дома блог страница 430

Битолската гимназија “Јосип Броз Тито” одбележа 80 години постоење – На церемонијата присутна беше и претседателката Силјановска Давкова (ФОТО)

Со Свечена академија која се одржа во Центарот за култура, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, одбележа „80 години настава на современ македонски јазик“. На настанот, на кој присуствуваа голем број гости, плакети за особен придонес во развојот на современиот македонски јазик им беа доделени на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот Тони Коњановски, Научната советничка во институтот за македонски јазик, проф. Др Веселинка Лаброска, на Aкадемик и претседател на МАНУ, проф.др Живко Попов и Академик проф. Др. Владо Камбовски.

Во своето обраќање пред присутните, претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека, мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик, затоа што така ќе го сочуваме нашиот заеднички дом, Македонија.

„Македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неразделен квартет. Каква моќна меморија и порака има оваа гимназија. На првиот час се рецитирале Миладинов и Рацин на мајчин јазик, на македонски според стандардите што ги пропишал нашиот значаен, најзначаен лингивист и македонист Блаже Конески. Како претседателка и долгодишна професорка, како некоја која својот живот го посветила на образованието, горда сум на вашите достигнувања. Вие сте вреден и посветен колектив на даскали во најубавата смисла на зборот. Успесите што ги споменав се потврдени со бројни и значајни одликувања, награди и признанија. 80 години се зад нас, но пред нас се нови столетија“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овие денови, кога накратко, ретроспективно со серија настани поминуваме низ времето зад нас, со највисоки суперлативи можеме да дадеме признание на секој поединец кој се образувал и работел во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, затоа што заложбите за напредок на институцијата никогаш не замреле, напротив, од година во година, станувале се поголеми, а континуираниот успех и денес создава млади и успешни личности, со големи достигнувања во различни области.

„Темелите на успехот се создаваат само со добро знаење, познавање на сопствениот идентитет, јазик, култура, традиција. Знаењето за нашата богата македонска историја е токму она што ги гради нашите човечки вредности, не поучува, обврзува и насочува кон нашиот придонес, како академски граѓани и градители на татковината.

Битола е град кој во себе сочувал големо културно – историско наследство, а Гимназијата „Јосип Броз Тито“ е меѓу најважните институции во нашиот град, затоа што токму оваа воспитно – образована институција, е една од првите гимназии во Македонија, во која на денешен ден, пред точно 80 години започна да се изведува настава на македонски јазик. Низ годините низ училишните клупи на ова училиште поминале генерации успешни луѓе, лекари, архитекти, инженери, професори, уметници, научници кои негувајќи ги сопствените јазични вредности, едуцирајќи се и образувајќи ги новите генерации станале вистински промотори на Битола и Македонија, насекаде низ светот.

Во основа на сите стекнати знаења, лежи моќта на јазичното изразување кое создава соодветна нарација, го открива непознатото и ги креира убавините кои треба да бидат дел од нашето опкружување. Горди на постигнатите успеси, продолжуваме да бидеме афирматори и промотори на нашиот македонски јазик, кој ни овозможил да започнеме да ги разбираме промените околу нас, но и да бидеме иницијатори на нови позитивни промени.

Одбележувањето на еден ваков јубилеј, истовремено ги сублимира впечатоците на многу генерации, потсетува на личниот печат кој секој вработен го оставил во институцијата, посебно подеднакво истакнувајќи ја важноста и на формалното и на неформалното образование“, рече градоначалникот Коњановски, потенцирајќи дека успесите на младите луѓе, продолжуваат да ги негуваат идентитетските карактеристики, да ја градат иднината на нашата татковина, на нашиот град и да ја креираат визијата за прогресивност и успешност.

Директорката на Гимназијата, Лидија Споа, истакна дека училиштето останува столб на заедницата место каде се гради иднината, се почитува минатото и се остава простор за нови идеи и перспективи.

