дома блог страница 454

Oтворен Музејот во движење на МТФ “Војдан Чернодрински”: Не може да се замисли животот во Прилеп без театарот – Платнар, Џумерко, Ристоски…

Човечките приказни не треба да се оддалечуваат од луѓето и од непосредноста. Посебно актерските човечки приказни имајќи ја предвид ситуацијата со сите предизвици на театарските сцени во Прилеп важно ми беше да го покажам она што сите ние го знаеме: Прилеп имал, има и ќе има театарски уметници. Театарот за разлика од другите медиуми не може да биде зачуван на ниту еден адекватен начин освен преку пишаните, снимените, фотографираните и раскажаните податоци. Затоа одлучив приказната за театарскиот Прилеп да ја раскажам низ чаршијата надвор од стерилните услови на сите институции, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ синоќа на отворањето на Музејот во движење, посветен на тројцата легендарни прилепски театарски уметници – Кирил Ристоски, Благоја Спиркоски – Џумерко и Благоја Ристоски – Платнар.

На невообичаен начин, преку изложба на фотографии, лични предмети, артефакти, на неколку локации низ градот, во места пријатели на фестивалот, авторите на изложбата Звонко Димоски и Ана Стојаноска го доловија животот на овие уметници и приватно и професионално. Емотивна средба беше ова и за членовите на нивните семејства.

-Прилеп е во тесна врска со својот театар, поточно, не може да се замисли животот во Прилеп без театарот, навиките за одење во театар, прераскажувањето на театарските претстави, поздравувањето на актерите низ чаршијата, гордоста од нивните успеси по фестивалите и гостувањата во и надвор од нашата земја. Театарот за разлика од другите медиуми не може да биде зачуван на ниту еден адекватен начин освен преку пишаните, снимените, фотографираните и раскажаните податоци – рече Стојаноска.

Програмата „Прилеп во фокус“ ви овозможува да зачекорите во животот од едни од најзаслужните прилепски уметници, и со тоа секој посетител да го искуси сценско-изведувачки и аудиовизуелениот начин на значењето на Прилеп во однос на македонскиот театар. Изложбите ќе бидат достапни за посетителите до крајот на фестивалот.

На третиот фестивалски ден гостуваше екипата на Штипскиот театар со претставата „Сите најубави нешта“ во режија на Нела Витошевиќ. Топлата и трогателна претстава која во фокус го става менталното здравје ја одушеви публиката.

Се одржа и тркалезна маса за претставата „Црно семе“ на Битолскиот театар. Секоја генерација има свое време. Оваа наша генерација има своја порака која нема допирни точки со онаа од филмот. Битолскиот театар има силни индивидуалци, а во претставата беа ставени во колективна игра, рече Васко Мавровски, актер и директор на театарот.

Режисерот Андреј Цветановски му ја посвети претставата на неговиот татко Владо Цветановски, а изведбата во Прилеп беше токму на денот на неговиот роденден.

За режисерот Цветановски најважно е да се дојде до вистината, а не дали начинот е класичен или современ.


-Иако дејството се случува 1947 година има доволно современ контекст. Тој колективен прогон на индивидуалните судбини за мене беше клучен во претставата. И иако играта е колективна, има индивидуални улоги, судбини кои, сепак, целосно не отскокнуваат, рече Цветановски.

Актерот Мартин Мирчевски кој го толкува ликот на Андон нагласи дека не се осмелил да прави споредба со култниот филм „Црно семе“. А театарот или го доживуваш или не, рече тој.

-Филмот е антологија. Кај нас, во претставата, целиот процес стана многу спонтан, се роди енергија. Не ги сфаќам потребите за класификација. Сакам театарот да ме возбудува во работата. Театарот или го доживуваш, или не, рече Мирчевски.

Присутните на разговорите го нагласија еден од навпечатливите сценски изрази во претставата – појавата на Ангелина, жената на Андон.

Вечерва во 19 часот од официјалната програма ќе биде изведена „Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народниот театар од Штип. Улогите ги толкуваат: Ефтим Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонова, Стефанија Митовска, Ава Хусеини и др.

Денеска во 11 часот ќе биде промовирани нови драми од наградите на „Еуродрам“, а на пладне ќе следува тркалезна маса за претставата „Сите најубави нешта“ на Штипскиот театар, од официјалната програма.

