дома блог страница 444

Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот (ФОТО)

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со членови на раководството на партијата беше во
посета на општинските организации во Прилеп и Долнени, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.

Пред челновите и симпатизерите на ЗНАМ во Прилеп претседателот Димитриевски рече дека нивната цел е да ги слушнат членовите, симпатизерите и граѓаните за се она што ги мачи, за да може да се најде решение.

„Прилеп е град со богата историја и силен дух, и јас сум среќен што се среќавам со вас, членови и симпатизери на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Отвореноста во разговорите за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и за можностите што ги гледаат во една
поодговорна и почесна политика е она што сметаме дека е важно за да имаме демократско и слободно општество. ЗНАМ е партија која сака да го
чуе гласот на народот“.

Димитриевски додаде дека е евидентно оти растат како движење на македонската политичка сцена.

„Секојдневно се приклучуваат нови луѓе кои веруваат во идејата за праведна и достоинствена Македонија. Оваа енергија од теренот ни дава сила и мотив повеќе за уште поголем ангажман и псоветеност во работата“.

Претеседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски се сретна и со општинското раководство, членовите и
симпатизерите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во општина Долнени.

Членовите на партијата и присутните граѓани ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат тие како жители, а особено ги нагласија оние во
инфраструктурата. Исто така беше речено дека е потребна посилна институционална поддршка во справувањето со проблемите.

„Верувам во политиката што произлегува од теренот – преку директни разговори со граѓаните и соочување со реалноста. Благодарен сум за топлиот прием и отвореноста на жителите на Долнени. Продолжуваме да работиме посветено, со народот и за народ“, рече Димитриевски при посетата на Долнени.

Итно! Плата 34.000 плус бонус за празници и недела! Се бара садоперач/ка за работа во Прилеп

Повеќе информации на телефонскиот број: 071 551 310

Фирмата CAJEN кетеринг има потреба од садоперач/ка за Прилеп!

Основната плата е 34.000 денари + нaдоместок за работа за време на празници и работа во недела.

Рајските плажи и градови полни со дух и култура, никогаш не биле поблиску! Еве како до најдобар одмор до Турција, Египет, Тунис, Шпанија, Кипар…

Летото е веќе на прагот, време е за нови хоризонти, топли бранови и незаборавни моменти!

Сите ние сонувавме за тој момент кога ќе го спакуваме куферот, ќе ги затвориме вратите од секојдневието и ќе им се препуштиме на боите, вкусовите и звуците на некоја нова, егзотична дестинација.

Ако се’ уште се двоумите каде да го поминете летниот одмор, а особено на кого да му ја дадете вашата доверба, ние го имаме најдобриот предлог. Туристичката агенција “ОРБИТА” од Прилеп е број еден дестинација за тоа! А зошто е тоа така? Затоа што цели 26 години се вистински партнер за секое патување, а изградената доверба со клиентите ги двои од сите останати.

Ви ги предложивме белите песочни плажи во секогаш шармантниот КСАМИЛ на крајбрежјето од Јонското Море, а сега ве водиме до егзотичните: Турција, Египет, Тунис, Кипар и Шпанија.

Професионалната работа на тимот на “ОРБИТА”, им овозможува на сите што сакаат да уживаат во одмор, со буквално “се’ вклучено”, по најприфатливи цени.

Анталија, Хургада и Тунис со лет од Скопје, се веќе понуди кои што се прифатливи за сите. Ова лето новитет во нивната понуда е и чартер понудата за Коста Брава во Шпанија со лет од Скопје, која се продава рекордно, како и чартер понудата за Кипар со лет од Солун.

Ве каниме да ја погледнете целосната понуда на ОРБИТА за овие дестинации во продолжение, сварете кафе, опуштете се, затоа што има шаренило на прекрасни понуди, која од која подобра:

ТУРЦИЈА со прекрасните Анталија, Бодрум, Белек…

Магичната ШПАНИЈА со прифатливи цени во повеќе хотели во КОСТА БРАВА:

Историските чуда на Египет, заедно со секогаш топлата Хургада не биле никогаш подостапни:

Ништо помалку добра и прифатлива, тука е и понудата за ТУНИС:

А една од новините на “ОРБИТА” за ова лето се и дополнителните понуди за летување на КИПАР:

Секако ова е само мал дел од богатата понуда, па затоа не чекајте ни час повеќе и посетете ги на ул. “Александар Македонски” бр. 453, веднаш до црквата Св. Благовештение – Стара црква, а за да бидете во тек со сите новости, попусти и изненадувања, следете на ОРБИТА на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, а сите подетални информации за туристичките аранжмани дознајте ги на веб страната: www.taorbita.com.mk

Рајските плажи и градови полни со дух и култура, никогаш не биле поблиску!

Орбита – патувај со сигурност, од Прилеп до светот!

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ФИА ВИКЕНДОВ ВО БРАГА ЌЕ ВОЗИ НА РАМПА ДА ФАЛПЕРА

Игор Стефановски Иџе овој викенд со нова трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Ќе ја вози патеката Рампа Да Фалпера во Португалија

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана.

