дома блог страница 425

(Фото галерија) Во Прилеп се одржа Државното првенство во гимнастика за училишен спорт

Вчера во Прилеп свечено беше отворено Државното првенство во гимнастика за учишен спорт 2025.

Настанот се одржа во присуство на ученици, наставници, тренери, гости и љубители на спортот, а свое присуство имаше и претседателката на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, која со своето обраќање даде поддршка на младите гимнастичари и го истакна значењето на спортот во развојот на младината.

Прилеп уште еднаш покажа дека е достоен домаќин на настани кои ја негуваат младинската енергија и спортскиот дух, како и вистинските вредности: дисциплина, истрајност, тимска работа и фер-плеј.

Гимнастиката, како спорт што ја поврзува физичката и менталната сила, претставува инспирација за новите генерации. На сите учесници им посакуваме многу успех и спортска среќа!

Општина Прилеп упатува искрена благодарност до сите организатори и учесници за вложениот труд и посветеност.

Ова се наградените ученици и ученички во сите категории:

Категорија од I до III одд Женски:

-Млади надежни спортисти-

1 место Теона Илиевска – ОУ ,,Стив Наумов’’-Битола

Категорија од I до III одд Машки:
1 место Христи Стојаноски – ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп

Категорија од IV до V одд Женски:
1 место Андреа Петковска – ОУ ,,Коле Калински’’-Битола
2 место Мелани Ристеска – ОУ ,,Климент Охридски’’ Прилеп
3 место Мелани Волкановска – ОУ ,,Даме Груев’’-Битола

Категорија од IV до V одд Машки:
1 место Горазд Маневски – ООУ ,,Блаже Конески’’- Скопје
2 место Јаков Стојановски – ООУ ,,Магдалена Антова’’- Куманово
3 место Дарин Бабановски – ООУ ,,Кочо Рацин’’- Куманово
3 место Петар Момировски – ООУ ,,Кире Гаврилоски Јане’’-Прилеп

Категорија од VI до VII одд Женски:
1 место Димитра Вељанова- ОУ ,,Коле Калински’’ -Битола
2 место Антониа Гештаковска- ОУ ,,Стив Наумов’’ – Битола
3 место Саша Лазаровска- ОУ ,,Гоце Делчев’’- Битола

Категорија од VI до VII одд Машки:
1 место Милош Јовановиќ- ООУ ,,Магдалена Антова’’ – Куманово
2 место Марко Величковски- ООУ ,,Магдалена Антова’’ -Куманово

Категорија од VIII до IX одд Женски:
1 место Дејана Трајковска- ООУ ,, Тодор Ангелевски’’ -Битола
2 место Стефанија Кузманоска- ООУ ,,Кире Гаврилоски’’ -Прилеп
3 место Илина Јанкулоска- ООУ ,,Кочо Рацин’’- Прилеп

Категорија од VII до IX одд Машки:
1 место Андреј Ристов- ООУ ,,Владо Кантаџиев’’ – Гевгелија

По трет пат во Прилеп ќе се одржи велосипедската тура – Ramnište Cave MTB

Викендот на 7. и 8. јуни, ќе се одржи третото издание на велосипедската тура Ramnište Cave MTB 2025.

Настанот се одржува во околината на Прилеп и претставува одлична можност да се запознаете со убавините на прилепскиот регион. Велисипедската тура е во организација на Здружението “Маркови Точакџии”.

На 7 јуни предвидено е пристигнување на учесниците кои сакаат да кампуваат во зоната кај манастирот Св. Димитрија во с. Ореовец, прилепско. Предвидена е дружба за велосипедистите покрај логорски оган, а неизбежна е и добро познатата прилепска скара и ладно пиво.

Во недела, 8 јуни, ќе се одржи годинешното издание на Ramnište Cave MTB 2025. Од 08:00 до 09:30 часот предвидено е пристигнување и пријавување на учесниците, како и подигање на стартните пакети. Обезбеден е бесплатен доручек за сите учесници.

