дома блог страница 417

Филипче утре во Прилеп – ќе прави маалска средба

После подолго време, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, доаѓа во Прилеп. Според соопштението на социјалните мрежи, Филипче ќе одржи средба со граѓани во паркот кај судот на 06.06.(петок) со почеток од 18часот.

https://www.facebook.com/photo?fbid=1019099127062437&set=a.278309981141359

Прилепчани очекуваат да го слушнат и името на кандидатот за градоначалник на партијата за престојните локални избори.

Чаршиските муабети велат дека на внатрепартиската анкета се неколку имиња, но засега нема ништо конкретно во јавност.

Со прогласување на Лауреатот, Владимир Србиновски, и доделување на наградите заврши 7. издание на “Пијанофест” Битола

Со доделување на наградите и прогласување на Лауреатот, заврши годинешното 7.издание на Интернационалниот пијано натпревар, Пијанофест. Изминатите денови Офицерскиот дом – КИЦ Битола, беше храм на класичната музика и пречека 110 млади музички надежи од 10 земји учеснички и тоа : Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Бугарија/Русија, Турција, Кина и Тајланд. Организатор на настанот и натпреварот е Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и секако поддршка од Општина Битола и Министерство за култура.

Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории: Пијано соло, Пијано четирирачно и Теоретски отсек облигати, а комисијата на натпреварот беше составена од еминентни пијанисти и педагози од Македонија и странство и тоа: Тереза Тревизан, Паола Кондакчи, Душан Сутон, Ана Гацева и Гоара Нона Лазиќ.

„Овие неколку дена беа исполнети со исклучителни настапи, инспиративна уметност и вистинска посветеност кон пијаното. Сведочевме на талент, труд и страст – вредности кои го движат овој фестивал напред од неговото основање. Им се заблагодаруваме на сите натпреварувачи што ја споделија својата музика со нас, на родителите за нивната вложеност и на членовите на жирито за нивната професионалност и фер оценување, на професорите за нивната поддршка, како и на публиката која со отворено срце ги поддржа нашите уметници“, истакнаа организаторките.

За Лауреат на натпреварот беше прогласен Владимир Србиновски од Р.Макеодинија, кој освен парична награда, ќе ја добие и наградата – Концерт за отворање на следното издание на Пијанофест 2026. Србиновски исто така ја понесе и наградата “Јасминка Чакар” за која му беше доделена парична награда во износ од 300 евра и плакета. Освен овие награди, беа доделени и три ваучери за учество на следното издание на Виена Гала Фест – концерт кој ќе се одржи во Виена следната 2026 година. Трите ваучери беа доделени на Вук Џокич ( Србија ), Еце Сарач ( Турција ) и Мариела Низамова ( Бугарија ).

„Пијанофест“ не е само натпревар – тој е празник на музиката, мост меѓу култури и генерации, и поттик за идните музички достигнувања.

Истиот беше отворен со настапот на НУ Камерен оркестар Битола и лауреатот на Piano fest 2024 Златица Лазарова.

Опструкциите го прават посилен! Бозоски не се откажува од трката за градоначалник

И додека јавноста во Прилеп се’ уште чека да ги слушне кандидатите за градоначалници од двете најголеми партии, само еден човек досега јавно ги истакна амбициите да ја преземе градоначалничката функција.

Иако во ВМРО-ДПМНЕ се лиферува со неколку имиња, досега само актуелниот заменик градоначалник и советник во Советот на општина Прилеп, Диме Бозоски, јавно истакна дека би сакал да ја бара поддршката на граѓаните како кандидат на владеачката партија.

-Себе си се гледам како сериозна опција за градоначалник кој ќе донесе промени и развој на својот град. Со долгогодишно искуство во економијата, бизнисот и локалното управување, најавувам дека сум подготвен да одговорам на предизвиците и да понудам конкретни решенија за најдобар Прилеп, истакна неодамна Бозоски во интервју за весникот “ЗЕНИТ”.

