дома блог страница 437

Најголемата прилепска ракометна надеж е успешно опериран

Mладиот среден бек на кадетската и младинската екипа на РК Прилеп, Бобан Вренцоски е успешно опериран и ќе отсуствува од терените шест месеци.

Вренцоски кој е роден 2008 година, е ученик во Гимназијата “Мирче Ацев” и важи за една од најголемите ракометни надежи во Прилеп во моментов.

Боби беше опериран на предниот вкрстен лигамент на коленото, па повредата ќе го оддалечи подолго време од терените.

Да му посакаме успешна рехабилитација и да се врати уште посилен на паркетот.

Администрацијата на Трамп ќе депортира 341 Македонец

Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија Оваа бројка се најде на списокот со земји што го објави „НЕКСТА“, кој покажува дека има 1.445.549 жители на САД кои се очекува да бидат депортирани во нивните земји.

Администрацијата на Трамп најави построга емиграциска политика. САД во меѓувреме продолжува со апсења и депортации на мигранти без дозвола за престој – и покрај сите критики од активистите за граѓански и за човекови права.

Покрај тоа, американскиот Конгрес веќе донесе построг закон за миграција. Според законот, мигрантите без важечки статус на престој сега треба да се држат во центри за имиграција не само за тешки кривични дела, туку и за помали прекршоци – на пример, кражба во продавници.

Во првата недела од вториот мандат на Трамп, беа уапсени речиси 2.400 мигранти, американската агенција за заштита на границите ИЦЕ (Имиграција и царина на САД) сега ги објавува новите бројки. Се вели дека апсењата првенствено се насочени кон имигрантите со криминални досиеја.

Секој мал чекор кон подобрување на заедницата, има големо значење: “Авто Контрол” донираше лаптоп за потребите на Детското одделение во прилепската болница

Компанијата “АВТО КОНТРОЛ”, која важи за пример за општествена одговорност во Прилеп, денеска донираше лаптоп компјутер за потребите на Детското одделение во болницата “Борка Талески”.

-Како општествено одговорна компанија, ние веруваме дека секој мал чекор кон подобрување на заедницата има големо значење. Денес со особена чест и радост донираме лаптоп на Детското одделение во болницата “Борка Талески” од нашиот град, со надеж дека ќе придонесе за олеснување на работата на медицинскиот персонал и ќе донесе насмевки на лицата на најмладите пациенти. Грижата за заедницата е наша заедничка одговорност, и ние ќе продолжиме да даваме поддршка таму каде што е најпотребно. Благодарност до целиот тим на општа болница “Борка Талески за нивната посветеност и грижа за децата, истакна Даниела Перканоска, генерален менаџер на компанијата.

Во недела ХУМАНИТАРНО CAR SHOW за ВИКТОР! Да го посетиме настанот во што поголем број!

Во организација на Wanted Club и BROTHERHOOD, a со поддршка на компаниите “МАТАДОР”, “АВТО КОНТРОЛ” и Агенција за обезбедување “МК”, во недела 02.02.2025, со почеток од 11:00 часот, во катната гаража во центарот на Прилеп, ќе се одржи хуманитарно CAR SHOW – настан чија цел ќе биде да се соберат средства за лекување на нашиот сограѓанин Виктор Николоски.

Влезниците се по цена од 300 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за Виктор, 26-годишниот прилепчанец кому неодамна му беше дијагностициран тумор на главата.

Да го посетиме настанот во што поголем број!

Денеска е Св. Атанасиј Велики, денот е веќе за 1 час подолг од минатиот месец: Честит именден Атанас, Тане, Насте, Насе…

Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Елмас промовиран во Торино, клубот му посака добредојде (ВИДЕО)

Maкедонскиот репрезентативец и играч од средниот сред на Лајпциг, Елиф Елмас, му се приклучи на Торино како позајмен играч, објави калчолигашот.

Договорот важи до крајот на сезоната 2024/25. Има опција за откуп.

Дваесет и петгодишниот Македонец му се приклучи на Лајпциг од Торино во јануари минатата година. За германскиот тим одигра 22 натпревари на кои постигна една асистенција.

Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред на Торино, Иван Илиќ е пред трансфер во Спартак Москва.

Врие од арамии во градот: Прилепчанец фатен на дело како краде во куќа

-На 29.01.2025 во 16.00 часот на ул. „Ило Полутешка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Прилеп.

Тој бил фатен при извршување на кражба од куќа.

Одземеното било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Во сабота хуманитарна денска забава кај Градскиот Саат во Прилеп – Сите заедно за ВИКТОР!

Во организација на општина Прилеп, оваа сабота (01.02.2025), со почеток од 12:00часот на платото кај Градскиот Саат, ќе се одржи хуманитарна забава за нашиот Виктор Николоски, 26-годишниот прилепчанец кому му е дијагностициран тумор на главата.

-За добра забава ќе се погрижи LockDown Band, а благодарение на Прилепска пиварница / Prilep Brewery и Limonada.mk ќе бидат поставени и штандови со освежителни пијалоци, додека покрај нив ќе има кутии за собирање на хуманитарни средства. Да покажеме уште еднаш колку Прилеп е хуман град! За Виктор – стои во поканата од општина Прилеп.

Дојдете во што поголем број!

Петар Јанков од Бугарија, е нов спортски директор на прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај”

Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп и официјално доби нов спортски директор.

Станува збор за Петар Јанков, кој доаѓа од Бугарија каде долги години бил успешен борач и тренер во повеќе клубови – велат од прилепскиот клуб.

-Со неговото назначување за спортски директор започнува најавеното засилување во редовите на клубот, како кадровски во управата, така и во екипата, а очекувањата оваа сезона со новите засилувања, е освојување на титулата и во женска и во машка конкуренција, велат во соопштението од клубот.

Од клубот додаваат и дека во сабота стартува Новата 2025 натпреварувачка сезона.

Следуваат возбудливи моменти во борењето во Прилеп и Македонија, велат од БК “7-ми Мај” Прилеп.

Уапсен прилепчанец, се сомничи дека опожарил возило

-СВР Битола- ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.

На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп.

По преземени мерки и активности, на 29.01.2025 во 12.00 часот С.С. бил пронајден и лишен од слобода, по што му е поднесена пријаватa – информираат од МВР.