дома блог страница 406

Koнцесионерите на спортскиот комплекс “Маркови Кули” од Прилеп му порачаа на министерот да си ги СМЕНИ СОВЕТНИЦИТЕ

Oткако при вчерашната посета на Прилеп, министерот за спорт Борко Ристовски, изјави дека на концесионерот на спортскиот комплекс “Маркови Кули” од поодамна му бил истечен договорот, денеска со реакција на социјалните мрежи се јави токму концесионерот.

-Ги поздравувамe напорите на Министерот за спорт да спроведе јавно приватно партнерство на Градски базент Прилеп НО И ДА СИ ГИ СМЕНИ СОВЕТНИЦИТЕ договорот на ,,Маркови Кули ” со Јавното претпријатие за спортски објекти не е истечен и е во сила уште многу години. Маркови Кули е спремен за Јавно приватно партнерство – напишаа концесионерите на ФБ.

Инаку Ристовски од Прилеп најава ставање во функција на двете спортски сали, Универзлна сала и сала “Македонија”, а истакна и дека Министерството ќе го земе под свое стопанисување спортскиот комплекс “Маркови Кули” и ќе бара начин преку јавно-приватно партнерство да го даде на инвеститор.

Последниот аплауз за Саша Поповиќ: Плачат пејачи, политичари, водители… (ВИДЕО)

Саша Поповиќ, креативниот директор на продукцијата „Гранд“, на 1 март на 70-годишна возраст ја загуби битката со страшната болест – ракот на желудникот.

Денеска беше погребан на Бежанијските гробишта во Белград.

На погребот му претходеше комеморативен собир, на кој присуствуваа стотици луѓе, меѓу кои и бројни јавни личности – соработници од светот на медиумите и телевизијата, пејачи, водители, актери, политичари…

По потресните говори следуваше громогласен аплауз за починатиот Поповиќ.

Видеото го објави телевизија Пинк

Сопругата на Премиерот готвеше за социјално загрозените во црковно-народната кујна во Лисиче

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, денеска се приклучи на тимот волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче, подготвувајќи оброци за социјално загрозените граѓани.

Мицкоска, заедно со другите волонтери од хуманитарната организација при Скопската православна епархија, учествуваше во готвењето и поделбата на храна за најранливите категории.

Црковната народна кујна „Свети Спас“, која работи под мотото „Вера… Надеж… Љубов… За сите!“, секојдневно обезбедува топли оброци за стотици граѓани во социјален ризик. Волонтерите и донациите од граѓаните и компаниите се клучни за нејзиното функционирање.

Овој хуманитарен ангажман на сопругата на премиерот доаѓа во време кога Владата најавува нови мерки за поддршка на социјално загрозените семејства.

Подарете со стил! Liquor Store Прилеп со неодолива понуда!

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store Prilep , е прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

А кога велиме се’ и сешто, навистина мислиме така. Вo Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, а љубителите на квалитетни тутунски производи, тука можат да си набават кубански, италијански и пури од разни други светски познати производители!

Во моментов вистински хит се сетовите на пијалоци со гратис уникатно слатко задоволство!

Подарете со стил!

Johnnie Walker Red Label 1L + GRATIS Lindt White
Jameson 1L + GRATIS Lindt White
Johnnie Walker Red Label 1L + GRATIS Merci Black & White
Jameson 1L + GRATIS Merci Black & White

*Количините се ограничени!

Осмомартовски концерт на ОКТЕТ ПРИЛЕП во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков”

Октетот Прилеп на 11 март/ вторник/ од 19.00 часот, во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи Осмомартовски концерт, кој стана веќе традиција и секоја година се одржува во чест на празникот на жената.

На програмата се извонредни староградски композиции кои се дел од богатиот репертоар на октетот низ годините.

„Душо моја прости ми“,
„Марие дилбер бела Марие“,
„Кате , Кате лично моме“,
„Дигни си Маре очите“
„Никнало цвеќе шарено“,
„Добро утро Прилеп мој“ и други.

Октетот Прилеп 30 години ја негува староградската песна и настапува на сите фестивали во земјата за староградска музика. Работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и годинава неговата дејност е поддржана и од Министерството за култура и туризам.

ВИДЕО кое буди носталгија! Вака се менуваше Прилеп едно време

Едно интересно видео за тоа како и колку се менувал Прилеп во периодот од 2005 до 2013 година.

Да се потсетиме и веднаш да заборавиме како изгледал центарот на градот, парковите, зеленилото, булеваритe…

Ќе се гради заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија, одобрен е грант од 2,4 милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Фатих Туркменоглу денеска го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце.

Договорот е дел од инвестицискиот пакет од 7,6 милиони евра за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија.

Проектот предвидува изградба на нова заедничка зграда за потребите на Граничната полиција, Царина и инспекциски служби на Македонија и Србија, како и реновирање на постојните објекти во Табановце.

