дома блог страница 447

(Видео) Заробија арамии! Жителите на битолско Српци во улога на МВР против штетниците кои ги оставиле без вода за пиење?

Крадци го демолирале и ограбиле трансформаторот кај село Српци, општина Могила, со чија помош жителите на ова село се снабдувале во вода.

Според видеото, кое во живо на социјалните мрежи го емитуваше Оливер Ристески, инаку претседател на месната заедница во ова населено место, поради кражбите 500 жители, меѓу кои деца и стари и изнемоштени лица, 10 дена биле без вода.

Ристески вели дека пријавиле во полиција, но долго време чекале сторителите да бидат откриени, а денеска кога ги фатиле крадците на дело, и покрај пријавата, полиција немало.

Автомобилот со кој крадците се превезувале е со прилепски таблици, а според Ристески тие се од ромска етничка заедница.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Голем богојавленски собир и водосвет и во прилепско Загорани, за најсреќниот подароци, а за верниците топла чорба

Се известуваат сите верници дека по повод големиот христијански празник Богојавление (Водици), традиционално и во населеното место Загорани, прилепско, ќе се изврши водосвет.

Чинот на големиот богојавленски водосвет и фрлањето на светиот крст, ќе се изврши во водите на базенот лоциран во дворното место на Здравко Ризески со почеток во 09:45 часот.

По завршувањето на овој свет чин и доделувањето награди за најсреќниот кој ќе го фати светиот крст, церемонијата ќе продолжи во манастирот св. Никола, каде традиционално ќе се дели топла манастирска чорба.

По овој повод се покануваат сите граѓани и верници заеднички да го прославиме овој голем празник и да ја зачуваме и негуваме традицијата.

Mint App – Вашиот one stop shop за паметни одлуки – Аплицирај за најефтин кредит до 300.000 денари!

Времето е пари. Зошто да избираш, кога со МИНТ ги имаш двете?

Аплицирај за најефтиниот Mint Кредит до 300.000 денари на 15 107 или на следниов ЛИНК! , a отсега брзо и лесно и преку апликацијата Mint App

Преземете ја сега и уживајте во лесен пристап до сите услуги на Mint FinTech Group.
➡️ https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Mint.Mint

Една апликација, многу можности:
⚪ Mint Credit – Кредити
⚪ Mint Ins – Осигурување
⚪ Mint Travel – Патувања
⚪ Mint Bonus – Лојалност и награди
⚪ Mint Exchange – Девизен курс

Mint App 🟢⚪️ Вашиот one stop shop за паметни финтек одлуки.

 

Битола: Со автомобил удрил во малолетник и избегал

-Денеска (18.01.) во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило управувано од непознат возач удрило во 17-годишен пешак од Битола, а потоа го напуштило местото на настанот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Интересна традиција: Во овој македонски град светиот кpcт се фрла два пати – и денеска, и утре на Водици (Фото)

Тетово има посебен обичај за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Кај нив светиот крст во водите се фрла два пати, во две цркви, два дена едноподруго – еднаш на 18-ти во црквата Св.Богородица (Водокрст – денот кога е крстен самиот Јован Крстител), вториот пат утре на Водици во црквата Св. Кирил и Методиј.

Oваа година најсреќен и прв до светиот крст дојде Горан Анѓелковски.

130 учесници за Водици ќе скокнат во водите на базенот кај хотелот „Салида“

По повод празникот Богојавление – Водици, во недела 19 јануари во 12:00 часот, околу 130 прилепчани ќе скокнат во базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“ во Прилеп, со желба први да стигнат до крстот.

Во соработка со Прилепското архиерејско намесништво освен во Прилеп, Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот ќе биде извршен во уште 19 други населени места на територијата на општина Прилеп.

Сите пријавени учесници се замолуваат со себе да носат документ за лична идентификација и да бидат пристигнати во базенот Салида во 11:00 часот.

