дома блог страница 445

„Небото нема да биде мирно“: Руското примирје стапи на сила, Украинците велат дека нема да го почитуваат

Тридневното примирје, прогласено од Русија, стапи на сила во четврток наутро, а небото над поголемите градови во Украина остана мирно по деновите на руски напади со беспилотни летала и балистички ракети.

Сепак, украинските воздухопловни сили објавија дека по почетокот на прекинот на огнот, руските авиони двапати фрлиле наведувани бомби врз Сумскиот регион, на север од Украина. Немаше извештаи за штети, а Ројтерс не можеше независно да ги потврди нападите.

Прекинот на огнот се совпаѓа со одбележувањето на 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна и стапи на сила на полноќ по московско време (21:00 часот по Гринич). Како дел од комеморацијата, рускиот претседател Владимир Путин ќе ги угости кинескиот претседател Си Џинпинг и други светски лидери во Москва и ќе присуствува на воената парада на Црвениот плоштад на 9 мај.

Украина не се согласи да го почитува руското примирје, оценувајќи го како обид на Путин да создаде впечаток дека сака да ја заврши војната, која започна со целосната инвазија на Украина од страна на Русија во февруари 2022 година. Путин тврди дека „останува посветен на постигнување мир“.

Оваа недела, Украина изврши серија напади со беспилотни летала врз Москва, што доведе до затворање на аеродромот во руската престолнина и приземјување на авиони.

Освен извештајот на украинските воздухопловни сили за две наведувани бомби, немаше други извештаи за лансирање руски беспилотни летала или ракети кон украинските градови во четврток наутро. До 3:45 часот наутро по локално време (00:45 GMT), главниот град Киев беше мирен, за разлика од претходниот ден кога експлозии и украински противвоздушен оган го потресоа градот.

Не беше веднаш јасно дали имало затишје во борбите на фронтовската линија меѓу руските и украинските сили. Репортер на Ројтерс во источна Украина извести дека не слушнал никакви борбени активности рано утрово.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави дека Украина стои зад предлогот за 30-дневен прекин на огнот со Русија.

Не го повлекуваме тој предлог, кој би можел да обезбеди можност за дипломатија“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Тој додаде дека Русија не одговорила на овој предлог, освен со нови напади. „Ова јасно покажува кој е изворот на војната“, рече тој.

Тој, исто така, ги призна честите украински напади со беспилотни летала врз руски цели, вклучувајќи го и градот Москва, во пресрет на прославите на Денот на победата.

„Сосема е фер што дури ни руското небо, небото на агресорот, денес не е мирно“, рече Зеленски.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 14 дронови насочени кон главниот град биле одбиени или уништени, што се случило пред да стапи во сила тридневниот прекин на огнот.

САД предложија 30-дневен прекин на огнот во март, на што Украина се согласи. Русија изјави дека таква мерка може да се воведе само по постигнување договор за механизмите за нејзино спроведување и надзор.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изрази изненадување од изјавите на американскиот претставник Кит Келог дека Путин можеби го попречува сеопфатниот прекин на огнот.

„Единствената пречка за прекин на огнот е Киев, кој ги крши договорите и не е подготвен сериозно да преговара за долгорочно примирје“, рече Захарова.

Видеолотарија Касинос Австрија и ФК Аеродром во партнерство за посветла спортска иднина (ФОТО)

Видеолотарија Касинос Австрија е златен спонзор на ФК Аеродром 2018 Скопје, клуб кој со својата посветеност и амбиција успешно се позиционира на фудбалската сцена. Компанијата во континуитет поддржува спортски проекти и вложува во развојот на македонскиот спорт, во рамките на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија.

Партнерство беше официјализирано денеска на теренот на фудбалскиот клуб од Ново Лисиче во присуство на претставници на Видеолотарија Касинос Австрија и ФК Аеродром, при што беше истакнато значењето на соработката, која има за цел да придонесе кон подобрување на условите за тренинг и натпреварување на тимот.

