дома блог страница 446

Maлолетник на мопед од Прилеп заврши со тешки повреди во болница, откако се судрил со автомобил

-На 05.05.2025 во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

АЈДЕ ТАБЛАЏИИ! “Ебаго Таблаџии” и Кафе MY PLACE Прилеп организираат нов голем турнир во табла – за најдобрите вредни парични награди!

Почитувани прилепчани ТАБЛАЏИИ, клубот во табла “Ебаго Таблаџии” од Прилеп, во соработка со MyPlace Prilep, организира голем турнир во табла, кој ќе се одржи на 17. и 18. мај 2025 година.

Пријавувањето започнувa денеска (06.05.2025) и ќе трае до 15.05. во Кафе My Place. За пријавување потребно е име, презиме, контакт телефон и плаќање на котизација од 500 денари.

-Бројот за пријавување е ограничен

-Почеток: 17 и 18 Мај од 10:00 часот

-Место: MyPlace Prilep (Бизнис центар Прилеп на приземје)

ПРАВИЛА:

Се играат сите три табли 1,2 и 3 до 5 поени. Регуларна победа 1 поен, марсот 2 поени. Натпреварувањето ќе биди во групи каде натпреварувачите ќе бидат поделени во групи од по 4 играчи. Понатаму ќе одат првиот и вториот од секоја група. Во случај на исти поени помеѓу вториот и третиот во групата ќе одлучува меѓусебниот дуел. Фрлањето на коцките ќе биде со рака. Втората фаза ќе се игра со елиминација до 7 поени.

НАГРАДИ:

I место – 15.000 денари
II место – 10.000 денари
III место – 5.000 денари

Сите четвртфиналисти ќе добијат награди од бројните спонзори на турнирот.

Лица за контакт:

Васко Ац Милан Смилески: 078-328-233
Љупчо Бубе: 070-257-300

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што значи ако на Ѓурѓовден заврне, а што ако денеска небото е ведро?

Го славиме големиот празник Ѓурѓовден, а според народните верувања има посебно значење ако денеска заврне или загрми.

Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото и врзан е за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви…

Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд, летото ќе биде сушно.

Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку товари жито ќе има таа година.

Доајенката на Битолски театар, Соња Михајлова добитник на награда за животно дело на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

По предлог на НУ. Народен Театар Битола актерката Соња Михајлова, доајенка на македонската театарска сцена и долгогодишен член на Народниот театар во Битола, е добитничка на наградата за животно дело доделена од Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Ова признание претставува круна на нејзината плодна и инспиративна кариера, која трае повеќе од четири децении.

Родена на 14 октомври 1958 година во Битола, Соња Михајлова дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1983 година, во класата на проф. Љубиша Георгиевски. Истата година се вработила во Народниот театар – Битола, каде останала до нејзиното пензионирање во 2022 година. Иако во пензија, Михајлова изјави дека останува посветена на театарот, велејќи: „Глумата и театарот се засекогаш со мене и во мене“.

Соња Михајлова е добитничка на бројни награди и признанија, меѓу кои:

-Награда за млад актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
-Награда „Ристо Шишков“ за улогата на Петра фон Кант.
-Награда за најдобро актерско остварување за улогите на Сандра Заум во претставата „Магна карта“ и Цвета во „Балканот не е мртов“.
-Награда за најдобра женска епизодна улога за ликот Мирса во претставата „Бегалка“
-Награда „Златна маска“ за најдобра женска улога во претставата „Свирач на покривот“
-Награда за најдобра женска улога за ликот на Каесар во претставата „Јулиј Цезар“ на Фестивалот на античка драма „Стоби“
-И оваа година -награда за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодрински“.
Михајлова има богата кариера со улоги во театарски, филмски и телевизиски проекти. Некои од нејзините познати улоги вклучуваат:„Табакерата“ (1972), „Јужна патека“ (1982), „Бушава азбука“ (1985), „Трговецот од Солун“ (1985), „Девојките на Марко“ (1987), „Ѕвездите на 42-та“ (1987), „Еурека“ (1989)
„Прекалени“ (1994), „Северо источно од југозапад“ (2000), „Што сонува кучето“ (2000), „Сенки“ (2007), „Збогум Румелија“ (2008),
„Македонски народни приказни“ (2010), „Тврдокорни“ (2013), „До балчак“ (2014), „Лимоната“ (2015), „Големото прогонство во Кавкасија“ (2015-2016), „Обожение“ (2016), „Кајмак“ (2022), „Црвениот поет“ (2024) .
Со околу 150 одиграни улоги Соња Михајлова не мирува. Иако пензионер таа настапува во НУ Народен театар Битола со концептуалната монодрама ,,Куфер.МК,, во која ја сумира нејзината животна и творечка приказна. Со својата оригиналност, неуморност и посветеност, Соња Михајлова остави длабок печат во македонската театарска уметност и останува инспирација за идните генерации актери.
„Горди сме на тебе Соња. Ти благодариме .Поклон до земја“, изјавија од Битолски театар.