72-годишник извршил разбојништво во Битола: И’ се заканил на вработената со огнено оpyжје, па ја нападнал

-На 17.01.2025 полициски службеници од СВР Битола по преземени оперативни тактички мерки и врз основа на Наредба од основен суд Битола извршиле претрес во домот и помошните простории на Н.Т.(72) од Струга со привремен престој во Битола поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичен Закон.

Имено, Н.Т. на 15.01.2025 извршил разбојништво во канцеларија за кредитирање лоцирана на ул.„Прилепска “во Битола каде истиот со закана од огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената притоа и физички ја нападнал со метален предмет.

Од страна на полициските службеници Н.Т.е приведен во полициска станица Битола при што ќе следува кривична пријава – информираат од СВР Битола.

Денеска е зимски Крстовден, строг пост – празник кој носи среќа

Денеска е Водокрст или зимскиот Крстовден, денот во кој православниите христијани треба да се одморат и да се подготват за утрешниот голем празник, Богојавление.

Водокрст е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството. За оние кои се родени на овој ден, се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст. Тие, според обичаите се посебно одговорни за своите дела и постапки.

Црквата овој ден го одредила како голем празник со строг пост, за подостоинствено празнување на денот, и за оддавање признание на светиот крст. За оние кои постат, се смета дека сочувствуваат со страдањата на Спасителот Исус Христос.

На овој ден не се јаде ништо мрсно, вклучувајќи го и растителното масло. Денска, според обичаите се јаде само леб и се пие вода. Во православните храмови на зимскиот Крстовден литургиите најчесто се служат во црквите Свети Јован Крстител, a обичај кој се применува е големо осветување на водата.

По осветувањето, водата им се дели на верниците, и се верува дека треба да се чува дома поради здравје и бериќет.

Филипче синоќа во Прилеп: Талевски најсериозен кандидат за Градоначалник?! (ФОТО)

Општинската организација на СДСМ Прилеп, синоќа во киното “Мис Стон” одржа Изборната конференција, на која едногласно беа избрани новите состави на Извршниот и Надзорниот одбор.

„После повеќе од 3 години поминати во опозициските клупи, функционирањето на нашата Општинска организација треба и мора да биде многу поактивно и повидливо. Фактот дека за неколку месеци не’ очекуваат локални избори, е најдобра потврда на кажаното. Во процесите кои претстојат, потребата од активирање на комплетниот партиски потенцијал е повеќе од неопходна. Сите ние, партиските функционери, сме тие кои со своето однесување и одговорност, со својата посветеност и ангажираност, треба да бидеме пример за останатите партиски другари, за поддржувачите и симпатизерите на социјалдемократската идеја“, истакна во своето обраќање претседателката на ОО СДСМ Прилеп, Петра Лукароска .

На Конференцијата присуствуваа и претседателот на СДСМ, Венко Филипче и потпретседателот Методија Илиевски.

„СДСМ е државотворна партија која отсекогаш носела одлуки во интерес на граѓаните и државата. Партијата сега го преживува моментот на подеми и падови, кој е карактеристичен за левицата во цела Европа каде либералната демократија е целосно фрагментирана и на сцена е десницата, па дури во одредени земји и крајно ултра десничарските сили. За колку пократко време ќе се консолидираме, толку побрзо ќе се вратиме таму каде што заслужуваме – на чело на државата. Македонија со ДПМНЕ нема да ја биде. Тоа е истата партија од 2016-та година – таму каде запре Никола Груевски, продолжуваат неговите политички ‘деца’“, рече пред прилепските социјалдемократи претседателот Венко Филипче.

Според неофицијални информации пак од членството, симпатизерите и дел од новите раководни кадри, пратеникот Миле Талевски се наметнува како најсериозен кандидат за градоначалник за престојните локални избори.

Ракометната федерација ќе се жали за судењето на данските судии со Холандија

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија.

-За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули.

Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство.

РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на резултатот, Македонија победи, напиша Милошевски на Фејсбук.