дома блог страница 449

Ги запалил куќата и станот на поранешната сопруга па и се јавил да и се сити и да и каже што направил

Едно лице е приведено поради предизвикување општа опасност со тоа што подметнал пожар на влез во куќа во Катланово и стан во Скопје, сопственост на негова поранешна сопруга на која претходно и се заканувал. За него е побаран притвор поради тоа што, како што велат од Републичкото јавно обвинителство, околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство.

-Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето. Иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетната последица, се согласил со нејзиното настапување и откако еден ден претходно телефонски се заканувал на оштетената и на нивниот син, на критичниот ден со бензин предизвикал пожар најпрво пред влезната врата на викенд-куќата, се вели во соопштение од Јавното обвинителство.

Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата, а потоа осомничениот се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот. Откако ги сторил делата, ја известил оштетената дека ги опожарил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата.

Ценејќи дека околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Во вторник е голем празник, според народните верувања немажените девојки треба да го направат ова

Во вторник, на 6 мај се празнува големиот христијански сведен, познат кај народот како Ѓурѓовден, во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот.

Ѓурѓовден е празник кој никогаш не го менува датумот кој секогаш е на 6 мај според Греогоријанскиот или на 23 април според Јулијанскиот календар. Тој се смета за најголем пролетен празник.

Светителот, во чија чест се слави овој празник, св. Беликомаченик Георгиј Победоносец бил роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострадал за Христа, а мајка му се преселила во Палестина.

Именден ќе прославуваат Ѓорѓија, Ѓурѓа, Ѓоре и многу други.

Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Ноќта спроти Ѓурѓовден, во некои краишта било обичај да се собираат зелени гранчиња и растенија, да се плетат венци, а со нив да се закитат вратите и прозорите на куќите, влезните порти и капии. Ова се правело според верувањето дека така годината и домот ќе бидат бериќетни, да има здравје, плодови и род во домот, полето и во шталите.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало и дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сѐ заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. И го дарува со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Освен празникот Ѓурѓовден што се празнува на 6 мај (23 април, с.с.) македонскиот народ празнува уште два празника поврзани со овој светител и тие спаѓаат во зимскиот период кога се празнува со домашни служби (слави). На 16/3 ноември, на денот кога е обновен храмот на св. Георгиј во Лида, се празнува празникот познат како Ѓурѓиц, а на 9 декември (26 ноември, с.с.) празникот познат како Св. Ѓорѓи – Посен.

Крушево изгуби голем човек

Со неизмерна тага ве известуваме дека на 01.05 почина нашиот почитуван крушевчанец, управител, сопственик на ресторан и пицерија ,,Скар”, член на Управниот одбор при НУ ЦК “Десет Дена Крушевска Република”, Мики Костоски.

Мики Костоски беше еснафот на градот, срцето и душата на чаршијата, почитуван газда и бренд.

Покрај тоа беше човек, визионер,вечен поддржувач на културата, кој се вложуваше до последно и се залагаше за развојот на туризмот во градот.

(ФОТО) Деца за пример! Ученици од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп засадија 2.500 садници кај прилепско Мало Рувци

Денес, во организација на менаџерскиот тим, наставниците и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, во соработка со ЈП „Национални шуми“, реализираa значајна еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на селото Мало Рувци.

-Засадивме 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска – симбол на нашата заедничка заложба за поздрава животна средина и поубаво утре. Оваа локација претрпе голема штета од пожари во изминатиот период, и беше време да го вратиме зеленилото што го изгуби. Голема благодарност до младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница за нивната поддршка. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена. Продолжуваме заедно – за зелена иднина – напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Kaвадарци доживува целосна ренесанса: Мицкоски изврши увид на повеќе проекти (ФОТО)

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посетија Општина Кавадарци во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“ и ќе извршат увид во градежни активности на повеќе проекти.

-Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Посетата опфати градежни активности на нов кружен тек на регионалниот пат Росоман-Кавадарци, целосна реконструкција и асфалтирање на улицата „8 Септември“, свечено отворање на нова спортска сала во село Сопот и пуштање во употреба на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, прв ваков објект наменет за сите општини од Вардарскиот регион. Покрај тоа, извршив увид и во градежните активности на водоводната и канализациона мрежа во месноста Моклиште, каде се реконструираат каптажи стари над седум децении. Сите овие проекти се резултат на заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт, со поддршка од меѓународни партнери, и претставуваат инвестиции вредни повеќе од 100 милиони денари. Кавадарци расте, се развива и станува се подобро место за живеење – напиша Мицкоски.

Средба Николоски – Палминтери: Пријателските односи меѓу Македонија и Италија се потврдени, потребно е унапредување на економската соработка

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

На средбата вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.

Исто така на средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и ја потеницра потребата од унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Тој го запозна Амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.

Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

ЦУК: Oд недоизгасната првомајска скара изгореа куќа и штала

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие, од кои еден на депонија во Прилепско, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

-Посочуваме за еден пожар што е пример дека кога се пали оган на отворено е потребно да се биде внимателен. Конкретно, пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 ПП возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во с.Марчино. Причина за пожарот бил оставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот. Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата. Овој случај не опоменува и ни го повторува старото правило дека излетнички оган се гасне целосно пред да се замине и не се остава сам да догори, потсетуваат од ЦУК.

Милионски суми вложувања во образованието во Битола: ООУ “Стив Наумов” добива нова енергетски ефикасна фасада

Во тек е реконструкција на фасадата на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, со поставување на нови изолациони материјали, со што училиштето ќе добие
нова, енергетски ефикасна фасада.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација, извршија увид во градежните работи на терен и се
запознаа со динамиката на изведувањето на активностите. Според склучениот договор со изведувачот, предвидено е реконструкцијата да биде
завршена во текот на летниот распуст, а вредноста на овој зафат е 6.298.291 денари.

Со поставувањето на енергетски ефикасна фасада на ОУ „Стив Наумов“, се овозможуваат предуслови за поставувањето на топлински пумпи за греење, наместо сегашниот систем на екстра лесно масло за греење, како следен проект, кој треба да се реализира во текот на есенските месеци во училиштето. На овој начин, освен повисока енергетска ефикасност на училиштето, ќе се овозможи и поголема заштита на животната средина.

Со претходната реконструкција на покривот и поставувањето на фотонапонска електрична централа, ова училиште станува едно од
најенергетски ефикасните училишта во градот, со што се потврдува заложбата на градоначалникот Коњановски и локалната самоуправа, за
зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина во општинските јавни објекти.

Се краде и од мртвите! Прилепчанка пријавила за украдена бронзена биста

-На 30.04.2025 во 11.20 часот во СВР Скопје, М.И.(71) од Прилеп пријавила дека од гробишта во село Драчево, скопско, била одземена една бронзена биста.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

РФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот со Литванија

Македонската машка ракометна репрезентација ја очекува завршница на квалификациите за Европското првенство, дуели со Естонија и Литванија од кои овој вториот се игра во Скопје во во СЦ „Јане Сандански“.

Истиот е закажан за 11 мај од 18 часот, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја одреди цената на билетите за тој натпревар. Продажбата на влезницици започнува во петок, а истите се со цена од 200 и 300 денари.

Ќе можат да се набават на сите продажни места на МК Тикетс низ државата и на online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk)