дома блог страница 432

Денес е летен Свети Никола: Посетете го манастирот во прилепско Загорани, изграден на темелите на ранoxpиcтиjaнски xpaм (Фото)

Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец.

Христијаните веруваат дека Свети Никола е чудотворец и дека се случуваат многу чуда од неговите чудесни мошти. Овој светител спасил заробени и изгубени бродови, па затоа се смета за заштитник на морнарите. Затоа морнарите често го повикуваат во опасни ситуации или бродски бродоломи.

Овој светител – милостив, мудар и бестрашен свештеник, го поминал својот живот во служба на Бога. За време на неговиот живот, тој веќе се сметал за светец, а верувањето дека може да помогне и да излечи било каква болка, се одржува до денес.

На овој датум, сите бродови, каде и да беа, ги испуштија своите сидра и почиваа до следниот ден, давајќи слава на овој светител. Денес чамците често застануваат додека морнарите му се молат на светителот и потоа продолжуваат со своето патување.

Христијаните веруваат дека со неговите чудесни сили, Свети Никола им помага на сите што му се обраќаат за помош во болест, беспомошност и душевно страдање. Со помош на неговата молитва, погледот е вратен на слепите, а чувството за слух е вратено на глувите.

На овој ден, според традицијата, никогаш не треба да ја перете облека, да ја чистите куќата и да правите какви било домашни работи.

Во прилепско празникот се празнува во село Загорани, каде има прекрасен манастир посветен на Св. Никола.

Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, југозападно од градот Прилеп. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населби се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др. Куќите се групирани во три маала: Горно, Црквенско и Долно.

До селото се пристигнува преку стариот пат за Битола, каде доколку доаѓате од Прилеп, се врти десно веднаш под депонијата Алинци.

По тесниот пат најпрво се стигнува до Веселчани, а веднаш потоа е и Загорани. Манастирот Св. Никола е оддалечен на само 500 метри над селото, а околу него изобилува зеленило.

Она што е интересно е дека околу манастирот, а и во неговите темели, се забележуваат остатоци од некое дамнешно време.

Локалните жителите велат дека на тоа место имало ранохристијанска базилика, а црквата е градена на тие темели.

Денеска во ова светилиште ќе има голем број верници, ќе има празничен ручек и пригодна забава. Посетете го манастирот, уживајте во убавата природа и поминете еден убав празничен ден.

ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT СО ФАНТАСТИЧНИОТ МЕРЦЕДЕС АМГ Е ВО ЗОНА НА ПАЌАЊЕ

ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT со фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ на Видеолотарија Касинос Австрија влезе во зона на паѓање. Кој ќе биде неговиот среќен сопственик, ќе дознаме многу скоро

Возбудата започна. ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со неверојатниот автомобил кој сите го посакуваат- МЕРЦЕДЕС АМГ, влезе во зона на паѓање. Оваа фаза е дефинитивно една од најочекуваните, а можеби токму Вие ќе бидете следниот среќен добитник.

ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ на ВЛТ е џекпот добивка од времен карактер, која може да се постигне само еднаш. Потребниот влог за постигнување на оваа добивка на видеолотариските терминали е 40 денари по спин, на која било игра.

Сите сакаме да дознаеме кој ќе се вози во оваа нова убавица- МЕРЦЕДЕС АМГ. Побарајте ја најблиската ВЛТ локација и забавувајте се одговорно

Букет од зборови и песни за словенските светила на цветниот плоштад пред храмот “Св. Петка” во Прилеп

Во петок, на 23 мај 2025 година, со почеток во 10:00 часот а по повод чествувањето на празникот на светите браќа Кирил и Методиј – македонски и сесловенски просветители и рамноапостоли, храмот „Св. Петка“ ќе биде домаќин на свечена прослава заедно со учениците и наставниците од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Настанот ќе се одржи на платото пред храмот „Св. Петка“ и ќе биде збогатен со:
🎶 Хорски и соло изведби на учениците
🎤 Рецитали со духовна и просветителска содржина
🎨 Изложба на ученички творби
✂️ Креативни работилници во духот на празникот

Со овој настан продолжуваме да ја негуваме плодната соработка меѓу храмот и училиштата, покажувајќи дека духовноста, просветата и љубовта кон татковината се темели врз кои се гради иднината на нашите деца.

