дома блог страница 450

НОВА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ СО ФАНТАСТИЧНИОТ МЕРЦЕДЕС АМГ

Видеолотарија Касинос Австрија подготви супер изненадување за играчите на видеолотариските терминали. Од 01.05.2025 на видеолотариските терминали ја активираме новата ВЛТ џекпот добивка, ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ.

Видеолотарија Касинос Австрија подготви супер изненадување кај ВЛТ игрите на среќа. На задоволство на верните играчи на видеолотариските терминали, од 01.05.2025 активна е новата добивка ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со фантастичниот автомобил кој сите го посакуваат- МЕРЦЕДЕС АМГ

ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ на ВЛТ е џекпот добивка од времен карактер, која може да се постигне само еднаш. Потребниот влог за постигнување на оваа добивка на видеолотариските терминали е 40 денари по спин, на која било игра. Возбудата почнува, а сите сакаме да дознаеме кој ќе се вози во оваа нова убавица- МЕРЦЕДЕС АМГ. Побарајте ја најблиската ВЛТ локација и забавувајте се одговорно.

Joвчески: Tрудот на работниците мора да биде ценет, заштитен и вреднуван

Денес го славиме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ден кој не потсетува дека зад секој напредок, зад секоја изградена институција, пат, фабрика или училиште, стои нечиј труд – трудот на човекот.

Овој ден е симбол на борбата за работнички права, за фер услови, за достоинство на трудот. Во оваа прилика, упатувам искрени честитки до сите работници во Општина Прилеп и пошироко, со уверување дека трудот мора да биде ценет, заштитен и вреднуван.

Како Локална самоуправа, наша обврска е да креираме политики и проекти кои ќе придонесат за подобри услови за живот и работа. Наша цел е да бидеме вистински партнер на работникот и гарант за неговото право на фер третман и социјална сигурност.

Апелирам до сите работодавци да покажат грижа, разбирање и почит кон своите вработени, да ги почитуваат законските одредби и да вложуваат во подобра работна средина. Само така можеме да градиме здраво и успешно општество.

Во овој празничен ден, ви посакувам здравје, мир и моменти поминати со вашите најблиски. Да не заборавиме дека со заедничка солидарност и меѓусебна поддршка можеме да постигнеме многу.

Во Битола преземени мерки за поголема заштита и безбедност во детските градинки

Во насока на зголемување на безбедноста и континуираната грижа за најмладите и највозрасните лица во општината, во заедничка соработка и
консултација со Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид во детските градинки и старските домови, кои се под општинска надлежност.

По извршениот увид во старскиот дом „Сју Рајдер“, донесен е заклучок дека се исполнети сите безбедносни мерки во однос на Законот за заштита и спасување и Правилникот за мерките заштита од пожар и експлозии.

Што се однесува до детските градинки, по извршениот увид во одредени клонови од двете јавни установи детски градинки, донесен е заклучок дека потребно е да се изврши дислокација на занималните со јасли, во рамките на објектите. Промена на занималните со јасли, следува по издадените насоки за побрза и поефикасна интервенција, за да се воспостават услови за безбедна евакуација во случај на опасност, согласно Законот за заштита и спасување и Правилникот за мерките заштита од пожар и експлозии.

Од страна на управата на градинките, известени се родителите и со заедничка соработка веднаш е постапено по однос на препораките и извршена е дислокација на занималните наменети за јасли.

Преку конкретното спроведување на препораките, Општина Битола уште еднаш покажува дека грижата за институциите кои што се во нејзина надлежност, особено за најмладите, е врвен приоритет во работењето.

Oд денеска започнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Од денеска до 5 мај 2025 е рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.

Министерството за образование и наука во објавата на повикот за субвенцијата посетува дека се направени измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката.

-Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата, се наведува во објавата на МОН.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Во објавениот повик се наведени информации за условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, како и контакти за поддршка при аплицирањето.

-Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.

Зошто го славиме 1 мај, Денот на трудот?

Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време.

Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време.

Протестот, на кој е одговорено со репресија, поради бруталната реакција на власта и работодавачите, а потоа и со низа жртви, стана еден вид симбол на борбата за права на обесправените.

Протестите започнаа на 1 мај, а до сериозни судири со полицијата дошло на 4 и 5 мај, кои се прошириле и надвор од Чикаго.

