дома блог страница 404

Maјка од Прилеп ги оставила трите деца од една, две и три години сами дома, ги пронашол дедото

-На 19.06.2025 во 01.40 часот во ОВР Прилеп, М.А.(50) од Прилеп пријавил дека на 18.06.2025 околу 22.00 часот во домот на неговата ќерка М.А., во кој вонбрачно живеела со С.А., а кој бил на работа во Охрид, ги пронашол сами нивните три деца на возраст од три, две и една година. Според пријавеното, тој ги земал децата во неговиот дом и се слушнал со неговата ќерка, која му кажала дека не можела да се грижи за децата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ново значително зголемување на цената на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305%, кај дизелот за 8,111%, кај екстра лесното масло за 7,554% и кај мазутот зголемувањето е за 5,146%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039%.

Од 20.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,928 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 40,928 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Мицкоски: Постои сериозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои по локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа таа ќе продолжи да постои по локалните избори.

-Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои серозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека СДСМ и Филипче се конструктурни во однос на евроинтегративниот процес.

Во врска изјавите дека Филипче по примерот на Зоран Заев, кодоши и ги поткопува државните интереси, Мицкоски истакна дека смета оти не треба подетално да навлегува во анализа каде го забележува предавничкиот, поданички и кодошки однос.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капац

-Мислам дека јавноста тоа го гледа јасно, не би одел чекор повеќе, тоа е позната стратегегија на СДСМ, тие мислат дека на таков начин повторно ќе добијат шанса да ја водат владата, но мислам дека прават стратешка погрешна комуникација, но тоа е нивна работа, нема да навлегувам во сето тоа, а што се однесува до неговите изјави за автократија во политката кога испраќате порака, ако таа порака не ја чувствуваат мнозинството граѓани тогаш таа порака за бадијала ја испраќате…Јас досега такво нешто немам ниту слушнато, ниту почувствувано, ниту имам намера така да се однесувам, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека кога се испраќаат стратешки зборови со клучни пораки, тоа треба да е барем во рамките на тоа што народот го чувствува, затоа што, како што рече, „вака излегува дека вие се служите само со политички ќорци“.

Во врска со обвинувањата на СДСМ за селективност во истрагата за пожарот во Кочани, како и за објавите на опозициската партија во врска со фирмата „Салтировски Консалтинг“ Мицкоски истакна дека тој ја разбира стратегијата на СДСМ и обидот преку некрофилија да добие политички поени.

-Што се однесува до суштината на истрагата не би коментирал, сега веќе има обвинеија, тоа е во рами на Јавното обвинителство, Владата, ниту кој било дел од неа не е поврзан со истрагата, која ја води Љупчо Коцевски, јавен обвинител кој со огромно мнозинство го избраа СДСМ и ДУИ, во тимот се и обвинители, кои во минатото не е тајна дека беа поддржани од СДСМ и ДУИ. Тука СДСМ повторно на некрофилски начин ја злоупотребува трагедијата и загубите на луѓето. Мислат дека така ќе профитираат, но мислам дека се лажат. Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде само уште еден доказ повеќе дека нема селективност, за разлика од случајот со Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс, кога до ден денес имаме привилегирани директни или индиректни актери во тој случај и јас навистина го повикувам Јавното обвинителство ревосно да се позанимава и со овие случаи, тие така рекоа, но како да ги подзаборавија, истакна Мицксоки.

Фатени дрвокрадци на две локации во Крушево

На 17.06.2025 на местото викано “Слива” и место викано “Чешма АРМ”, полициски службеници од ОВР Крушево, од лицето И.Д. од Крушево кој управувал возило “опел корса” со крушевски регистарски ознаки и лицето М.З. од Крушево, кој управувал патничко возило “југо” со крушевски регистарски ознаки, одзеле огревно дрво.

Дрвната маса била предадена на Шумската полиција, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОВАА САБОТА СИТЕ НА ТОПТАШ: Aдреналинско уживање кое не смее да се пропушти (ФОТО)

На 21. јуни АДРЕНАЛИНСКО УЖИВАЊЕ во Прилеп – за прв пат во Македонија Хард Ендуро клубот од градот под Марковите Кули, за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп организира “Хард ендуро трка – Топташ Родео 2025”.

На настанот се пријавени повеќе од 30 учесници, кои ќе се натпреваруваат на патеката, која организаторот “Хард Ендуро – Прилеп” ја подготви за овoј настан.

-Ги покануваме сите кои сакаат да гледаат ваков несекојдневен настан да дојдат во што поголем број. Настанот започнува во 9:00 часот наутро, а ќе трае до 18:00 часот, стои во поканата од организаторите кои имаат подготвено богата програма за целиот натпреварувачки ден.

Инаку, патеката се наоѓа од задната страна на месноста Топташ. Најлесно се стигнува по асфалтниот пат за манастирот Св. Димитрија – Селце, па се исклучувате на макадам патот за Топташ и стартот е на некои 200 метри од асфалтот. На влезот на макадам патот ќе има табла со логото на “Хард Ендуро Прилеп” oзначено со стрелка.

Подетални информации за настанот и за локацијата може да најдете на Фејсбук страната: Hard Enduro Prilep

Од клубот Хард Ендуро – Прилеп упатуваат посебна благодарност до сите, кои со својот допринос помогнаа да се одржи ваков настан за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп.

Благодарност до ПИ “Витаминка – Прилеп” АД, која обезбеди пакети со свои производи за сите натпреварувачи и организатори.

Благодарност до DONTI MOTO, од каде имаат најавено подароци за најдобрите на трката.

