дома блог страница 431

Наставник Бумбароски: “Не им го подготвувајте патот на децата, туку подгответе ги децата за пат…”

Според психолозите, постојат 4 видови на интелигенција:
1. IQ
2. EQ
3. SQ
4. AQ

1. Коефициент на интелигенција (IQ) е мерка на вашето ниво на разбирање. Потребен ви е IQ за решавање математика, помнење моменти и помнење лекции.

2. Емоционален коефициент (ЕQ) е мерка на вашата способност да одржите мир со другите, да пазите на времето, да бидете одговорни, да бидете поштени, да почитувате граници, да бидете скромни, искрени и внимателни.

3. Социјален коефициент (SQ) е мерка на вашата способност да изградите мрежа на пријателства и да ја одржувате во текот на подолг временски период.

Луѓето кои имаат повисок EQ и SQ имаат тенденција да одат подалеку во животот од оние со повисок IQ, но ниски EQ и SQ.
Голем број институции профитираат од подобрување на IQ, додека ЕQ и SQ се намалени. Човек со висок IQ на крај ќе вработи човек со високи EQ и SQ иако вработениот има просечен IQ. Вашиот EQ го претставува вашиот карактер, додека вашиот SQ ја претставува вашата харизма. Развивајте навики кои ќе ги подобрат овие три Q, посебно вашите EQ и SQ.

4. Koeфициент на отпорност (AQ) е мерка на вашата способност да поминете низ тежок период во животот и да излезете од него без да го изгубите разумот. Кога ќе се соочат со непријатности AQ одлучува кој ќе се откаже, кој ќе го напушти семејството, а кој ќе размислува на самоубоство.

✅Родители изложете ги своите деца на други полиња во животот, освен академски. Децата треба да сакаат физичка работа (никогаш ова не го користете како казна) спорт и уметност.
Рaботете на својот IQ исто колку и на нивниот EQ, SQ и АQ.

✅Децата треба да се изградат во повеќекратни човечки битија способни да творат независно од своите родители.

✅На крај, не го подготвувајте патот на децата, туку подгответе ги децата за пат…. (Е. Jacab)

✅Карактер без интелигенција вреди многу, но интелигенција без карактер не вреди ништо. (Ciceron)

Изберете го вашиот омилен модел и блеснете во секоја комбинација: Цел месец голем попуст на сите хулахопки во Bonatti (ФОТО)

Дезенирани или едноставни, push up или со мидер, тенки или дебели?

Изберете го вашиот омилен модел и блеснете во секоја комбинација!

Овој месес во Bonatti, -30% попуст на сите хулахопки!

Од 05.02 – 06.03.2025 Bonatti – каде стилот и удобноста одат заедно! ❤

Избрани најдобрите борачи и борачки за 2024год: Прилепчани се најдобар клуб во женска конкуренција, три борачки избрани за најдобри во своите категории

Вчера во Штип се одржа изборот за најдобри спортисти за 2024 година од страна на Боречката федерација, на која Боречкиот клуб “7-ми Мај” oд Прилеп се закити со:

– Признание за афирмација на борењето,

– Најдобар тренер за У17 селекцијата во женско борење – СТОЈАНЧО ТУШЕСКИ

– Најдобри борачки во своите категории се избрани: МАРИЈА ВЕЛЈАНОСКА, АНГЕЛА ТРАЈКОСКА, ТАМАРА ЦВЕТКОСКА

Прилепскиот клуб го доби и пехарот за прво место во екипна конкуренција во женско борење, што е потврда на целокупниот вложен труд и постигнатите резултати.

Да им честитаме и да им посакаме уште поголеми успеси во новата натпреварувачка сезона.

Безбедноста на децата на прво место: Смирувачи на сообраќајот пред 8 училишта во Битола (ФОТО)

Општина Битола и оваа година продолжува со преземање конкретни мерки и активности за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се за зголемување на сигурноста на пешаците. Согласно изготвената документација и склучениот договор за набавка, транспорт и монтажа, Општина Битола ќе инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вешатачка издаденост – издигнат пешачки премин, гумирана вештачка испакнатина, флексибилни ретрорефлектирачки гумени столбчиња, како и сообраќајни знаци за: издаденост на патот, обележан пешачки премин, зона школо, знаци за завршеток на зона школо, како и знаци за зона во која е ограничена брзината и завршеток на зоната во која е ограничена брзината.

Сообраќајната сигнализација и смирувачите на сообраќајот, ќе бидат соодветно поставени пред основните училишта „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Трифун Пановски“, „Ѓорѓи Сугарев“ и кај средното општинско училиште „Таки Даскало“.