Исто така предвидена е изградба и на нова патна и комунална инфраструктура. Според планираната динамика, проектот треба да биде имплементиран за две години. Оваа година се очекува да се избере изведувачот и да почне изградбата на заедничката железничка станица со придружните објекти.

Претходно Европската банка за обнова и развој за овој проект одобри заем од пет милиони евра и грант од 250 илјади евра.

– Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија. На овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави зашто ќе имаме ONE STOP SHOP и во железничкиот дел, кога се патува со воз. Се надевам дека ова ќе биде вовед кон повторно воспоставување редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград за што се потребни секако напори од двете страни. Се работи за проект во вредност од вкупно 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250 000 евра во делот на консултантски услуги и надзор. Сметаме дека еден од главните економски крвотоци на државата е токму Коридорот 10 што почнува на јужните пристаништа, Пиреа кај Атина и на солунското пристаниште и продолжува до Централна Европа, до државите како Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка. Очекуваме да се забрза движењето на добра и стоки во двата правци и за увоз во Европа, но и за извоз од Европа. Ова ќе значи нови работни места, зголемена економска активност и секако побрз транзит на патници и стока низ нашата држава, што секако ќе ја направи уште поатрактивна – истакна вицепремиерот Николоски.

Според Туркменоглу, овој проект е јасен доказ за континуираната поддршка на ЕБОР за напорите на земјава да ја подобри својата инфраструктура долж железничкиот Коридор 10.

– Целта е да се оптимизираат процедурите за поминување на границата со едно застанување со што ќе се зголеми ефикасноста и ќе се намали времето на чекање. Воспоставувањето заеднички граничен премин е клучна инвестиција за поттикнување на регионалниот раст и за подигнување на свеста за придобивките кои произлегуваат од цврсти железнички врски во Западен Балкан – напомена Туркменоглу.

Евроамбасадорот Михалис Рокас кој присуствуваше на потпишувањето, потенцира дека границата може да биде пречка, но и премин и отворена можност и ресурс.

– Целта на грантот е да се помогне да се искористи целосниот потенцијал на заедничкиот ганичен премин за полесно и поефикасно минување на луѓе и стоки. Ова ќе биде придобивка за цела Европа. Имајќи предвид дека двете земји покажаа политичка волја и желба за регионална интеграција и поврзување во рамки на ЕУ, Европската комисија го почна овој проект во 2014 година со вопоставување на платформата за поврзување, а денеска обезбедивме целосно финансирање. Сега Македонија ќе оствари придобивка од подобри капацитети преку создавање единствена железница и единствен граничен премин. На овој начин се обезбедува директна поддршка за напорите на земјата за унапреудвање на Коридорот 10, што ќе ги подобри и трговските врски. Во пракса ова ќе осигури намалување на времето за поминување и тоа ќе биде попривлечно и побезбедно. Сè додека Македонија не стане членка на ЕУ, ние сме посветени да помогнеме границата да ја претвориме во можност за развој и за побрз премин кон единстевниот пазар на ЕУ – рече Рокас.

Со Србија се склучени протоколи меѓу граничните полиции, царинските управи, железничките компании за инфраструктура и транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство.

Минималната плата ќе биде зголемена, но не се знае за колку

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак велат дека пари во Буџетот за оваа намена не се планирани. Се согласуваат со секое решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, но со целосно подмирени трошоци од страна на работодавачите.

Одлуката треба да биде донесена на Економско-социјалниот совет каде партиципираат трите социјални партнери, но засега не се знае кога ќе се одржи седницата. Во вторник, според најавите, на владина седница треба да бидат предложени тројцата членови во Комисијата за репрезентативност кои ќе треба да ја утврдат репрезентативноста на синдикатите.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите потврди дека во Буџетот нема пари за субвенционирање. За него е прифатливо секое решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, но со целосно подмирени трошоци од страна на работодавачите.

Коментирајќи го барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата, Мицкоски рече дека жали што синдикатор се претворил во гласноговорник на опозицијата.

– Жалам што Сојузот на синдикати на Македонија полека, но сигурно, се претвора во партиска бина или гласноговорник на коалицијата Левица, СДСМ и ДУИ и практично тоа што овие го говорат во Парламентот, тие го говорат на прес-конференции. Тие одбрале таков начин да функционираат. Жалам што во минатото изостана овој предлог. Тие мислат дека сега ќе го исцрпат Буџетот и дека ние ќе дадеме 100-200 милиони денари за нив нема за улици, градинки, училишта, канализации…, рече Мицкоски по посетата на општина Илинден.

И од ВМРО-ДПМНЕ го спорат легитимитетот на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, посочувајќи дека е избран на нелегален начин.

