дома блог страница 403

ВИДЕОЛОТАРИЈА ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС

Видеолотарија Касинос Австрија и годинава со поддршка за Спортски игри Велес, овојпат како генерален спонзор.

Скопје, 2025 – Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство споделува дека и годинава ја препозна важноста на настанот за млади-Спортски игри Велес. Токму и затоа одлучивме да бидеме генерален спонзор, кој ја овозможи реализацијата на овогодинешното издание.

По четврти пат, во периодот од 03.06 до 07.06.2025, се одржа најновото издание на „Спортски игри Велес“ на неколку локации во градскиот парк. Годинава на спортските игри учествуваа повеќе од 660 млади спортисти, од кои 120 се меѓународни, со што настанот доби карактер на заедништво, културна соработка, спортска игра и тимски дух. Во рамки на настанот, учесниците се натпреваруваа во уличен баскет, фудбал, тенис, одбојка и текбол, за награден фонд од 1.000.000 денари.

Горди сме што како генерален спонзор, овозможивме одлични пет натпреварувачки денови, за сите млади луѓе кои беа дел од него. Спортски игри Велес и годинава покажа сериозност во организацијата, низ настаните кои изобилуваа со спорт, забава, тимска игра и фер натпревар. Повеќе од 25 илјади посетители беа дел од оваа убава спортска атмосфера која ги обедини младите во Велес.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

Николоски: СДСМ ќе освои помеѓу 0 и 3 градоначалници на локалните избори

Очекувам најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори и издвојување на уште поголема победа споредбено со изборите во 2021 година, истакна во гостувањето на “Само Интервју”, вицепремиерот Александар Николоски.

“Она што е важно и што со сигурност можам да го кажам е дека ќе имаме далеку подобар резултат од 2021, кога имавме одличен резултат, кога освоивме 42 општини. Сега очекувам бројката да е далеку повисока и не е нерално дека опозицијата ќе движи, зборувам за СДСМ, евентуално Левица, зависно дали ќе прават коалиција или не, затоа што има и таква опција, ќе движат помеѓу 0 и 3 градоначалници максимум”– истакна Николоски.

На прашање како е задоволен од реализираното во првата година од преземањето на власта, Николоски ги потенцираше трите големи ветувања дадени во предизборниот период пред граѓаните.

“Ние имавме три крупни изборни ветувања кои што ги реализиравме, првото е дека ДУИ ќе оди во опозиција и ДУИ е во опозиција. Второто ветување кое што го дадовме е дека нема да виткаме кичма пред Бугарија и не виткаме кичма пред Бугарија и третото ветување беше силен фокус на развој на економијата и првите резултати се гледаат. Имаме раст на БДП, индустриско производство, туризмот расте и очекувам уште подобри резултати во периодот кој што е пред нас”– рече заменик претседателот на Владата.

Битолско Крклино доби асфалтен пат до манастирот Св. Илија (ФОТО)

Главната сообраќајна артерија, која што ги поврзува улиците во битолското село Крклино со манастирот Св. Илија, е реконструирана со асфалт, кој опфаќа 1440 метри квадратни во должина од 480 метри – информираат од општина Битола.

Заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојкоски и секретарот на општина Битола Борче Димитровски, извршија увид во градежните работи на терен. Претходно, во селото се реконструираше дел од водоводната мрежа со нови приклучоци.

За реализација на овој проет се издвоени 3.210.426 денари од буџетот на општина Битола.

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.

Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од Буџетот кон ПИОМ годинава ќе изнесува некаде околу 50 милијарди и дека со предлог ребалансот се предвидуваат дополнително околу 2,5 милијарди.

Фондот за ПИОМ, посочи Кочоска, добива приливи по однос на придонесите кои што ги остварува буџетот и тие, иако поминуваат преку Буџет, директно се трансферираат во ПИОМ.

-Првата половина на годината имаше послаба реализација од она што ни е проектирано до крајот на годината, затоа што ние проектиравме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи ние немавме усогласување со минимална плата и понатаму растат платите и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонесите, така што, 2,5 милијарди се испланирани, но тоа е само резултат на тие ликвидносни недостатоци, што го има ПИОМ во насока на тоа колку тој остварува од сопствените приходи, појасни Кочоска.

Кочоска, исто така, потврди дека во предлог ребаланост на Буџетот има предвидено и зголемување на средствата за платите во јавниот сектор.

– Зборуваме за извршување на буџетот и ставката плати. Да, има зголемување. Најмногу тука ефектот е поради Министерството за внатрешни работи, кое што имаше покачување на платите од 10 проценти, а МВР во суштина брои и најголем број од администрацијата. Тие имаат околу 12 илјади вработени, појасни Кочоска.

За плати во јавниот сектор, Кочоска рече дека се некаде околу 800 милиони, од кои околу 600 милиони се за МВР.