Бозоски е активен член на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 година. Од 2010 до 2012 година бил претседател на партиската комисија за економија, во 2021 година станува дел од Советот на општина Прилеп, а од 2024година ја извршува функцијата Заменик градоначалник на општината.

Важи за голем хуманист, или како што го нарекуваат бизнисмен од народот. Во изминатите 4 години од советничкиот мандат, Бозоски своите месечни хонорари ги донираше за социјални загрозени семејства, семејства кои ги снајде трагедија, разни организации….

Според неофицијални внатрепартиски информации, неговото име фигурира на партиската анкета, и покрај неодамнешните опструкции од разно-разни центри, тој ужива поддршка од голем број граѓани.

Верува дека со својот интегритет, интелектуален бекраунд и познавање на приликите на бизнис заедницата, ќе може значително да придонесе во придвижување на Прилеп во вистинската насока.

Дали токму Бозоски ќе биде кандидат на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, останува да видиме во периодот кој следи.

ОК Могила држи лекција по демократија! Ќе го направат ли ова и во Прилеп?

ОК Могила ја започна најтранспарентната и најдемократска постапка за составување на кандидатската советничка листа за престојните локални избори.

Во наредните дена, секој наш член од секој МК ќе има можност да предлага, гласа и биде избран за кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја понуди најдобрата листа на советници во Могила – стои во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Ќе се одлучи ли ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп на ист ваков чекор?

(Фото галерија) Најопременото катче за детска облека во прилепската чаршија ви ја претставува новата летна колекција за вашите најмали

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Квалитетна облека изработена од убедливо најквалитетни материјали, облека во која вашите дечиња ќе се чувствуваат пред се удобно и ќе блескаат во секоја прилика.

И за момчиња и за девојчиња, од најмали нозе, па се до школска возраст. Во пресрет на топлите летни денови, во BABY BOOM ќе најдете најмодерни блузички, кошули, огромен избор на комплети, фустанчиња…

Тука ќе најдете и богат избор на прекрасно спакувани бебешки колекции, во разни бои, изработени од најмеки и најбезбедни материјали.

Со еден збор BABY BOOM е бренд на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека!

Посетете ги уште денеска, а во меѓувреме погледнете дел од новата колекција:

За прв пат досега! Пациентите во прилепската болница од денеска ќе добиваат храна како што доликува (ФОТО)

Во насока на подобрување на условите за исхрана и обезбедување поквалитетна грижа за пациентите и персоналот, кујната во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп е затворена. Од денес, оброците се обезбедуваат преку кетеринг услуга од компанијата „Ана Марија Фуд“, со што се овозможува:

-Подобар квалитет и свежина на храната

-Поголема разновидност на оброци

-Подобра усогласеност со нутритивните и диететски потреби на пациентите

-Оваа промена е дел од континуираните напори за модернизација на болницата и унапредување на стандардите на здравствена заштита. Дополнително, направената промена е и финансиски поисплатлива, со што се овозможува подобро управување со буџетот и насочување на средства кон други приоритетни здравствени потреби. Истовремено, се воведоа дефинирани протоколи за поделба на храната, со цел да се обезбеди еднаков пристап и да се зголеми безбедноста и квалитетот на оброците за сите пациенти и вработени. Раководството останува посветено на унапредување на условите во болницата и обезбедување грижа на највисоко ниво – информираат од прилепската болница.

Далматински мелос во Битола по повод Денот на државноста на Хрватска

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во петок на 6. јуни 2025 година, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола ќе се одржи свечен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.

Програмата ќе понуди богата уметничка содржина. Препознатливиот далматински мелос, во Битола ќе го пренесе далматинската женска клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска.

Публиката ќе има можност да ја проследи и изложбата на фотографии „Хоризонти“ од авторката др.сц. Блага Петрески од Сплит, како и настапот на учениците од Државното музичко училиште – Битола како специјални гости.

Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Во текот на изминатите години Хрватскиот културен центар од Битола, воспостави соработка со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска, беше иницијатор на неколку збратимувања со општини и КУД-ови, ги одбележа сите позначајни празници и датуми на РХ, организираше гостувања на актери, музичари, КУД-ови, групи, делегации од Македонија во Хрватска и обратно, се со цел збогатување на културниот мозаик на Битола, како и поголема соработка на двете пријателски земји.

