дома блог страница 412

Досега олку голем ОГЛАС за вработување немало! Вкупно ќе се вработат 124 лица – 22 доктори, медицински сестри, персонал…

Добивме согласност за вработување на хонорарците од Министерството за финансии за сите 124 лица кои беа на договор, истакна на денешната прес конференција директорот на прилепската болница, Д-р Кире Јоноски.

Според најавата, огласите за вработување на медицинскиот персонал ќе започнат од утре (23.07.), при што болницата во Прилеп ќе добие:

-21 доктор
-1 стоматолог
-49 медицински сестри
– дополнителен медицински пероснал

Ова е најголем досега оглас од постоењето на болницата во Прилеп, a дополнително со претходните 8 специјализанти и доктори чии договори беа трансформирани, бројката на нововработени доктори во неполна година ќе биде 30, што е навистина голема бројка.

“Ако претходно имавме вкупно 120, 30 доктори за неполна година е навистина голема бројка. Значи освен што вложуваме во апаратура, вложуваме и во човечки кадар. Можеби сегашноста не ние добра, не е розова, но со тие 30 доктори имаме иднина”, истакна Јоноски.

Јоноски додаде дека покрај претходно вработените 8 специјализанти, се очекува за скоро време Министерството да даде зелено светло и за нови 10 специјализанти.

“Значи прилепската болница, со поддршка од Владата и Министерството може да се каже дека во најголем дел полека го решава проблемот со персонал, ние градиме иднина. За разлика од претходно кога ја начекавме болницата и финансиски и кадарно во незавидна состојба, ние ги градиме темелите за успешна болница во иднина. За ренгенолози е потребна 4-годишна специјализација, а за другите области 6 години. Значи не може ништо да се направи преку ноќ. Максимум што можеме да направиме е да ги вработуме младите доктори, 21 нов доктор, тоа е огромна бројка, кои во иднина ќе станат специјализанти”, рече Д-р Јоноски.

 

Тинејџерка од Прилеп со мопед прегазила 81-годишен сограѓанин

-На 21.07.2025 во 18.50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Нада Циривири” во Прилеп, патничко возило „опел’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.И. од Прилеп, удрило во пешакот М.Ѓ.(81) од Прилеп. Во несреќата, пешакот М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

После 32 години прилепската болница доби нов ЕХО-апарат за доенчиња – Уште еден резултат на одличното менаџирање во изминатата година (ФОТО)

Одличното менаџирање во прилепската болница во изминатата година дава огромни резултати. Голем број фирми и организации во изминатиот период со скапи донации придонесоа за значително подобрување на здравствените услуги, но и за воведување на нови услуги кои досега не им беа на располагање на граѓаните од Прилеп и соседните општини. Најновата донација е од шведската хуманитарната организација “HAND TILL HAND” која денеска во болницата ја предаде Претседателката на организацијата, Г-ѓа Марија Росенберг.

Станува збор за ултрасонографски ЕХО апарат наменет за скенирање на целиот мускулно-скелетен систем, за потребите на одделението за ортопедија.

“Со овој апарат ќе се овозможи скрининг за рано откривање на развојно пореметување на колковите кај доенчињата уште од двомесечна возраст на детето, по што следуваат контроли на 4, 6, 9 и 12 месеци.

Овој метод за првпат е воведен во медицинската пракса во Австрија од страна на Проф. Рајнхард Граф во 1983 година, а потоа и во некои други европски земји. Во нашата здравствена установа овој скрининг метод, прв почнал да го практикува Примариус Д-р Трајче Бошкоски во 1989год., само 6 години подоцна од воведувањето во европската медицинска пракса.

Во 1993 година, во рамките на ортопедско-трауматолошкото одделение при општа болница “Борка Талески” – Прилеп, поточно во ортопедската амбуланта при ова одделение, почнал со работа кабинет за детска ортопедија со ЕХО-кабинет за детски колкови, со нов ЕХО-апарат што бил јапонска донација, а кој се користеше до денес, или вкупно 32 години.

Во последните три години, реализирани се вкупно 3525 ЕХО-прегледи на колкови кај доенчиња, или околу 100 прегледи месечно.

Денес, со новиот ЕХО-апарат донација од, ќе продолжиме со постојаната пракса за следење на развојното пореметување на колковите во доенечка возраст, како за општина Прилеп, така и за соседните општини и други околни општини, преку закажани термини од страна на матичните доктори преку “Мој Термин”, истакна Д-р Кире Јоноски, специјалист ортопед и директор на прилепската болница.

 

Патриотско Ропотово организира спектакуларен пречек на Илинденската коњаница: Maкедонска песна, оро… секој е поканет!

Патриотско Ропотово и оваа година традиционално, организира спектакуларен пречек на Илинденската коњаница. Пристигнувањето на коњаниците ќе биде на 30.07., кога со почеток од 18 часот на спортското игралиште ќе има и музичка програма.

Ќе настапат одличните “ОК Бенд”, кои со убава македонска песна ќе им посакаат безбедно да стигнат во славно Крушево, на одбележувањето на 122-годишнината од Илинденското востание.

Организаторите ги повикуваат сите жители од соседните населени места, како и од околните градови, да дојдат во што поголем број. Заедно да ги пречекаме коњаниците, да им честитаме за храброста и упорноста која ги краси секоја година, и достојно да одбележиме 122 години од славните илинденски борби за слободна и независна Македонија.

А каков беше пречекот минатата година, погледнете во продолжение:

_cuva
_cuva

Kaвадарчанец возел со 2,92 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

На 21.07.2025 во 21.15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Битолскиот театар интензивно се подготвува за комедијата под ѕвездено небо кај Ротинското езеро (ФОТО)

По повод премиерата на комедијата под ѕвездено небо, „Рибарски караници“ на 25. јули, на Ротинското езеро, Битолскиот театар во интензивни подготовки.