Благодарност до ЈКП “Водовод и канализација – Прилеп”, кои несебично помогнаа да се израмни патот и направи пристап за возила до стартот на патеката

Благодарност до “КДС Кабелнет” и “Греен Мобиле” кои обезбедија финансиска помош за одржување на настанот.

Кривична за 26-годишник: Со “БМВ” се обидел да прегази полициски службеници во прилепско Беровци

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници. Набргу бил фатен и лишен од слобода.

За секоја пофалба! 50 училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата на Република Македонија во денешното соопштение најави нов капитален проект со кои ќе бидат поставени фотоволтаични системи на околу педесетина училишта.

„Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.

Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливи извори за енергија.

Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес.

Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем.

Државата е на патот на промените.“

ФЕНОМЕНАЛНО: Гимназијалци oд Прилеп направија прекрасен музички видео запис за песната „Ми заплакало селото Ваташа“

Вчера, 18.06., во просториите на прилепската гимназија “Мирче Ацев”, беше промовиран музичкиот запис за песната „Ми заплакало селото Ваташа“. Пред бројна публика од професори, родители и други гости, учениците кои го осмислија и го создадоа видео-записот, во кратки црти ги запознаа присутните со историскиот настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, а потоа ги пренесоа своите искуства, проблеми, згоди и незгоди со кои се соочија во процесот на создавање на записот. На крајот на промоцијата премиерно беше емитуван видео записот, кој изнуди и некоја солза во публиката и кој на крајот беше награден со силен аплауз.

Видео записот е сниман на три локации и тоа во просториите на гимназијата, во манастирот „Св.Никола“ – Моклишко и на меморијалниот комплекс „Моклиште“ Ваташко – општина Кавадарци.

Записот не е класичен музички спот, туку претставува спој на музика и рецитирање придужено со соодветни визуелни ефекти и може да се вброи во категоријата „видео уметност“. Низ песната испреплетени се стиховите од песната „Цветови“ од Славко Јаневски .

Видео записот е целосен производ на учениците. Со скромни ресурси и голема желба и упорност записот го реализираа:

Софија Настоска – вокална интерпретација
Софија Оџаклиеска – рецитација
Евгенија Димитриовска – режија, идејно решение и камера
Софија Димитриеска – режија и идејно решение
Михаил Ѓорѓиески – камера и компјутерска видео обработка
Оркестрацијата е на проф д-р Татјана Ивановска
Организацијата и техничката реализација е на проф. Николче Богданоски
Соработник во подготовката на рецитацијата е проф. Дарко Ристески
Музиката е снимена во Студио Т.А

За учениците Евгенија Димитриовска, Софија Димитриеска и Михаил Ѓорѓиески ова е второ вакво искуство во училиштето. Овие ученици го сочинуваат „Гим Филм Тим“ и минатата година го реализираа документарниот филм „Најскапиот пат“ кој наиде на одличен прием во македонската и пошироката јавност.

Идејата за создавање на видео записот беше на ученичката од трета година Софија Настоска, која мотивот да ја испее оваа песна го добила од чувството на тага по трагедијата во Кочани и токму оваа песна во која се пее за 12 одземени млади животи ја поврзува со изгубените животи во несреќата во Кочани. Токму ним им ја посветува оваа песна.

Тимот кој го реализира видео записот ѝ искажува благодарност за целосната поддршка на директорката на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Весна Михаиловска.

 

Двајца прилепчани фрлиле кoкaин преку оградата во дворот на прилепскиот затвор

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(21) и С.Р.(23), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“.

Пријавените со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин, кој бил пронајден и одземен – информираат од МВР.

AДРЕНАЛИНСКО УЖИВАЊЕ ВО ПРИЛЕП: Викендов ќе се одржи првата “Топташ родео” трка

На 21. јуни АДРЕНАЛИНСКО УЖИВАЊЕ во Прилеп – за прв пат во Македонија Хард Ендуро клубот од градот под Марковите Кули, за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп организира “Хард ендуро трка – Топташ Родео 2025”.

На настанот се пријавени повеќе од 30 учесници, кои ќе се натпреваруваат на патеката, која организаторот “Хард Ендуро – Прилеп” ја подготви за овoј настан.

-Ги покануваме сите кои сакаат да гледаат ваков несекојдневен настан да дојдат во што поголем број. Настанот започнува во 9:00 часот наутро, а ќе трае до 18:00 часот, стои во поканата од организаторите кои имаат подготвено богата програма за целиот натпреварувачки ден.

Инаку, патеката се наоѓа од задната страна на месноста Топташ. Најлесно се стигнува по асфалтниот пат за манастирот Св. Димитрија – Селце, па се исклучувате на макадам патот за Топташ и стартот е на некои 200 метри од асфалтот. На влезот на макадам патот ќе има табла со логото на “Хард Ендуро Прилеп” oзначено со стрелка.

Подетални информации за настанот и за локацијата може да најдете на Фејсбук страната: Hard Enduro Prilep

Од клубот Хард Ендуро – Прилеп упатуваат посебна благодарност до сите, кои со својот допринос помогнаа да се одржи ваков настан за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп.

Благодарност до ПИ “Витаминка – Прилеп” АД, која обезбеди пакети со свои производи за сите натпреварувачи и организатори.

Благодарност до ЈКП “Водовод и канализација – Прилеп”, кои несебично помогнаа да се израмни патот и направи пристап за возила до стартот на патеката

Благодарност до “КДС Кабелнет” и “Греен Мобиле” кои обезбедија финансиска помош за одржување на настанот.