АД Водостопанство: Проблемот со пукнатата цевка од хидросистемот во Прилеп ќе биде решен за неколку дена

Пукната цевка во хидросистемот кој го наводнува плодното Прилепско поле, е причина што повеќе од месец и пол огромни површини засадени со тутун се наоѓаат пред сушење.

Земјоделците изминатите недели мака мачат да ги спасат своите посеви. Работници од “Прилепско поле” деновиве работеа на санација на дефектот и истиот првично беше саниран, но проблемот одново се појави.

Утрово од АД ,,Водостопанство” Скопје, под чија надлежност е подружницата “Прилепско Поле” во Прилеп, ги известува сите водокорисници, дека во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интензивно се работи на дефектот на Главен цевковод ,, Лева падина ” Ф 700мм, на место викано ,,Сарика” и истиот ќе биде саниран за неколку дена со што ќе се воспостави нормално водоснабдување.

Николоски: Градски воз, еколошки автобуси и трамвај, три клучни проекти на кои работиме за Скопје

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на Скопје за значително подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, ова го потенцираше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само Интервју”.

-На помалата верзија за проектот градски воз работиме со сопствени средства, а подолгата верзија влегува во овој така наречен “британски проект”. Значи дел од брзата пруга ќе е и големата верзија на градски воз во Скопје. Во однос на вториот проект, замена на автобусите, еве ексклузивно да кажам, излезе повикот за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои што 80 ќе бидат за Скопје. И третата работа која што му треба на Скопје е дефинитивно трамвај. Ги направивме ли овие три работи, мислам дека најголем дел од загадувањето од возилата ќе се намали. Вториот е со загревањето, за тоа премиерот веќе најави една поамбициозна агенда, каде што ќе се обидеме да донесеме парно греење до најголем дел од домаќинствата, истакна Николоски.

И за новинарот Момироски фаворит во Прилеп е Марјан Ристески за градот да тргне напред

Во најновата петочна колумна, новинарот Зоран Момироски изнесе свои сознанија за моменталните состојби во најголемите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и можните кандидати кои ќе се најдат на избирачкото ливче на престојните локални избори во Прилеп.

-Предизборните негодувања, прогнозирања и ,,навивања,,кој да биде идниот градоначалник на Прилеп продолжуваат. Во СДСМ –Прилеп се’ уште чекаат ,,мој термин,, кај лидерот на партијата Венко Филипче. Како стојат работите според последните не официјални информации наводно Мики Крстев е најмалку заинтересиран за третман кај Филипче. Петра Лукароска ќе оди на ,,преглед,,ама кеифот како повеќе да и е за носител на предлог советничката листа, така што со висок процент на точност како кандидат за градоначалник ќе биде Кети Стевананџиоска. Овие Стевананџиоски се покажуваат и докажуваат како ,,големи дирекни и индирекни играчи,, и во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до кандидатурата за градоначалник од владеачката партија и таму работите стануваат појасни. Според мои не официјални информации НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ БРЗА РАЗРЕШНИЦА НА ОВА ПРАШАЊЕ. Скопје и Прилеп се оставени за последната тура за објавување на имињата на можните кандидати. Сега работите се појасни, бројот е сведен на двајца: МАРИЈАН РИСТЕСКИ И ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ. Ова врз основа на анкетите кои покажуваат појасна слика. Според анкетите Ристески води пред Проданоски и тоа создава голма дилема кај највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за носење на конечна одлука, пишува Момироски.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија, 80% oд граѓаните би можеле да бидат ослободени од вадење визи наскоро

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.

Со ова, како што изјави Николовски за телевизија Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот престој во Лондон.

– Многу сериозно разговараме за најмалку три категории да бидат ослободени од визи и тие три категории ќе се покријат околу 80 проценти. Се уште разговараме, рече Николовски.

Во однос на потпишаниот договор со Велика Британија и дали доколку се отвори прашањето за мигрантите, тоа ќе биде прифатено од наша страна, Николоски рече дека двете работи немаат врска.

– Нашиот став во однос на мигрантите е јасен и јасно ја кажавме нашата позиција. Не гледам дека тука нешто би се променило, нагласи Николоски.

Економско училиште во Прилеп – училиште што создава успех! За 100% зголемен бројот на пријавени ученици во првиот уписен рок (ФОТО)

Покажаниот интерес и порастот на бројот на пријавени ученици во СОЕПТУ Кузман Јосифоски – Питу е доказ дека младите сè повеќе го препознаваат економското училиште како место што нуди вистинско образование, практични знаења и солидна подготовка за сигурна иднина.
Овој тренд не е случаен – тој говори за квалитетот, насоките и визијата на училиштето. Младите денес не избираат повеќе само според локација или навика, туку според тоа што ќе добијат – знаење што се применува, струки што се барани и професии со перспектива.

Економската и правната струка, заедно со дигиталниот маркетинг и најновиот профил – техничар за туризам и анимација – претставуваат темел на модерното образование и одговор на реалните потреби на пазарот на труд. Тоа не се струки на моментален тренд, туку основни и трајни професионални патеки кои обезбедуваат стабилност, вработливост и постојан личен и професионален развој.

