дома блог страница 416

Горивата поевтинуваат од полноќ – oва се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 % во однос на одлуката од 20.02.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,012 ден/кг и сега ќе изнесува 46,178 ден/кг.

Од 25.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,178 (денари/килограм)

Тимот на Витаминка на најважниот настан во светот на човечките ресурси во Србија

Шестиот конгрес за човечки ресурси што се одржува во Белград, Србија ги привлече директорите за човечки ресурси од целиот регион, со цел заедно да ја редефинираат улогата на човечки ресурси во современиот бизнис и да ги истражат иновациите што ја обликуваат иднината на работата.

Витаминка како македонска компанија присутна на соседните пазари со локално базирани тимови преку своите претставници Орде Ѓорѓиоски, директор на Сектор за правни и општи работи, Верица Исајловска, Администратор за Човечки ресурси и Драгана Прешеска, Соработник за ошти работи, ќе придонесе во унапредувањето на човечките ресурси.

Со инспиративни дискусии, мотивирачки практични совети и можност за поврзување во индустријата, се истражуваше како човечките ресурси стануваат клучен стратешки партнер на бизнисот. Се разговараше за важноста на развивање на лидерски вештини, подобрување на процесите на вградување и создавање култури кои негуваат таленти и поттикнуваат задржување на вработените.

На конгресот посебен акцент беше ставен на примената на вештачката интелигенција во HR, автоматизацијата на процесите и употребата на аналитика на податоци за донесување попаметни одлуки. Ќе отвориме теми поврзани со емоционалната интелигенција, културата на тренерот и предизвиците што ги носат генерациските разлики, обезбедувајќи сеопфатен увид во алатките и стратегиите за иднината на работата.

Подгответе се за најдобара забава под маски досега во Прилеп – Се гледаме зад маските… ако имате храброст да излезете од затворот!

Вашиот омилен локал за ноќни излегувања, Club Déjà Vu, ве поканува на една поинаква забава под маски.

Подгответе се ноќ полна со изненадувања, за тематска забава каква досега немало во Прилеп!

02.03.2025, почеток 21 часот, ПРОЧКА 2025-JAIL BREAK PARTY

Што ве очекува?

-Фантастична музичка забава со DJ ЈАКОВ & DJ ЉУБИША

-Кореографски содржини кои ќе ја подгреат атмосферата до максимум

-Избор на најдобра маска и изненадување за најкреативните

-За овековечување на моментите и маските ќе се погрижи професионален фотограф

Ваше е само да ја искористите целата имагинација и креативност, да дојдете убаво маскирани и да уживате од прв до последен момент!

Не пропуштајте ја најдобрата досега маскембалска забава во Прилеп!

Тимот на Club Déjà Vu ве очекува!

Важно известување: Утре од 08:30-15:00 часот забрането движење во овој регион во Прилеп

Регионалниот центар за управување со кризи известува за боево гаѓање на стрелиштето Леково:

-Од МО – ВП 7925/40 не известија дека на ден 25.02.2025 година (вторник), во времето од 08.30 – 15.00 ч. ќе биде реализирано боево гаѓање на стрелиштето „Леково“.

За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето.

Се предупредуваат сите лица кои ќе најдат неексплодирани зрна односно проектили, да не ги допираат и за истото да ги известат органите на МВР и командата на касарна Прилеп.

Бреинобреин пристигна во Прилеп! Еве зошто оваа програма обезбедува револуционерен пристап кон образованието во 40 земји во светот

Со задоволство го најавуваме отворањето на новиот Бреинобреин центар во Прилеп – дел од светски познатата програма која е револуција во образованието и личниот развој на децата! Бреинобреин е програма која е присутна 21 година во над 40 земји и е призната за својот револуционерен пристап кон образованието. Со повеќе од 2 милиони ученици ширум светот, оваа програма ги менува животите на децата, правејќи ги посамоуверени, пофокусирани и креативни.

