дома блог страница 415

Гостопримство, удобност и гурманско уживање! Хотел Салида повторно работи со полн капацитет

Хотел Салида Прилеп ги известува своите ценети гости и пријатели, дека повторно започнува со работа со полн капацитет на сите легла. Брендот на Прилеп во хотелиерството, ова лето е спремен да ги дочека и да ги стави на располагање своите соби за сите нашинци од дијаспората и секој намерник и гостин во градот под Марковите Кули.

На две локации, на влезот во Прилеп од страната на Битола и веднаш до Економскиот факултет во северниот дел од градот.

Хотелот кај “Паркот на револуцијата” брои 29 соби и 4 луксузни апартмани со вкупен капацитет од 60 легла. Исто така, гостите имаат собна послуга на располагање од 24 часа.

Секоја соба или апартман е опремена со директна меѓународна телефонска линија, бесплатен безжичен интернет, мини бар, кабловска телевизија, аларм за итни случаи, централна климатизација и друго.

Хотелот кај населбата “Варош” брои 12 соби и 2 луксузни апартмани со вкупен капацитет од 38 легла.

Секоја соба или апартман е опремена со директна меѓународна телефонска линија, бесплатен безжичен интернет, мини бар, кабловска телевизија, аларм за итни случаи, централна климатизација и друго.

За потсетување, Салида ја има и една од најдобрите ресторански услуги. Ќе бидете угостени со разновидна традиционална македонска храна за топло добредојде во градот херој.

Почувствувајте го Прилеп на најдобар начин. Професионалност, гостопримство, удобност и гурманско уживање, СЕ НА ЕДНО МЕСТО!

Резервирајте навреме! Тимот на хотел “САЛИДА” ве очекува!

Донцна синоќа приведени шестмина прилепчани – се испотепале пред ноќен клуб

-На 07.06.2025 во 02.00 часот пред ноќен клуб лоциран во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К., Ѓ.А.П., М.А., О.Т., М.К. и Х.Ј., сите од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Аплаузи, воздишки, солзи на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“. Смеата е моќ, а храброста – потреба

Емотивно и со многу восхит и почит, долги аплаузи им подари прилепската публика синоќа на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Длабоки наклони, благодарност и нескриени емоции на сцена споделија актерите наградени за животно дело – Снежана Коневски-Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски. Тие добија награди изработени од прилепски мермер од „Крин про“ од Прилеп.

Ова издание на фестивалот симболично е во знакот на бројот три. Тројца добитници на наградата за животно дело, тричлено жири, тројца говорници на отворањето.
Триминутен предизвик за своите обраќања добија Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот, Зоран Љутков, министер за култура и туризам и Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

-„Смеј се и осмели се“ е мотото на овој фестивал. И како што го одлучив мотото, така почнаа и смеењето и осмелувањето. Од затворањето на театарските сцени овде до секојдневните предизвици во процесот на организирање на фестивалов. Се надевам дека барем до крајот на мојот мандат, до следната година, ќе покажеме дека најважно за фестивалов е да работиме сите заедно за него. Мојата благодарност е до сите што придонесоа денес да го отвориме 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ овде во Прилеп. Драги волонтери, годинава сте во најголем број, со што докажуваме дека си имаме доверба едни во други и дека Прилеп е навистина град на театарската младост. Драги пријатели на фестивалот, без вас оваа моја визија за цел град-театар немаше да се оствари, ви благодарам! Драга публико, ти посакувам задоволство од одгледаните претстави и годинава имаш можност да ја наградиш омилената претстава и бескрајно ти благодарам за постојаната поддршка – рече уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.

Фестивалот беше отворен со изведбата на „12“ во режија на Синиша Евтимов на Македонскиот народен театар, за која денес на пладне се организира тркалезна маса.

Колку животи иживеав на сцената, во животот само една. Кога ќе стапнам на сцената и имам некоја задача, чувствувам дека постојам, рече актерката Снежана Коневски – Руси.