Продолжувањето на овие активности, се должи на позитивните искуства од минатата година, кога за првпат од страна на општината беа поставени смирувачи на сообраќајот на четири локации од двете страни на улицата „Булевар 1 Мај“, кај Државното средно музичко училиште, Гимназијата „Јосип Броз Тито“, Економското училиште „Јане Сандански“ и Основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.

Со поставените смирувачи на сообраќајот на наведените локации, пред се, се става акцент на зголемена безбедност на учениците како најмлади учесници во сообраќајот.

ЕХФ ранкинг: Македонија е 19. европска ракометна сила

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави најновата ранкинг листа по завршеното 29.Светско ракометно првенство.

За пласманот на оваа листа се земаат во предвид резултатите од последните четири години што подразбира две европски и две светски првенство, па така Македонија се најде на 19. место со 27.75 бода или поточно веднаш зад Србија (29 бода) и пред Италија (23) која ја заоркужува првата дваесетка.

На врвот сосема очекувано е Данска со 112 поени пред Франција со 105 и Германија со 82.

И кај дамите сме 19. европска сила со 23 поени. На оваа листа водечка е Норвешка со 115 бода пред Франција, Данска, Шведска, Холандија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Шпанија и Словенија која ја комплетира најдобрата десетка.

Уште една новина од општина Битола: Се подготвува изградба на гондола на Пелистер

Претставници на компанијата Фурлани од Словенија, денес ја посетија општина Битола и остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски,
секретарот Борче Димитровски, советниците Бојан Бојкоски, Елена Кромидаровска, Борче Корлевски, Иван Чулаковски и раководителот на
Одделението за економски развој, Венцо Шишкин.

Оваа компанија е изведувач на изградба на гондоли на голем дел од скијачките зимски центри во државите на Балканот, меѓу кои и Србија,
Босна и Херцеговина, Словенија и други.

Главна цел на посетата на претставниците на компанијата Фурлани е изработката на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер,
проект кој што е изгласан во Советот на општина Битола.

Од страна на општината е потенцирано дека ќе се изработи проектна програма до крај на месец март, по што ќе биде објавена јавна набавка за
изработка на физибилити студија. По склучувањето на договорот со изведувачот на физибилити студијата, ќе бидат потребни 6 месеци за
нејзина квалитетна изработка, која меѓу другото, ќе ја опфаќа вкупната цена за изградба на гондолата, финансиската исплатливост на овој проект, локацијата, или можните локации каде што таа би била изградена, должината на трасата итн.

По состанокот, присутните беа на терен во Ски центарот Ниже Поле, каде што се сретнаа со раководителот на овој скијачки центар. На терен се
запознаа со постоечката структура и со можностите на овој дел од планината, по што го посетија и скијачкиот центар Копанки, каде што исто
така имаа можност да ја видат постоечката структура на жичарата и ски лифтот. Делегацијата оствари средба и со директорот на хотелот „Молика“. Горан Исков, кој ги запозна со хотелските капацитети и натамошниот развој.

Денешната посета со експертите од Словенија, доаѓа како резултат од остварените средби и контакти кои битолската делегација ги оствари при
посетата на општина Чаетина, ЈП „Голдгондол“ од оваа општина и Златибор во Република Србија.

Ристески: Владата даде зелено светло за утврдување на нова минимална плата

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески во гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува’’, говореше за транспарентноста и чесното работење на Владата, во однос на договорот за минимална плата, каде што е оставена на работниците и работодавачите да се договорат околу износот на истата.

„Се даде можност на двете спротивставени страни, а тоа се Организацијата на работодавачите во Македонија и синдикатите да седнат и да се договорат и она што ќе го договорат оваа Влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати. Тоа јасно и гласно го кажа премиерот Христијан Мицкоски’’, истакна Ристески.

Ристески го оправдува револтот на граѓаните околу цените во маркетите и ги повикува маркетите да се вразумат околу цените, за да нема потреба од ургенции на Владата.

„Треба да се вразумат, имаат период да се вразумат и доколку ги симнат цените на едно нормално ниво, ние не велиме да немаат профит маркетите, кој би работел без профит, ние треба да внимаваме и на таа страна, значи производители, добавувачи, маркетите, не треба да работат со загуби, како што било во претходната власт, нормално тие вработуваат луѓе, влијаат на економскиот раст, меѓутоа да имаат едно стабилно ниво на цени кое што одговара на економските прилики и состојби и во Македонија и во регионот“, појасни Ристески.

