дома блог страница 451

Традицијата продолжува: Прилепските гимназијалци одново со одлични резултати на Државниот натпревар по географија

На Државниот натпревар по географија, кој се одржа на 25.04.2025 г. во просториите на Природно Математичкиот Факултет – Скопје, гимназијаците од прилепската гимназија “Мирче АцевЌ ја продолжија традицијата на успешни настапи.

На натпреварот во различни категории се натпреваруваа учениците: Ангела Петреска, Галина Гешоска, Матеја Бардакоска, Јована Тодороска, Михаела Богевска, Александар Велјаноски, Теодора Тасеска, Марија Апостолоска, Андреј Вршкоски, Ненад Талески, Ева Јашмакоска, Јован Митов и Ивана Атанасоска.

Од нив најдобро се пласираа следните ученици:

Ненад Талески (втора година) – освои трето место и
Александар Велјаноски (трета година) – освои втора награда
Ментор на Ненад и Александар е проф. Александра Ристевска

Матеја Бардакоска (прва година) – освои трета награда.
Ментор на Матеја е проф. Виолета Проскоска Велкоска

Честитки за учениците и нивните ментори!

Цели 5 години живее со болка, а сега мора итно на операција! Андреа од Прилеп има потреба од сите нас!

Да ја спасиме ногата на Андреа – 23-годишна девојка од Прилеп со срце поголемо од болката!

Фондацијата “Павел Андреев” објави иницијатива за собирање средства за млада прилепчанка, која мора итно да замине на операција на ногата во Турција.

Апелот во продолжение е на нејзината мајка Мариче:

Почитувани хумани луѓе,

Ве молам да одвоите миг и да ја чуете приказната на мојата ќерка – Андреа. Таа има само 23 години, но последните пет ги поминува во болка и страдање. Пред пет години преживеа тешка сообраќајна несреќа – несреќа што ѝ го промени животот засекогаш. Се здоби со повеќе тешки скршеници на целото тело, а нејзината нога беше двапати оперирана. За жал, ниту една од операциите не беше успешна.

Денес, Андреа живее со секојдневни и постојани болки. Не може нормално да се движи, не може самостојно да ги извршува ниту наједноставните обврски. Новите лекарски наоди укажуваат на сериозни оштетувања на коската – толку сериозни што, ако не се направи итна и прецизна операција во странство, постои реална опасност нејзината нога да мора да се ампутира.

Јас сум самохрана мајка. Андреа ми е сè во животот. Знам дека не можам сама да се справам со трошоците за третманот, но не можам ниту да прифатам дека моето дете ќе остане без нога затоа што немаме пари.

Затоа, со сето срце Ве молам – помогнете ни. Бидете дел од приказната што ќе ја врати надежта и животот на едно младо девојче. Секој денар значи чекор поблиску до спас. Да не дозволиме парите да бидат причината што ова дете ќе изгуби дел од себе.

Со благодарност и надеж до сите вас хумани луѓе од Мариче мајката на Андреа

АЈДЕ ХУМАН ПРИЛЕП, АЈДЕ ХУМАНА МАКЕДОНИЈО, да донираме кој колку може на линкот во продолжение:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/idninata-za-andrea?fbclid=IwY2xjawJ-RMVleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFlQ3h4SHBhZjJONVJLNXRDAR5A96Rq4jV1rhRd1iWv8rjmp6366UxwqaWU0D0EJViaDtYRRxqFwtcl4fFGnA_aem_UMYPbEmo9yCQpY1ufAVOVQ

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ НА ПОДИУМ ВО АВСТРИЈА

Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја заврши на подиум. Иџе го освои третото место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја возеше втората трка во Австрија. Легендарната патеката Рехберт важи за една од најценетите и најстари патеки во Европа. Иџе во првото возење беше четврти, во втората трка направи второ најдобро време на патеката, а овој резултат му обезбеди трето место во генералниот пласман.

„Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Ова е силен успех. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои со своите нагодувања го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка. Тешко е навистина да се натпреварувате против возачи чии возила имаат повеќе од 1.000 кс и погон на сите 4 тркала. Секако, искуството кое го стекнав низ годините во кои се натпреварувам, ми овозможи да им парирам на овие „тркачки ѓавол и секогаш да се борам за висок пласман. Благодарност до моите спонзори и Министерството за спорт за несебичната поддршка на патот кон големите успеси, како за мене, така и во претставувањето на нашата земја“ изјави Стефановски.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, годинава има 11 трки, од кои две се завршени.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и на оваа неверојатна трка. И во следните 9 трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе бидеме дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

ИН МЕМОРИАМ: Капитен, голгетер, тренер – Почина Николче Здравески, фудбалската легенда на Победа

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и миленик на фудбалските вљубеници од Прилеп, Николче Здравески.

Цела плеада на спортски работници, негови соиграчи во најблескавите години на Победа, роднини и пријатели се простуваат од голгетерот на црвено-белите чиј темперамент, спортски дух и борбеност за секогаш ќе се паметат.

Здравески беше дел од легендарниот состав на Победа кој играше против Перуџа во 1999, а година подоцна и против ѕвездената екипа на Парма.