Во 10:00 часот, по краткиот брифинг, стартува турата. Ќе се посетат Плетварско Езеро, Прилепско Езеро и неговата околина, реонот Пештерица, манастирот Св. Ѓорѓија, селото Крстец, пештерата Рамниште која ќе биде целосно осветлена што ќе овозможи да ѕирнете во “подземниот свет“ и завршува повторно во селото Ореовец. Станува збор за средно тешка тура со тежина 7/10, која што е комплетно оф-роад, долга 35 километри со 900 метри елевација, на која учесниците ќе имаат можност да искусат повеќе типови на патеки, од широки патишта па се до single track, uphill и downhill, доста брзи но и доста спори сегменти, се вози низ шуми, рудници, планини, патека која изобилува со прекрасни пејсажи што го прави возењето да биде комплетно уживање. И не би биле Маркови Точакџии доколку не ја видоизмениме патеката. Како и на претходното издание, така и оваа година очекувајте нови сегменти!

Ќе има обезбедено водичи за разни групи, за тие кои се со електрични велосипеди и спремни ентузијасти, но и за оние кои уживаат во порелаксирана вожња. Очекувано време на завршување на турата е од 2 и пол до 4 и пол часа.

Ќе има ТРИ освежителни пункта каде учесниците ќе можат да ја надополнат изгубената енергија со овошје, енергетски барчиња, магнезиум и вода! Плус, во селото Крстец ќе имате можност да се напиете од најубавата природна изворска вода!

По завршувањето на турата следува ручек со превкусна прилепска скара и ладно пиво, како и пригодна лотарија.

Котизацијата за овогодинешното учество изнесува 450 денари, за кои добивате вечера доколку кампувате, забава покрај логорски оган, доручек пред турата, стартен пакет во кој се вклучени маичка и бандана со логото на турата, освежувања на пунктовите за време на турата, прилепска скара и пиво или сок по избор на учесникот, учество на лотаријата, но пред се прекрасна дружба и забава во текот на целиот викенд.

Со оглед на фактот дека патеката е 100% off-road потребно е технички исправен велосипед, а заштитна кацига е задолжителна. Во текот на турата ќе биде обезбедена техничка помош за санирање на мали дефекти, доколку е потребно. Екипите на Брза Помош и ТППЕ Прилеп ќе бидат присутни и на готовс во случај на било каков немил настан.

Напомена: Сите учесници на турата учествуваат на сопствена одговорност, а за малолетни лица потребен е потпис од родител или старател.

Промоција, изложба и дружба за најновата книга „Часовник без часови“, од д-р Владимир Мартиновски во Прилеп

Промоција, изложба и дружба, ќе се одржи на 29 мај 2025 /четврток/ во 19.30 часот, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Станува збор за промовирање на најновата книга, „Часовник без часови“, од д-р Владимир Мартиновски, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, која ќе биде придружена со слики кои се инспирирани од песните во книгата.

Промотор: Александар Еленин

„Часовник без часови“ е сонетен венец со 15 сонети – всушност, четиринаесет и петнаесеттиот магистрал без акростих.

– Сонетниот венец почнав да го пишувам во Охрид, што може да се забележи и во самите стихови – во нив има нешто охридско, медитеранско… Го заокружив минатото лето во Авињон, каде што, иако престојував многу кратко, едноставно имав инспирација токму таму да го завршам. Секој од сонетите има наслов, што е атипично за сонетен венец. Секоја песна е некој „час“: час по молчење, час по слушање, птичји час… Тоа се часови што можеби асоцираат на мојата педагошка работа на Филолошкиот факултет, но не се тие класични часови од 45 минути. Тука станува збор за часови што немаат точно определено време, часови што не може да се измерат со часовник. Насловот „Часови без часовник“ укажува токму на тоа излегување од стегите на времето. Сите ја чувствуваме таа потреба да излеземе од рамките на времето. А тоа ни го овозможува уметноста во сите нејзини форми – да не го мериме времето… Во овој сонетен венец се преплетуваат работи што ме прават среќен, но и нешта што ме загрижуваат. Веројатно едното без другото не оди. Тоа преплетување – со љубовна, но и ангажирана нишка – се случи сосема спонтано. Овој сонетен венец не настана класично – не го напишав најпрвин петнаесеттиот сонет, па потоа да се враќам наназад. Настануваше подолго време. Едноставно, оставив да тече спонтано. На крајот сè се вклопи и се надевам дека книгата ќе даде одговор на многу прашања поврзани со моите размислувања и лични доживувања“, вели за своето најново поетско дело Владимир Мартиновски.