„Со ова партнерство, Видеолотарија Касинос Австрија, уште еднаш ја потврдува сериозноста на нашата мисија за унапредување на спортската сцена во нашата земја. Нема спортски успеси без вложувања во инфраструктурата, како и поддршка на младите таленти за спорт. Токму затоа и го спроведуваме нашиот проект Играј со најдобрите, во чии рамки е и оваа поддршка. Конкретно со ова спонзорство, сакаме да придонесеме за развојот на фудбалот и да овозможиме подобри услови за играчите на ФК Аеродром. Средствата од ова спонзорство ќе бидат наменети за модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Веруваме дека во иднина, заедно ќе се радуваме и ќе го славиме успехот на ФК Аеродром“ изјавија од Видеолотарија Касинос Австрија.

Претставниците на ФК Аеородром не го криеја задоволството од соработката со златниот спонзор, која за нив, како што истакнаа, претставува значајно признание и потврда за посветената работа на клубот во развојот на фудбалот.

„Поддршката ќе ни овозможи да создадеме уште подобри услови за тренинг, развој и напредок на нашите играчи. Нашите тренери, кои се вистински стручњаци во својата област, со својата неуморна посветеност, искуство и визија, ќе продолжат да работат на тоа да ги подготват нашите играчи за големи фудбалски успеси и да им помогнат да го развиваат и натаму својот потенцијал, како на теренот, така и надвор од него. Оваа соработка, за нас, претставува и голема обврска, но ние сме убедени дека ќе ја оправдаме довербата што ни ја укажа Видеолотарија Касинос Австрија. Нашиот прв тим ќе биде дополнително мотивиран да продолжи со посветеност да ги дава своите најдобри резултати на теренот, во сите натпревари што претстојат. Заедно, тимски, ќе продолжиме да постигнуваме значајни успеси и достигнувања, што ќе биде гордост за клубот и македонскиот фудбал“, изјави Ивица Аврамовиќ, претставник од ФК Аеродром, клуб кој низ годините се развива со јасна цел – создавање конкурентен тим и унапредување на фудбалската култура во регионот. Благодарение на стручниот тренерски кадар и одличните услови за работа, клубот успешно се натпреварува и гради стабилна основа за идните сезони. Со постојани вложувања во спортската инфраструктура и професионалниот развој на играчите, клубот има за цел да се етаблира како сериозен конкурент во македонскиот фудбал.

Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена на вложувањата во спортот, со верување дека заедно можеме да создадеме подобра иднина за фудбалската сцена во Македонија.

(Фото галерија) Во Прилеп достоинствено одбележан 7. Мај – Денот на македонската полиција

Полициската станица во Прилеп и оваа година, традиционално, заедно со граѓаните го одбележа Денот на македонската полиција – 7 Мај. По тој повод, денеска голем број ученици со нивните наставници ја посетија полициската станица, каде полициски службеници им ја презентираа техниката и средствата со кои располага МВР.

Учениците имаа прилика одблиску да се запознаат со начинот на работа на полициските службеници, да слушнат корисни совети и да научат многу работи за функционирањето на различните полициски единици, за разоткривањето и превенцијата на кривични дела и за одржување на безбедноста.

Отворениот ден пред ПС Прилеп го посети и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој притоа порача:

-Денес им оддаваме почит на сите припадници на полицијата кои секојдневно, со посветеност, храброст и одговорност, стојат на браникот на безбедноста и редот во нашата држава. Вашата служба е повеќе од професија – таа е должност кон граѓаните и татковината. Ви благодариме за пожртвуваноста, трудот и секој чекор направен во служба на јавниот ред и мир. Нека ви е честит и достоинствен 7 мај, Денот на македонската полиција!

„Генералка викенд“ – над 20.000 волонтери ќе ја чистат Македонија – Во Прилеп ќе се чисти кај Вештачкото езеро

По петти пат викендов ќе се одржи најголемата годишна национална акција за собирање отпад – „Генералка викенд“.