-Со вашиот аплауз најпостојано постојам. Заедно со мојот театар остарев (МНТ, н.з), влегов во осмата декада, како што и тој одбележува 80 години. Радиото, првата љубов на Снешка одбележува 80 години. И еве посакувам и Македонскиот театарски фестивал да доживее над 105 години. Благодарам до фестивалот и благодарам до Никола Кимовски, иницијаторот за мојата награда – рече актерката што сите ја познаваме како Снешка.
Оваа награда за мене вреди и е тешка колку што вреди и овој театарски фестивал – празник на театарската уметност, празник на театарските уметници, како дел од културниот идентитет на Македонија. За мене тоа е највредното, рече актерката од Битолскиот театар, Соња Михајлова.

– Има 40-ина години од моето дружење со театарот и во театарот. Сите изминати години за мене ова е возбудлива авантура на умот, срцето. Како што театарот има и светла и темна. Светлата – предизикувачка, да се креира лик потрага по некоја сценска вистина. Другата страна е онаа потемната – предизвикувачката која во земја како Македонија постојано е предизвикана од промени, трансформации и кои неизбежно овие 40 години што ги носам на театарската сцена оставиле и белег и некоја лузна и врз срцето и умот – рече Михајлова.
Огромни аплаузи доби актерот Гоце Тодоровски. И во негов манир, ја насмеа публиката.

-Прилеп е градот на мермерот, а јас сум мермерот меѓу глумците. Од мојот материјал може да се направи многу добар споменик. Мене ме викаат мајстор на импровизации, вие тоа многу добро го знаете. Заедно со Ванчо Петрушевски, кој за жал прерано почина, бевме мајстори на импровизацијата. Во „Солунски патрдии“ јас остарев буквално, имав 29 години на премиерата и ја играв до 50 години. Имам снимено преку 600 народни приказни, имам минутажа поголема од Џон Вејн и Марлон Брандо заедно пред камера. Актерот цел живот кажува туѓи зборови, ама добриот актер туѓите зборови ги прави да се свои. Тука е успехот на добриот актер, да ги земеш зборовите и самиот да бидеш тој лик. Најголемата глума е онаа глума која додека глумиш, воопшто да не глумиш. Благодарам на вас, драга публико – рече Тодоровски.

Преубаво е чувството да се биде вечерва во Прилеп – градот под Марковите кули, кој со својата душа и историја, секоја година нè потсетува што значи да се верува во моќта на сцената, на зборот, на емоцијата, на тишината, рече министерот Љутков, кој го прогласи фестивалот за отворен.

-Има нешто свето во таа тишина што се спушта пред да се крене завесата. Таа тишина… ја знам. Ја носам во себе уште од првиот пат кога застанав на сцена. Тоа не е само тишина, тоа е срцебиење, трепет, повик да се биде храбар. Да се зборува. Да се оживее приказната. Убеден сум дека нема поубав начин да го започнеме овој свечен настан, од тоа да се потсетиме на зборовите на човекот чиј лик и дело стојат зад името на овој фестивал, таткото на македонскиот театар, Војдан Чернодрински, кој рекол: „Театарот е огледало на народот“. Фестивалот годинава се одвива под слоганот „Смеј се и осмели се!“. Знам дека тој не е случаен и е многу повеќе од убава фраза. Тој е поука, можеби и лекција. Во него е заклучена суштинската порака: дека театарот, дури и кога нѐ засмева, зборува сериозно. А кога нѐ осмелува, станува средство за промена – рече Љутков.

Фестивалот ни испраќа силна и едноставна порака – дека смеата е моќ, а храброста потреба. Театарот отсекогаш знаел како да ги обедини двете – да нè насмее, но и да нè освести. Да нè потсети колку сме човечки, ранливи и силни во исто време.
Овој фестивал е многу повеќе од културен настан. Тој е срцето на летото во Прилеп. Тој носи живот во улиците, разговори по претставите, полни тераси, нови познанства, гости од целата земја и пошироко. Тој носи економски придонес, но уште поважно – носи дух и гордост, истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Тој им ги врачи наградите на лауреатите.

