дома блог страница 405

BrainyBee – Нов стандард за дневна грижа и едукација на деца – НАСКОРО во Прилеп!

Наспроти ООУ „Кочо Рацин“, веднаш до продажниот салон на “Електро Опрема”, наскоро Прилеп ќе го добие BrainyBee – уникатен дневен и едукативен центар за деца од прво до петто одделение, кој ветува безбедност, квалитет и бесценето детско искуство.

Центарот ќе го водат млади, едуцирани педагози, кои со посветеност и ентузијазам ќе вложуваат неизмерна љубов и внимание во секое дете. Ги краси огромна енергија, ентузијазам и едвај чекаат да го пренесат сето она што го знаат на своите идни ученици.

Што ќе понуди BrainyBee и во што ќе се разликува од конкуренцијата во градот?

-Ќе го краси прекрасна работна и топла атмосфера, учениците ќе се чувствуваат како дома, опкружени со љубов, топлина и внимание какво што заслужуваат;

-Дечките ќе добиваат грижа и поддршка каква што заслужуваат;

-Домашните задачи ќе бидат задоволство, а не главоболка за вашите најмали, ќе добиваат беспрекорна стручна помош од вредни и стручни наставници и воспитувачи;

-Учениците со леснотија ќе се подготвуваат за тестови и ќе го разбираат школскиот материјал;

–BrainyBee ќе биде место со многу креативни работилници, игра, дружби…;

-Децата ќе стекнуваат нови другарства, ќе создаваат убави спомени и интелектуално ќе се развиваат и надополнуваат едни со други;

-Дневниот престој во цената вклучува и редовен вкусен и здрав оброк, како и превоз за учениците.

Наш совет е да побрзате и навреме да се јавите на телефонскиот број: 075 639 635, интересот е веќе голем, а тимот на BrainyBee нуди одличен попуст од 20% за сите уписи во јули и август.

The Doctors со tribute на “Нокаут” – четврток на Камена бина во центарот на Прилеп

The Doctors е прилепски рок бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 5 члена, меѓу кои: Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Филип Сотиров на ритам гитара и Марко Стојаноски на соло гитара.

Овој бенд изведува англиски рок, поп и рок-поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани, оддавајќи им почит на великаните кои ја
насочиле душата на рок музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.

Во рамките на овој културолошки проект “Од 0 до култура”, The Doctors овој четврток на Камена бина во центарот на Прилеп, свират трибјут на еден од најмаркантните бендови на македонската сцена – “НОКАУТ”.

Четврток (31.07), почеток 21.00ч, дојдете да се забавуваме!

 

Нови инвестиции во СОУ “Таки Даскалот” во Битола – Со 3 милиони денари значително ќе се подобрат условите за настава и работа (ФОТО)

На еден месец пред почетокот на новата учебна година, во општинското средно училиште „Таки Даскало“, активно се работи на подобрување на условите во училиштето. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на училиштето Ристо Грујовски, денес извршија увид на работните активности кои опфаќаат реконструкција на врати во училиштето во вкупна вредност од 1.613.650 денари и реконструкција на електрична инсталација во вкупна вредност од 1.434.202 денари.

Замената на старата столарија, вклучува демонтажа и отстранување на дрвени врати од училниците, изработка, транспорт и монтажа на дрвени врати, крила и каси со подконструкција од дрвена рамка, изработка, транспорт и монтажа на двокрилни и еднокрилни врати, како и вградување на материјал за завршна обработка на ѕидовите околу нововградените врати од двете страни со усогласување со боја и материјал како постоечката.

Реконструкцијата на електрична инсталација во училиштето, вклучува демонтажа на постоечка електрична опрема, набавка на нова и нејзино ставање во употреба.

Со оваа инвестиција во износ од околу 49.641 евра, значително се менуваат просторните услови во училиштето и се создава поубава средина за учениците и вработените во училиштето.

Градоначалникот Коњановски и директорот Грујовски, нагласија дека и во следниот период општината и училиштето во заедничка соработка и со поддршка од Министерството за образование, ќе продолжат да инвестираат како во однос на непречено одвивање на наставниот процес, така и во насока на обезбедување на нови можности за поттикнување на напредокот и спортскиот развој и на учениците.

Стојаноски: “Последниот бедем на одбраната на криминалот на СДСМ и ДУИ заминува во историјата”

Последниот бедем на одбраната на криминалот на СДСМ и ДУИ заминува во историјата – напиша на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, по објавената информација дека владеачката партија ќе ја поддржи интерпелацијата за државниот обвинител, Коцевски.

-Шансата е потрошена. Време е за правдата да ги стигне тие кои што се огрешиле пред законот. Последниот бедем на одбраната на криминалот на СДСМ и ДУИ заминува во историјата. Правда ќе има – стои во објавата на Стојаноски.

Пријателите во мака се познаваат! Седумчлена посада со хеликоптер од Чешка и 61 словенечки пожарникар со 18 возила доаѓаат на помош во Македонија

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување информира дека седумчлена посада со Блек Хок од Република Чешка ќе пристигне денес околу 18.00 часот на скопскиот аеродром.