Вечерва во 19 часот, на големата сцена на Центарот за култура ќе игра ансамблот на Албанскиот театар со претставата „Ричард Трети“ во режија на Куштрим Бектеши. Улогите ги толкуваат: Адем Карага, Шкумбин Истрефи, Теута Ајдини Јегени, Вјолца Бектеши Хамити, Амернис Нокшиќи, Абедин Алими, Осман Ахмети, Музбајдин Ќамили, Дритеро Аме, Фисник Зеќири, Ментор Курти, Генци Мирзо, Рахим Рамадани, Сара Бајрами, Гентиана Рамадани, Хетем Етеми, Сабина Мемиши Асланај и Дениз Рустеми.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

Одиме на три бода! Македонија денеска му гостува на Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

„Црвено-жолтите“ по ремито со Белгија во петокот во Скопје, на средбата со Казахстан одат по трите бода за да останат конкурентни за висок пласман во Ј-групата.

Во текот на вчерашниот ден Македонците го одработија официјалниот тренинг на теренот со вештачка трева каде ќе се игра натпреварот.

Почетокот на дуелот Казахстан – Македонија е закажан за 16 часот.

На табелата лидер е Велс со 7 бода (3 натпревари), Македонија има 5 (3), Казахстан 3 (2), Белгија 1 (1), Лихтенштајн 0 (3).

Возач на автомобил прегазил велосипедист во Прилеп и избегал

-На 07.06.2025 во ОБВР Прилеп било пријавено дека околу 18.00 часот на крстосицата од ул.„Александар Македонски“ и ул.„Борка Талевски“ во Прилеп, патничко возило удрило во велосипед управуван од Е.П.(42) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата, велосипедистот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Уапсен газдата на обезбедувањето на дискотеката “ПУЛС” – Се бара притвор

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

„Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје.

Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

„Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице. Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица“, велат од Обвинителството и додаваат:

Врз основа на судска наредба вчера беше извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот, при што беше одземена обемна документација поврзана со правното лице и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор.

Страшен инцидент денеска во Прилеп: Дрвокрадци камикази уништија возило на шумската полиција (Фото)

Пред малку во Прилеп, дрвокрадците со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов.

-Кога објавувам дека овие бандити не бираат средства да избегаат, дел од граѓаните во коментари на моите објави се потсмеваат.

Жалното во приказната е тоа што истите овие кои го направија ова, секојдневно ја уништуваат природата во прилепскиот регион.

Жалното е тоа што и покрај тоа што ги имаме фаќано безброј пати, тие повторно се на слобода и повторно и повторно го прават ова.

Апелирам до судот и обвинителството да носат ригорозни мерки за овие бандити и да не го чекаме моментот да ни биде повреден или недај Боже да ни загине некој колега, па дури тогаш да се освестиме.

И покрај сите предизвици, назад нема.

Нема ниту милиметар да отстапиме од борбата со криминалците, а одговорност ќе има за сите – стои во објавата од Михаилов.

https://www.facebook.com/share/p/1DnKdDycaX/

Гостопримство, удобност и гурманско уживање! Хотел Салида повторно работи со полн капацитет

Хотел Салида Прилеп ги известува своите ценети гости и пријатели, дека повторно започнува со работа со полн капацитет на сите легла. Брендот на Прилеп во хотелиерството, ова лето е спремен да ги дочека и да ги стави на располагање своите соби за сите нашинци од дијаспората и секој намерник и гостин во градот под Марковите Кули.

На две локации, на влезот во Прилеп од страната на Битола и веднаш до Економскиот факултет во северниот дел од градот.

Хотелот кај “Паркот на револуцијата” брои 29 соби и 4 луксузни апартмани со вкупен капацитет од 60 легла. Исто така, гостите имаат собна послуга на располагање од 24 часа.

Секоја соба или апартман е опремена со директна меѓународна телефонска линија, бесплатен безжичен интернет, мини бар, кабловска телевизија, аларм за итни случаи, централна климатизација и друго.

Хотелот кај населбата “Варош” брои 12 соби и 2 луксузни апартмани со вкупен капацитет од 38 легла.

Секоја соба или апартман е опремена со директна меѓународна телефонска линија, бесплатен безжичен интернет, мини бар, кабловска телевизија, аларм за итни случаи, централна климатизација и друго.

За потсетување, Салида ја има и една од најдобрите ресторански услуги. Ќе бидете угостени со разновидна традиционална македонска храна за топло добредојде во градот херој.

Почувствувајте го Прилеп на најдобар начин. Професионалност, гостопримство, удобност и гурманско уживање, СЕ НА ЕДНО МЕСТО!

Резервирајте навреме! Тимот на хотел “САЛИДА” ве очекува!