Полицијата се обидела да ги разбие собирите, што завршило со жестоки насилства и многу жртви, како меѓу демонстрантите така и меѓу полицијата. Во судирите во Чикаго загинале најмалку шест лица, околу 50 работници се повредени, а многумина се уапсени. Подоцна петмина работнички лидери се осудени на смрт, а тројца на затворска казна.

Во знак на сеќавање на големата манифестација на обесправените и нивната одлучна борба, на Првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година е донесена одлука 1 Мај да се одбележува со масовни собири, протести и пригодни манифестации. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 Мај и официјално е прогласен за Меѓународен празник на трудот.

Постепено, во текот на последните години од 19 век и на почетокот на 20 век, 1 Мај е сè помасовно прифатен и одбележуван, многу често и со големи протести. Во повеќето земји од светот овој ден е прогласен за државен празник.

Необичен е фактот дека само во САД, каде што всушност и сè започнало, празникот на трудот веќе не се одбележува на овој датум, туку под името Ден на трудот се празнува првиот понеделник во септември.

Работничките синдикати се следбеници на оваа иницијатива. До денешен ден, како во целиот свет така и кај нас, Први мај се одбележува во спомен на чикашките работници, на оние кои своите животи ги дадоа за зачувување и унапредување на работничките права. Синдикалното движење во Република Северна Македонија има длабоки корени и традиција. Првите синдикални зачетоци датираат од 1908 година, кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници.

Сè до 2006 година во нашата земја Денот на трудот се празнуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас овој ден не се одбележува политички, но е синоним за скара и природа. Традиционално на Први мај голем број граѓани ги посетуваат излетничките места.

ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО 4.315.391 ДЕНАРИ, ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ ДВАЕСЕТТОТО ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција  мултифункционалното игралиште во с.Моноспитово, општина Босилово. За неговата реконструкција, Видеолотарија донираше 4.315.391 денари.

Видеолотарија Касинос Австрија со буџет од милион евра, овозможи фунцкционалност на 20 игралишта низ Македонија досега. Најновото е мултифункционалното игралиште во Моноспитово, кое е реконструирано со донација од 4.315.391 денари.

 

Со задоволство споделуваме со јавноста дека овозможивме функционалност на 20 игралишта низ Македонија, со што придонесуваме за општествениот развој и унапредување на животот на луѓето во нашата земја.

 

Со донација од  4.315.391 денари, овозможивме функционалност на најновото спортско игралиште, комплетно оспособено за ракомет, фудбал, кошарка и одбојка. Поставена е нова подлога и нова ограда, обезбедени се и сите потребни спортски реквизити, кои ќе овозможат нови спортски навики кај младите, но и сите други жители.

 

Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев изрази благодарност до Видеолотарија  Касинос Австрија за донацијата и успешната соработка. Оваа донација е значајна и корисна за развојот на спортската инфраструктура, нагласи градоначалникот Манчев.

 

Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

 

Прилепчанец пријавил дека бил нападнат во игротека

-На 29.04.2025, во 21:45 часот во ОВР Прилеп, Д.Р.(37) од Прилеп пријавил дека во игротека во Прилеп бил физички нападнат од непознато лице.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Проверете ги сметките: Денеска исплативме 2,8 милиони денари субвенции за инвертер клими, објави градоначалникот Јовчески

Исплатени се субвенциите од општина Прилеп за набавка на инвертер клима уреди на оние граѓани кои аплицираа и ги исполнија условите од јавниот повик, информираше денеска градоначалникот Борче Јовчески.

-Денес, Општина Прилеп исплати вкупно 2.873.703 денари на граѓаните кои добија субвенции за дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди. Овие средства се доделени согласно јавниот повик, со кој беа опфатени 289 домаќинства, со цел поддршка на енергетски поефикасно и еколошки одржливо затоплување. Како Локална самоуправа, остануваме посветени на креирање на поквалитетни услови за живеење и на мерки што директно го подобруваат животниот стандард на нашите сограѓани – напиша Јовчески на ФБ.

Kрадел кај ќе стигне, во викендици, цркви, куќи… Кавадарчанец ќе одговара за 11 тешки кражби

-ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“, по член 236 став 1 од Кривичниот законик и две кривични дела „кражба” по член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи , семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети.

Со извршување на делата тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари. На 16.01.2025 О.В. е лишен од слобода, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела – информираат од МВР.

Мицкоски со одлична вест: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто споредбено со лани

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското производство на квартално ниво, вели премиерот Христијан Мицкоски.

-Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%, рече тој.

Мицкоски одговори на прашањето: „Што наследивме како влада?“

-Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија, рече премиерот.