дома блог страница 426

Стојанче доби нова директорска функција

Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција.

Ангелов, како што информира ќе работи на обединување на ЦУК и на ДЗС во една институција, како стратешка заложба на Владата за воспоставување на современ и функционален, интегриран систем за управување со кризи и заштита и спасување, кој ќе има соодветни капацитети да одговори на сите предизвици и ризици, целосно усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО.

-Заедно со вработените кои ќе покажат амбиција за жестока, напорна и непоколеблива работа, ќе се обидеме да ги надминеме детектираните недостатоци и слабости, со цел брзо ставање на Дирекцијата за заштита и спасување во полна функција. Како директор, ќе можам детално одвнатре да ја разгледам Дирекцијата за заштита и спасување, внимателно да го проучам човечкиот и техничкиот потенцијал и дополнително да ги детектирам многубројните недостатоци и слабости кои ќе бидат целосно отстранети во новата институција која ќе ги обедини функциите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување во една институција, на чие формирање забрзано се работи, како стратешка заложба на Владата за воспоставување на современ и функционален, интегриран систем за управување со кризи и заштита и спасување, кој ќе има соодветни капацитети да одговори на сите предизвици и ризици, целосно усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за укажаната доверба, нагласува Ангелов.

ДЗС, се вели во соопштението од Ангелов, подолго време се наоѓа во агонија и покрај недостатокот на пилоти, постојат и проблеми со сервисот на ер тракторите.

-Во овој момент се уште нема ниту потпишани договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со тимовите за гаснење на пожари на отворен простор. Воедно, некои од потенцијалните припадници на овие тимови ја немаат потребната опрема, обука и физичка подготвеност, посочува тој.

Инспекцискиот надзор на противпожарната заштита, како што информира Ангелов, е во исклучително лоша состојба, недостасуваат сериозен број на соодветно образовани и обучени инспектори, но постојат и сомнежи околу исправноста на дозволите кои ги издава Дирекцијата за заштита и спасување.

-Во моментов во ДЗС работат само неколку специјалисти за ракување со неексплодирани минско-експлозивни средства, додека отстранетите неексплодирани средства се чуваат на несоодветен начин. Постојат и други недостатоци и слабости за кои во следниот период јавноста дополнително ќе биде информирана. Позитивно е тоа што внатре во Дирекцијата работат и одреден број на соодветно образовани, способни и искусни лица, но, за жал, некои од нив не се наоѓаат на вистинските работни места, вели Анеглов.

Денес се празнува Светиот маченик Исидор

Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара одговор и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт.

Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам Неговото Свето име дури е духот во моето тело“. Војводата нареди и најпрво го биеја Исидор со воловски жили, а потоа му го отсекоа јазикот.

Но и без јазик Исидор со Духот Божји говореше и го исповедаше Христовото име. Војводата пак, го постигна Божја казна и одеднаш онеме. Нем најпосле даде знак да го убијат Исидор со меч.

А Исидор ? се зарадува на пресудата и фалејќи Го Бога најпосле излезе на губилиштето, каде што му ја отсекоа главата, во 251 година. Неговиот другар Амониј го погреба неговото тело, но за ова и самиот пострада и прими венец на мачеништво.

Нова надеж! Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем

Владата планира да ги гради хидроелектраните Чебрен и Галиште со пари од британскиот заем, соопшти премиерот Христијан Мицкоски денеска на надзорната расправа во Собранието за аерозагадувањето.

– Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште.Планираме да го работиме со парите од британскиот заем. Инвестицијата е 1,2-1,3 милијарди евра. Силно сум убеден дека не само од аспект на производство на електрична енергија ни се потребни овие две хидроцентрали. Имајќи ги предвид климатските промени за иднина ќе бидат потребни овие два нови резервоари за вода, тоа ќе биде голем предизвик во иднина. Убеден сум дека овие два резервоара за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за Тиквешко поле, 55-60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување, а којшто во одредени периоди во годината изостанува со вода па се намалуваат родот и приносот – образложи Мицкоски.

Тој додаде дека двете акумулации, имајќи ја предвид околијата на Мариово која што претставува „црна дупка“ и е ненаселена, и имајќи предвид дека овој предел е опкружен со планини, може да се развива и туризам.

– Тука веќе имаме заинтересирани приватни инвеститори да го опремат со придружни содржини целиот тој простор – рече Мицкоски и додаде дека ова е стратешки проект, којшто нема да заврши во мандатот на оваа влада.