Донцна синоќа приведени шестмина прилепчани – се испотепале пред ноќен клуб

-На 07.06.2025 во 02.00 часот пред ноќен клуб лоциран во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К., Ѓ.А.П., М.А., О.Т., М.К. и Х.Ј., сите од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Аплаузи, воздишки, солзи на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“. Смеата е моќ, а храброста – потреба

Емотивно и со многу восхит и почит, долги аплаузи им подари прилепската публика синоќа на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Длабоки наклони, благодарност и нескриени емоции на сцена споделија актерите наградени за животно дело – Снежана Коневски-Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски. Тие добија награди изработени од прилепски мермер од „Крин про“ од Прилеп.

Ова издание на фестивалот симболично е во знакот на бројот три. Тројца добитници на наградата за животно дело, тричлено жири, тројца говорници на отворањето.
Триминутен предизвик за своите обраќања добија Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот, Зоран Љутков, министер за култура и туризам и Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

-„Смеј се и осмели се“ е мотото на овој фестивал. И како што го одлучив мотото, така почнаа и смеењето и осмелувањето. Од затворањето на театарските сцени овде до секојдневните предизвици во процесот на организирање на фестивалов. Се надевам дека барем до крајот на мојот мандат, до следната година, ќе покажеме дека најважно за фестивалов е да работиме сите заедно за него. Мојата благодарност е до сите што придонесоа денес да го отвориме 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ овде во Прилеп. Драги волонтери, годинава сте во најголем број, со што докажуваме дека си имаме доверба едни во други и дека Прилеп е навистина град на театарската младост. Драги пријатели на фестивалот, без вас оваа моја визија за цел град-театар немаше да се оствари, ви благодарам! Драга публико, ти посакувам задоволство од одгледаните претстави и годинава имаш можност да ја наградиш омилената претстава и бескрајно ти благодарам за постојаната поддршка – рече уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.

Фестивалот беше отворен со изведбата на „12“ во режија на Синиша Евтимов на Македонскиот народен театар, за која денес на пладне се организира тркалезна маса.

Колку животи иживеав на сцената, во животот само една. Кога ќе стапнам на сцената и имам некоја задача, чувствувам дека постојам, рече актерката Снежана Коневски – Руси.

-Со вашиот аплауз најпостојано постојам. Заедно со мојот театар остарев (МНТ, н.з), влегов во осмата декада, како што и тој одбележува 80 години. Радиото, првата љубов на Снешка одбележува 80 години. И еве посакувам и Македонскиот театарски фестивал да доживее над 105 години. Благодарам до фестивалот и благодарам до Никола Кимовски, иницијаторот за мојата награда – рече актерката што сите ја познаваме како Снешка.
Оваа награда за мене вреди и е тешка колку што вреди и овој театарски фестивал – празник на театарската уметност, празник на театарските уметници, како дел од културниот идентитет на Македонија. За мене тоа е највредното, рече актерката од Битолскиот театар, Соња Михајлова.

– Има 40-ина години од моето дружење со театарот и во театарот. Сите изминати години за мене ова е возбудлива авантура на умот, срцето. Како што театарот има и светла и темна. Светлата – предизикувачка, да се креира лик потрага по некоја сценска вистина. Другата страна е онаа потемната – предизвикувачката која во земја како Македонија постојано е предизвикана од промени, трансформации и кои неизбежно овие 40 години што ги носам на театарската сцена оставиле и белег и некоја лузна и врз срцето и умот – рече Михајлова.
Огромни аплаузи доби актерот Гоце Тодоровски. И во негов манир, ја насмеа публиката.

-Прилеп е градот на мермерот, а јас сум мермерот меѓу глумците. Од мојот материјал може да се направи многу добар споменик. Мене ме викаат мајстор на импровизации, вие тоа многу добро го знаете. Заедно со Ванчо Петрушевски, кој за жал прерано почина, бевме мајстори на импровизацијата. Во „Солунски патрдии“ јас остарев буквално, имав 29 години на премиерата и ја играв до 50 години. Имам снимено преку 600 народни приказни, имам минутажа поголема од Џон Вејн и Марлон Брандо заедно пред камера. Актерот цел живот кажува туѓи зборови, ама добриот актер туѓите зборови ги прави да се свои. Тука е успехот на добриот актер, да ги земеш зборовите и самиот да бидеш тој лик. Најголемата глума е онаа глума која додека глумиш, воопшто да не глумиш. Благодарам на вас, драга публико – рече Тодоровски.

