дома блог страница 436

Прилепчанец заедно со двајца малолетници, впериле пиштол кон друг малолетник, за да му го земат златното ланче

-На 31.01.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 17-годишен малолетник од Прилеп, 15-годишен малолетник од с.Бела Црква и М.З.(21) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава во 19.30 часот од Р.Ш.(50) од с.Бела Црква, прилепско, кој пријавил дека на ул.„Кузман Јосифоски” во Прилеп од неговиот малолетен син со закана од оружје било одземено златно ланче.

Кај М.З. бил пронајден и одземен пиштол, а кај 17 – годишниот малолетник било пронајдено златното ланче.

Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со анкети! Koи имиња ќе бидат на анкета во Прилеп ќе се знае наскоро

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот и лидер ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

Како претседател на партијата и Извршниот комитет, додаде, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.

Според досегашните наши анкети пак, најголем рејтинг во Прилеп има Марјан Ристески, кој убедливо води пред сите други, од сите партии.

Јовчески: Пожарот на депонијата Алинци е под контрола, голема благодарност до компанијата Бехтел и Енка (ФОТО)

Изминатите денови сите сме сведоци на пожарот на депонијата кај Алинци, но можам да Ве уверам дека ситуацијата е под контрола.
Лично бев на терен со надлежните служби, каде што со максимални напори и непрекината работа, правиме сè што е потребно за целосно гаснење на пожарот и спречување на натамошни последици
– напиша на ФБ денеска градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Ангажирани се целата расположлива механизација и човечки ресурси, а огромна благодарност упатувам до компанијата Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Прилеп, a посебно до нашите јавни претпријатија ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација, кои неуморно работат за стабилизирање на ситуацијата. Благодарение на оваа заедничка акција, досега успеавме значително да го намалиме жариштето, а активностите продолжуваат сè додека целосно не го решиме проблемот. Ова е момент кога сите треба да покажеме одговорност. Апелирам до сите граѓани да не дозволуваме вакви инциденти, кои ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на секој од нас. Заедно можеме да обезбедиме почиста и побезбедна иднина за Прилеп! Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција! Ние продолжуваме со работа сè додека целосно не ја решиме оваа ситуација – напиша Јовчески.

Николоски: Во моментов се градат социјални станови во Прилеп, Македонска Каменица и Бутел, ќе продолжиме со поддршка за ранливите категории на граѓани

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска присуствуваше на доделувањето на социјални станови во општина Кочани, каде истакна дека како министерство и Влада ќе продолжи ваквата поддршка и во останатите општини и дека во моментов се градат или довршуваат вакви станови во неколку општини низ државата.

“После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес. Се работи за категории на граѓани кои навистина имаат потреба од овие станови и се надевам дека среќа и топол дом во истите. Би сакал на сите кои што денеска ги добиваат, да им посакам поубави моменти во истите во годините што се пред нив”, истакна Николоски, кој потенцираше дека инвестицијата за социјалните станови во Кочани изнесува 72 милиони денари.

Тој истакна дека министерството во моментов работи на довршување и изградба на социјални станови во неколку општини.

“Работиме во општините Прилеп, Македонска Каменица и Бутел во Скопје. Во следниот период ќе работиме на реализација на комерцијални станови. Јавноста е запозната со одлуката на Владата, комерцијалната зграда која што се гради во општина Битола да биде понудена на продажба по цени кои што се би рекол реални, а тоа е 1000 евра за м2 за станбена површина, 500 евра м2 за гаража и деловните простории по 2000 евра за м2, како би можело да се влијае на енормно високите цени на пазарот за недвижности, пред се во неколку големи општини”, потенцираше вицепремиерот Николоски, кој додаде дека следно вакви комерцијални станови ќе се градат во Охрид и Скопје, а целта пред се’ е младите брачни парови да можат да си дозволат по нормални цени да купат свој дом.

(Фото галерија) Треба ли во секое училиште?! Училиште во Македонски Брод го реализираше проектот “Настава без мобилен телефон”

Во ООУ Св. ,,Климент Охридски,, во општина Македонски Брод се реализираше проектот “Настава без мобилен телефон”, кој наиде на одобрување од родителите на учениците.

Училиштето обезбеди услови за чување на мобилните телефони на учениците додека траат часовите.

Треба ли истото да се спроведе во сите основни училишта во државата?

Нови инвестиции во гимназијата “Јосип Броз Тито” во Битола (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, го посети Средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, кое следната недела, ќе го одбележи големиот јубилеј „80 години од одржувањето на првиот час на современ македонски јазик во училиштето“. Во исто време, додека директорката и вработените активно ги подготвуваат програмските содржини, кои ќе се реализираат од 02 до 06 февруари, паралелно продолжуваат и инвестициите со кои во Гимназијата редовно се вложува во подобрувањето на условите за работа во училиштето и квалитетот на воспитно образовниот процес.

Директорката Лидија Споа, на денешната работна средба со Градоначалникот Тони Коњановски, направи краток осврт на реализираните проекти и набавената ИКТ опрема во училиштето, во првото полугодие од учебната 2024/2025 година.

„Изработeна е настрешница и електрична инсталација за летна училница, извршена е санација на партерен ѕид, поставена е нова ограда од ковано железо и нови гранитни скали, набавени се работни клупи, шкафчиња, помошни елементи и дигестор за кабинетот по хемија. Набавени се нагледни средства и ИКТ опрема со вкупна вредност од 147.470 денари, а со нови планови и проекти, менаџерскиот тим, заедно со вработените, продолжува да ги подобрува условите во училиштето и во следниот период, се со цел создавање на пријатна и мотивирачка работна средина за нашите ученици“, информираше директорката Лидија Споа.

Овие инвестиции, во износ од 4.406461 денари, реализирани се со поддршка од Општина Битола и Министерството за образование.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека, локалната самоуправа продолжува да биде поддржувач и соработник на училиштето и во следниот период, во насока на обезбедување услови за квалитетно образование на учениците.

Со историска фотографија, Ристески се потсети на средношколските денови и го честиташе големиот јубилеј на прилепската гимназија

Прилепската гимназија “Мирче Ацев” денеска одбележа 80 години од првиот одржан час. Во изминатите 8 децении гимназијата беше и остана расадник на голем број спортисти, уметници, лекари, интелектуалци… Денеска голем број генерации се сеќаваат на своите денови во гимназијата и посакуваат оваа образовна институција што повеќе да се развива во иднина.

Со своја честитка за големиот јубилеј на социјалните мрежи се обрати и екс градоначалникот на општина Прилеп и актуелен заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, кој се потсети на средношколските денови:

“Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп слави голем јубилеј — 80 години настава на македонски јазик…

Ден кога прв пат во гимназијата одекна современиот македонски збор!

80 години од одржувањето на првиот наставен час на современ македонски јазик.

Историски датум со огромно значење, неизбришлив и длабоко врежан во историјата на македонскиот народ.

Од тој момент до денес, гимназијата е расадник на успешни кадри.

Горд сум што учев во неа, градев вредности во неа, храбро чекорејќи кон иднината!

Посакувам денешните и идни генерации да ја продолжат успешната приказна на претходните генерации, секојдневно продлабочувајќи ја љубовта кон науката”, напиша Ристески.

Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој пред Асоцијацијата на Балкански комори

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме економски бенефит за државата и регионот, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што денеска се одржа во Скопје.

На Собранието, тој ја презентираше владината програма за развој на инфраструктуртата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.

“Само во јануари ставивме во функција 42 км експресни патишта, a очекувам во перидот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Исто така очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во месец фебруари да започнеме со изградба и на автопатот Тетово – Гостивар, така да целиот западен дел на коридор 8 да се работи. Во делот на коридор 10 д, ставивме во фунција еден дел од експресниот пат Прилеп – Градско, во следните два месеци очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопат Прилеп – Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола” истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на кородор 10 се работи на проектирање на нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.

“Во делот на коридор 10 работиме на изнаоѓање на финансиски средства за изградба на брза пруга по целиот коридор како дел од европскиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 км за час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа” – истакна вицепремиерот Николоски.

Во своето обракање тој потенцира дека политиките во авиосообраќајот донеле нови 9 дестинации, а во однос на брзиот транспорт на граничните премини додаде:

“Веќе постигнавме договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти, исто така со Србија имаме интензивна комуникација да содадеме целосна функционалност со “One Stop Shop”, oчекувам до месец април со Косово да имаме “One Stop Shop”, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интенизивно работиме на нивно проширување и модернизацијa”– истакна вицепремиерот Николоски.

Караванот на Витаминка кој што учи на другарство, емпатија и почит, продолжува низ целата држава (Фото галерија)

Караванот на Витаминка кој што учи на другарство, емпатија и почит од февруари продолжува да ги посетува предучилишните установи низ целата држава. Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности се причината за големиот интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите и барањето за продолжување и проширување на едукацијата.

Карванот преку музички претстави, на непосреден и забавен начин ги учи децата што значи меѓусебно разбирање, како да се препознаат и ценат различностите, што е доверба и другарство и како да се изградат во општествено корисни личности.

За следниот период предвидено е да се опфатат што е можно повеќе предучилишни установи а каде има потреба претставата ќе се изведува двојазично, на македонски и албански јазик. Во првиот дел од кампањата, карванот ги посети скопските предучилишни установи и реализира вкупно 48 претстави, кои успеаја да допрат до импресивна бројка од 8005 деца. По позитивните реакции, проектот продолжува низ целата држава, со планирани посети уште во 80 установи, вклучувајќи и рурални региони.

Иницијатор за создавање на карванот со ваков фокус и функција е Витаминка, компанија што ги негува истите вредности и инкорпорира во своите општествено одговорни кампањи. Со овој карван уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон локалната заедница и создавање позитивно влијание врз новите генерации. Проектот е реализиран од страна на Продукција Триангл, тим од професионални музичари, експерти, педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат прилагодени за возраста на децата и да вклучуваат едукативни елементи.

Со големо нетрпение очекуваме нови насмевки и незаборавни моменти, потврдувајќи ја посветеноста на Витаминка за позитивно влијание врз децата и заедницата, создавајќи иднина полна со вредности и искрена детска радост.

Таткото Тодор со емотивен статус: Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат- Почивај во мир, мила да си при Бога, Фросинче

Стотици граѓани денеска се собраа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на протест, барајќи правда за трагичната смрт на младата Фросина, која беше прегазена додека поминувала пешачки премин во близина на пекарата „Силбо“. Граѓаните продолжија да маршираат кон Собранието, а потоа кон Кривичниот суд.

Протестот почна со три минутен молк за трите девојки кои досега биле прегазени на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Последната жртва е 22-годишната Фросина Кулакова, која пред два дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин. На 20 јануари 2022 година на пешашкиот премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена студентката Викторија Николова, а на 3 април 2015 година студентката Фросина Цековска на пешачки премин кај Универизална сала. Учесниците во протестот носеа транспарент на кој беа испишани имињата на трите девојки, кои станале жртви на несовесни возачи.

Младата 22 – годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова, усмртена на „Партизанска” во Скопје, е погребана денеска во Неготино, за ова информираше нејзиниот татко Тодор Кулаков на Фејсбук.

– Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат. Утеха ни на небо ни на земја, напиша тој. Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросинче, напиша нејзиниот татко.