Тимот од Словенија составен од 61 пожарникар со 18 возила ќе пристигне во Берово утре рано наутро, околу 5.00 часот.

Прилепчанец пронашол две бомби во дворот на семејната куќа

-На 28.07.2025 во 11.15 часот во ОВР Прилеп, Ж.Х.(65) од Прилеп пријавил дека во дворот од семејната куќа пронашол две експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал експлозивните направи и констатирал дека се работи за две рачни бомби. Извршен бил увид – информираат од МВР.

Каде и да се, Македонците во Албанија за овој ден се враќаат тука: Прекрасното светилиште на брегот на Преспанско езеро широко ги отвара портите за утрешниот празник (ФОТО)

Утре (30.07.) во манастирот Св. Марена, во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Албанија, традиционално се одбележува големиот христијански празник Св. Марена, или кај народот познат како Света Огнена Марина (Марија).

Голем број Македонци од околните населени места, но и од Македонија, како и иселеници во странство, и оваа година ќе бидат присутни во манастирот и заедно ќе празнуваат со македонска песна и оро.

Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука.

Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниту една работа”. Во народната традиција сочувани се примери на пожари или громови во во топлите празнични денови изгореле жито, сено и домовите на луѓето кои го прекршиле празникот и работеле на празникот на Свети Марина.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Погледнете дел од минатогодишните прослави во продолжение:

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: МИЦЕ АНЃЕЛКОСКИ ОД МАКЕДОНСКИ БРОД Е НОВ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.475.310 ДЕНАРИ

На видеолотариските терминали во Македонски Брод, Мице Анѓелкоски го освои Милионер џекпотот во износ од 1.475.310 денари!

Мице Анѓелкоски е најновиот милионер на Видеолотарија. Заедно со својот брат, ја посети Видеолотарија Касинос Австрија и ја сподели својата среќна ВЛТ приказна.

„Не очекував, ама се случи! Парите ќе ги поделам со брат ми – верувам дека ќе ни донесат среќа,“ ни раскажа Мице.

Од срце му честитаме! Нека оваа добивка му донесе уште повеќе радост, исполнети соништа и многу убави моменти со семејството!

Добивката вредна 1.475.310 денари е освоена на видеолотариските терминали во Спортлајф Трејд во Македонски Брод на 27.07.2025

Во периодот од 21 до 27 јули, играчите освоија вкупно 14.734.028 денари, меѓу кои:

🔸 1 добитник на Супер Милионер – 6.441.192 денари

🔸 4 добитници на Милионер – 6.252.412 денари

🔸 Добивки од Мини џекпоти – 2.040.424 денари

Забавата со ВЛТ продолжува. Кој ќе биде следниот среќен милионер?

Прилепчанката која со синот беше пријавена за исчезната сакала да ја премине границата – не се знае каде е детето

Полицијата откри дека 36-годишната жена од Прилеп, за која нејзиниот сопруг пријавил исчезнување на 25 јули, всушност се обидела да ја напушти државата само неколку часа подоцна на 26 јули, околу 4 часот изутрина, кога била фатена на граничниот премин Табановце при обид да излезе од Македонија.

Л.И. (36) од Прилеп, според пријавата на нејзиниот сопруг С.Ќ. (48), го напуштила семејниот дом уште на 18 јули заедно со нивниот 17-годишен син. Но, причините зошто сопругот го пријавил нивното исчезнување дури седум дена подоцна, остануваат нејасни, што дополнително ја зголемува мистеријата околу овој случај.

Иако жената е лоцирана при гранична проверка, засега нема информација од МВР каде се наоѓа нивниот малолетен син и дали тој бил со неа при обидот да ја напушти земјата. Истражителите се соочуваат со уште едно важно прашање, каде биле мајката и синот во периодот меѓу 18 и 26 јули, кога таа за последен пат видена и кога била запрена на граница.

Од Министерството за внатрешни работи засега не откриваат повеќе детали, освен дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на целиот случај.

Официјален почеток на изградбата на пречистителната станица за отпадни води за општина Битола

Во општина Битола, вчера беше одржан состанок, со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот за изградба на пречистителната
станица за отпадни води. Во присуство на претставници на Министерството за животна средина, Министерството за финансии, изведувачот на
пречистителната станица конзорциумот Лантаниа-Стентон градба-Карканиас, избраниот надзор- фирмата Ептиса, претставници на КЈП „Нискоградба“ и претставници на општинската администрација, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, посочи дека овој стратешки еколошки проект е многу значаен чекор кон заштитата на животната средина.

Основната цел на проектот е да се подобри инфраструктурата за собирање и третман на комунални отпадни води, во согласност со директивата за
третман на отпадни води и националниот закон. Според договорот, времетраењето на градба е 2 години и една година гарантен период.

Со помош на ЕУ, се гради одржлив систем за отпадни води за идните генерации, преку инвестирање во чиста вода и зелени решенија што ќе
обликуваат поздрава и поодржлива иднина.