Околу Законот за нефер трговски практики, заменик министерот за економија и труд нагласи за тоа дека Законот што го спроведувале, не бил докомплетиран поради тоа што немало формирање на Комисија за заштита на конкуренцијата.

„Сега е се комплетирано, излезени се луѓето на терен и КЗК треба комплетно да ги проверува овие договори и доколку постојат нефер трговски практики да ги казнува. Казните се големи до 20 илјади евра, се надевам дека во текот на овој месец, доколку се утврдат вакви неправилности, ќе ги слушнеме и првите казни за маркетите или добавувачите“, потенцираше тој.

Ристески на крајот напомена и за унгарскиот кредит, кој според него, е еден од најповолните кредити до сега, со кој ќе се вбризга финансиски средства во бизнисите и општините.

„Владата зеде еден од најповолните кредити со 3,25% каматна стапка што навистина е во оваа пазарна економија и можност на пазарот за кредитирање на една држава е еден од најниските проценти на каматна стапка. Исто така, условот за да користат кредити е уште пониска каматна стапка 1,95% што досега не се случило во Република Македонија на корисниците. Тие ќе имаат можност 20% учество со свои финансии остатокот ќе биде од кредит обезбеден од комерцијалните банки преку развојната банка на Република Македонија, што навистина сето тоа е подготвено и спремно. Јас ги повикувам сите претпријатија и бизнис секторот, сите правни субјекти во Македонија да го искористат проектот“, заклучи Ристески.

Николоски: Денеска тргнува првиот воз од Скопје кон Куманово

Вицепремиерот и министар за транспорт, Александар Николоски објави дека денеска од Скопје кон Куманово ќе се обрати првиот воз, со што ќе биде олеснета комуникацијата меѓу овие два града.

-Денеска сме во Македонски железници Транспорт за да соопштиме една убава вест, нештои што го ветивме денеска ќе се реализира. Денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, тоа го ветивме на отварањето на железничката прга Куманово-Бељаковце, и еве од денеска е вистина. Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово, патувањето ќе трае 41 минута, двапати дневно ќе оперира, наутро во 06:30 ќе тргнува од Куманово, за да можат сите оние кои им е потребно за да дојдат во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16:30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје, изјави вицепремиерот НИколоски и додаде:

-Ќе имаме четири воза дневно кои што ќе оперираат за 41 минута, ќе се согласите сите навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута, што многу ќе ја олесни комуникацијата помеѓу овие два града, ќе олесни комуникација за сите жители на сСкопје кои што имаат потреба, работа или сакаат да го посетат Куманово, и секако ќе помногне на многу кумановци кои што доаѓаат тука, дали за работа, дали за образование, дали за здравствени потреби, административни потреби или едноставно доаѓат да поминат дел од своето слободно време, така што овој воз навистина многу ќе помогне во комуникацијата меѓу Скопје и Куманово, ќе го намали загадувањето, затоа што ќе се намали сообраќајот, се се намали и гужват во сообраќајот и најбитно точно ќе знат луќето кога треба да пристигнат, со цел точно да можат да ги завршуваат своите работи, изјави додаде Николоски.

Витаминка по којзнае кој пат ја покажа својата општествена одговорност со донација во прилепската болница

Општествено одговорната компанија АД Витаминка – Прилеп донираше комбинирана машина за перење на медицинска постелнина.

Одделението за хирургија и хируршки заболувања и одделот за урологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп изразува јавна благодарност.

Директорот потпишал огромен кредит, новиот борд одобрил?

Голема компанија влегува и во голем износ на задолжување. Таков е примерот со Тутунски комбинат од Прилеп, кој ќе земе кредит од 13 милиони евра од две моќни македонски банки. Станува збор за Комерцијална и за НЛБ Банка, кои ќе го кредитираат Тутунски комбинат од Прилеп со суми од по 6,5 милиони евра, но притоа треба да се напомене дека не станува за класично кредитирање, туку за кредитни рамки кои ќе се користат во период кога компанијата ќе има потреба од средства – oбјави “ФАКТОР”.

Таква одлука деновиве донело Собранието на акционери на компанијата, а како што е познато, доминантен акционер во оваа компанија е токму Владата, која поседува дури 82,66 отсто од капиталот, додека, пак, 6,78 отсто од обичните акции на ова друштво поседува исто така државна институција, односно Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

На оваа зделка е потпишан генералниот извршен директор на Тутунски комбинат Прилеп, Александар Алексовски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА