дома блог страница 413

Текст кој носи силна порака! Слушнете ја “Два метра под земја” од прилепските рапери Рибио и Дре (ВИДЕО)

“Два метра под земја” е насловот на новата песна и видео спот на прилепските рапери Рибио и Дре. Текст кој донекаде ја отсликува жалната реалност, навики и секојдневие во кое живееме, но носи и силна порака.

Музиката е на Андреј Јовановиќ, аранжманот на Томе Темелкоски, а текстот е дело на двајцата рапери.

Слушајте внимателно во продолжение:

Битола ја најави журката на летото во Македонија! На 3. август сите патишта ќе водат кон стадионот “Петар Милошевски”

Ова лето, на 3 август, Битола ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани во историјата на градот. На Градскиот стадион „Петар Милошевски“ ќе настапи светската музичка ѕвезда и еден од највлијателните DJ артисти на сите времиња – Армин ван Бурен.

Настанот, во организација на Авалон продукција, претставува културен и музички настан од меѓународно значење, со што Битола се вбројува на мапата на градови што се домаќини на артисти од највисока светска класа. Спектакуларното шоу на Армин ван Бурен, познато по својата уникатност и силна музичка и визуелна компонента, ќе понуди незаборавно доживување за сите посетители.

„И да, настапите на Армин се уникатни и од музички аспект (не само од визуелен) и тоа е тоа што го прави поразличен од сите други кои доаѓаат од индустријата на електронската музика и тоа што го става заедно со Massive Attack и Nick Cave не само како важен музички настан, туку и настан од значење за културата ова лето во Македонија“, велат од Авалон продукција.

Општина Битола обезбедува логистичка поддршка на настанот, кој се очекува да привлече бројна публика од цела Македонија и од регионот, особено за време на Илинденските празници. Со тоа, се создава дополнителен импулс за развојот на културниот туризам и афирмација на Битола како културен и туристички центар.

Сите детали околу продажбата на влезниците ќе бидат објавени од страна на организаторот – Авалон продукција, вечерва, на 9 јуни, во 21:00 часот.

Со гордост го најавуваме почетокот на BITOLA OPENAIR – ново културно поглавје во нашиот град, исполнето со музика, енергија и заедништво.

„Како до подобар Прилеп?“ – Со пополнување на прашалниците имате можност да се слушне Вашето мислење за иднинита на Прилеп

Општина Прилеп во координација со Министерството за транспорт  е во фаза на изработка на План за одржлива урбана мобилност (Susteinable Urban Mibility Plan – SUMP) , чии резултати во иднина ќе придонесат во подобрување на пристапноста,  промовирање на здравјето и безбедноста на граѓаните, поддршка на економскиот раст и ублажување на влијанијата врз животната средина.Сето ова ќе се постигне преку подобрување на патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и усвојување на иницијативи со ниска содржина на јаглерод, насочени кон намалување на емисиите и оптимизирање на протокот на сообраќај, што за градот Прилеп ќе биде од големо значење. 

За подобро идентификување и дефинирање на проблемите со кои се соочуваме во Прилеп,  Ве молиме да одвоите десетина минути од вашето време и да го пополните овој анкетен прашалник. 

Однапред Ви благодариме !! 

ЛИНК Анкетен прашалник 1

ЛИНК Анкетен прашалник 2

ИГРАЧ ОД ВЕВЧАНИ ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕН Е ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Играч од Вевчани ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка на Видеолотарија Касинос Австрија, ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ. Тој како најсреќен играч, ќе го вози фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ.

Овој викенд го донесе највозбудливиот момент- најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на Видеолотарија Касинос Австрија- Премиум џекпот е освоена. Играч од Вевчани, кој се забавувал на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија е среќникот кој ќе се вози со фантастичниот автомобил – МЕРЦЕДЕС АМГ.

Добивката ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ со фантастичниот автомобил -МЕРЦЕДЕС АМГ е освоена кај нашиот деловен соработник Клуб спорт 77, на 07.06.2025 во 19.37.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија на среќниот играч му ја честита добивката ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ.

Вкусни палачинки и одлична забава! Крајот на школската година денеска во Прилеп ќе се одбележи со популарната “Палачинкијада”

На камената бина во центарот на Прилеп, крајот на учебната година денеска ќе се одбележи со популарната „Палачинкијада“.

Општина Прилеп ги поканува сите ученици да дојдат пред Камена бина во 19:00часот. Ќе има вкусни палачинки и одлична забава со диџеј Oldschool Selector, и секако прогласување на првенците на генерации од прилепските училишта.

