дома блог страница 433

Бегај од жештината – уживај на Terasa во срцето на Прилеп – Прекрасен поглед, ладно пиво и клима – совршена комбинација за денес

Летото е во полн ек, а жешките денови бараат вистинско место за разладување и уживање. Pub Club Terasa Прилеп ве пречекува со идеална комбинација на удобност, стил и свежина – токму она што ви е потребно денес!

Во целосно климатизиран и просторно уреден ентериер, опкружен со модерен дизајн и пријатно осветлување, можете да се опуштите со кафе кое го буди сетилото, коктел кој освежува или пиво од нивната богата понуда со најразлични вкусови и брендови.

Ако преферирате природна светлина и свеж воздух, терасата со уникатен поглед кон Саат Кулата и зеленилото на центарот е совршена локација да ги впиете убавините на градот додека уживате во ладен пијалок и разни закуски од нивното мени.

Тука секој момент е пријатен – без разлика дали доаѓате сами за кратка пауза, со пријателите за долго кафе и разговор, или навечер за добро пиво и убава музика.

Pub Club Terasa е вашиот избор за ден исполнет со вкус, стил и релаксација.

Не’ очекува ноќ за паметење! The Hounds вечерва ќе го прослават 17. роденден – бројни гости, забава за која ќе се зборува со денови

Најпознатите прилепски рокери, THE HOUNDS во срцето на прилепската Стара чаршија, традиционално со концерт ќе го прослават својот роденден.

Прилепскиот музички бренд оваа година слави 17 години, а концертот ќе се одржи во клуб “Калинка”.

-Поминаа 17 години откако прв пат почнавме да свириме во овој состав, како The Hounds. Безброј настапи, насмеани лица и распеани луѓе не следат насекаде каде настапуваме, за што сме преблагодарни.

Затоа, со гордост и чест ве каниме на нашиот годишен роденденски концерт, на 13. aвгуст во 21:00ч во срцето на Старата прилепска чаршија пред клубот “Калинка”!

Поканети сте сите, заедно со нашите пријатели уметници ќе направиме ноќ што долго ќе се памети и ќе го одбележи ова лето, ноќ што полека преминува во традиционално собирање на целиот град, а и луѓе од цела Македонија на едно место – напишаа THE HOUNDS на социјалните мрежи.

Вечерва друштво ќе им прават бројни музички имиња, меѓу кои: Dj Neox, Dj Jove, популарното диџеј дуо од Прилеп Cyrillic, македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски и мултиинструменталистот Маестро Љупчо Мирчески.

Во 21:00 часот бидете во клуб “Калинка”, не’ чека ноќ за паметење!

Mурињо против своите, Ѕвезда против изненадувањето од Кипар – Ова се двојките за плејофот во Лигата на шампионите

По завршување на реванш натпреварите од 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, одредени се сите парови за плејофот.

Двојките се:

Ренџерс (Шкотска) – Клуб Бриж (Белгија)

Фенербахче (Турција) – Бенфика (Португалија)

Црвена ѕвезда (Србија) – Пафос (Кипар)

Ференцварош (Унгарија) – Карабах (Азербејџан)

Базел (Швајцарија) – Копенхаген (Данска)

Бодо-Глимт (Норвешка) – Штурм (Австрија)

Селтик (Шкотска) – Каират (Казахстан).

Првите натпревари ќе се одржат на 19/20 август, а реванш натпреварите на 26/27 август. Победниците ќе се пласираат во Лигата на шампионите.

Лежечки полицајци низ цел Прилеп! Прифатени 17 барања од граѓаните, еве на кои улици

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Општина Прилеп
На 06.08.2025 година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го одржа својот прв состанок во новиот состав, формиран со Одлука на Советот на Општина Прилеп на 64-та седница, одржана на 10.07.2025 година. Состанокот го водеше Претседателката на Советот, г-ѓа Ирена Стерјовска Локвенец.
Во текот на состанокот, беа разгледани можности за спроведување пилот проект за воведување на „Зона 30“ во ТИПС-населбата, со цел намалување на сообраќајната брзина и зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Дополнително, беше разговарано за организирање обуки во основните училишта, кои ќе ги реализира Сообраќајното одделение при ОВР Прилеп. Овие обуки ќе бидат насочени кон безбедно движење на велосипедистите и корисниците на електрични тротинети по постојните коловози.
Советот исто така ја разгледа и можноста за повторно воспоставување на натпреварот „Семафор“, како дел од активностите за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот, особено кај младите.
Главна тема на состанокот беше и поставувањето на технички средства за забавување на сообраќајот, познати како легнати полицајци, со цел зголемување на безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот.
Врз основа на пристигнатите реакции од граѓаните за време на јавната консултација објавена на 25.07.2025 година, Советот разгледа и усвои приоритетни предлози за реализација.
 Нови локации за поставување легнати полицајци:
Ул. „Мечкин Камен” – кај училиштето
Ул. „Ѓорѓи Димитров” – кај паркот кај Цуцуло
Ул. „Партизанска” – две локации
Ул. „Димо Наредникот” / „Архиепископ Доситеј”
Ул. „Кеј 9-ти Септември” – кај зградите, кон Чопано
ООУ „Кире Гаврилоски” – кај пешачкиот мост
Ул. „Вера Циривири” – над продавницата, кон подвожњакот
Ул. „Јоска Јорданоски” / „Победа”
Крстосница „Егејска” / „Кузман Јосифоски” – кај огледалата
Ул. „Прилепски Бранители” – кај факултетот и над „Партизанска”
Ул. „Карпалак” – кај Жито Прилеп (вибро лента и перничиња)
Ул. „Мице Козар” / „Пиринска” – кај турското училиште
Ул. „Орде Чопела” – кај брашнарницата
Ул. „11-ти Октомври” – кај градинката
Ул. „Бранко Секулоски” – кај градинката
Ул. „Лазо Филипоски” – кај паркчето
Ул. „Поп Аврамија” – кај млекара Мики
 Напомена:
Предлозите кои не се прифатени, се веќе опфатени со постојни сообраќајни решенија или се во фаза на реализација преку други проекти.
Покрај наведените локации, Општина Прилеп во соработка со Министерството за транспорт и врски спроведува проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот на дополнителни 31 локација. Деталниот план за поставување е достапен за увид на:
  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот ги повикува граѓаните и понатаму активно да учествуваат во процесите за унапредување на сообраќајната безбедност.
Вашите предлози и забелешки се значајни за подобрување на состојбите.
 За побезбеден сообраќај, поголема одговорност и поздрава животна средина!
Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Прилеп