Ве покануваме сите – родители, наставници, верници и граѓани, да присуствувате и заедно да го прославиме ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј – темелот на словенската писменост и духовност.

СДСМ Прилеп со агенда за состаноци на кои ќе се предлагаат советници и кандидат за градоначалник

Oпштинската организација на СДСМ Прилеп од утре започнува со состаноци со месните организации, за предлагање имиња за кандидат за градоначалник и членови на Советот на општина Прилеп.

Од партијата објавија дека состаноците ќе започнат од Варош, утре (22.05) со почеток од 19:00часот. Распоредот на состаноци објавен на ФБ страната на партијата е следен:

Ограбена обложувалница во с. Ропотово

-На 20.05.2025 во 09.45 часот во Полициското одделение Ропотово е пријавено дека во периодот од 22.30 часот на 19.05.2025 до 08.30 часот на 20.05.2025, со употреба на сила и подесен алат е влезено во спортска обложувалница во с.Ропотово, општина Долнени, при што биле одземени пари од дневниот промет.

Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Фатени двајца прилепчани кои краделе во бутик

-На 20.05.2025 во 15.20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ж.М. (21) и С.Р. (22), двајцата од Прилеп, затоа што биле затекнати при вршење кражба од бутик во Прилеп.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Фудбалерки и ученички од Прилеп за пример: Во три дена поминаа 700км, го освоија Државното првенство во футсал и беа втори на малите олимписки игри

Женскиот фудбалски тим од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп го освои првото место на Државното првенство во футсал и второто место во фудбал на малите олимписки игри во Кочани.

Овие девојки не беа само спортистки – тие беа воини со срце, со душа, со неуморен дух. Во само три дена тие поминаа 700км, но тоа не беше најголемата далечина што ја совладаа – тие патуваа низ болка, замор, страв и го стигнаа врвот со љубов, верба и непокор на волја.

-Секоја минута на теренот беше борба, секој здив беше посветен на тимот, на боите што ги носеа со гордост. Секоја победа, секоја солза, секој пад и повторен подем беа доказ дека срцето победува тогаш кога се игра од љубов.

Под водство на нивниот посветен ментор, наставникот Кире Стефаноски, овие девојки блеснаа како вистински шампионки. Неговата верба во нив, трпение и поддршка, беа темелот врз кој се изгради овој неверојатен успех.

Вие девојки не освоите само медали, вие освоите срца. Го докажавте невозможното. Станавте симбол на пожртвуваност, на единство, на женска сила и храброст.

Девојки, ви благодариме што не’ потсетивте што значи да се борите со срце и душа. Нека вашите чекори засекогаш одекнуваат како победнички-од Прилеп низ целата држава и подалеку – велат во соопштението од ООУ “Гоце Делчев”.

Изложбата на скулптури „Рефлексивна привлечност“ од скулпторот Слободан Милошески, во петок пред прилепчани

На 23 мај 2025/ петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на скулптури „Рефлексивна привлечност“ од академскиот скулптор Слободан Милошески. Изложбата е дел од годишната програма на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам. ( од 23.05. до 5.06.2025).

За изложбата:

Низ призмата на оваа изложба на скулпторот Слободан Милошески  публиката има можност уште еднаш да види иновативна скулптура која се карактеризира со две особини: начинот на кој се користи материјалот, во овој случај станува збор за метал, и за концептот на артикулирање идеи кои се од доменот на духовното.

Општо е познато дека металните скулптури се познати од најстариот период на човечката цивилизација (статуетки, фигурини, тотеми) и тие имаат свој развој до монументалните споменици на современиот свет.  Во сите овие фази металот има свои технологии на обработка, од целосно соголување на површината (поради елиминација на сите производи од корозија), преку користење на абразивни техники, како што се пескарење или минирање со микромонисти, па до хемиско соголување и електрохемиска редукција. Ваквите процедури произведуваат во својата завршница патина или полирана површина, секоја со свои специфичности и намени. Патините се ценети поради естетската убавина и му даваат автентичност на предметот. Поради тоа класичните скулптури од историјата на уметност се обработени според оваа процедура.