Дојдете со другарите, со празен стомак и добро расположение! Ајде да ја завршиме учебната година на највкусен и најзабавен начин!

Македонија беше дел од 77. Конгрес на Европската боксерска унија во Сараево (ФОТО)

Во периодот од 6 до 8 јуни, во хотелот Hills Ilidža во Сараево, успешно се одржа 77. Годишен Конгрес на Европската боксерска унија (EBU) — настан што ја обедини европската професионална боксерска сцена.

Организатор на Конгресот беше Сојузот за поддршка на професионалниот бокс на БиХ, предводен од претседателот Заим Нумановиќ. Благодарение на извонредната организација и традиционалното балканско гостопримство, Конгресот беше реализиран на високо ниво.

На настанот учествуваа 102 делегати од 42 земји, меѓу кои и Македонија, претставена преку “Про Бокс Македонија” со двајца свои претставници, Весна Чатлеска и Дарко Чатлески.

Клучни теми и одлуки:

Безбедноста на боксерите

Усвоена е иницијатива за воведување на унифицирани медицински прегледи за сите професионални боксери во Европа, со цел да се зголеми здравствената заштита и да се уедначат стандардите.

Борба против пиратските асоцијации:

Конгресот ја отвори важната тема за растечката појава на пиратски асоцијации и нерегуларни промотери. Договорено е заедничко делување за нивно идентификување и информирање на боксерите со цел да се спречи нивното учество на небезбедни настани.

Развој и организација на натпревари:

Споделени се најдобри практики за организирање на спектакуларни боксерски настани, со почитување на високите стандарди на професионалност и фер судење.

Нови членки на EBU:

На Конгресот беа примени две нови полноправни членки Албанија и Литванија ,со едногласна поддршка од страна делегатите на EBU.

Додека Словенија доби статус на привремена членка на Европската боксерска унија.

Одлука за следниот Конгрес:

Со едногласна поддршка, делегатите одлучија 78. Конгрес на Европската боксерска унија да се одржи во Тирана, Албанија во 2026 година.

На Конгресот беа доделени и најпрестижните годишни награди на EBU:

Шампионат на годината:
Weiss vs Molina

Шампион нагодината:
Sam Noakes

Женски шампион на годината :
Tania Alvarez

Промотер на годината:
Queensberry Promotions

Македонски придонес:
Македонската делегација од Про Бокс Македонија активно учествуваше во сите дискусии.

„Наш приоритет е безбедноста на боксерите и високото ниво на професионализам во натпреварите. Целосно ги поддржуваме иницијативите за унифицирани медицински прегледи и борба против пиратските асоцијации. Чест ни е што сме дел од овој заеднички европски процес“, изјавија од македонската делегација.

Конгресот во Сараево ја покажа јасната решеност на европската боксерска заедница за создавање на побезбедна, попрофесионална и пофер боксерска сцена. Македонија, преку активното учество на Про Бокс Македонија, продолжува да дава свој придонес во оваа заедничка визија.

Револуционерни промени во прилепската болница: Јоноски за прв пат раководеше со специфична операција на лакт, наредна недела ќе почне да се оперира и ‘рбет

За прв пат во Прилеп, а втор пат во Македонија, денеска на одделението за ортопедија и трауматологија при прилепската болница “Борка Талески”, се направи артропластика на главата на радиусот кај 37-годишен пациент, кај кој после скршеницата во предел на лактот имаше нефункционалност на зглобот, со ограничени движења и потешкотии во движењето на раката.

Операцијата која беше извршена под водство на д-р Кире Јоноски и д-р Игор Мерџаноски, како и помошниот медицински персонал, отвара ново поле за работа во болницата во Прилеп, со цел воведување на нови современи техники во третман на пациентите.

-Oперативниот тек помина уредно, пациентот се чувствува добро, функцијата на ракате е вратена по поставената протеза на радиусот. Тимот од ортопедско-трауматолошкото одделение се надева дека со континуирана едукација и воведување на вакви нови методи на лекување, во иднина ќе придонесеме за што поголем број задоволни пациенти, кои ќе можат да бидат третирани тука на нашиот оддел, а со цел да се избегнат дополнителните трошоци за пациентите, кои досега за ваква проблематика беа упатувани во клиниките во Скопје и во странски центи, истакна Д-р Кире Јоноски.