Во ова ретко библиофилско издание, текстот се прелева со живописни дигитални графики – создавајќи поетско-визуелен универзум што ве повикува да читате со сите сетила, велат од издавачката куќа „Арс Ламина“, чие издание е оваа книга.

Kривична пријава за 20-годишен дилер од Прилеп

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Н.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 06.09.2024 во Прилеп, пријавениот им овозможил на две лица да користат марихуана, а при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.

Ристески ќе продолжи да носи инвестиции во Прилеп – Покрај “ВИК”, “ГЕНТЕРМ” и “Акомпласт”, наскоро можеме да очекуваме и турски фабрики

Поголема бизнис делегација од општината Тире во Измир, Турција, деновиве ќе биде во посета во Прилеп, за да се запознае со можностите каде може да се инвестира во прилепската економија.

Делегацијата ја предводи градоначалникот на Тире, Хајати Окуроглу (Hayati Okuroğlu), а во истата има и претставници од економско-индустриската зона „Тире“, како и поголем број на стопанственици од овој град. Тие денеска остварија средба со бизнис секторот од Стопанската комора во Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој своевремено беше иницијатор на ваквата соработка со турските бизнисмени, откако додека тој беше градоначалник Прилеп се збратими со оваа турска општина.

Ова е повратна посета, каде минатата година во посета на Тире и Измир беше македонска делегација составена од повеќе компании и градоначалници од Пелагонискиот регион.

-Оваа посета е одлична можност за продлабочување на економската соработка помеѓу двете држави, а мене ми е особено драго негувањето на ова пријателство бидејќи како градоначалник бев потписник на меморандумот за соработка и збратимување на Прилеп со градот Тире.Се надевам дека за брзо време ќе ставиме камен темелник на една фабрика од овој регион, тука во околината, а од друга страна се надевам дека во Измир ќе биде отворена и трговска канцеларија за врски на бизнисите од овој дел, пелагонискиот дел на Република Македонија, но и од околината на Измир, вклучувајќи го и градот Тире, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија.

-Како Општина Прилеп имаме можност да им понудиме да пројават интерес, како за размена на сите стопански дејности, така и отворање на нови инвестиции, нови фабрики во нашата индустриска зона и во комплексот на општина Прилеп, изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

-Не се надевам, сметам дека како 2 општини кои се побратимивме, сега ние ќе имаме состанок со моите бизнисмени и ќе ги терам тука да инвестираат“, вели Хајати Окуроглу, градоначалник на општина Тире.

(Фото галерија) Летото е пред нас, а во BABY BOOM имаат нова неодолива колекција на детска облека – Вашите најмили ќе блескаат во секоја прилика!

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Квалитетна облека изработена од убедливо најквалитетни материјали, облека во која вашите дечиња ќе се чувствуваат пред се удобно и ќе блескаат во секоја прилика.

И за момчиња и за девојчиња, од најмали нозе, па се до школска возраст. Во пресрет на топлите летни денови, во BABY BOOM ќе најдете најмодерни блузички, кошули, огромен избор на комплети, фустанчиња…

Тука ќе најдете и богат избор на прекрасно спакувани бебешки колекции, во разни бои, изработени од најмеки и најбезбедни материјали.

Со еден збор BABY BOOM е бренд на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека!