Според него, ова е проект којшто ќе трае неколку децении, но е проект којшто треба да донесе голема додадена вредност во државава. Парите се обезбедуваат преку евтини заеми како државна инвестиција, а останатото под пазарни услови и директни приватни инвестиции.

Крушевчанецот се враќа во црвено-црниот дрес

Филип Талески одново ќе го облече дресот на Вардар 1961, стигна потврдата од најтрофејниот ракометен колектив во Македонија

„Црвено-црните“ со кратко видео го најавија кам-бекот на поранешниот репрезентативец на Македонија, кој по двете години минати во Бенфика се враќа на добро позната адреса.

„Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ Филип Талески во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип!“, се вели во објавата на клубот.

Возач со автомобил се забил во влезот на локалитетот Хераклеа, па побегнал со возилото

-На 25.05.2025 во 08.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Буковска“ во Битола, патничко возило удрило во влезната врата од главниот влез на археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ и ја оштетил, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

(ВИДЕО) Брижит му залепи шамар на Макрон – Францускиот претседател не знаеше дека го снимаат

Необичен инцидент го одбележа пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон во главниот град на Виетнам, Ханој. На видеото снимено од агенцијата „Асошиејтед Прес“, може да се види како првата дама на Франција, Брижит Макрон, при излегување од претседателскиот авион, одеднаш го турнала лицето на својот сопруг со дланката.

Моментот брзо стана вирален на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари и шпекулации.

Инцидентот се случил додека претседателскиот пар се подготвувал да се симне по скалите на авионот на аеродромот во Ханој. Видеото покажува како Макрон, изненаден од гестот на неговата сопруга, застанува за момент, но набрзо продолжува да мавта кон толпата и се симнува со насмевка.

Се шпекулира дали станува збор за вистински удар или дури и за шега меѓу сопружниците.

Британските таблоиди го нарекоа инцидентот „јавна шлаканица“ и „брачна грешка“. Додека медиумите во Франција како што се „Ле Монд“ и „Либерасион“ останаа резервирани, а бурата на социјалните мрежи не стивнува.

Елисејската палата првично објави дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.

Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи и најчесто се најде на профили познати по тоа што се спротивставуваат на Макрон, вклучително и проруски канали.

Полуматуранти, изборот е без конкуренција еден! Гимназија “Мирче Ацев”, затоа што е најстаро средно училиште во Прилеп и е расадник на таленти и шампиони

Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е најстарото средно училиште во градот и едно од најстарите во Македонија. Основана е со решение на Президиумот на АСНОМ на трети ноември 1944 год.

Низ гимназиските училници учеле многу ученици кои станале успешни во животот. Многу судии, адвокати, професори, бизнисмени, политичари, доктори, научници, новинари, уметници … од нашиот град кои живеат и работат во градот, државата или по светот, се токму ГИМНАЗИЈАЛЦИ.

Гимназијата денес е современо училиште кое од ден во ден се унапредува и држи чекор со времето и современите текови.

Гимназијата е едно од водечките училишта во Македонија и регионот.

Во училиштето настава изведуваат квалитетни професори кои се сакани и ценети од учениците, родителите и локалната средина.

ЗОШТО ГИМНАЗИЈА?

Ако се прашувате кое средно училиште да го одберам, каде да се запишам. Одговорот е Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп. Зошто?

Затоа што единствено гимназијалците, по завршувањето на гимназиското образование, имаат можност да студираат буквално на секој факултет во земјава или во странство.

Гимназијалците нема да полагаат академски тест за упис на факултет. Директно се запишуваат на факултетот кој го избрале.

Затоа што гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на многуте меѓународни, државни регионални или локални натпреварувања.

Илјада зошто и илјада затоа…

Гимназијата “Мирче Ацев” веќе го објави ОГЛАСОТ за упис на ученици во прва година 2025/2026, па на линкот во продолжение погледнете кои се условите за упис и што нуди гимназијата за новите средношколци:

ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА 2025/2026 година

Mицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси

Во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеникот Олга Лозановска за влијанието на транспортот врз загадувањето на воздухот, кој според анализите е втор загадувач. На надзорната расправа се истакна дека железничкиот транспорт не само што е економски најефикасен, туку има и најмали импликации врз загадувањето на воздухот, и Владата презема сет на мерки во таа насока со цел да се набават еколошки модерни средства за јавен превоз и модернизација на железничкиот систем во државата.

