дома блог страница 407

Ристовски и Јовчески ги покажаа фудбалските вештини на новото гимназиско игралиште (ФОТО)

Денеска во присуство на Министерот за спорт, Борко Ристовски, беше пуштено во употреба реконструираното фудбалско игралиште во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Ова игралиште кое е реконструирано според ФИФА стандардите ќе биде место каде учениците на прилепската гимназија ќе можат да спортуваат, да се дружат, да стекнуваат здрави навики и фер-плеј вредности.

-Проектот го реализираше Министерството за спорт, а како Локална самоуправа упатуваме голема благодарност до Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски за несебичната поддршка! Општина Прилеп и понатаму ќе продолжи да инвестира во младите, бидејќи тие инвестиции се инвестиции во иднината! Сигурен сум дека ова игралиште ќе биде од голема корист за сите ученици – истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

По пуштањето во употреба на игралишетото, Ристовски и Јовчески ги покажаа и фудбалските вештини во заеднички натпревар со учениците.

Среќен февруари со ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС Австрија им исплати на играчите 54.535.407 денари

Неверојатни 54.535..407  денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија им го исплати на играчите на видеолотариските терминали во февруари. Овој месец добивме нови 18 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници, 3 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, а дури 1879 играчи освоија МИНИ џекпот добивки.

Февруари беше месец на многу среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија заедно поделија фантастични 54.535..407 денари.

Тројца играчи на видеолотариските терминали освоија СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот и заедно поделија 18.748.954 денари. Првиот – СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 5.575.078 денари го освои К.Т. од Струмица на 06.02.2025.  Следниот среќен добитник на – СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот беше П.Ѓ од Битола. Тој на 14.02.2025. ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 6.604.025 денари. Скопјанецот А. Б го освои третиот СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот во февруари освојувајќи 6.569.851 денари. Интересно е да се сподели дека сите тројца среќни добитници играа иста игра, која им ја донесе среќата и среќната добивка, тоа е Брнинг Хот.

18 ВЛТ играчи во февруари стана среќни милионери, освојувајќи МИЛИОНЕР џекпот. Тие заедно поделија одлична сума од 27.338.708 денари.

Во февруари се радуваа и играчите кои освоија МИНИ џекпот и заедно поделија 8.447.745 денари. Видеолотарија Касинос Австрија со гордост споделува дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа.

Вистинската модна бајка за вашите најмали доаѓа во центарот на Прилеп! Познатиот моден бренд ја проширува својата дејност со бутик за деца

Прилепскиот моден бренд REPUBLIC со гордост ви го најавува дека ја проширува својата дејност со отварање на нов бутик за деца.

Во сабота прилепската чаршија ќе го добие REPUBLIC KIDS, место кое ќе понуди вистинска модна бајка за вашите најмали.

Бутикот се наоѓа отспротива на споменикот на Пеце Атанасовски и ќе биде уникатно урбано катче каде вашите најмали ќе можат да се облечат од глава до пети.

Сопствениците велат дека REPUBLIC KIDS ќе биде нивно милениче, место каде нивното височество – децата и нивните желби и потреби ќе бидат на прво место.

Во REPUBLIC KIDS ќе најдете буквално се’ за вашите најмили, од лежерна и секојдневна облека, до модерна гардероба за свечени моменти, родендени, излегувања… Вашите дечиња ќе блескаат во секоја пригода.

И да не останеме само на зборови, повелете на отварањето во сабота (08.03), проверете и уверете се! REPUBLIC KIDS ќе биде ваша главна дестинација за квалитетна облека за деца.

Николоски за Орбан: Пријателство кое трае со децении

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски по посетата на македонската делегација на Унгарија истакна дека унгарскиот премиер е голем поддржувач на Македонија.

-Со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, наш голем пријател и поддржувач на Македонија. Човек од кого има многу да се научи! Пријателство кое трае со децении, пишува Николоски.

Полицијата уапси две млади битолчанки – им пронашле дpoга

-На 03.03.2025 во 21.40 часот на ул.„Ѓорче Петров” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и К.С.(30), двете од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја.

По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Фатени двајца дрвокрадци со запрежни коли на патот кон прилепското вештачко езеро

-На 03.03.2025 во 19.00 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп од лицата Е.А.(35) и С.Ш.(29), двајцата од Прилеп, одзеле две запрежни коли кои биле натоверни со огревно дрво без документација.

Дрвната маса била предадена на Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на настанот, против лицата ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Ни мечката се спаси од Дранго, ни тој од Владата

Александар Шуковски ќе го замени Сашо Дранго како заменик директор во „Македонија пат“. Информацијата самиот ја сподели на друштвените мрежи. ТВ21 побара одговор од Влада, дали поради убивањето и сликањето со мечка Сашо Дранго е разрешен од функција, но до објавување на овој текст, одговор не добивме.