Стефановски по првите две трки во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки е трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката Рампа Да Фалпера добро ја познавам. Двапати бев на подиум и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овојпат се слични, да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км, што е голем и силен предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори, и секако, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

Видеолотарија Касинос Австрија и во оваа трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе биде дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Филипче со жесток удар кон Максим од ЗНАМ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, синоќа на средбата со општинската организација во Неготино ги повика незадоволните партиски членови кои пребегаа во ЗНАМ да се вратат во партијата.

„Во 2021 година, некои луѓе се одвоија од СДСМ и отидоа во ЗНАМ. Тогаш, тогашниот претседател на ЗНАМ и градоначалник на Куманово продаде еден лажен патриотизам. Излегуваше на бугарска телевизија, кажуваше „јас сум патриот“, го спомнуваше Гоце Делчев, ја спомнуваше НОБ. Му успеа манипулацијата – да се претстави како патриот и да ги привлече и излаже нашите членови, нашите симпатизери, па и други граѓани. И што излезе? За што се борел? За бизнис интереси. Што му била целта? Само бизнис да прави, пари да прави од позиција на градоначалник,“ изјави Филипче.

При тоа, Филипче повика на враќање на разочараните членови во СДСМ.

„Упатувам апел до нашите членови кои се излажаа и гласаа за ЗНАМ, да се вратат дома. Тука им е домот, во СДСМ. Да не се лажеме дека една мала група луѓе ќе манипулира само за сопствени финансиски интереси“, рече Филипче.

Тој го искритикува и претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски,занеговите односи со ДУИ.

„Нели ДУИ беа предавници и криминалци, а со кого го изгласал Димитриевски ДУП-от во Куманово? Гледајте ги и двојните стандарди на премиерот, вика не може Таравари во Владата ако соработува со ДУИ, а Максим Димитриевски може да соработува со ДУИ, дополнително, за негови финансиски интереси. Какво лицемерие е ова?“ , потенцираше Филипче.

Кажи збогум на вишокот калории и влези во најдобра форма! Летово тренирај со Матеј Чатлески, двократен државен првак во бокс (ФОТО/ВИДЕО)

Сакаш да слабееш, да се вратиш во форма, да стекнеш сила и самодоверба? Ова лето имаш можност да тренираш со Матеј Чатлески, двократен државен шампион и најмладиот професионален боксер во историјата на Македонија.

-Започнувам со персонални тренинзи за рекреативци и боксери – динамични боксерски сесии со вистинска техника и удари, каде ќе се испотиш, ќе се почувствуваш жив и ќе направиш нешто добро за себе. Без потреба од натпреварување, без притисок – само вистински тренинг со професионален пристап, вели Матеј.

Инаку Матеј е:

– двократен национален шампион во аматерски бокс (-80 кг)
– поранешен член на Амaтерската репрезентација на Македонија, со освоени медали
– најмладиот професионален боксер во историјата на Македонија (дебитантски настап на 17 години)
– Победник во својот прв професионален меч во Скадар, Албанија, каде доминирав и дојдов до нокдаун во втората рунда
Непоразен во професионалниот ринг со скор 1-0-0

-Во мојот нов влог објавен на TikTok и Instagram Reels ќе видиш како изгледа еден ден од професионален спаринг тренинг – атмосфера, фокус и искуство од прва рака, додава Матеј.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку:

Instagram / TikTok: @catleskim

Термините се ограничени – резервирај навреме!

Вечер нештата ќе бидат појасни во врска со Универзалната сала во Прилеп?

Денеска (08.05.2025), со почеток во 20:00 часот, во живо на поткастот “ВМРО-ДПМНЕ Зборува”, гостин ќе биде шефот на кабинет на министерот за спорт, Илија Ристески.

Поткастот ќе се емитува на Јутјуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ и Фејсбук страната на партијата.

Ристески кој е прилепчанец, се очекува во разговорот да објасни до каде е процедурата за реконструкција и ставање во функција на Универзалната сала во Прилеп.

Спортските клубови, спортистите и спортските работници во градот под Марковите Кули, со нетрпение очекуваат да се реализира ова ветување на Министерството за спорт, и конечно да се врати во функција спортскиот храм.

Прилеп во моментов е град без спортска сала. Спортските клубови функционираат во школски сали, каде условите за работа и напредок се на ниско ниво.

Најспортскиот град во едно време очекува многу од новото министерство, а Ристески е можеби најповикан од своите сограѓани, да застане прв во таа борба за враќање на спортот во Прилеп на пиедесталот.