Посетете ги уште денеска, а во меѓувреме погледнете дел од новата колекција:

Полицијата отвара војна против дивоградбите? Во два дена две кривични пријави во Битола

Во два дена две кривични пријави од СВР Битола за урурпација на недвижности, односно за изградени дивоградби во Битола

Во продолжение извадоци од дневниот билтен на МВР:

-СВР Битола поднесе кривична пријава против И.В.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела на место викано „Довлеџик“ во државна сопственост, пријавениот изградил барака, без претходно да обезбеди решение за градба од општина Битола.

-СВР Битола поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во државно земјиште, пријавената поставила метална конструкција и оградила место со цел да го користи како магацин, без претходно да обезбеди соодветна документација од општина Битола.

Одбројување до четвртото издание на големиот адреналински фестивал SAMOKOV XTREME! Aдреналинско уживање и забава во недопрената природа на Поречкиот регион

Во организација на Општина Македонски Брод и здружението Форум за Авангардна Креативност на 31 мај и 01 јуни 2025г во Самоков ќе се одржи четвртиот по ред адреналински фестивал SAMOKOV XTREME.

Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам. Базата на фестивалот на кој очекуваме да присуствуваат околу 500 вљубеници на природата и авантуристи ќе биде на фудбалскиот стадион, каде ќе има организирано кампување на учесниците придружено со културно забавни активности. Учесниците со своите спортски вештини ке можат да се презентираат во следните дисциплини и истите ќе имаат ревијален карактер:

-возење со теренски возила ( џипови);
-возење со мотокрос ;
-возење со АТВ возила;
-планинарење;

Сабота 31.05. 2025г

09.00ч – 12.00ч пристигнување на учесниците и формирање на кампот каде ќе престојуваат
12.00 ч – 14.00 ч регистрација на учесниците и подигнување на стартните пакети
15.00 ч – 19.00ч

Активност за учесниците со ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА (џипови) на релација: Самоков – Ковач (централите) – Добра вода (кај чешмата) – Бенче – Самоков.

Информации за турата:

Велјаноски Милчо 070 257 875
Трпески Влатко 076 403 156
Чупаркоски Панче 070 339 200
Конески Благоја 076 422 032

Активност за учесниците со МОТОКРОС и АТВ возила на релација : Самоков – Рамне – Брест – Фојник – Трбовље – Самоков.

Информации за турата:

Николоски Синиша 078 688 036
Дуракоски Јесир 070 250 997
Пеливаноски Дејан 075 415 168
Ристески Бранче 078 371 458
Хаџи Ристески Горан 070 208 099

20.30ч палење на логорски оган, културно-забавна програма и дружба на учесниците и месното население
21.00ч гледање на финалето во Лига на шампиони
23.30 ч Повечерје

Недела 01.06.2025г

09.30ч поздравен говор на Градоначалникот на Македонски брод Г дин Жарко Ристески
10.00ч заеднички старт на учесниците во дисциплините МОТОКРОС и АТВ

1.Возачите на АТВ возила и мотокрос ќе возат тура на релација : Самоков – Бачилиште – Илино – Железна река – Манастир Св Никола – Бенче – Самоков .

Информации за турата:

Николоски Синиша 078 688 036
Ристески Бранче 078 371 458
Хаџи Ристески Горан 070 208 099
Пеливаноски Дејан 070 415 168
Дуракоски Јесир 070 250 997

2.Активност за учесниците со ТЕРЕНСКИ возила на релација : Самоков – Рамне – Брест – Фојник – Трбовље – Самоков.

3. Планинарска тура

Се стремиме кон Порече заради не толку често посетените убавини кои пленат со зеленило и недопрена природна убавина. Добра Вода е не толку посетена планина и токму заради тоа плени со својата недопрена убавина. Таа е висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м).

За вас подготвивме многу интересна тура со локалните волонтери од Самоков заради подобро запознавање на магијата на Порече. Самоков е срцето на Порече, ако не верувате дојдете и ќе видите сами.

ОПИС НА ТУРАТА:

– Старт од село Самоков во 10:00ч. Селото Самоков се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, на просторот на левата страна на реката Треска. Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.