Волонтерската акција ќе се одржи на 9, 10 и 11 мај, а на неа ќе учестуваат над 20.000 волонтери кои ќе ја чистат државата на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјата. Во акцијата вклучени се над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, градинки, училишта, факултети итн.

Во акцијата и оваа година е вклучена и општина Прилеп, каде ќе се чисти на 9. мај (петок) со почеток од 09:30ч. кај Вештачкото езеро.

Од општината ги повикуваат сите кои се во можност да се вклучат во акцијата, се со цел да дадеме личен придонес за почиста природа и поздрава животна средина.

Да се извалкаме за Прилеп да биде почист!

(Фото галерија) BURGER BOOM ќе биде култно место за одлична храна во Прилеп – гиро, хамбургери, тостови и пребогато мени… проверете и пробајте!

Прилеп денеска го доби BURGER BOOM, нов фаст фуд ресторан кој ќе стане култно место и бренд на градот под Марковите Кули.

Се наоѓа во новата катна гаража, од страната на Градската река и располага со богато мени какво досега не сте виделе.

Разни бургери, печени и комбинирани сендивичи, тостови, пици и оригинално ГИРО, сето тоа зачинето со разни сосови, подготвено со посебно внимание и љубов.

BURGER BOOМ ќе биде пријател и на млади и на стари, ќе понудат храна подготвена од квалитетни намирници, богати порции и оброци, а и цените им се повеќе од прифатливи.

Младите сопственици мислеа на сите, па во нивното мени има неколку ШКОЛСКИ ОБРОЦИ по намалени цени, се со цел да се излезе во пресрет на како на семејниот буџет на родителите, така и на учениците да заштедат од својот џепарлак.

Уживавме во различните вкусови кои ни ги приготвија денеска и топло ви препорачуваме да ги посетите.

BURGER BOOM е вистинска свежина во богатата гастрономска понуда на Прилеп, и со сигурност ќе стане главна дестинација и за голем број посетители во нашиот град.

НАЗДРАВЈЕ!

Искористете ги сончевите зраци до МАКСИМУМ со БЕСТ СОЛАР – Сега по цена каква нема на друго место!

Во време кога електричната енергија стана изгор скапа, а сметките за струја се рак рана за семејниот буџет на секое домаќинство, искористувањето на обновливите извори на енергија стана повеќе од неопходно, а кога живеете во Пелагонија – област каде има над 280 сончеви денови во годината, тогаш ви преостанува само едно, да си подадете рака со луѓето кои сонцето го прават најдобар пријател на секое семејство.

“БЕСТ СОЛАР” од Крушево e компанија која во изминатите 10 години стана партнер за стотици и стотици домаќинства. За нив секој сончев зрак е извор на енергија и топлина, а нивната мисија е Македонија да стане лидер во искористувањето на сончевата енергија.

Од компанијата можат да се пофалат дека се лидери во регионот во посавување на соларни системи, работат низ целата држава и насекаде гарантираат врвен квалитет.

Како општествено одговорна компанија, која е секогаш насочена кон своите клиенти, “БЕСТ СОЛАР” подготви одлично изненадување преку ГОЛЕМА СЕЗОНСКА АКЦИЈА!

САМО СЕГА И САМО ВО “БЕСТ СОЛАР”, цената на сончев колектор од 200 литри изнесува само 18.990 денари.

Сетот содржи ИНОКС бојлер од 200 литри, ИНОКС постојле, 20 вакумски цевки, WIFI смарт електроника која може да се поврзи со 5 мобилни телефони и електричен греач од 2000W. Цената е без монтажа, но од компанијата секако вршат и квалитетна монтажа со свои монтери.

Побарајте ги уште денеска, искористете ги сончевите зраци до максимум и преполовете ги сметките за електрична енергија!

Телефон за контакт: 071 369 673

ТИМОТ НА “БЕСТ СОЛАР” ВЕ ОЧЕКУВА!

Жителите од општина Кривогаштани на протест: Блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево кај Врбјани

Во 08.50 часот започнат е ненајавен јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, Општина Кривогаштани, информираа од АМСМ.

– Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците. Од 09:10 часот сообраќајот е блокиран во двата правци, соопштија од АМСМ.

За протестот на жителите од општина Кривогаштани утрово пишуваше и новинарот Зоран Момироски:

-Нови протести вчера започнаа, а денеска ќе продоложат, но и незадоволство за стари проблеми за жителите во Општина Кривогаштани. Поради реконструкција на патот Прилеп – Крушево изведувачот на градежните работи ,,Стентон,, бара околу 45 дена да го затвори патот од Славеј до Кривогаштани поради довршување на работите на двата моста кај селото Врбјани. Тоа значи дека сообраќајот пак ќе треба да се пренасочува преку Боротино – Обршани – Кривогаштани. Земјоделците од населените места од Општина Кривогаштани не го прифаќаат предлогот, бидејќи се во тек земјоделските работи, а ,,Стентон,, да понуди прифатливо решение на проблемот – напиша Момироски.

Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти

Во свет каде што секој ден броиме како да заштедиме и како подобро да ги користиме нашите финансии, програмите за лојалност стануваат сè поважни кога носиме одлуки во чии услуги да инвестираме.

Токму затоа е креирана Mint Bonus, програма за лојалност која што ја наградува Вашата доверба и лојалност кон финансиските услуги од Mint Fintech и нашите партнери. Со Mint Bonus се стремиме да Ви покажеме колку ја вреднуваме Вашата доверба во нашите услуги.

Програма за лојалност – Што е Mint Bonus?

„Лојалноста не се заслужува за еден ден. Таа се заслужува ден по ден.“

Оваа мисла од Џефри Гитомер (автор на “The Little Red Book of Selling”) совршено го отсликува духот на Mint Bonus – програма за лојалност што го вреднува секој Ваш чекор и секој израз на доверба континуирано.

Mint Bonus програмата е дизајнирана да Ви овозможи да заработувате поени “Mint Coins” секогаш кога сте активни на платформата или ги користите финтек услугите на Mint Fintech групацијата и нашите партнери.

Без разлика дали се работи за користење на SN Visa картичка, аплицирање за кредит или редовна уплата, секој чекор ви носи поени.

Овие поени потоа можете да ги искористите за купување производи, ваучери или други награди преку Mint Store. Но, пред да почнете да собирате и трошите поени, потребно е само едно – да се регистрирате.

Зошто да се регистрате на Mint Bonus?

Програмата е бесплатна и е достапна преку веб-страницата mintbonus.mk или преку преземање на мобилната апликација Mint App. Со регистрација на Mint Bonus, Вие добивате:

  • 50 Mint Coins на подарок веднаш по креирањето на Вашиот профил.
  • Доколку веќе имате креирарно профил на веб сајтот и ја превземете Mint App апликацијата добивате дополнителни 50 поени, што значи дека вашите вкупни Mint Coins ќе бидат 100.
  • Брз и лесен пристап до информации за сите Ваши активности.
  • Пристап до ексклузивни наградни, понуди и промоции (Mint Store).

Како да се регистрате за Mint Bonus?

Регистрацијата во нашата Mint Bonus програма за лојалност на клиентите е едноставна и брза:

  1. Превземете ја Mint App или посете ја веб страницата mk.
  2. Пополнете ги Вашите информации.
  3. Кликнете на копчето „Регистрирај се
  4. Веднаш добивате 50 Mint Coins како бонус, или 100 доколку веќе имате креирано профил на веб сајтот и сега ја превземате апликацијата.
  5. За секоја активност добивате дополнителни поени.
  6. Поените можете да ги користите за попусти или подароци.

Колку вредат Вашите активности како дел од нашата програма за лојалност?

Mint Bonus како програма за лојалност им нуди на своите клиенти вистинска вредност за нивните активности. Ова значи дека како корисник регистриран на Mint Bonus Вие можете да бидете наградени за секоја Ваш активност во рамките на Mint и нашите партнери.