Покрај Михајлова наградата за животно дело ја добиваат и Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски. Оваа година девет претстави во официјална и пет во независна програма се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе се одржи од 6. до 13. јуни, а која програма ја објави уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.

Па така претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар – Битола, ќе биде дел од годинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“.

7-годишно дете од крушевско, случајно го стартувал автомобилот и ја прегазил својата 10-годишна сестричка

-На 05.05.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско.

Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Сакате да се кандидирате за градоначалник? СДСМ објави повик, пратете кандидатура

Опозициската СДСМ започна Постапка за евидентирање, предлагање и избор накандидат за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година.

Од партијата ги повикуваат сите заинтересирани чесни и угледни индивидуи кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат како кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година.​​​

Повикот со сите детали е достапен на веб-страницата на СДСМ: https://sdsm.org.mk/soopstenija/95091

За матурски прослави, крштевки, родендени, семејни свечености… – Направете го вистинскиот избор и изберете го ресторан “Порта”

По велигденските пости, како по традиција во Прилеп започнуваат прославите… Венчавки, крштевки, матури, разни семејни свечености… Па доколку се’ уште се двоумите како и каде да ги прославите најсреќните мигови во животот, дозволете ни да ви дадеме совршен предлог.

Ве носиме во срцето на прилепската Стара чаршија, во ресторанот со огромна традиција, кој буди многу пријатни спомени од минатото и гради блескава иднина, кога во прашање е угостителската понуда во градот под Марковите Кули.

Ве носиме во РЕСТОРАН ПОРТА, репрезентативен бренд на Прилеп и совршена локација каде вашите семејни свечености ќе добијат нова димензија.

Со капацитет до 100 гости, модерен ентериер и топла атмосфера, РЕСТОРАН ПОРТА е број еден избор за кршевките на вашите најмили, роденденски прослави, разни семејни свечености и секако за матурските прослави кои се на самиот праг.

Менито е по ваш избор, а тимот на ресторанот е тука да ви даде најдобри совети и да се погрижи се’ да изгледа перфектно. А кога велиме перфектно тоа подразбира од домаќински пречек на гостите, одлично сервирани маси, послуга која е на ниво, до храна и вкусови за кои не треба многу да се зборува, затоа што се најдобри.

Ваквиот однос кон гостите и нивните потреби е граден цели 20 години, и токму затоа во ПОРТА знаат како треба и што е најдобро.

Не двоумете се ни миг повеќе и резервирајте на време!

Телефон: 078 368 111

Вашата доверба е нивно најскапоцено богатство! Изберете амбиент, изберете топлина, изберете врвна услуга и квалитет, изберете го РЕСТОРАН ПОРТА!

Николоски: Македoнија како во ниеднa балканска земја има отворен фронт за работа на четири автопати што паралелно се градат

Во моментов активно се градат четири нови автопати, а во постапка е јавен повик за изградба на уште еден, што значи дека ќе имаме отворен фронт за изградба на пет нови автопати, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за Радио Лидер.

Тоа е сериозна мобилизација на ресурси и уште поважно зголемување на капацитетот на администрацијата за која е сериозн предизвик реализацијата на овие крупни капитални проекти, потеницира вицепремиерот.

“Се гради Охрид -Кичево, се гради Гостивар -Букојчани, се гради Гостивар -Тетово и се грaди Прилеп-Битола, а најавувам дека во моментов имамe отворен повик и ќе се гради спојката меѓу двата автопати Букојачни – Кичево, значи ќе имаме изградба на пет автопати што е сериозна мобилизација на ресури, луѓе, машини и што е поважно покажуваме капацитет на администрацијата. Дополнително реализиравме два големи проекти кои што ги пуштивме во јануари, тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресниот пат Прилеп – Градско прва фаза и плус желеницата Куманово-Букојчани. Во моемнтов се гради Дреново -Фариш втората фаза на експресниот пат, ќе го пуштиме на почетокот на јуни, се гради Охрид -Св. Наум ќе го пуштиме на крај на мај и се гради Богданци – Гевгелија исто така ќе го пуштиме во тек на јуни, така што има еден огроман фронт за изградба на патишта. Паралелно ја градиме железницата Бељаковце – Крива Паланка” – изјави вицепремиерот Николоски.