Претставата е во режија на Јован Ристовски, и во истата играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.

Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, го реконструираше патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Уште еден доказ дека театарот го менува светот.

НУ Народен театар Битола ви приредува вечер каква што досега не сте доживеале! Под отворено небо, крај езерото, се сретнуваат љубовта, смеата и јазикот на Карло Голдони во прекрасната комедија. Следната изведба е на 26. Јули, сабота од 20 часот.

Онлајн билети за продажба на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/ribarski-karanici-p/

За претставата има организиран превоз.

Вечер на староградска музика – “Звуците на градот”, во петок на платото пред “Марко Цепенков”

„Звуците на градот“ – вечер на староградска музика ќе се одржи на 25 јули 2025 /петок/ од 20.30 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“.

Убава вечер на староградска музика во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи в петок вечер. На платото пред Цепенков со почеток од 20.30 часот ќе се одржи манифестацијата „Звуците на градот“, која веќе неколку години предизвикува интерес.

Ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика.

Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат Женската пејачка група „Преродба“, пејачката група „ Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, Октет Прилеп и КУД„Пензионер“.

Ова ќе биде уште една убава музичка вечер, што традиционално ја организиара ЦК „Марко Цепенков“.

Гости од Градскиот совет на Њу Орлеанс во Прилеп (ФОТО)

Во Општина Прилеп се одржа работилница на тема „Одговорен град и заедница“, насочена кон споделување на добри практики од Градскиот совет на Њу Орлеанс, САД, со цел унапредување на транспарентноста, одговорноста и активното граѓанско учество во локалното креирање на политики.

Во рамки на работната посета, во кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески се одржа средба со Алисон Поорт, шеф на кабинет на канцеларијата на Дистрикт Б при Советот на Њу Орлеанс, Климентина Ѓорѓиоска, учесничка на Програмата за решенија во заедницата, и Лили Виџинс, заменик директорка на Програмата, при што се разговараше за можностите за примена на добри управувачки практики на локално ниво.

Работилницата се одржа во просториите на Општина Прилеп, каде што присуствуваа претседателката на Советот на Општина Прилеп и членови на Советот. Беа презентирани структурата и работата на Советот на Њу Орлеанс, како и на Советот на Општина Прилеп, со фокус на можностите за соработка и локална примена на позитивни примери.

На крајот од настанот, на сите учесници им беа доделени сертификати за учество, а на градоначалникот Јовчески и на Советот на Општина Прилеп им беа врачени прогласи во знак на благодарност и поддршка за вклученоста во иницијативата.

Општина Прилеп останува посветена на промовирање на одговорно управување и градење силна, транспарентна и инклузивна заедница, преку поддршка на вакви иницијативи.

Aко немате потреба, не излегувајте надвор: Температурите ќе се искачат над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран од југ до сабота времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

В петок максималната температура ќе се движи од 37 до 42 степени.

Трамп бара апсење на Барак Обама!

Претседателот Доналд Трамп се чини дека побарал апсење на Барак Обама, откако шефицата на разузнавањето Тулси Габард тврдеше дека поранешниот лидер стои зад „едногодишен државен удар“ против него.

Габард, директорот на Националното разузнавање, во петокот декласификуваше стотици документи поврзани со истрагата за наводното руско мешање во изборите во 2016 година, објави Телеграф.

Таа тврдеше дека е-поштата открива заговор од страна на Обама за обид да ја поништи победата на Трамп, користејќи „фабрикувани и политизирани разузнавачки информации“ за да изгледа како лоши актери можеби влијаеле на исходот.

„Нивната цел беше да ја поткопаат волјата на американскиот народ и да спроведат она што во суштина беше едногодишен државен удар, со цел да се обидат да го узурпираат претседателот од исполнување на мандатот што му го даде американскиот народ“, рече Габард.

Нејзините тврдења ги повтори и Трамп, кој ги објави нејзините интервјуа со „Фокс“ и неколку други за ова прашање на „Трут Сошнал“.

И во неделата, тој дополнително ги ескалираше работите со повторно објавување на видео генерирано од вештачка интелигенција на TikTok со наслов: „Никој не е над законот“. Во видеото се прикажани голем број демократски политичари, меѓу кои Обама, поранешниот претседател Џо Бајден и Ненси Пелоси, кои ја повторуваат фразата „никој не е над законот“.

Потоа се преминува на дигитално изменето видео од Трамп и Обама како седат заедно во Овалната соба. Со мелодијата на YMCA од Village People, Обама е зграбен од агенти на ФБИ, врзан со лисици и одведен.

Видеото завршува со Обама облечен во портокалово одело зад решетки. Габард објави документ од 114 страници за кој вели дека покажува дека администрацијата на Обама била свесна дека немало закана од Русија „директно“ манипулирање со гласањето во 2016 година.

Таа повика на истрага и евентуално кривично гонење на секој што учествувал – што би можело да ги вклучи поранешниот претседател и Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ.Документите открија внатрешни дискусии меѓу високи функционери на Обама за многу дебатираната улога на Русија на изборите во САД во 2016 година.

Иако многу од документите се сериозно редигирани или целосно затемнети, тие прикажуваат разговори меѓу омилените цели на Трамп, вклучувајќи го и поранешниот шеф на разузнавањето Џејмс Клапер, додека официјалните лица дебатираа како да ја опишат руската изборна активност.Документите открија дека „нема индикации за руска закана за директно манипулирање со самото броење на гласовите преку сајбер средства“.

Но, Габард вели дека документите покажуваат дека демократите одлучиле да го игнорираат ова – или дури и да го промовираат спротивниот наратив – за да се обидат да го соборат Трамп.