Еве само неколку примери:

  • Нов кредит – 100 MintCoins
  • Нов кредит преку SN Visa – 200 MintCoins
  • Навремена уплата на рата – 20 MintCoins
  • Секоја трансакција со SN Visa – 10 MintCoins
  • Уплата на заостаната рата – 10 MintCoins

Со други зборови, Вашите секојдневни активности на Mint платформата или со нашите партнери добиваат вредност.

Регистрирајте се и добијте поени веднаш!

Во свет каде што секој клик може да Ви донесе вредност, Mint Bonus Ви нуди шанса да добивате вредност за Вашето внимание и учество. Mint Bonus е програма за лојалност што Ве наградува за тоа што веќе го правите.

Колку повеќе ја користите, толку повеќе добивате. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најиновативната програма за лојалност на клиентите на македонскиот финтек пазар.

За повеќе информации контактирајте не на е-маил: [email protected], или на телефон: 15 107, нашиот тим е секогаш тука за вас.

Лишени од слобода двајца 18-годишници и еден малолетник од Битола – украле кафемати од повеќе места

-На 06.05.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(18) Ј.Д.(18) и еден малолетник, сите од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик со дејствија со кои на Буџетот на АД ЕСМ-Подружница РЕК Битола му предизвикале значителна имотна штета во износ од 178.370.319 денари. Обвинение е поднесено и за 3 службени лица од Бирото за јавни набавки, кои како соизвршители во кривично дело Несовесно работење во службата од член 353в став 4 од Кривичниот законик со пропуштање на должен надзор, очигледно несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при вршење на управна контрола на постапката за јавна набавка.

Од обвинетите за злоупотреби, тројца се службени лица – членови на Стручната комисија со овластување да извршат евалуација на понудите на јавна набавка за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола, кои спротивно на Законот за јавни набавки донеле одлука со која незаконито ја елиминирале понудата на еден економски оператор од понатамошна евалуација. Иако фирмата доставила доказ дека ги исполнува условите за техничка и професионална способност од тендерската документација, тие сепак ги оцениле ваквите докази како неприфатливи и ја отфрлиле понудата.

Тројца членови на Комисијата за јавни набавки за спроведување на отворена постапка за јавна набавка го прифатиле ваквото стручно мислење, иако спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и на електронската аукција поканиле само два други економски оператори кои имале понудено повисоки почетни цени од елиминираната фирма.

Обвинетиот директор на РЕК Битола го прифатил предлогот за избор на најповолна понуда содржан во Извештајот на Комисијата за спроведување на јавната набавка иако бил спротивен на одредбите од Законот за јавни набавки и на 03.10.2022 склучил договор за ископ на инвестициска откривка во Рудникот Брод Гнеотино со РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола во износ од 708.000.000 денари со ДДВ. Потоа, во септември 2023 година, директорот склучил и анекс кон договорот со кој вредноста на јавната набавка ја зголемил за дополнителни 20% односно за 120.000.000 денари, со што исто така постапил спротивно на Законот за јавните набавки, бидејќи претходно не извршил дополнителна анализа на исплатливост и не ги дообезбедил потребните парични средства кои според законските одредби требало да бидат обезбедени во целост пред склучување на договорот.

Службените лица од Бирото за јавни набавки, обвинети за несовесно работење, извршиле увид во целокупната документација поврзана со јавната набавка и требало да утврдат дека понудата на еден економски оператор е незаконски отфрлена, но тие пропуштиле тоа да го сторат и на договорниот орган противправно му дале инструкции да продолжи со постапката за јавна набавка и да го склучи договорот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за одземање на противправно прибавената имотна корист од 178.370.319 денари која како резултат на сторените кривични дела од обвинетите била исплатена на правното лице ДПТУ РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола. Оваа имотна корист во текот на постапката, по барање на Основното јавно обвинителство Битола е предмет на привремена мерка за обезбедување имот и средствата се замрзнати на сметка до донесување пресуда.