Зошто БРЕИНОБРЕИН е уникатена програма?

Бреинобреин е специјално дизајнирана програма за деца на возраст од 4 до 14 години која комбинира:

Ментална аритметика со абакус – развива брзо пресметување, концентрација и меморија.
Невролингвистичко програмирање (НЛП) – техники кои ја зајакнуваат самодовербата, позитивниот став и комуникациските вештини.
Програми за личен и интелектуален развој – поттикнување на креативност, лидерство и критичко размислување.

Награди и признанија – БРЕИНОБРЕИН е глобално водечка програма

Гинисови рекорди: Бреинобреин ги држи Гинисовите рекорди за најголем број ученици кои истовремено решаваат ментална аритметика, што ја покажува силата и ефикасноста на програмата.

Best Kids Academy Award: Бреинобреин е прогласена за најдобра академија за деца благодарение на иновативниот пристап и резултатите што ги постигнуваат учениците.

Меѓународни натпревари: Нашите ученици редовно освојуваат врвни места на светските натпревари, покажувајќи супериорни способности во математика, лидерство и креативно размислување.

Што добиваат вашите деца?

-Подобрена концентрација, меморија и аналитички способности
-Зголемена самодоверба и позитивен став
-Развиени лидерски и комуникациски вештини
-Основи за академски успех и животни предизвици
-Самодоверба за јавно изразување
-Способност за брзо носење одлуки
-Баланс помеѓу когнитивните и емоционалните вештини

Достигнувања и квалитет на програмата

Интернационални награди: Нашите ученици редовно освојуваат награди на меѓународни натпревари, покажувајќи ги своите извонредни математички и когнитивни способности.
Квалитет на програмата: Бреинобреин ги следи највисоките стандарди за едукација, што ја прави една од најдоверливите програми за детски развој. Нашите ментори се специјално обучени да работат со деца, креирајќи пријатна и поддржувачка средина за учење.
Резултати: Децата кои посетуваат Бреинобреин стануваат подобри ученици, ја подобруваат својата концентрација, креативност и лидерски способности, а со тоа добиваат основа за успех во сите животни аспекти.

Специјална понуда за отворањето – 50% попуст на уписите!

Во чест на отворањето на центарот во Прилеп, за сите уписи до крајот на месецот овозможуваме 50% попуст на првата членарина! Не ја пропуштајте можноста вашето дете да биде дел од оваа уникатна програма.

Дозволете им на вашите деца да бидат дел од глобално признатата Бреинобреин програма, која го обликува идниот успех со секој поминат час!

Koнтактирајте на социјалните мрежи:

ФЕЈСБУК: https://www.facebook.com/brainobrainprilep

ИНСТАГРАМ: https://www.instagram.com/brainobrainprilep/

или на телефонскиот број: 075 504 509

Бреинобреин центарот во Прилеп се наоѓа на улица “Сотка Џигиџик” бр.38.

Избори во Германија: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141, социјадемократите со 114

Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоиле демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), за кои гласале 28,5 отсто од избирачите, што им носи 197 места во Бундестагот, објави Билд.

На второ место по бројот на гласови е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на лидерката Алис Вајдел, која доби 20,5 отсто од гласовите и 141 место во германскиот Парламент, додека социјалдемократите на Олаф Шолц се на трето место со 16,5 отсто од освоените гласови, што им носи 114 пратенички места.

Според последните прелиминарни резултати, Зелените освоиле 11,9 отсто од гласовите, што им дава 83 места во германскиот Парламент, Левицата освоила 8,7 отсто од гласовите и 60 пратенички места, а партијата Разум и правда (BSW) на Сара Вагенкнет го надмина цензусот со 5,0 отсто од гласовите, што и носи 34 пратенички места во парламентот.

Слободната демократска партија (ФДП) е под прагот со 4,5 отсто освоени гласови, додека сите останати партии кои не го поминаа прагот имаат вкупно 4,4 отсто од гласовите.