Економистите се суштински во процесите на анализа на пазари, креирање на економски политики и управување со финансии. Правниците и бизнис-администраторите обезбедуваат правна сигурност и ефикасно функционирање на институциите и организациите, нешто што е клучно за секое уредено и демократско општество.

Во дигиталната ера, дигиталниот маркетинг е незаменлив. Компаниите повеќе од кога било се потпираат на присуство на интернет, комуникација преку дигитални канали и изградба на силни брендови. Улогата на маркетерите кои се обучени за дигитален настап станува сè поважна и повредна.

Новата насока – техничар за туризам и анимација – е вистински погодок за ученици кои сакаат динамична, креативна и интернационална кариера. Туризмот и угостителството се меѓу најбрзо растечките индустрии, а соодветно образование во оваа област отвора врати ширум светот. Профилот вклучува обука за организирање настани, туристички водич, анимација, комуникација со гости и работење во хотелски и туристички капацитети. Оваа струка ги комбинира практичните вештини со креативноста и интеркултурната соработка.

Во Економското училиште не се учи само теорија. Се стекнуваат конкретни знаења и искуства од областа на економијата, правото, бизнисот, банкарството, маркетингот, менаџментот и туризмот. Учениците се обучуваат да размислуваат како лидери, да решаваат проблеми, критички да размислуваат и да се однесуваат како професионалци уште пред да дипломираат.

Со современи наставни програми, мотивирани наставници, вистинска практична настава и поддршка за секој ученик, СОЕПТУ Кузман Јосифоски – Питу станува симбол за квалитет и напредок. Тоа е училиште што расте со амбициите на учениците и им помага да ја изградат својата иднина.
Учениците избраа училиште што ги следи нивните цели и ги води кон успех. Од техничари до иноватори, од сонувачи до идни лидери – тие се подготвени да создаваат, твораат и менуваат.

Прилепчанец беше единствен Македонец на Олимпијада во Њујорк и се врати со ЗЛАТЕН МЕДАЛ (ФОТО)

Од 10.06 до 16.06.2025 во Њујорк, САД, се одржа престижното финале на „NEO Science Olympiad“ – меѓународен натпревар – Олимпијада, на кој учествуваат најпосветените натпреварувачи од целиот свет и надежни идни научници.

На овој голем светски натпревар по знаење, Прилеп имаше свој преставник кој дома се враќа со ЗЛАТЕН МЕДАЛ. Станува збор за гимназијалецот Георги Николоски, кој по којзнае кој пат покажа дека е огромен талент на кој треба сите како општество да се гордееме.

-Оваа година на овој настан зедоа учество повеќе од 550 натпреварувачи во повеќе категории. Особено значаен е фактот што јас ја имав шансата да учествувам и да ја претставувам Македонија во најдобро светло. Имено, во мојата категорија – природни науки (тест кој се состои со проблеми од областа на физиката, хемијата и биологијата), јас го освоив ПРВОТО место, закитувајќи се со златен медал. Помеѓу повеќе од 30 земји учеснички од целиот свет, и само еден и единствен натпреварувач од Македонија, на овој настан се докажа дека Македонија ѝ припаѓа на светската сцена и Македонија може да биде прва – напиша на својот ФБ профил ученикот од прилепската гимназија “Мирче Ацев”.

Георги упати благодарност до сите компании, организации и општина Прилеп, кои го поддржаа неговото патување во САД и без чија поддршка овој успех не би се случил:

-Оваа авантура беше остварена со огромната поддршка од страна на моите роднини, пријатели и пред се – родители. Дополнително сакам да им упатам едно масивно благодарам на општествено одговорните компании кои ме подджаа во овој подвиг и докажаа дека се сериозни околу развојот на нашето општество! Уште еднаш ви благодарам на:

ГенТерм (Gentherm, Gentherm-Prilep) – докажан глобален лидер во областа на автомобилската индустрија и долгогодишно реноме во Македонија;
Витаминка (Vitaminka) – со својот најпрепознатлив широк свет на вкусови, највпечатливи производи и врвни чоколади;

Фондација д-р Пановски – пример за успешност во фармацевската индустрија и пример за компанија која несебично поддржува стручен развој;

Пекара Антомос (Antomos, Antonio Grncheski) – дефиниција за врвен квалитет и најпосебен асортиман на пекарски производи;

Фондација Заев (Zoran Zaev) – претставителна компанија која е мотив за промовирање во странство и поттик на младите таленти;

Општина Прилеп (Општина Прилеп) – која уште еднаш ја покажува својата одлучност за развој на нашето општество и помош на учениците и студентите.

Нам ни останува да му честитаме за огромниот успех, да му посакаме уште многу медали и признанија во иднина и постојано да не’ прави горди како град и како нација.