дома блог страница 427

Кривична за градоначалникот…вриело правници во институцијата, а тој ангажирал надворешни

Градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, под истрага – ОВР Кичево поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба. Според полицијата, во периодот од 2017 до 2024 година, Дехари незаконски склучувал договори со адвокати, иако општината има сопствен правен сектор со 37 вработени. Со ова, според МВР, тој овозможил противзаконска корист за трети лица, нанесувајќи штета на општинскиот буџет од речиси 4 милиони денари (околу 64.000 евра).

-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општина Кичево постои Сектор за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата. На тој начин пријавениот ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, на Законот за локална самоуправа, на Законот за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка, Правилникот за систематизацијата на работните места, со што на адвокатите им овозможил, на штета на буџетот на општина Кичево, да се стекнат со противзаконска имотна корист од 3.938.420 милиони денари или околу 64.000 евра – стои во соопштението од МВР.

СРЕЌЕН И ДОБИТЕН АПРИЛ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Еден милион евра, односно фантастични 61.220.100 денари Видеолотарија Касинос Австрија во април, исплати кон играчите за ВЛТ добивки. Среќните статистики од овој месец покажуваат: 3 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 20 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 2081 играчи кои освоија МИНИ џекпот добивки.

Април ни донесе нови рекорди со ВЛТ добивки и многу нови среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изминатиот месец заедно поделија фантастични 61.220.100 денари.

Тројца играчи на видеолотариските терминали, во април освоија СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот и заедно поделија 21.823.750 денари. Среќната низа ја започна Д.К од Штип кој играјќи ја Шајнинг кроун на 07.042025, освои СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот вреден 7.441.290 денари. Една недела подоцна, на 15.04.2025 веќе го имавме вториот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот. С.Ц од Куманово освои неверојатни 7.595.261 денари. Негова среќна игра е Ултимејт хот. Последен во оваа среќна низа е Н.С од Охрид, кој играјќи ја Брнинг хот, на 23.04.2025 освои СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот вреден 6.787.199 денари

20 ВЛТ играчи станаа среќни милионери, освојувајќи МИЛИОНЕР џекпот добивки. Тие заедно поделија одлична сума од 30.048.208 денари. Во април се радуваа и играчите кои освоија МИНИ џекпот и заедно поделија 9.348.142 денари.

Видеолотарија Касинос Австрија со гордост споделува дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа.

Забавата со ВЛТ продолжува и тоа прилично возбудливо. ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со неверојатниот автомобил кој сите го посакуваат- МЕРЦЕДЕС АМГ, влезе во зона на паѓање. Оваа фаза е дефинитивно една од најочекуваните, а можеби токму Вие ќе бидете следниот среќен добитник.

Книжевен перформанс на поетот Власта Н. Цениќ од Србија во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп

В четврток, на 29 мај од 18.00 часот во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи книжевен перформанс на поетот Власта Н. Цениќ од Србија. Со својот шармантен стил, вклучувајќи елементи на глума при рецитирањето на своите мајсторски напишани песни, ќе предизвика уживање и кај верните љубители на поезијата, но и кај оние кои се скептични кон поетскиот пишан збор.

– На настанот освен авторска поезија на Власта Н. Цениќ во негова изведба, ќе го слушнете и ученикот Ненад Ржаникоски од ООУ „Рампо Левката“ со поезија од Цениќ, на македонски јазик, а музички гости ќе бидат ученици од ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ од класата на проф. м-р Мендо Ташкоски. Покрај тоа, ќе биде изрецитирана и песна која е препеана од дијалект на дијалект, односно од призренско- тимочки, на прилепски, во препев на Филип Димкоски, кој ја препеа книгата „Ѕвездена лектира“ на Власта Цениќ, објавена во 2022 година-велат од Здружението ЗОКУМ.

Поетотот Цениќ е чест гостин на различни македонски културни и книжевни манифестации и има голем придонес во градењето на македонско-српските културни врски. На настанот ќе ги изрецитира и неговите песни посветени на Вардар, на Блаже Конески, на Кочо Рацин и на Евгенија Шуплинова токму гога се навршуваат 95 години од нејзиното раѓање.

Власта Н. Цениќ е поет, професор по српски јазик и преведувач. Дипломирал југсловенска книжевност и српски јазик на универзитетите во Скопје и во Приштина.

Тој особено е познат по творештвото за деца, но неговиот стил на пишување ја дава универзалната вредност на поезиајта и затоа во неа уживаат сите читатели и слушатели без разлика на возраста Тој е и собирач на народни умотворби, а се залага за зачувување на неговиот призренско-тимочки дијалект.