„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, В.Д. заменик Генерален Директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до Претседателот на Владата, Г-дин. Проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена“, напиша Шуковски.

За сашо Дранго имаше бурни реакции во јавноста откако тој на својот Фејсбук профил објави фотографија на која држи пушка покрај мртва мечка. Како што тогаш тврдеше, тој не ја застрелал мечката, туку таа била жртва на сообраќајна несреќа. Според неговите зборови, тој и неговите колеги од „Македонија пат“ ја тргнале од патот Битола-Ресен за да ја ослободат од сообраќајната опасност.

Дали во меѓувреме Дранго бил повикан на распит или не, не може да се дознае.

Последната изјава од премиерот Христијан Мицкоски беше дека не верува во приказната на Дранго за убиената мечка.

Постите?! Нема проблем, во “ПОРТА” имаат подготвено неодоливо и богато посно мени

Вашиот омилен локал во прилепската чаршија – “РЕСТОРАН ПОРТА” мисли на сите!

Со цел да излезе во пресрет на сите нивни ценети гости, тимот на ресторанот подготви неодоливо посно мени, кое ќе им се допадне на сите оние кои деновиве до Велигден ги поминуваат во пост.

А веруваме дека најголем дел од вас ќе се согласат и дека цените се пристапни за сечиј џеб. Одлична понуда на риба, тестенини, грилован зеленчук, посни додатоци, салати и популарното македонско ТАВЧЕ ГРАВЧЕ.

Кој рече дека вистински гурман и вљубеник во македонска храна, не може убаво да се нагости и со посна храна?

Уживајте во секој ден! “РЕСТОРАН ПОРТА” ве очекува!

Вака се прави! Kaj газда Мине во прилепско Десово, и оваа година лебот е бесплатен за месецот Рамазан

Празниците и кај христијаните и кај муслиманите не значат само да ја наполнете својата трпеза и да се нагостите со семејството. Религијата и кај едните и кај другите подучува да го споделуваме тоа што го имаме и да помагаме на оние на кои им е најпотребно.

Газда Мине Рамовиќ од село Десово го знае тоа, па затоа во месецот на Рамазан во неговиот маркет “Табако” и оваа година лебот ќе биде бесплатен за сите, и тоа во неограничени количини.

За таа цел сопствениците обезбедиле спонзори за секој ден до празникот Рамазан, па жителите од ова населено место можат бесплатно да ја подигнат оваа најнеопходна намирница.

Секоја чест и нека служи за пример за сите стопанственици, газди на маркети…од сите религии!

Николоски на средба со својот унгарски колега: “350 милиони евра од Унгарија ги насочивме кон општините за реализација на проекти”

Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме досeгашната соработка. Поддршката од Унгарија е значајна и за патот кон Европската Унија и верувам дека оваа наша соработка ќе биде добробит за македонскиот народ, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транпорт, Александар Николоски придружуван од министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, на денешната билатерална средба со својот колега, министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Средбата е дел од дводневната владина посета на Унгарија и одржување на македонско-унгарскиот самит. Во фокусот на средбата беа економските политики и инфраструктурниот развој на регионот.

-Македонија има силни инвестициони планови во модернизација на транспортната мрежа и во таа насока се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на транспортот во регионот посебно на европските коридори – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека Македонија е силно посветена на изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта и затоа огромна е важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект.

Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите.

Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

На средбата беа разменети мислења и ставови во делот на зголемување на билатералните и мултилатерални односи и стабилностa во регионот. Вицепрмеиерот Николоски изрази огромна благодарност за несебичноста на унгарската влада во подршката што ја овозможуваат за економско зајакнување на Македонија и за процесот на евроинтегративните процеси на земјата.

Тој истакна дека Македонија е силно посветена на европерспективите преку реформирање на значајни сегменти во судството, борбата против криминалот и корупцијата.

-Овие средби со нашите унгарски пријатели ќе донесат големи придобивки за Македонија и регионот. И веќе македонските граѓани ги чувствуваат тие придобивки. Алоциравме 100 милиони евра кон општините за нивeн развој токму преку финансиската поддршка од Унгарија, а оваа година веќе 250 милиони евра се ставени на располагање исто така за проекти во општините. Имаме одлични економски и билатерални односи со Унгарија, оваа година бележиме три децении од тие односи и сметам дека тоа е плод на заедничките политики. Ова е време кога се потребни силни пријатели, а Унгарија е силен партнер на Македонија и голем поддржувач во реализација на стратешките цели на земјата – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашата соработка, потенцирајќи дека унапредувањето на односите меѓу двете земји е активност на која ќе работат и двете влади.