Од денес на фестивалот започнува и програмата „Драмолетање“ во која млади драмски автори ќе имаат можност да се промовираат со нивни дела, да се сретнат со директори на театри и други професионалци од светот на театарот. Идејата е да новата драма да се приближи што повеќе до театарските сцени во земјава.

Вечерва на програмата на фестивалот е Народниот театар од Битола со претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски во 19 часот во Центарот за култура. Улогите ги толкуваат: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски и други.

Од 21 часот следува монодрамата со актерот Игор Ангелов, „Сите најубави нешта“, што ќе се игра во галеријата во „Марко Цепенков“. Претставата е на „ОХО Продукција“ и е во режија на Дејан Пројковски.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

РК Прилеп веќе мисли за следната сезона – Репрезентативец на Грузија ќе биде големо засилување

Иако се’ уште не е завршено првенството во ракометната Супер лига, РК Прилеп веќе размислува за следната сезона и започна со ангажирање на засилувања.

Нов играч во редовите на прилепчани ќе биде репрезентативецот од Грузија, Сандо Дарсанија.

20-годишниот десен бек веќе има репрезентативно искуство и настап со Грузија на Европското првенство во 2024год. Неговото име се очекува да биде големо засилување во Прилеп.

Кога станува збор за Грузијците, тие не се ништо ново во македонската Супер лига и во РК Прилеп. Во Прилеп во сезоната 2020/21 настапуваа дури четворица: Реваз Чантурија, Хазеин Рустамов и Мириан Гавашелишвили, а на голот извонреден беше четвртиот Грузиец, Зураб Цинцадѕе, и сите беа одлични.

Чантурија беше и тренер на тимот.

Прилепчанец од Австралија воодушеви со својата изложба на фотографии во Цепенков (ФОТО)

“Поезија во движење” е изложбата на фотографии од Тони Трипуноски-Геџо отворена синоќа во Ликовна Галерија Прилеп.
Нашиот сограѓанин, кој живее и работи во Австралија се претстави со документарна фотографија, на која се овековечени луѓе од секојдневието,
кои авторот ги среќавал.

Изложбата ја отвори актерот Игор Трчески.

Тони – Геџо, започнал со филмска фотографија, за потоа да премине на дигитална фотографија, опсервирајќи ја човековата природа. Секоја фотографија кај него има приказна.

– Фотографијата на Геџо се фокусира на поезијата напишана на лицата на луѓето, на спонтаните насмевки, откривајќи ја внатрешноста. Неговото патување со фотографијата ја отсликува и неговата животна филозофија. Геџо преку неговиот објектив го документира секојдневниот живот – се вели во образложението за изложбата.

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден).

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќ

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.

Вечерва започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“: Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черндодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. На изведбата на актерите од МНТ, ќе претходи доделување на наградите за животно дело Соња Михајлова, Снежана Коневски-Руси и Гоце Тодоровски. На свеченото отворање ќе се обратат Ана Стојаноска, уметнички директор и селектор на програмата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Девет претстави во официјална селекција, четири во независна програма и една во придружна се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе трае до 13 јуни под мотото „Смеј се и осмели се“.

-59.издание на фестивалот е спремно, внимателно спакувано, прецизно креирано со огромна љубов и почит кон сите учесници и гости. Во духот на мотото на фестивалот и се смеевме и осмелувавме низ предизвиците во текот на оваа година, но како тим покажавме и покажуваме, заедно со градот и целата поддршка од Министерството за култура и туризам и општествено-одговорните компании, дека Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност. Посебна љубов кон целата публика која постојано покажува зошто е тоа така – изјави Стојаноска.

За фестивалските награди и годинава ќе одлучува меѓународно жири, во состав: Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште, Иван Меденица, театролог и професор од Белград и Лилиа Абаџиева, театарска режисерка од Бугарија.

На програмата повторно ќе бидат детската зона, промоции на книги, разговори на тркалезна маса. Годинава, наместо досегашната платформа „Автор во фокус“ во која се славеше опусот на еден значаен автор за македонскиот театар, годинава ќе биде ставен фокусот на тројца мошне значајни театарски дејци од Прилеп. Тоа се: актерот и долгогодишен директор на нашиот фестивал Кирил Ристоски, актерот Благоја Спиркоски Џумерко и драмскиот автор и писател Благоја Ристески Платнар.