Настанот е организиран во соработка со Културно-информативниот центар Битола, Општина Битола, Државното музичко училиште, Сплитско Далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Република Хрватска.

ВИДЕОЛОТАРИЈА СПОНЗОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ТРЧАЊЕ, ПЛИВАЊЕ, ВЕЛОСИПЕДИЗАМ, ДУАТЛОН И ТРИАТЛОН 091РАНКРУ СКОПЈЕ

Видеолотарија Касинос Австријан е официјален платинум спонзор на Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје, за нивното учество на четвртото издание на Еуротрип.

Скопје, 2025 – Видеолотарија Касинос Австрија со гордост објавува дека е официјален платинум спонзор на Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје. Преку оваа соработка, Видеолотарија ја продолжува својата мисија за поддршка на здравиот начин на живот, спортскиот дух и заедницата.

Здружението 091РАНКРУ Скопје е познато по својата посветеност во промоцијата на активниот живот и инклузијата преку различни спортски дисциплини. Со поддршката од Видеолотарија, ќе се овозможи учество на членови од здружението на четвртото издание на Еуротрип во периодот од 04.06.2025 до 09.06.2025 година. Делница за трчање оваа година е од Инсбрук (Австрија) до Љубљана (Словенија) во должина од 450км, која треба да се истрча за помалку од 48 часа.

Ова е трка што ја трчаме заедно со сите. Огромна благодарност до – Видеолотарија Касинос Австрија затоа што нè поддржаа и веруваат во нашиот потенцијал, изјави претседателот на здружението, Ненад Божовиќ.

Горди сме што сме дел од една ваква приказна која ги поврзува луѓето преку спорт и заедништво. Нашата поддршка за Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје e уште еден чекор кон изградба на поздраво и посреќно општество.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

Секој може да присуствува, особено младите! Ристески утре во Прилеп ќе ги презентира мерките за самовработување од Оперативниот план на Владата

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број на општини, на кои пред јавноста ќе се презентираат мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на министерството.

На овие средби покрај претставници од министерството, ќе бидат присутни и претставници од локалните самоуправи, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд.

Првите информативни денови ќе се одржат утре (05.06.2025 година, четврток) во 10 часот во Салата на Советот на Советот на Општина Прилеп, каде ќе присуствува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Инаку, Оперативниот план на министерството и Владата тежи околу 40 милиони евра и ќе опфати повеќе од 16.500 лица, а преку 9 стратешки и добро темпирани мерки се предвидува:

👉🏻 Поддршка за самовработување во износ до 7.000 евра, додека за млади лица до 29 години во износ до 10.000 евра
👉🏻 Самовработување преку здружување во ДОО на две лица – поддршка до 20.000 евра
👉🏻 Поддршка за вработување во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и невладини организации до 250.000 денари
👉🏻 Практикантство и младински додаток за лица до 23 години
👉🏻 Обуки за најбарани професии и дигитални вештини
👉🏻 Јавни работи за пошумување и заштита од пожари
👉🏻 Зелени инвестиции што отвораат нови работни места

Дојдете утре во собраниската сала на општина Прилеп и запознајте се со сите мерки одделно!

Известување од прилепските црковни храмови за престојната ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА

По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

Нови градски гробишта:

петок и сабота од 12 часот.

Стари градски гробишта:

петок и сабота од 13 часот.

Храм Св. Петка и храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС):

– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.

БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ќе се пејат блудци од 7.30 до 9.30 часот и од 16.00 до 17.30 часот, двата дена.

Во Свето Преображение (Грчка) за време на Богослужбите.

Блудците ќе се пејат веднаш по завршувањето на богослужбата.

Во недела (ДУХОВДЕН) НА ГРОБИШТА БЛУДЦИ НЕМА ДА СЕ ПЕАТ!

Бог да ги прости починатите и да им дарува Царство Небесно.