Со Победа го освои Купот на Македонија во сезоната 2001/02, а беше прогласен најдобар играч и за најдобар спортист на Прилеп за 2004 година, сезона во која црвено-белите ја освоија првата шампионска титула во Македонската Прва лига.

Во сезоната 2006/2007 ја предводеше Победа до втората шампионска титула во лигата и до трето финале во Купот, овојпат како тренер, за што беше прогласен за најдобар тренер во Македонија за таа година.

Здравески живееше за фудбалот и до последниот момент се бореше за фудбалот. Низ неговите раце поминаа голем број талентирани деца, кои преку пренесеното знаење и искуство, со сигурност ќе прераснат во врвни спортисти.

Беше сопруг и татко на две деца.

Нека почива во мир!

Прилеп треба да се гордее со вакви генијалци: Гимназијалецот Благој Рујаноски Стојаноски освои нови две први места

На 22 март 2025 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се одржа Државниот натпревар по информатика за ученици од средните училишта во Македонија.

Ученикот во трета година oд гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп, Благој Рујаноски Стојановски, го освои ПРВОТО МЕСТО.

Ментор на Благој му беше професорката по информатика Анета Стојческа.

Исто така, на 16. и 17. април 2025, на ФИНКИ, се одржа Македонската Олимпијада по Информатика. На Олимпијадата учествуваа 20-те најдобри средношколци информатичари од цела Македонија меѓу кои беше и Благој. Натпреварот се одвиваше во 2 натпреварувачки дена. Првиот ден се состоеше од 3 задачи со дадени 4h за решавање, додека вториот ден повторно 3 задачи со 4.5h време за решавање. Крајниот резултат претставува збир од двата дена.

Со постигнатиот резултат, Благој го освои ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ.

Овој успех на Благој му овозможи да влезе во тесниот круг на ученици кои по селекционите натпревари ќе го сочинуваат тимот кој ќе ја претставува Македонија на Балканската и Светската Олимпијада по Информатика.

Со освоени први места на двата натпревари, Благој Рујаноски Стојановски го потврди својот талент и посветеност и претставува голем потенцијал во полето на компјутерските науки.

Благој веќе три години наназад постигнува високи резултати собирајќи ги наградите и медалите на натпреварите по информатика. Му посакуваме успех на престојните натпревари.

СЕКОЈА ЧЕСТ!

Универзитетoт “Скопје” ја започна својата кампања ,,Гласно за тивките мисли”, за да гласно и одговорно зборуваме за младите и со младите

Денес, повеќе од кога било, станува сè појасно дека менталното здравје е исто толку важно како и физичкото. Во свет кој постојано се менува, полн со предизвици, стрес и неизвесност, грижата за сопствениот ум и емоции станува неопходна. Оваа кампања има за цел да ја подигне свеста за значењето на менталното здравје, да ги разбие табу темите поврзани со него и да понуди алатки за подобро справување со секојдневниот стрес и емоционални тешкотии. Зашто грижата за себе не е слабост – таа е храброст.Овој месец ќе бидиме присутни во сите средни училишта во град Скопје и заедно со психологот м-р Емилија Бошкоска ќе градиме заеднички мостови со нашите млади.

Професорката м-р Билјана Проеска , проект координатор на Универзитет Скопје, на прашањето која е главната мотивација за отпочнување на ваков важен проект, рече: ,,Главната мотивација за покренување на ваков проект за подигнување свесност за менталното здравје кај младите произлегува од неколку длабоки причини:

1. Растечки проблеми со менталното здравје

Статистиките глобално покажуваат драматично зголемување на анксиозноста, депресијата, самоповредувањето и мислите за самоубиство кај младите. Промените во општеството, притисокот од социјалните медиуми, економската несигурност и глобалните кризи (како климатски промени, пандемии) го влошуваат ова.

2. Недоволна поддршка и едукација

Во многу заедници, особено помали и традиционални, менталното здравје сè уште е табу тема. Младите немаат пристап до информации, психолошка поддршка или безбедни простори каде што можат да зборуваат за своите проблеми без осуда.

3. Превенција на поголеми општествени последици

Нелекуваните проблеми со менталното здравје во младоста водат кон пад во образованието, зависности, семејно насилство, бездомништво, криминал и ран почеток на хронични болести. Вложувањето во менталното здравје на младите денес е вложување во поздрава и постабилна иднина.

4. Охрабрување на самопомош и градење отпорност

Преку ваков проект, младите би учеле како да се справуваат со емоциите, да градат самодоверба, да бараат помош навреме и да развиваат здрави механизми за соочување со стресот.

5. Создавање генерација која ќе ја нормализира грижата за психичкото здравје

Ако младите од рана возраст научат дека менталното здравје е исто важно како и физичкото, тие ќе создадат општество каде грижата за себе и за другите е вредност, а не срам.

Токму затоа, Универзитет Скопје, како докажана општественоодговорна институција, ја започна оваа кампања ,,Гласно за тивките мисли” , бидејќи сите ние заедно сме сигурна иднина !

Летување на бисерот со бели песочни плажи на Јонското Море по најниски цени, а во прекрасни вили – ТА “Орбита” со неодоливи понуди!