– пешачење по асфатиран пат од 1.5 км до село Ковач. Селото Ковач исто така се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.

– по изминување на асфалтот движењето е низ шумска патека кадешто во најголем дел сме под сенка, континуирано сме опколени со високостеблеста шума и сите нијанси на зелено. Попатно правиме кратки паузи.

– пристигнување во село Бенче кадешто правиме подолга пауза за ручек и освежување. Селото Бенче е на половина од патеката… од стартот до село Бенче има 7,5 км.

– од село Бенче продолжуваме да се движиме по планинска/козја патека до село Самоков во должина од околу 7 км од кои околу 1 км пред финиш одиме по асфалтен пат.

– Ова е средно тешка тура со околу 15км вкупна должина (12 км – шумска патека, околу 3 км асфалтен пат). Патеката е кружна, но стартот и финишот е на местото кадешто е поставен кампот, на фудбалското игралиште во Самоков.

– Предвидено е пристигнување во кампот најдоцна до 16 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:

– психофизичка подготвеност за пешачење
– удобни чевли/ чизми (не е препорачано да се носат патики)
– Панталони со долги ногавици
– Планинарски стапчиња
– Капа и средства за УВ заштита.
– Кабаница

ИСХРАНА:

– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 литри. (вода има во селото Бенче);
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:

– За да не дојде до оптоварување на турата, задолжително е претходно пријавување за учество;

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.

– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

– За сите планинари кои доаѓаат од Прилеп, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз на релација Прилеп – Самоков.

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:

1.Елена Младеноска 071 278 365
2. Марјан Ристески 071 201 111
3.Анѓелески Златко 078 445 055

16.00 – 18.00 организиран заеднички ручек (војничко гравче) за сите учесници на настанот

ВАЖНО!!!

Учесниците на настанот кои ќе не посетат треба најпрво да се регистрираат на пунктот за пријавување, да си подигнат стартен пакет и да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност. Стартниот пакет чини 600 денари и содржи: место во кампот, сувенир маичка, присуство на вечерната забава,доручек, ручек, учество во адреналинскиот конвој и производи од спонзорите на фестивалот.

Оние учесници кои нема да бидат дел од кампот во Самоков во саботата, односно ќе пристигнат утрото во неделата ќе треба : најпрво да се регистрираат, да подигнат стартен пакет и да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност .

ПС.во недела наутро за планинарите ќе има организиран превоз на релација Прилеп – Самоков – Прилеп со автобус.Учесниците кои ќе доаѓаат со автобусот можат да си купат стартен пакет или да си уплатат 200 денари за превозот.

За подетални информации за настанот:

Гоце Бојкоски 075 770 600
Горан Дамчески 077 976 869

Васе од Прилеп раскажува за чудото кое го доживеала во манастирот Тумане: Бев оперирана од рак, тука пронајдов мир и исцелување (ВИДЕО)

Прилепчанката Васе Звездакоска раскажува за чудото кое го доживеала во вековното светилиште – манастирот Тумане во Србија.

Видеото е објавено на ФБ страната на манастирот, а Звездакоска во него вели дека во ова духовно светилиште доживеала целосно исцелување од тешката болест.

Погледнете во продолжение:

Летото е на прагот: Не’ очекуваат температури над просекот и суша

Нaјновите прогнози за летото 2025 година покажуваат динамичен модел на атмосферски движења над Европа. По раниот почеток со поизразени нарушувања на временските модели, средните и подоцнежните делови од летото во Европа ќе бидат со зголемен потенцијал за топлотни бранови. Метеоролошката служба „Свијр ведр Јуроп“ ја објави својата најнова главна прогноза за летото во Европа.