„80 години успех се доказ за нејзината важност и трајност како центар на знаењето, културата и духовното богатство. Оваа гимназија е повеќе од образовна институција. Угледот и успесите на Гимназијата ги потврдува фактот што тука завршиле осумнаесет академици од МАНУ, шест народни херои, градоначалници, ректори, декани, конзули, познати лекари, архитекти, јазичари, правници, уметници, економисти спортисти. Гимназијата е симбол на борбата за културна сувереност и е место каде иднината се проектира низ призмата за сегашноста“, рече меѓудругото директорката Споа.

На Свечената академија, беше изведена претставата насловена „Експериментум Македоникум“, подготвена под менторство на професорките по македонски јазик Даниела Петровска и Симона Петровска, а во истата учествуваа ученици од сите четири години во Гимназијата.

Јане Ченто се прости од Игор Југ: Тој е жртва на системот, и тоа не смее да остане НЕКАЗНЕТО!

Почина Игор Југ

Игор е првата жртва на овој трул систем кој не намести да лежеме на правдина во затвори со тешки маки и тортури кои ги преживувавме секој ден последниве 8 години.

Многу пати сум зборувал со него дека не можат да не разберат надвор низ што се поминуваме и каков пекол ни ги направија животи.

Ние бевме цврсти пред надворешниот свет но душата ни знае како се чувствувавме внатрешно.

Игор е жртва на системот и тоа не смее да остане НЕКАЗНЕТО, тоа му го должиме и него и на неговото семејство.

Оние што го направија ова имаат име и презиме и МОРА ДА ОДГОВАРААТ!

Стари (како што го викав во него), нека ти е лесна земјата.

Долго време поминавме заедно во ќелиите, и тага и радост слававме заедно….

Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно.

Сочувство до семејството на Игор Југ.

Ивана нема да бидеш сама ни ти ни децата

Збогум Стари, нека Господ ти ги отвори рајските порти бидејќи ти беше таков човек.

Погребот ќе се оддржи утре Сабота во 14 часот на Градските Гробишта Куманово

Посмртните останки ке бидат изложени во 11 часот.

Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите спортисти

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува учество во женски спортови.

„Поради оваа извршна наредба, војната против женскиот спорт е завршена“, рече Трамп додека го потпишуваше документот на церемонијата во Белата куќа, со аплауз од десетици спортистки.

Уредбата предвидува повлекување на средствата од федералната влада од училиштата што ќе им овозможат на трансродовите членови на заедницата да бидат дел од женски спортски тимови.

„Нема да има федерално финансирање за овие објекти“, нагласи Трамп.

Тој, исто така, ја искористи можноста да се обрати до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) додека неговата земја се подготвува да биде домаќин на следните Олимписки игри.

„Во Лос Анџелес 2028 година, мојата администрација нема да седи со скрстени раце додека мажите победуваат спортистки. „Нема да го дозволиме тоа“, рече тој, повторувајќи дека Алжирецот Иман Калиф е маж (олимписки шампион во полусредна категорија).

Трамп нагласи дека неговата влада ќе ги отфрли сите барања за визи поднесени од мажи кои „лажно се претставуваат како жени“.

Николоски: Од НУЛА во јуни минатата година, сега во функција имаме 14 возови (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на социјалната мрежа Фејсбук, постави видео од посетата на Македонски Железници Транспорт, на кое ги покажа возовите и локомотивите.

– Благодарение на работниците во Македонски Железници Транспорт на македонските пруги во моментов има 14 возови и локомотиви кои сообраќаат, напиша Николовски.

Додаде дека во јуни 2024 година кога ја превземале власта имало НУЛА локомотиви и возови и претпријатието било пред колапс, а вработените немаале земено плата.

– Македонските железници ќе бидат гордост на Македонија, напиша тој во објавата.

Ристески: Маркетите да се вразумат со цените, за да не интервенира Владата

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески „го оправдува револтот на граѓаните околу цените во маркетите и ги повикува маркетите да се вразумат околу цените, за да нема потреба од ургенции на Владата“.

„Треба да се вразумат, имаат период да се вразумат и доколку ги симнат цените на едно нормално ниво, ние не велиме да немаат профит маркетите, кој би работел без профит? Ние треба да внимаваме и на таа страна, значи производители, добавувачи, маркетите, не треба да работат со загуби, како што било во претходната власт, нормално тие вработуваат луѓе, влијаат на економскиот раст, меѓутоа да имаат едно стабилно ниво на цени коешто одговара на економските прилики и состојби и во Македонија и во регионот“, рече Ристески.