Во однос на изгрaдбата на автопатите на Коридор 8 и 10 д, вицепремиерот Николоски истакна дека за десетина месеци оваа Влада експроприрала пет пати повеќе парцели отколку претходната во две години.

“Кога лани ние бевме избрани во јуни месец од вкупниот број на парцели што требаше да се експроприраат, беа експроприрани околу 500, а ние во перидот од јуни до април во рок од 10 месеци експроприравме околу 2500. Тоа што претходната влада го направила за две години, ние помножено со пет го направивме за десет месеци и во моментов во Македонија како во нидна балканска земја има отворен фронт за работа на четири автопати кои што се градат паралелно”– истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Денеска е Ѓурѓовден – еден од најголемите празници во годината! Честит именден Ѓорѓи, Ѓурѓа, Ѓоре, Гоце….

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Гоце, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум.

Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето.

Овој празник има многу сличности со други празници кај разни народи во разни периоди од развојот на човештвото воопшто. Така на пр. има многу сличности со римскиот празник Палилија (21 април) кога Римјаните ги кителе стоката и шталите со зелени гранки, а овчарите на богот Палес му принесувале жртви за тој да ги заштити и луѓето и стоката од разни несреќи и да обезбеди напредок.

Празници, според обичаите, слични на Ѓурѓовден можат да се сретнат и кај некои други народи. Така на пр. Литванците во 16 век на 23 април му принесувале жртви на богот на пролетта, растенијата и зеленилото.

Кај нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн.

Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред сè, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција.

Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките, вечерта спроти празникот и на самиот ден рано наутро.

Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На билје се оди во блиските шуми каде што можат да се најдат разлистани некои билки за кои се верува дека поседуваат магиска моќ, како што се кукурекот, здравецот, вратиката, среќата, но и некои други растенија како леската, дренот и сл.

Девојките си ги намачкуваат косите со јајце за да им бидат полни и густи како јајцето и гатаат за да го дознаат идниот брачен другар.

Се изведуваат и обичаи за заштита на стоката особено од преземање на млекото зашто се верува дека на овој ден со магии можело млекото од една млечна крава да се пренесе на помалку млечна или дури и на жена доилка.

Прекрасен настан : Гимназијата покажа почит кон Денот на македонскиот јазик и аманет за младите генерации

На 5 Мај се одбележува Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945г. е озаконета македонската азбука. По тој повод во Гимназијата „Мирче Ацев“ се одржа свечен настан на кој со своја изведба настапија група ученици кои со креативен, малку драматичен, но и поетски израз нѐ прошетаа низ историјата на македонската писменост.

Од деветти век до постмодернизмот, во едно сценско парче, преку внимателно избрани стихови и симболика беше испратена јасна порака за моќта на јазикот и азбуката – како личен и колективен идентитет.

Од „Труд ми е името“ преку „Убавино ти ме заморуваш веќе“ до „Силно светнал ден “ и „Каде и да заспиеш ќе сонуваш на македонски“.

Особено впечатлив беше делот замислен како вовед во вести. Во тој дел беа нагласени странски зборови што се употребуват на македонските гласила а за секој од нив постои разбирлив и соодветен македонски збор. Со таа сценска слика учениците потсетија дека јазикот не го губиме само ако ни го одземат, туку го губиме и тогаш кога самите го „чепкаме“ без причина. „Овде не чепкај ова е мое“ не е само мисла од Горан Стефановски, туку е и потсетник на нашата самобитност, особено во време кога јазикот и културата како да стануваат мета на заборавот. Сепак, учениците докажаа дека јазикот не е само средство за комуникација туку и простор за создавање соништа.

Настанот започна со творбата „Зборот што ме буди“ од професорката по германски јазик во нашето училиште, м-р Викторија Мрмеска Богданческа, во изведба на Вероника Кочоска, а продолжи со рециталот во изведба на Евгенија Димитриовска, Ангела Чупетреска, Марија Јованоска, Иван Здравески, Стефан Петрески и Илин Ристески под менторство на професорката Елена Томевска.

Настанот беше топло прифатен од пристуните, а целосно беше поддржан од директорката Весна Михаиловска.