Нестабилно време во последната недела од мај

Во последната недела од мај е видлива мошне изразена аномалија на низок притисок, која се спушта над Европа и го зафаќа целиот континент. Тоа ќе донесе посеверно струење на воздух со нестабилно време и можност за тешки временски услови. Со аномалија на висок притисок над југозапад и североисток, ова е речиси спротивен временски модел во споредба со она што го видовме досега оваа пролет. Подетален поглед на температурниот модел во овој период покажува широка област со температури пониски од просечните низ целиот континент. Прогнозата за врнежи покажува голема површина од Европа со натпросечни врнежи во овој период. Повеќе врнежи се предвидуваат во областа директно погодена од системот со низок притисок, од северозападна и северна Европа кон централните делови и во форма на инка кон југ. Помалку врнежи се очекуваат во тој период над југозападните и крајните југоисточни делови.

Прогноза за јуни

Почнувајќи од јуни, прогнозата за распределба на притисокот покажува област со висок притисок над Северниот Атлантик, со можно проширување кон северозападна Европа. Се предвидува дека ќе се зголеми и гребенот на висок притисок над југ. Подетален поглед на температурниот модел за јуни над Европа покажува потопло од просечното време во северозападните и јужните делови. Сепак, централните и североисточните делови ќе имаат нормални или дури и малку пониски од вообичаените температури за јуни. Ова укажува на можен северозападен ветер над овие области поради системите за притисок, кои дејствуваат како пумпа, со висок притисок на запад и низок притисок на исток. Прогнозата за врнежи, исто така, покажува посув модел. Помалку врнежи од дожд може да се забележат во Западна, Централна и Јужна Европа.

Моделска прогноза на УКМО

Вториот модел што го разгледуваме е УКМО, модел од Британската метеоролошка канцеларија, кој добро се докажа во последниве години. Често служи како добар додаток на ЕЦМВФ, при што реалните услови се некаде помеѓу прогнозите на двата модела.
Гледајќи ја прогнозата за температурата, можеме да видиме потопло од вообичаеното време на поголемиот дел од континентот. Најизразени топли аномалии се индицирани над Централна и Северна Европа, со помали отстапувања над Обединетото Кралство, Ирска и Западна Европа.
Оваа прогноза го покажува влијанието на област со низок притисок над северозапад, која ротира спротивно од стрелките на часовникот. Ова ги потиснува посилните јужни ветрови над централните, источните и северните делови и западните до северозападните ветрови кон Западна Европа со пречки.

Исто така, можеме да го видиме влијанието на оваа област со низок притисок во прогнозата за врнежите. Постои област со зголемени врнежи над северна и северозападна Европа, предизвикана од систем со низок притисок на северозапад. Нејзиното влијание се протега и на Централна Европа бидејќи повремено испраќа вознемирувања од северозапад.

Нè очекуваат суши и температури над просекот

Во последната недела од мај, според прогнозите на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, се очекува зона со изразен низок притисок да влезе во поголемиот дел од Европа. Оваа промена би можела да донесе нестабилно време, постудени температури и пообилни врнежи од дожд, особено во централните и северните делови на континентот. Овој временски модел е многу различен од помирната пролет, што укажува на динамичен премин во метеоролошко лето.

Почетокот на летото би можел да биде релативно стабилен, со нешто поблаги температури во централните и североисточните делови на Европа. Високиот притисок над Северниот Атлантик и Јужна Европа, како и нискиот притисок над североисточниот дел од континентот, би можеле да воспостават северозападен тек што ќе донесе свежина и постабилни услови во централниот дел.

Сепак, Западна и Јужна Европа можат да очекуваат температури над просекот уште во јуни, а се предвидуваат сушни периоди за поголемиот дел од Западна, Јужна и Централна Европа. Повеќе врнежи се можни на север – особено во Велика Британија, Скандинавија и делови од Полска. Долгорочните прогнози за јули и август – клучните месеци од летото – покажуваат јасен тренд на зголемување на температурите и намалување на врнежите од дожд низ целиот континент. Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, еден од најсигурните метеоролошки модели во светот, предвидува значително натпросечни температури низ Централна, Западна и Јужна Европа, продолжени сушни периоди под влијание на стабилен висок притисок и зголемена веројатност за топлотни бранови, кои може да бидат посилни и почести во споредба со претходните сезони.