Околу Законот за нефер трговски практики, заменик-министерот рече дека законот што го спроведувале не бил докомплетиран, поради тоа што немало формирање на Комисија за заштита на конкуренцијата.

„Сега е се комплетирано, излезени се луѓето на терен и КЗК треба комплетно да ги проверува овие договори и доколку постојат нефер трговски практики да ги казнува. Казните се големи до 20 илјади евра, се надевам дека во текот на овој месец, доколку се утврдат вакви неправилности, ќе ги слушнеме и првите казни за маркетите или добавувачите“, рече Ристески.

На роденден кај својата ќерка почина Игор Југ, eден од патриотите осудени за 27 април

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки.

Информацијата за Курир ја потврди директорот на Управа за извршување санкции Александар Пандов.

Југ починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу потоа починал, дознаваме од извори блиски до редакцијата.

Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, потенцираше дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.Почина, но не ја дочека слободата.

Редакцијата на Курир изразува искрено сочувство за неговата смрт до семејството и најблиските. Нека почлива во мир. Вечнаја памјат.

Се развива градот, но живнуваат и селата: Во битолско Кукуречани ќе се гради спортско игралиште и улици во должина од 2км (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети населеното место Кукуречани, каде наскоро ќе се реализираат два големи проекти значајни за жителите.

Првиот проект се однесува на изградба на мултифункционално игралиште во дворот на основното училиште „Александар Турунџев“, каде денес беше извршен увид од страна на градоначалникот Коњановски и директорот на училиштето, Никола Јовевски. Во досегашниот период, изготвен е основен проект, кој вклучува игралиште за кошарка, ракомет, одбојка и тенис.

Покрај овој проект во фаза на изготвување е и проектна документација за реконструкција на осум краци во должина од 1930 метри.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека со реализација на двата проекти, ќе се подобри патната инфраструктура во Кукуречани, но и ќе се создадат подобри услови за спортски активности на учениците и младите од ова населено место.

(ВИДЕО) Еве кога Универзална сала последно беше преполна со најубава атмосфера

Промоција на Марјан Ристески за градоначалник февруари 2013 година, еден од ретките датуми кога Универзална во Прилеп беше преполна и ја красеше прекрасна атмосфера во изминатите 15 години.

Погледнете го видеото во продолжение:

Трамп: Милијарди долари од УСАИД се украдени

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја критикуваше американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) тврдејќи дека од таа агенција се украдени милијарди долари, јавува „Anadolu“.

„Изгледа дека се украдени милијарди долари од УСАИД и други агенции, а голем дел од нив одат на лажните медиуми како „исплата“ за производство на добри приказни за демократите“, напиша Трамп на Truth Social.

Неговата објава, според светските медиуми, дојде во време на дебата за медиумските организации кои добиваат владино финансирање што се интензивираше откако технолошкиот милијардер и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск критикуваше одредени медиуми за наводно примање плаќања од федерални институции.

Маск, кој беше назначен од Трамп да ја надгледува ефикасноста на владата, го коментираше трошењето на федералниот буџет во X, тврдејќи дека администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден обезбедила средства за одредени медиумски организации.

Маск посебно укажа на плаќањата преку агенции како УСАИД.

„Ова може да биде најголемиот скандал од сите нив, можеби најголемиот во историјата. Демократите не можат да се сокријат од овој. Преголем, премногу валкан“, напиша Трамп.

Денеска ќе наполнеше 79 години! Сеќавање на Џумерко!

На денешен ден во 1946 година во Прилеп, роден е бардот на македонското театарско, филмско и телевизиско глумиште Благоја Спиркоски Џумерко. Денеска ќе наполнеше 79 години…

Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп, од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година. Почина во Прилеп на 11 јуни 2015 година.

Покрај таа за животно дело, Џумерко е добитник и на следните други награди:

-Награда “Ристо Шишков”
-Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во “Солунски патрдии”
-Награда 3-ти ноември
-2006 – Награда „Петре Прличко“

Слави роденден меѓу легендите на небото!