„Како Влада отпочнавме и веќе е во завршна фаза, преку Министерството за транспорт, објавување на јавна набавка преку која ќе бидат купени 120 електрични автобуси. Ценам дека тоа е многу важно не само за главниот град, туку и за останатите општини кои имаат организиран јавен градски превоз и истите пропорционално ќе бидат донирани од Владата, се разбира со целосна инфраструктура за полнење на тие автобуси.“, рече премиерот.

Тој дополни дека во владина процедура е усогласување на царинските тарифи со ЕУ во делот на увоз на автомобили и автобуси.

„За оние батериски системи, познати во струката како резервоари за полнење на електрична енергија, досега имаме царинска стапка од 15%, додека ЕУ има 2,7%. Со тоа автоматски секој оној кој сака да инвестира и да придонесе да имаме поздрава животна средина, плаќа многу повеќе од своите колеги во ЕУ. Има низа сетови на мерки во таа насока. Исто така тука се и изградбата на железничките коридори 10 и 8, каде за жал од страна на нашите соседи многу малку има внимание посветено на коридорот 8, но се надевам дека и тие набргу ќе бидат свесни дека коридорот треба да го задвижат во делот на железничката инфраструктура. Ние планираме модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Гостивар, модернизација и реконструкција на пругата од коридор 10 од Табановце до Гевгелија со изградба на нов колосек, што значи ќе имаме два колосека. Работите се движат. Не може преку ноќ да ги завршиме сите работи кои со децении стоеле, но ценам дека во овие 11 месеци доста од работите се придвижија, заклучи.“, премиерот Мицкоски.

15-годишно другарство кое прерасна во братски ортаклак: Даниел и Стефан од Прилеп го остварија својот сон и отворија модерен авто сервис (Фото галерија)

Велат дека соништата треба да се следат и да ве водат, треба да се борите за нив, да ја вложите целата енергија, труд, но и љубов. Само така целта ќе биде достижна, а задоволството огромно.

Сторијата во продолжение ја посветуваме на добрите стари вредности, другарството кое преку слога и заедничка посветеност, работа и поддршка преминува во братство.

Таква е врската помеѓу нашите млади прилепчани, Даниел Шапкоски и Стефан Цуцулоски, чија визија за заеднички раст и чекорење кон успехот започнала уште пред 15-години, уште како средношколци.

Тинејџери со раце полни масло, но и срце полно соништa, секојдневието го поминувале учејќи го занаетот, прво преку практична работа во училиште, а потоа и во приватни компании, каде што го изградија своето знаење, искуство и чувство за одговорност.

Во моментот кога почувствувале дека мајсторлукот им е усовршен, другарството им преминало во ортаклак и ја отвориле својата прва работилница. Повеќе години Даниел и Стефан градеа доверба меѓу своите прилепчани, но им доаѓаа и луѓе и од пошироко, кои им ги доверуваа своите миленици на четири тркала, па работилницата со тек на време работилницата им стана мала.

И конечно визијата за свој модерен бизнис им се исполни. Викендов Даниел и Стефан го отворија својот нов авто сервис, а присутните имаше што да видат. На голема површина во просториите на поранешна “Партизанка”, современо опремен, со нови машини и механизација, овие двајца млади прилепчани создадоа сервис, каде секое возило ќе добива третман како да е нивно.

Во авто сервис “СТЕФАН ДАНИЕЛ”, возачите ќе можат да добијат секакви услуги и поправки од:

-Авто механика
-Авто електроника
-Центрирање на преден и заден трап со најсовремена апаратура
-Компјутерска дијагностика
-Полнење клими на возила, и.т.н.

Имавме чест да присуствуваме на отварањето и преку фотографии да ви го пренесеме овој среќен момент за Даниел и Стефан, но и за нивните семејства, пријатели, пријатели, роднини и соработници.

Нивниот сон стана јаве, па нам ни останува да им посакаме успешна работа, многу задоволни клиенти и понатамошен раст.

Советниците на итна седница изгласаа: Продолжено работното време на угостителите за време на театарските игри, Прилеп ќе добие четири минибуси донација

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 61-та ИТНА седница со две точки на дневниот ред.

Советниците гласаа за одобрување на донација од четири минибуси и за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на траењето на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”.

Донацијата на четирите минибуси доаѓа од компанијата ДТУ УНИПРОМЕТ НМ ДООЕЛ Скопје, а со ставање во функција на овие возила од страна на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање за превоз на ученици, општината и претпријатието ќе заштедат големи средства во иднина.

Во однос на втората точка, советниците изгласаа одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржување на Македонскиот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински“ -Прилеп, односно во првите три дена од театарските игри, и тоа во траење од дополнителни два часа.