– СДС го постави Слободан Трендафилов на чело на ССМ. Тој молчеше додека на власт беа СДС, а сега глуми синдикалец. Слободан Трендафилов е избран за претседател на ССМ на еден крајно насилен начин, со изигрување на прописите, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

По ова со реакција се јави и претседателот на ССМ кој во објава на Фејсбук напиша дека ВМРО и СДСМ можат слободно да се обвинуваат меѓусебно, имајќи предвид дека и едните и другите кога биле на власт, биле против работниците.

– За едните бев портпарол на ВМРО, за другите сум портпарол на СДСМ, и нивната перцепција секогаш зависи од позицијата во која се наоѓаат, односно дали се на власт или се во опозиција. ССМ работи за работниците, а ВМРО и СДСМ можат слободно да се обвинуваат меѓусебно, имајќи во предвид дека и едните и другите кога беа на власт беа и се против работниците. Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба, напиша Трендафилов.

ССМ во понеделникот побара зголемување на минималната плата од 6000 денари со што таа би достигнала до 30.000 денари, а работодавачите една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно придонесите да ги субвенционира државата.

Според претседателот на ССМ, созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар. Секој глас против зголемување на платите, како што истакна претседателот на ССМ, е глас за купување билет во еден правец и напуштање на државата

– Апелирам до Владата и работодавачите да го прифатат предлогот на ССМ, а пратениците, како што беа сложни за нивните патни трошоци, да гласаат за дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари што ќе значи и дополнително зголемување на сите остантати плати на работниците во Македонија. Ние не правиме упад во даночната политика, напротив. Со тоа што ќе добиеме зголемени плати нема да заминеме во банките за да ги штедиме тие средства што сме ги добиле како зголемување, туку со нив ќе ги купиме основните прехранбени производи кои се даночат со стапка од 5, 10, 15 или 18 отсто, рече Трендафилов на прес-конференција во понеделникот.

Tрета година по ред МАТАДОР Прилеп го доби највисокото признание од познатата светска фирма

Liqui Moly Македонија, како минатите две години, така и оваа, на дилерска средба ги претстави резулатите од работа на компанијата како независен дистрибутер за продуктите на германскиот производител.

За завршница на настанот им беа доделени плакети на најдобрите дистрибутери на Liqui Moly Македонија, а признанието за најдобар партнер, трета година по ред освои компанијата “Матадор” oд Прилеп.

Позната по производство на врвни лубриканти, компанијата Liqi Moly чие седиште е во Улм, Германија, со своите производи е присутна во дури 150 земји ширум светот и е синоним за квалитет, не само за лубриканти, туку и за сите други производи од нивниот асортиман.

Министерот со три ветувања во Прилеп: За Универзална сала, комплексот “Маркови Kули” и сала “Македонија”

Универзалната спортска сала во Прилеп за релативно кратко време ќе добие нов подолгорочен концесионер, со што оваа убавица повторно ќе блесне во познатиот сјај. Преговорите со Компанијата „Комфи Ангел“ веќе се во тек, а првичните проценки се дека реконструктивната инвестиција ќе чини околу половина милион евра, откри денеска во Прилеп, министерот за спорт Борко Ристовски – објави “АЛФА ТВ”.

„За да прескокнеме некои административни чекори за јас ја побарам Спортската сала која што е сега под ПУИГ да дојде кај мене, па повторно да ја давам на користење на Компанијата која што е заинтересирана – „Комфи Ангел“…ние направивме едно решение со кои ги скративме постапките. А тоа е – обавив разговор со директорот на ПУИГ на кого му се кажани насоките од Министерството и од Владата што треба да направи и ги споивме. Мислам дека тие веќе имаа два состаноци на кои што сега веќе меѓу нив ги договараат работите. А тоа е, Компанијата „Комфи Ангел“, заради користење на подолг период, да ја исреконстриура целата спортска сала и да им ја даде на користење“, изјави Борко Ристовски, министер за спорт.

Напоредно со овие активности, интензивно се работи и на средувањето на состојбите со Спортската сала „Македонија“, која со години освен што зјае празна, таа е и мета на немилосрдниот удар на времето, но и на вандалите.

„Оној момент кога ќе обезбедиме буџет, а мислам дека до крајот на годината ќе обезбедиме буџет, ќе го раскинеме договорот, ќе ја реконструираме и повторно ќе биде вратена на општина Прилеп на користење“, истакна министерот Ристовски.

Според Ристовски, Министерството и Влада работат и на трет голем спортски објект во Прилеп, а тоа е Спортскиот комплекс „Маркови Кули“ за кого на доскорешниот концесионер веќе од поодамна му бил истечен договорот. Па сега, Министерството ќе го земе под свое стопанисување и ќе бара начин преку јавно-приватно партнерство да го даде на инвеститор.

Инаку, денеска министерот Ристовски присусутвуваше на пуштањето во употреба на реконструираното спортско игралиште во прилепската Гимназија „Мирче Ацев“, а финансирано со 3 милиони денари од Министерството за спорт.

KAРОЛИНА ДУРЛО ЗА “АЛФА ТВ”