Член е на Здружението на писатели на Србија, Книжевното друштво на просветните работници на Србија и на Здружението на писатели и книжевни преведувачи од Ниш. Тој е идеен творец на манифестацијата „Средби на просветните работници-книжевни творци за деца“ во Дољевац. Неколку негови песни се компонирани за детските музички фестивали.

На 30 мај, авторот ќе одржи средба со учениците од ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп.
Настаните се во организиација на Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, а поддржани од Општина Прилеп и од библиотеката „Борка Талески“.

ПРИЛЕП СПРЕМАЈ СЕ! Големо Коњари сепак ќе биде второлигаш, ќе гледаме градско дерби во Втора лига

Со чесна работа, труд, стручност, пожртвуваност и неизмерна љубов покажавме и докажавме дека можеме, дека од толку мало место може да излезе нешто големо, и покрај сите пречки и напори да се застане на патот на ФК Големо Коњари од одредени клубови и поединци, НИЕ УСПЕАВМЕ – напишаа од ФК Големо Коњари на социјалните мрежи, а оваа информација доаѓа по веста дека новиот второлигаш БЕСА, наводно се откажале од учество во Втората лига.

Во текот на денешниот ден се очекува институционална потврда на оваа информација од страна на ФФМ, но по се излегува дека одиграните бараж натпревари викендов беа непотребни. Преку овие натпревари три екипи обезбедија пласман во Втората лига, а за поразените три екипи требаше да има ждрепка, па две од нив исто така да се пласираат во повисок ранг на натпреварување.

Како и да е, ФК Големо Коњари заслужи пласман во Втората лига, особено ако се земе во предвид дека имаа можеби најтежок противник во бараж дуелот против Тетекс, екипа која го освои Купот на Македонија, а своевремено играше и во Првата лига на Југославија.

БРАВО ДЕЧКИ! Матурантите од битолското медицинско имаа прослава за паметење (ВИДЕО)

Матурантите од Медицинско училиште “д-р Јован Калаузи” од Битола, енергично со македонски знамиња и на цел глас пеејќи македонски песни, го прославија завршувањето на средното образование.

Уживање е да се гледаат вакви видеа од млади луѓе кои пркосат, и се повеќе слават истакнувајќи национални симболи и со изворна македонска песна и мелос.

Браво дечки!

Гимназијалката од Прилеп, Ивана Мазнејкова, освои сребрен медал на натпреварот за роботика „Робомак“

Од 12 до 14 мај 2025 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје се одржа натпреварот „Robomac Junior“ во организација на ФЕИТ и Институтот за електроника (ИЕЕЕ). На натпреварот учествуваа 54 ученици од четврта година, поделени во 2 категории и во тимови по тројца ученици од различни училишта.

На натпреварот од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп учествуваа: Ивана Мазнејкова, Марија Бардакоска, Сара Пројческа и Милена Сваќароска – ученици во четврта година под менторство на професорката Анета Стојческа.

Ивана Мазнејкова освои сребрен медал.

Во рамки на категоријата „Автономна мобилна роботика“ натпреварувачите имаа задача да програмираат и управуваат со мобилни Arduino роботи кои самостојно, брзо и прецизно требаше да ги решат зададените предизвици. Задачите вклучуваа избегнување на препреки, следење на патека и интелигентно паркирање.

Во категоријата „Паметна електроника за автономни возила“ учесниците се соочија со предизвикот да осмислат и развијат алгоритам за конкретна намена користејќи вградени компјутерски системи. Во процесот беа користени електронски сензори, електрични мотори и соодветни драјвери, а алгоритмот се програмираше на јазик погоден за Arduino платформи.

Двете категории бараа комбинација од техничко знаење, логичко размислување и практична примена на современи технологии, при што учениците ги демонстрираа своите вештини и креативност во областа на роботиката и вградливите системи.

Покрај натпреварот, настанот имаше и едукативен дел, каде професори и експерти одржаа кратки предавања за роботика, вештачка интелигенција и електроника.

Браво за Ивана и за менторот!

Целта му е да направи омилена дестинација за прилепчани ова лето, и веќе има совршен рецепт за тоа (ФОТО)

Надвор од гужвата во центарот на градот, во просторот на поранешно “Жито Прилеп”, веднаш до Градската болница, Прилеп, се наоѓа едно прекрасно катче кое освојува со својата пријатна атмосфера и богата понуда.

Омиленото за многумина Box Café, сега премина во Brunch, место каде освен во голем избор на освежителни пијалоци и кафе, можете да уживате и во богато мени со закуски, доручеци и разно разни закуски.

Со својата пространа и пријатна бавча, овој локал е идеален избор за утринско кафе, попладневна пауза или дружба со најблиските во вечерните часови.