Денеска е Свети Ѓорѓи Кратовски – Запален затоа што си ја сакал верата

Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант.

Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

Житието вели дека свети Ѓорѓи Кратовски е роден во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите, по завршувањето на училиштето, пошол на кујунџиски занает кој во Кратово во тоа време бил популарен и поради рудниците. Набргу станал познат мајстор. Во тоа време турските власти собирале т.н. данок во крв, за пополнување на војската која напредувала кон Европа, правејќи војници-јаничари. За таа цел барале млади и способни деца. Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан решил да замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе можности да остане незабележан. Така преку Ќустендил, Радомир и Перник пристигнал во Софија. И тука поради способностите набргу се стекнал со углед и бил забележан и од Турците.

Му биле понудени благодетите на царските власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но Ѓорѓи Кратовски без размислување го одбил предлогот поради што бил ставен во затвор. Ја бранел верата Христова поради што бил мачен, а потоа и спален на 24/11 февруари 1515 година.

На 8 јуни (нов стил) моштите на св. Ѓорѓи Кратовски биле пренесени во црквата и овој ден Светата православна црква го празнува како втор празник поврзан со името на овој светец.
На иконите, св. Ѓорѓи Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над ореолот има напис: „Свети Ѓорѓи кој настрада од Селим“.

Неговиот лик бил насликан во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Патралица-кривопаланечко во манастирот „Студеница“ и др. места. Во црквата „Света Богородица“ во Скопје бил претставен со крст во десната и книга во левата рака. Од 17 век е сликан во национална носија. Култот на св. Ѓорѓи Кратовски од Македонија се проширил и во Србија, Бугарија и Русија.

Пораз на социјалдемократите на изборите во Германија: Ултрадесничарите АФД се втора партија!

Германскиот канцелар Олаф Шолц, лидер на Социјалдемократската партија (СПД), ги опиша изборните резултати како „горчливи“ за неговата партија, нарекувајќи ги „пораз“.

Излезните анкети покажаа дека СПД е на третото место, освојувајќи меѓу 16 и 16,5 отсто од гласовите.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Берлин, Шолц рече дека ова е моментот „во кој мора да признаеме дека сме ги загубиле изборите“.

Тој потсети дека СПД на претходните избори постигна подобар резултат за кој тој беше одговорен, додавајќи дека овој резултат е полош и дека тој лично е одговорен и за тоа.

Шолц му честиташе на Фридрих Мерц, лидерот на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) кој се очекува да биде новиот германски канцелар.

Според неофицијалните резултати засега демохристијаните имаат 29%, втора партија се ултрадесничарите АфД со 19,5%, Социјадемократите на Шолц 16%, Зелените 13,5%.

Денешните избори во Германија се оценети како најважни после Втората светска војна.

Mицкоски и Николоски утре ќе означат почеток на два големи проекти!

Премиерот Мицкоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција, информираат од прес службата на владата

-Ве известуваме дека утре 24.02.2025 година (понеделник) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата на која ќе го официјализираат почетокот на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ Скопје, информираат од владата.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Новата колекција во BABY BOOM е нешто посебно! Kвалитет, удобност, најдоброто за вашите најмали!

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Квалитетна облека изработена од убедливо најквалитетни материјали, облека во која вашите дечиња ќе се чувствуваат удобно, заштитено и што е најважно топло во овие зимски денови.

И за момчиња и за девојчиња, од најмали нозе, па се до школска возраст. Најмодерни блузи, кошули, огромен избор на вентијаги, палтенца, шпикозни, фустанчиња…

Во BABY BOOM ќе најдете и преубав избор на меки шалчиња и капчиња, како и богата бебешка колекција. Убавиот глас се слуша надалеку, па не случајно нивниот дуќан често го посетуваат и жители на други градови.

Со еден збор BABY BOOM е бренд на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека!

Посетете ги уште утре, а во меѓувреме погледнете дел од нивната богата колекција и одберете нешто за вашите најмали.