Новина е програмата „Драмолетање“, односно пичинг на кој неколкумина драмски автори ќе ги претстават своите дела. На тој начин фестивалот се труди да го поттикне домашното драмско творештво, но и поставување на истото на театарските сцени.

Фестивалот ќе биде затворен на 13 јуни со „Вистината“ на Театар Комедија.

Претстави во официјалната селекција се:

„12“ според мотивите на „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар
„Парови“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на Драмски театар – Скопје
„Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши, продукција на Албански театар – Скопје
„Слепци“ од Морис Метерлинк и според „Погубни идентитети“ од Амин Малуф, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Турски театар − Скопје
„Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар − Битола
„Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп
„Рацин“, драматург Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес
„Сите прекрасни нешта“ според монодрамата на Данкан Мекмилан, од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар – Штип
„Пар-распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија − Скопје

Претстави од независна продукција:
„Вампири“ − театарска минијатура за вампирите во театарот, во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“ − Скопје
„Сите најубави нешта“ според Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски, изведба Игор Ангелов, продукција на „ОХО продукција“
„Казабалкан“ од Горан Стефановски, во режија на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ − Скопје
„Ла Макбет“ според Шекспир, во режија на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ – Скопје.

Пред прилепската публика ќе се претстави и Факултетот за драмски уметности со претставата „Тука ќе ни биде крајот“, на 12 јуни на полноќ.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

Синоќа во Прилеп беше отворена изложбата на театарски фотографии “75 за 75” од Каролина Мицевска

Синоќа во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата “75 за 75” на театарски фотографии, со кои се одбележуваат 75 години од постоењето на театарот “Војдан Чернодрински”.

Изложбата, авторски проект на м-р Каролина Мицевска, која предизвика голем интерес, ја отвори проф.д-р Ана Стојаноска, потенцирајќи го големото историско значење на изложбата.

-75 за 75 е исклучително важен момент и за историјата на прилепскиот театар, но и за историјата на македонскиот театар. Авторката на проектот м- р Каролина Мицевска направила внимателно сведоштво за феноменот театар во Прилеп. Театарот е уметност на мигот и затоа треба да остане зачувана во вакви изложби на фотографии -рече Стојаноска.

Презентирани се 75 фотографии од театарски претстави од 1950 до 2024 година. Направен е избор на фотографии од претстави кои оставиле белег во театарот “Војдан Чернодрински”, претстави кои биле наградени и најгледани.

Изложбата, која предизвика голем интерес во јавноста, е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Македонскиот Енди Ворхол со фотографии од Мелбурн на изложба во Прилеп

„Поезија во движење“ од Тони Трипуноски – Геџо е изложбата што ќе биде отворена на 6 јуни 2025/ петок/ од 18 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Станува збор за изложба на фотографии од наш сограѓанин, кој што живее и работи во Австралија.
Промотор на изложбата ќе биде актерот Игор Трпчески.

Тони – Геџо, започнал со филмска фотографија, за потоа да премине на дигитална фотографија, опсервирајќи ја човековата природа. Секоја фотографија кај него има приказна.

– Фотографијата на Геџо се фокусира на поезијата напишана на лицата на луѓето, на спонтаните насмевки, откривајќи ја внатрешноста. Неговото патување со фотографијата ја отсликува и неговата животна филозофија. Геџо преку неговиот објектив го документира секојдневниот живот – се вели во образложението за изложбата.

Паднато дрво, оштетен кров…. невреме го зафати попладнево Прилеп (ФОТО)

Kраткотрајно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер, го зафати попладнево Прилеп и прилепскиот регион.

Паднато дрво, оштетен кров во строгиот центар на градот, за среќа нема повредени лица или оштетени автомобили.

Интервенираше и противпожарна екипа, како и екипа од јавните претпријатија.

Засега не е познато дали невремето предизвика штети по земјоделските посеви во регионот.