Мицкоски: 720 милиони денари за проекти во спортска инфраструктура

-Сè што било почнато завршуваме, но и каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира ќе биде исто така завршено. И дел од овие проекти кои ги финансираме преку Владата, рече Мицкоски.

Само во вториот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа, имаме одвоено повеќе од половина милијарда денари за инвестирање во спортска инфраструктура во општините, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Вкупно во првиот и вториот мислам дека беа 35-36 објекти. Вкупната инвестициска вредност надминува 720 милиони денари и ќе продолжиме во таа насока. Се завршуваат оние проекти кои во минатото беа отпочнати, па заборавени, како што се базените итн. Сè што било почнато завршуваме, но и каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира ќе биде исто така завршено. И дел од овие проекти кои ги финансираме преку Владата, рече Мицкоски.

Битола претворена во едно големо градилиште – се градат објекти, улици, фасади, нови канализациони и водоводни мрежи (Фото галерија)

Во Битола моментално се реализираат низа инфраструктурни и градежни проекти со цел подобрување на условите за живот, модернизација на јавните објекти и унапредување на урбаната слика на градот.

Меѓу активностите што се одвиваат на терен се:

  • Изведба на канализациона мрежа на ул. „Панде Кајзеро“

  • Изведба на водоводна мрежа во СТУ3 – населба АРМ

  • Подготовка за коловоз со тампонирање на ул. „11 Март“

  • Поставување енергетски ефикасна фасада на ООУ „Стив Наумов“

  • Реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“

  • Изградба на нова градинка во населба АРМ

  • Изградба на кружен тек кај „Ветеринарна“

  • Изведба на боксерска сала

  • Изградба на потпорен ѕид на ул. „Јорго Костовски“

Со овие проекти, локалната самоуправа и надлежните институции продолжуваат да инвестираат во подобрување на комуналната и спортската инфраструктура, како и во енергетската ефикасност на јавните објекти. Целта е создавање на поурбано, безбедно и пријатно место за живеење за сите граѓани на Битола.

Нова ера на финансиите во Вашиот џеб – Mint App со моќни новитети!

Како дел од нашата постојана заложба за унапредување на корисничкото искуство, Mint Fintech Group ја претставува најновата верзија на Mint App, моќно надградена со новитети што ќе го променат начинот на кој управувате со вашите финансии.

Нови можности – Повеќе слобода

  • Обнова на кредит преку Mint App – Сега можете да го обновите вашиот кредит целосно дигитално. Со само неколку клика, директно од Mint App, го обновувате кредитот кога Вие одлучувате. Брзо. Безбедно. Ефикасно.
  • Потпис на кредит преку Mint App – Целосно дигитално кредитирање, од аплицирање до потпис! Новата функционалност Ви овозможува да го потпишете вашиот кредитен договор електронски, во само неколку едноставни чекори.
  • Преглед на светската берза – Следете ги движењата на глобалните пазари (акции, индекси, берзански трендови) сѐ во реално време и на дофат преку Mint App. Идеално за сите што сакаат да останат во тек со светските економски трендови.

Ажурирајте ја или преземете ја Mint App (достапна на Android и iOS) денес и подигнeте го вашето финансирање на ново ниво.

Внимавајте! Водата од овие чешми во околината на Прилеп не е исправна за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во:

– С.Волково – крајпатна чешма Св. Спас, не е безбедна за пиење поради дополнително загадување заради отсуство на резидуален хлор.

– Лок.в.с Волково (двор) – водата не здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло.

– Манастир с. Прилепец – водата не е здравствено исправна поради наод на зголемена маснотија, покачено железо и наод на бактерии од цревно потекло.

– С.Прилепец (јавна чешма), водата не здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло.

Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство – Приведени две лица

-На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони. Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Заменичката министерка од Битола со набиена агенда во Прилеп (ФОТО)

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, вчера оствари работна посета на општина Прилеп, каде се сретна со градоначалникот Борче Јовчески.

Трајков во Прилеп ги промовираше можностите за поголема искористеност на европските фондови во реализацијата на планираните проекти во општините. Новите повици за искористеност на европските фондови се очекува да бидат распишани оваа есен од страна на Европската Унија, а се одлична можност секоја општина активно да се вклучи во можностите за нивно искористување.

Заменик министрката заедно со градоначалникот го посетија ООУ „Добре Јованоски“, каде што се изгради мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка на УНДП, во рамките на проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“, а исто така го посетија и новото инклузивно игралиште во паркот на Могилата на непобедените!

На крајот од посетата, Трајков и Јовчески ја посетија и компанијата „Бимфуд ДОО“, компанија која преку ИПАРД средствата се модернизира и го подобрува своето производство.