Од друга страна за авторот Слободан Милошески кој е претставник на постмодерниот дискурс во скулптурата поголема атрактивност предизвикува  скулптурата што може да се полира, скулптура со нагласена текстура или нивната комбинација.  Во контекст на севкупната инфраструктура на креација на уметничкото дело тој спроведува третман што резултира со преобликување на металот или со неповратно додавање, како што се лемењето или заварувањето, за да ги обезбеди и профилира скршените сегменти на скулптурата, кои патем ги третира со голема претпазливост и внимание. Во крајна инстанца тоа значи одржување стабилитет на скулптурата и доловување на саканите визуелни ефекти кои истотака се важен сегмент во творештвото на авторот Милошески. Последователно  тие визуелни ефекти првенствено се врзуваат за имплементирање на минималистичкиот концепт, кој доминира во последните фази на авторот, со евидентна порака дека овој приод овозможува проширување на апстрактните идеи во свој сопствен реалитет, а не да биде миметичка претстава на реалитетот.   Клучните елементи на уметничкото дело, просторот и волуменот, ја наоѓаат својата рамнотежа и динамика во постојаната игра на наизменични тенки, едноставни форми, лансирани во вселената со сета тежина на тешко моделираниот метал. Трансформацијата на металот во уметничко дело, преку магијата на заварувањето, со најдобра примена на конструктивните вештини, во металните скулптури на Слободан Милошески ја бара идејата за трансценденција, за отворање кон друга димензија, кон свет во кој уметникот е господар.

Обично се мисли дека уметноста претставува аспект од реалниот свет (пејзаж, личност, па дури и коњаничка скулптура); или одраз на искуство поврзани со емоциите или чувствата. Но во творештвото на Слободан Милошески не се прави обид да се претстави надворешна реалност, туку уметникот сака гледачот да размислува за она што е пред него. Медиумот (или материјалот) од кој е направен и формата на делото се ентитети на реалитетот кои се важни во обидите да се транспонира мостот помеѓу уметноста и конструкцијата и да се докаже дека тие можат да коегзистираат на хармоничен начин, користејќи тридимензионално графичко обликување присатни во повеќето минијатурни метални скулптури од изложбената поставка.

Металните скулптури добиени со сечење и заварување направени од материјали кои и покрај тоа што може да се сметаат за крути, во реалноста се многу флуидни, пластични и пријатни за изработка на уметничкото дело. Скулптурите може да се преведат во различни метални симболи: стилизирани растенија, инсекти, геометриски форми и така натаму, обезбедувајќи им на гледачите приказ на изработка, со комбинирање на слоеви од метал, едноставност и безбедност на хроматската текстура, во склад со уметничката душа.

Делата на Слободан Милошески се со различна конотација во однос на претходните кои се од доменот на “академскиот пејзаж од механичко-кибернетичко потекло“, со еден поинаков вид на разбирање на односот помеѓу егзактните науки и точноста на уметничката френзија. Сенките на авторот  минуваат низ крути простори и се губат некаде во бескрајната ништожност.

Обликувањето на скулптурите претставени на оваа изложба делува дека е направено на едноставен начин и со леснотија, додека од друга страна е видлив капацитетот на авторот  да ги примени своите специфични вештини во создавање хармонично комбинирани површини направени од метални елементи и конструкции. Тие во својата завршница продуцираат уметнички дела кои  и даваат значение на идејата за прекорачување на границите на искуството, за когнитивното во полето на металната уметност, а на тој начин го отвараат и патот за самиот чин на автосознание. —-Проф. д-р   Џемил Бектовиќ——–

 

За уметникот:

Биографија

Слободан Милошески е роден на 02.05.1977  во  Охрид, Р. Северна Македонија.  Во  2001 год.  дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје.  Во 2009 год. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек вајарствo, додека во 2011 год. магистрира на истиот факултет, на област вајарство. Во 2018 год. докторира на Националната уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „скулптура“. Работи како  професор од наставно-научна област   “Вајање и вајарски техники” на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Член е на Друштво на ликовни уметници на Македонија од 2009год.