Изложбата “Булки” од уметникот Милан Темелкоски, во петок пред прилепчани

„Булки“ е изложбата на фотографии од Милан Темелкоски, што ќе биде отворена на 9 мај/ петок/ во 18.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

Изложбата на Милан Темелкоски носи едноставен наслов — Булки, но зад него се крие подлабока, лична приказна. Во говорот на неговата мајка Панде Темелкоска, булките биле нарекувани „божуриги“ — збор што авторот со љубов го задржува како дел од мајчиниот јазик и детските сеќавања. Тоа име, всадено во говорното и емоционалното ткиво, денес живее во ново светло — пред неговиот објектив. Поттик за изложбата е една пејзажна слика на сликарот Кирил Гегоски, долгогодишен пријател на Темелкоски, на која булките се прикажани во прилепската околина, уловени од неговото набљудувачко око. Тоа сликарско доживување остава силен впечаток кај Темелкоски, кој чувствува потреба да ги забележи овие цветови и во својот медиум — фотографијата. Така, божуригите стануваат повеќе од мотив, тие се сеќавање, симбол и визуелна медитација. Најголем дел од фотографиите се направени на Плаошник. Булките не се осамени, туку се дел од поширок пејзаж, во дијалог со старите камени ѕидини, зелените падини и бескрајното охридско синило. Црвенилото на булките и синилото — небесно или езерско — се присутни речиси на секој кадар, како визуелна порака за нужното единство меѓу човекот и природата. На сликите е присутна и успокојувачката питомина на планината Галичица и зелените прегратки на шумичките околу Плаошник и Самоиловата тврдина.

Темелкоски снима од различни ракурси, со изразена смисла за композиција и длабока почит кон мотивот. Нему му се туѓи технолошки егзибиции што би ја нарушиле автентичноста на пејзажната глетка. Секоја фотографија дише тивко, но присутно — како сведоштво за нешто што вреди да се забележи, но и да се почувствува.

Во булките е симболиката на животот и минливоста, на љубовта и смртта, на невиноста и отпорот. Нивната појава во нашите речници како „див афион“ или „тутенка“ сведочи за културна длабочина, распослана од антиката до денес. Во тој спектар, фотографиите на Темелкоски нè потсетуваат — на тишината на пејзажот, на вредноста на споменот, и на убавината што преживува. Изложба што носи возбуда и обврзува на паметење – вели Слободан Беличанец

За уметникот:

Милан Темелкоски е етаблирано фотографско име од Прилеп, роден во 1953 година.
Пензиониран е, но не и од фотографијата – страст што ја негува повеќе децении. Неговото име е длабоко врежано во македонската фотографска сцена, посебно преку неговата работа во Институтот за старословенска култура – Прилеп и преку долгорочната и плодна соработка со Народниот театар „Војдан Чернодрински“ и истоимениот фестивал.

Неговото творештво е особено препознаено во областа на археолошката, музејската и театарската фотографија, каде што умее да долови и документира културно-историски вредности со прецизност и емоција. Со текот на времето, Темелкоски поминува низ сите технолошко-естетски трансформации на фотографијата, но останува верен на автентичниот визуелен израз и на природната светлина.

Оваа изложба ја претставува неговата понова авторска фаза, инспирирана од природата и пејсажот – со посебен акцент на дивите цветови што мајка му Панде ги нарекувала божуриги, поим кој сега за него има силна сентиментална вредност.

Милан Темелкоски не фотографира само за окото – тој создава за да ги поврзе: човекот со природата, минатото со сегашноста, поетското со документарното.

Николоски: Влеговме во силен инвестициски циклус во инфраструктурата, работиме на проекти кои треба да донесат нови вработувања

Работиме на еден голем инвестициски циклус во делот на автопатиштата, на експресни и регионални патишта, железничката инфраструктура, болници, во секторот образование и други сектори кои ги развиваме. Се работи за тековни и нови проекти и проекти кои што треба да донесат нови вработувања, потенцираше вицепремиерот Николоски во интервјуто за ТВ Сител.

“Во моментов градиме паралелно четири автопати со амбиција да отвориме и петти. Го градиме Тетово-Гостивар, го градиме Гостивар -Букојчани, го градиме Гостивар-Кичево, Кичево-Охрид кој е во напредна фаза, го градиме Прилеп – Битола и дополнително на ова имаме активен тендер за Кичево-Букојчани. Се градат експресни патишта, втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, делницата од Дреново до Фариш, таа е пред завршување ќе ја пуштиме за сообраќај. Тука е делницата од Богданци до Гевгелија, имаме и други регионални патишта“, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека за период до два месеци ќе излезе со детални информации за нови проекти. Исто така потенцираше дека за реализација на овие проекти, дел се обезбедени средства од буџетот, дел ќе се обезбедат во вид на заеми.

Го празнуваме светиот апостол и евангелист Марко

Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар.

Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија.

Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и с ? добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнаа обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклоничка вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегна повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело. После две години Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножи, се врати во Александрија.

Тогаш го фатија незнабожците, цврсто го врзаа и почнаа да го влечат по калдрмите викајќи: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот ранет и искрвавен го фрлија во затвор. Овде најнапред му се јави ангел небесен и го храбреше и го крепеше. Потоа му се јави Самиот Господ Исус и му рече: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговори: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента злочестивите луѓе го извлекоа од затворот и повторно го влечеа по улиците, извикувајќи го истото: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот измачен и истоштен Свети Марко изусти: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и издивна. Неговите свети мошти беа чесно погребани од христијаните. Со векови им даваат исцеленија на луѓето од маките и од болестите.