Од болницата информираат дека веќе наредната недела, во Прилеп за прв пат ќе се изврши операција на рбетен столб.

 

 

„БРОС“ СЛАВИ 4 ГОДИНИ – Викендов во Прилеп се спрема журка за паметење

Едно од најпрепознатливите места во Прилеп, Брос, овој викенд го одбележува својот 4-ти роденден со дводневна роденденска прослава која ветува незаборавна атмосфера, жива музика и вистински ноќен хаос.

Во изминатите четири години, „Брос“ се изгради како култно место за младите (и оние што се чувствуваат така), каде добрата храна, креативниот амбиент и енергичните викенд журки се рецепт за успешна приказна. Од street food мени до тематските забави и викенд настани – Брос стана повеќе од бар, тој стана симбол на новиот урбан дух во Прилеп.

🎉 Програмата за роденденот ќе биде со нашите најпознати прилепски артисти:

● Петок (13 јуни): На сцената ќе настапат The Hounds, бенд познат по својот моќен рок звук и неверојатна енергија во живо.

● Сабота (14 јуни): Ќе настапи електронското дуо Cyrillic, ветувајќи ноќ со моќен сет и незапирлива енергија.

„Не сакаме само да славиме роденден – сакаме да создадеме ноќ за паметење. Секој што некогаш влегол во Брос знае дека тука се живее моментот. Овој викенд е токму тоа – заеднички момент со сите наши луѓе,“ велат од тимот на Брос.

Почетокот е закажан во 21:00 часот и важи едно правило – сите се добредојдени, но местата се пополнуваат брзо.

Четири години, безброј приказни – Брос ве повикува на роденденска забава каде ќе се пее, ќе се пие и ќе се слави онаму каде што животот пулсира најсилно – во срцето на Прилеп.

Концерт на „Чалгија саунд систем“ во Прилеп

На 14 јуни 2025/ сабота/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“. Влезот за концертот е слободен.

Бендот Чалгија саунд систем постои од 2008 година со една цел: да истражува низ оставнината на македонската музика, да ги открие нејзините скриени тајни и звуци и да се вложи одржувајќи ја во добра форма македонската чалгија без да се изневери традицијата. Во таквото музицирање и растење, Чалгија саунд систем како да ја откри најважаната тајна која ја носи во себе чалгијата – а таа е одлепувањето од индивидуализмот и залепувањето за заедничкото убаво и добро.

Бендот првиот албум го објави во 2010 година со истоимен албум во кој беа без никакво двоумење отсвирени и отпеaни некои од најубавите македонски чалгиски песни.

Созревајќи, во 2019 год, бендот го издаде својот втор албум именувајќи го „Тихувај“ како провокација за авторски поглед на нова чалгија во која беа вметнати современи звуци.

Летото 2023 Чалгија саунд систем направи омаж на еден од последните охридски трубадури – Климе Садило изведувајќи ги неговите незаборавни виолински делници без никакви додавки или преаранжирања положувајќи го тестот на строгата охридска публика.

Чалгија саунд систем е бенд кој уште од почетокот наиде на одличен прием во Македонија остварувајќи со тоа огромен број концертни настапи насекаде.

Но Чалгија саунд систем ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот одржувајќи концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика на светот во Рудлштад, Германија каде во 2022 година ја делеше сцената со најголемите ѕвезди на балканските и светските простори, што од жанрот ворлд музика, што од рокенрол фелата.

Aко не сакаш само да штедиш за лекови во староста, оваа среда научи како и каде да инвестираш

Понеделник е – време е да си ја резервираш средата.

Само 2 дена до after-work на кој парите, финтекот и вистинските одговори ќе се сретнат на исто место.

„Во што да вложиш кога животот ти е инфлација?“
📍 Qworkingo – Coworking Space Bitola
🕔 11 јуни, 17:00 часот

Парите не остануваат долго ако не се вложат паметно.

Прашањето не е дали ќе заминат – туку каде прво одат.

А, која е технологијата зад тоа вложување? Што е финтек и како P2P го трасира патот за финтек-индустријата во Македонија?

Ако барем едно од овие прашања ти е нерешена енигма, сврати на after-work што не зборува со spreadsheets, туку со вистина и хумор.

Теодор Тодоровски од P2P ќе објасни каде и како да инвестираш – ако не сакаш само да штедиш за лекови во староста.

А потоа?

Краток курс за инвестирање. Долг after-taste.

Дегустација на одбрани вина и разговори што вредат.