Самостојни изложби:

-2003-Дом на кулптура, Кичево, С.Македонија ;

-2005-Национална установа  Центар за култура „Кочо Рацин“, Кичево, С.Македонија ;

-2006-Ликовен Салон, Велес, С.Македонија;

-2007-Дом на култура, Кавадарци, С.Македонија;

-2009-Младински Културен Центар, Скопје, С.Македонија;

-2011-Мала Станица, Национална галерија, Скопје, С.Македонија;

-2014-Музеј на град Скопје, Скопје, С.Македонија;

-2015-Културен центар, Бихаќ, Босна и Херцеговина;

-2015-Галерија на народниот музеј, Врање, Србија;

-2015-Културен центар, Плав, Црна Гора;

-2015-Галерија „Роман Петровиќ“, Сараево, Босна и Херцеговина;

-2015-Галерија на Интернационалниот универзитет, Нови Пазар, Србија;

-2016-Музеј на Пријепоље, Пријепоље, Србија;

-2016-Галерија „Спирала“, Прибој, Србија;

-2016-Културно-информативен центар на Р.С.М., Софија, Бугарија;

-2016-Национална установа  Центар за култура „Кочо Рацин“, Кичево,С.Македонија;

-2016-Национална установа  Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп, С.Македонија;

-2017-Културно Информативен Центар, Скопје, С.Македонија;

-2018-Национална установа  Центар за култура „Ацо Шопов“, Штип, С.Македонија;

-2019-Прима центар, Берлин, Германија;

-2019-Галерија МЦ, Њујорк, САД;

-2019-Пионерски дом, Гевгелија, С.Македонија;

-2020-Национална установа  Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп;

-2020-Културно-информативен центар на Р.С.М., Истанбул, Турција;

-2021-Културно-информативен центар на Р.С.М., Софија, Бугарија;

-2021-Ликовен салон на Друштво на ликовни уметници на Битола, Битола, С.Македонија;

-2021-Галерија „Препород“, Сараево, Босна и Херцеговина;

-2021-Културно Информативен Центар, Скопје, С.Македонија;

-2022-Галерија „Безистен“, Штип, С.Македонија;

-2023-Галерија „SpiritLab Space“, Окенхајм, Германија;

-2023-Музеј и Галерија Кавадарци, С.Македонија;

-2023-Младински Културен Центар, Скопје, С.Македонија;

-2024-Музеј на град Неготино, С.Македонија;

-2024 -Галерија„Friedrich7“, Дортмунд, Германија.

Групни изложби: Учествувал на повеќе од сто групни изложби во земјава и странство.

Награди: Добитник е на 16 награди и признанија од кои најзначајни се: наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена  во 2012 и 2015 год. ,  наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“  доделена во 2014 год. , Награда за скулптура доделена на годишна изложба на ДЛУМ во 2020 год., наградата за современа скуптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 год. и наградата „Адем Касатрати“ доделена  во 2021 год.

Монументална  скулптура: Реализирал повеќе скулптури во јавен простор меѓу кои позначајни се скулптурите на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев и Јоаким Крчоски, спомен облежјето на АСНОМ, скулптура „Муза“ наменета за објектот „Стар театар“, две скулптури наменети за објектот на МНР, како и скулптура „Птица“  во Интернационалниот Балкански Универзитет – сите поставени во Скопје.

Штип добива два грандиозни проекти со англиски пари

Владата на 22 мај четврток ќе го потпише договорот со владата на Обединетото Кралство, договор кој што става на располагање најмногу средства до сега, 6 милијарди евра.

Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на владата и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и како држава која што ги почитува евроатланските вредности.

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата.

СДСМ Прилеп со ново кадровско решение во форумот на жени – Имаат нова претседателка

Партискиот огранок на форумот на жени на СДСМ Прилеп доби нова претседателка. Жените од партијата во Прилеп ќе ги предводи Саша Лепиткова, долгогодишен активист на партијата и поранешна директорка на филијалата на Македонски пошти во Прилеп.

Лепиткова е едно од новите имиња во раководството на ОО СДСМ Прилеп, каде деновиве ги прегрупираат редовите, а со цел што подобар настап на престојните локални избори.

Маркукуле деновиве ексклузивно објави, кои имиња ќе се најдат на првите четири позиции на кандидатската листа за советници на СДСМ во Прилеп, а Лепиткова е на четвртото место на оваа листа.

“Со голема чест и благодарност, ја споделувам веста дека сум избрана за Претседателка на Форумот на жени на СДСМ Прилеп. Оваа доверба ја прифаќам со чувство на одговорност и со силна мотивација  да работам посветено за јакнење на женскиот глас, еднаквост и солидарност. Ќе бидам отворена соработка, идеи и иницијативи од секоја од вас – затоа што само заедно можеме да создадеме праведно и прогресивно општество. Продолжуваме со храбри чекори, во духот на социјалдемократијата, за сите жени”, напиша Лепиткова на социјалните мрежи.