Менито изобилува со свежи и внимателно подготвени деликатеси – неодоливи кроасани, разни слатки задоволства, палачинки, торти, тука е и омиленото за многумина пресно трилече, а за оние кои се повеќе по соленото, Brunch Box Café нуди крцкаци тостови кои ќе ве освојат со првиот залак, како и богато сервирани даски со избор на сувомеснати производи, избор на сирења и разни сезонски додатоци.

Имаат и сендивичи, и тоа буквално секакви, сето тоа приготвено со многу љубов, свежи состојки, и секако многу богати и вкусни.

Иако се’ уште многу млад, сопственикот на локалот Дарко Мискоски, зад себе има големо угостителско искуство. Нема човек во Прилеп, особено младите, кој не го познава. Сите знаат дека станува збор за учтиво и трудољубиво момче, кој сега преку своето стекнато искуство сака да понуди нешто поразлично во својот град. Дарко има за цел од неговиот локал да направи омилена дестинација, како за помладите, така и за повозрасните сограѓани, и во тоа веруваме дека ќе успее. Зошто?! Па затоа што деноноќно се вложува себе си, има подготвено пакети со храна и пијалоци кои одговараат за сечиј џеб и затоа што работи чесно, одговорно и со почит кон сите.

Наша цел е секогаш до максимум да ги поддржиме младите луѓе и нивните бизниси, и затоа ве каниме уште денеска да го посетите ова пријатно катче. Дојдете и уживајте во некој освежителен пијалок, испијте кафе со друштвото и најблиските, уживајте во лимонада со вашите најмали, пробајте ги разните блади и солени задоволства и понесете пријатни спомени што ќе ве натераат повторно да се вратите.

Brunch Box Café не е само место за храна – тоа е доживување што инспирира и опушта! Ова лето ве очекуваме заедно да уживаме и да се разладуваме.

ОД ВЕКОВИ ЗА ВЕКОВИ: Хуманитарен концерт на Оркестарот на народни инструменти од Штип во црквата Св. Петка во Прилеп

Во вторник, на 27 мај 2025 година, со почеток во 19:30 часот, на цветниот плоштад пред храмот „Св. Петка“ во Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт посветен на македонската народна уметност и духовна хуманост.

На концертот ќе настапат ученици од Оркестарот на народни инструменти при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип, кои ќе ја донесат радоста и убавината на македонските песни и ора пред прилепската публика.

Овој оркестар, составен од млади и талентирани ученици, со огромна љубов ја негува и ја пренесува богатата традиција на народната музика – како во земјата, така и на меѓународни сцени. Во нивната програма ќе бидат вклучени инструментални и вокално-инструментални бисери од македонската музичка ризница.

Храмот „Св. Петка“ продолжува со организирање на настани кои ја спојуваат духовната и културната димензија, посебно негувајќи ја народната и етно музиката како жив сведок на идентитетот, коренот и душата на нашиот народ.

Со зачувувањето и пренесувањето на овие вредности, го чуваме споменот на претците, ја хранеме душата на сегашноста и го градиме духот на иднината.

Концертот има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за доизградба на храмот. Со своето присуство и поддршка, секој од нас станува камен-поддржувач во ѕидовите на верата, традицијата и заедништвото.

Ве покануваме да присуствувате, да уживаме заедно во музиката која зборува на јазикот на нашите дедовци и да дадеме поддршка на младите кои ја носат традицијата во срцето.

Прилепчанец фатен на дело: Крадел во двор од куќа на ул. “Толе Паша”

-На 25.05.2025 во 05.30 часот во Прилеп, на ул.„Толе Паша“ полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ѓ.Г.(31) од Прилеп, кој бил затекнат при вршење на кривично дело “кражба” во двор на куќа во Прилеп.

Украденото било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот, против Ѓ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Ристески за глобалната кинеска CGTN: Во Прилеп имаме одлични брендови, се надевам дека во блиска иднина ќе донесеме голема кинеска инвестиција (ВИДЕО)

Заменик министерот за економија Maрјан Ристески деновиве е дел од македонската делегација која учествува на Четвртиот саем за соработка на Кина со државите од Централна и Источна Европа за размена на стоки и трговија (China-CEEC Expo 2025), кој од 22 до 25. мај се одржува во градот Нингбо.

Во изјава за кинеската глобална телевизиска мрежа CGTN, Ристески се осврна на досегашната соработка со Народна Република Кина и укажа на можностите за инвестирање во Македонија и Прилеп, а со цел зголемување на економската размена.

Во својата изјава Ристески се осврна на брендовите на Прилеп, а тоа се: Витаминка, Мермерниот Комбинат, тутунската индустрија и технолошкиот гигант “Микросам”.

Ристески потсети на соработката на Прилеп со Кина, додека тој беше градоначалник, збратимувањето со кинескиот град Дејанг, кинеските инвестиции во образованието во Прилеп и помошта од кинеската држава за време на КОВИД кризата.