Преубаво е чувството да се биде вечерва во Прилеп – градот под Марковите кули, кој со својата душа и историја, секоја година нè потсетува што значи да се верува во моќта на сцената, на зборот, на емоцијата, на тишината, рече министерот Љутков, кој го прогласи фестивалот за отворен.

-Има нешто свето во таа тишина што се спушта пред да се крене завесата. Таа тишина… ја знам. Ја носам во себе уште од првиот пат кога застанав на сцена. Тоа не е само тишина, тоа е срцебиење, трепет, повик да се биде храбар. Да се зборува. Да се оживее приказната. Убеден сум дека нема поубав начин да го започнеме овој свечен настан, од тоа да се потсетиме на зборовите на човекот чиј лик и дело стојат зад името на овој фестивал, таткото на македонскиот театар, Војдан Чернодрински, кој рекол: „Театарот е огледало на народот“. Фестивалот годинава се одвива под слоганот „Смеј се и осмели се!“. Знам дека тој не е случаен и е многу повеќе од убава фраза. Тој е поука, можеби и лекција. Во него е заклучена суштинската порака: дека театарот, дури и кога нѐ засмева, зборува сериозно. А кога нѐ осмелува, станува средство за промена – рече Љутков.

Фестивалот ни испраќа силна и едноставна порака – дека смеата е моќ, а храброста потреба. Театарот отсекогаш знаел како да ги обедини двете – да нè насмее, но и да нè освести. Да нè потсети колку сме човечки, ранливи и силни во исто време.
Овој фестивал е многу повеќе од културен настан. Тој е срцето на летото во Прилеп. Тој носи живот во улиците, разговори по претставите, полни тераси, нови познанства, гости од целата земја и пошироко. Тој носи економски придонес, но уште поважно – носи дух и гордост, истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Тој им ги врачи наградите на лауреатите.

Од денес на фестивалот започнува и програмата „Драмолетање“ во која млади драмски автори ќе имаат можност да се промовираат со нивни дела, да се сретнат со директори на театри и други професионалци од светот на театарот. Идејата е да новата драма да се приближи што повеќе до театарските сцени во земјава.

Вечерва на програмата на фестивалот е Народниот театар од Битола со претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски во 19 часот во Центарот за култура. Улогите ги толкуваат: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски и други.

Од 21 часот следува монодрамата со актерот Игор Ангелов, „Сите најубави нешта“, што ќе се игра во галеријата во „Марко Цепенков“. Претставата е на „ОХО Продукција“ и е во режија на Дејан Пројковски.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

РК Прилеп веќе мисли за следната сезона – Репрезентативец на Грузија ќе биде големо засилување

Иако се’ уште не е завршено првенството во ракометната Супер лига, РК Прилеп веќе размислува за следната сезона и започна со ангажирање на засилувања.

Нов играч во редовите на прилепчани ќе биде репрезентативецот од Грузија, Сандо Дарсанија.

20-годишниот десен бек веќе има репрезентативно искуство и настап со Грузија на Европското првенство во 2024год. Неговото име се очекува да биде големо засилување во Прилеп.

Кога станува збор за Грузијците, тие не се ништо ново во македонската Супер лига и во РК Прилеп. Во Прилеп во сезоната 2020/21 настапуваа дури четворица: Реваз Чантурија, Хазеин Рустамов и Мириан Гавашелишвили, а на голот извонреден беше четвртиот Грузиец, Зураб Цинцадѕе, и сите беа одлични.

Чантурија беше и тренер на тимот.

Прилепчанец од Австралија воодушеви со својата изложба на фотографии во Цепенков (ФОТО)

“Поезија во движење” е изложбата на фотографии од Тони Трипуноски-Геџо отворена синоќа во Ликовна Галерија Прилеп.
Нашиот сограѓанин, кој живее и работи во Австралија се претстави со документарна фотографија, на која се овековечени луѓе од секојдневието,
кои авторот ги среќавал.

Изложбата ја отвори актерот Игор Трчески.

Тони – Геџо, започнал со филмска фотографија, за потоа да премине на дигитална фотографија, опсервирајќи ја човековата природа. Секоја фотографија кај него има приказна.

– Фотографијата на Геџо се фокусира на поезијата напишана на лицата на луѓето, на спонтаните насмевки, откривајќи ја внатрешноста. Неговото патување со фотографијата ја отсликува и неговата животна филозофија. Геџо преку неговиот објектив го документира секојдневниот живот – се вели во образложението за изложбата.