Во изминатите десетина години, крајбрежјето на Албанија полека прерасна во супер примамлива туристичка дестинација, особено за македонските туристи. Кристално чистата вода на Јадранското и Јонското Море, прифатливите цени, добрата храна, прекрасните плажи и сместувања, направија од нашиот сосед посакувана дестинација за летување.

За Македонците и туристите од регионот и ова лето вистински хит ќе биде скриениот бисер на Јонското Море, секогаш шармантниот Ксамил.

А како да го направите најдобриот избор за таму? Па се разбира во Туристичка агенција “OРБИТА” во Прилеп – вашиот најголем партнер за сите патувања во изминатите 26 години, од каде и за оваа летна сезона ги имаат закупено едни од најдобрите вили во песочниот Ксамил.

Цените за рано резервирање се повеќе од прифатливи и се движат од 89 до 129 евра. Во продолжение ви ги претставуваме овие три прекрасни вили на брегот на Јонското море, па на вас останува само да побрзате и навреме да се одлучите каде ќе уживате во сонцето и белите песочни плажи.

ВИЛА ЛАНДИ на само 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил

Вилата располага со двокреветни, трикреветни, четирикреветни студија и четирикреветни дуплекс апартмани на приземје и на прв спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI. Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата Blue Diamond Beach по цена од 8 евра за две лежалки и чадор на ден.

ВИЛА УЈВАРА на само 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил:

Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг.

ВИЛА АЛЕКС на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил

Вилата располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Ако Ксамил е вашата дестинација за ова лето, наш совет е да не чекате ни миг повеќе, затоа што оние кои уживале во летниот одмор со ОРБИТА во минатите години, веќе букираат сместување и за оваа година.

Не заборавајте дека покрај на албанското крајбрежје, ОРБИТА оваа сезона ве носи и во: ГРЦИЈА, ЦРНА ГОРА, ТУРЦИЈА, ШПАНИЈА, ТУНИС, ЕГИПЕТ и КИПАР.

Посетете ги на ул. “Александар Македонски” бр. 453, веднаш до црквата Св. Благовештение – Стара црква, а за да бидете во тек со сите новости, попусти и изненадувања, следете на ОРБИТА на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, а сите подетални информации за туристичките аранжмани дознајте ги на веб страната: www.taorbita.com.mk

Уживајте во летото заедно со ОРБИТА – бренд на Прилеп кога во прашање е организација на патувања и летувања и до најдалечните светски дестинации.

ЕУ почна да не’ жали: Македонија е “тажна приказна”, многу долго чека за преговори

Северна Македонија е „тажна приказна“ со оглед на тоа колку долго таа земја чека на процесот на преговори… Црна Гора останува најверојатниот кандидат од регионот на Западен Балкан што може да стане нова членка на Европската Унија за време на мандатот на сегашната Европска комисија, по што следува Албанија. Ова го изјави комесарката за проширување Марта Кос во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла. Значи, во некои аспекти, регионот беше подобар пред 20 години отколку што е денес. И има две или три многу тажни приказни. Една од нив е дека Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е Северна Македонија. Знаете, ако требаше да чекаме со Украина додека Северна Македонија чека почеток на преговори, Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина. Можеме да го направиме тоа со Црна Гора. Сите поглавја се отворени, па затоа ги затвораме за да можеме да го завршиме процесот на крајот на 2026 година од техничка гледна точка“, рече Кос.

Кос упати предупредување до Србија, нагласувајќи дека властите во земјата сега мора да докажат дека навистина се за европскиот пат.

Во однос на Косово, Европската комисија сега очекува формирање нова влада за да знае со кого ќе преговара.

Вистинска драма во прилепска “Тризла”: Полицијата отишла да го апси, тој ги нападнал и му го одзел пиштолот на еден од полицајците

-На 28.04.2025 во 15.47 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство.

Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од МВР.

Николоски: Изградбата на автопатите оди одлично, од вкупно 90 км, на 68 км активно се работи

Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “360 степени”. Според него има доста работа, но очекува работите да се одвиваат согласно планираното.

“Делницата Гостивар-Букојчани, популарната Стража има одлична динамика, Битола-Прилеп, исто така оди со одлична динамика. Тетово -Гостивар имаме подготвителни работи, за скоро време ќе одиме и на почеток на работите, а автопатот Требениште- Ќафасан е блокиран од страна на УНЕСКО. Ако го тргнеме Требениште-Ќафасан тогаш напредокот е одличен. Во овој момент имаме отворен фронт за работа од 68 км автопат имајќи предвид дека вкупната бројка заедно со четврата делница е 115 км и ако одземеме дека таа делница е 25 км, значи дека од вкупно 90 на 68 километри веќе се работи. Мислам дека Битола -Прилеп ќе биде прв завршен, колку и да звучи чудно, втората делница од Гостивар до Букојчани иако е најтешка ќе биде втора, а Тетово – Гостивар иако изгледа најлесен ќе се заврши на крај имајќи предид дека имаме население на двете страни од автопатот и доста внимателно одиме таму”– потенцираше вицепремиерот Николоски.