обезбедија сместување, храна, вода, логистика – но и нешто уште поважно: пријателска рака, соработка и почит.„Голема чест е да ја завршиме регатата во нивната база во Солун“, додава Гушев.

Во завршницата, регатата поминува низ делтата на Вардар – заштитен птичји резерват каде што во јуни се одвива размножувањето. Тука учесниците со посебна грижа го почитуваа природниот баланс, покажувајќи дека вистинската авантура не се мери само во километри, туку и во односот кон природата.

Регатата не е само патување по вода – туку враќање кон корените. Велешките гемиџии, трговци од 18-ти и 19-ти век, ги полнеле гемиите со уникатни продукти како шарлаган (масло од афион), катран (фармацевтски изцедок) и сахтијан (козја кожа за луксузна облека). Гемијата, водена од четворица гемиџии, пловела кон Солун, каде што во близина на црквата Св. Ѓорѓија се вршел претовар за натамошен пат кон Мала Азија и Европа. „Мангалот“ на носот на гемијата бил симбол на живот и отпор – светло во ноќта и топлина во студот. Гемиџиите биле не само трговци, туку и чувари, храбри луѓе кои го бранеле својот товар и пат од грабежи и препреки.

Во време кога луѓето забораваат на реките, Вардарската регата нè потсетува дека водата не е само природен ресурс, туку жива врска помеѓу култури, генерации и народи. Таа е мост – од Велес до Солун, од традиција до современост, од борба до заедништво. И следната година, повторно по патот на гемиите.

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев осомничен за трагедијата во „Пулс“ – обвинителството го смета за „реален сопственик“ на фирмата за обезбедување
По претреси во Скопје и Пробиштип одземена е обемна документација.

“Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор”, соопштија од Обвинителството.

Тие ќе произнесоа деталите.

“Без да имаат договор со клубот ‘Кабаре ПУЛС’ Кочани, во текот на 2025 година незаконски вршеле обезбедување на објектот. Новоосомничениот активно раководел со ова обезбедување, спротивно на Законот за приватно обезбедување – без безбедносна проценка, план, проверка за противпожарна заштита и услови за евакуација. Во ноќта на пожарот, не го контролирале влезот, дозволиле присуство на малолетни лица, преполнетост на објектот и внес на пиротехника од музичката група, што довело до пожар во кој загинаа 62 лица, 157 беа тешко повредени, а 54 со полесни повреди”, информираат од Обвинителството.

Претходно, Александар Нацев негираше вина и поврзаност со случајот.

“Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени”, порача Нацев на 16 март, пред да биде осомничен.

Погледнете што објави Нацев по трагедијата.

Александар Нацев, кој потекнува од Пробиштип, во минатото бил директор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година, во време кога премиер беше Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата. Често се појавуваше како портпарол на оваа партија, а денес е извршен директор на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ) и професор на Факултетот за државна безбедност.

Mицкоски: “Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава”

Вие младите не сте само иднината на оваа држава-вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред. Не со страв, туку со идеи. Не со поделби, туку со заедништво. И затоа сакам денес да ви порачам: останете тука. Борете се тука. Градете тука. Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас им подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех – порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што вчера се одржа во Велес.

Денес, додаде тој, имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме.

-Еве го нашиот предизвик: да не дозволиме Македонија да остане заглавена во стари приказни. Да создадеме нова приказна – ваша приказна. Приказна на успех, знаење, правда и слобода. Младите на Македонија – вие сте тие што можат да ја променат оваа земја. Вие сте тие што ќе ја направат подобра. Не постои сила што може да ве запре кога верувате во себе и кога дејствувате заедно. Македонија мора да успее. И ќе успее – порача премиерот Мицкоски.

Според него, триесет години политичарите во Македонија никогаш отворено и вистински не говореле за младите, за тоа што е потребно да се направи за да тие вистински бидат среќни.

-Но и никогаш не ги слушаа што тие ни кажуваат, и тогаш кога многу работи укажуваа. Најголемиот неуспех на една држава се случува кога ќе згаснува жарот на младоста, кога младите ќе се уморат долго чекајќи да бидат слушнати и никогаш нема да дојде нивното време – рече Мицкоски.

Тоа што младите си одат од Македонија, според него, не е затоа што нашле подобро место од својот дом, туку затоа што не биле слушнати кога гласно говореле.

-Денес мотивот за иселување од Македонија не е само побогат живот во странство, туку и желбата за подобар систем кој не го наоѓаат тука. Затоа си одат професори, доктори и луѓе на кои не им е најважна платата, туку иднината која не ја гледаат тука, системот кој ги изневерил многу пати порано. Затоа што нивните сонови беа уништувани системски и многу долго. Да погледнеме на вистината во очи. Имаме загубени генерации. Моето срце се распарчува кога ќе ги видам празните клупи по факултетите, празните улици по градовите и полните автобуси и авиони со млади луѓе кои си заминуваат – порача Мицкоски.

Ова, смета тој, не е неуспех на еден човек, или само една генерација која водела политика во Македонија, туку заедничко потфрлање на сите до сега, кои не обрнале внимание на младите, кои систематски со неспособност, криминал и корупција го уништувале системот, кои не дозволиле сонот да стане реалност, кои секоја желба и мотив ја разградувале со колективните грабежи, со рушење на системот, со некадарност и грубо префрлање на вината.

-Загубените генерации не потетуваат на времето и не-делата што ги направија, и затоа кога зборувам за тоа што наследивме, тие кои не доведоа до тука не им се слуша. Но во исто време знам дека народот е уморен од изговори, од меѓусебно префрлање на вината и одбегнување на одговорност за работите кои се заеднички важни – истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер е дециден дека работите може да се променат само доколку отворено се пристапува и се разговара, и ако заеднички се води борбата.

-Затоа денес секој чекор кој го преземаме е да ја вратиме надежта и создадеме систем на ред и одговорност. За тоа ни е потребна мобилизација и шанса за секој еден човек кој сака искрено да работи и покажуваме дека може поинаку. Никогаш не ветував чуда, невозможни работи, но затоа беспоштедно и максимално ќе се борам за секој еден човек и за заедничката иднина. И мора да го смениме системот и да ја вратиме надежта – рече Мицкоски.

Но, како што потенцира, тој не ги повикува младите само да се надеваат туку да се вклучат, да се борат, да се исправат, затоа што, „никој нема да ни ја даде иднината на тацна, ќе мора сами да си ја изградиме, тула по тула, борба по борба, ден по ден“.