-СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 17.07.2024 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на едно лице од Прилеп, при што е пронајдена и одземена марихуана и таблети, кои ги набавил од пријавениот. На 25.11.2024 при извршен преглед, кај пријавениот е пронајдена и одземена марихуана.
-На 26.06.2025 во 18.00 часот во ОВР Прилеп, 46-годишна жена пријавила дека околу 00.30 часот во домот во Прилеп, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кога ќе се спомне името Марјан Ристески, веднаш се будат спомени за златната ера на Прилеп. Како поранешен градоначалник, Ристески остана запаметен како визионер, лидер и човек кој несебично се залагаше за доброто на својот град и граѓаните. Со својата работа, иницијативи и храбри одлуки, тој постави нови стандарди во локалната самоуправа – не само во Прилеп, туку и на ниво на цела Македонија.
Неговите големи и долгорочни планови за развој на Прилеп, модернизација на инфраструктурата, поддршка за младите, културата и економскиот напредок остануваат запишани како пример за тоа како се води еден град.
Разгледувајќи ги плановите од 2017година, наидовме на еден куп одлично испланирани проекти кои и ден денес чекаат да го видат светлото на денот. Визијата на Ристески и тогашната локална самоуправа за градот под Марковите Кули се чини била широка. Се планирале паркови и инфраструктурни објекти во сите населби, па во продолжение ви пренесуваме дел од нив и прашуваме за ваше мислење – Дали после локалните избори годинава, прилепчани можат да се надеваат на реализација на овие проекти?
Изградба на модерен парк со фонтани, игралишта и пешачки патеки кај зградите во населбата “Бончејца”
Изградба на парк и уредување на простор во населбата “Варош”
Mузички парк во Врбеско маало
Парк за домашни миленици на Могила
Градска порта кај турската бања
Пешачки мост отспроти црквата Св. Преображение
Уредување на коритото на Градската Река
Ова се само мал дел од проектите кои ќе беа реализирани и денеска ќе го разубавуваа Прилеп. Секако денес приликите се променети, можеби и приоритетите, но факт е дека на Прилеп му недостигаат нови содржини.
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40% во однос на одлуката од 23.6.2025 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Со концерт на „Леб и сол“ во античкиот локалитет Хераклеја, синоќа беше отворено 17 издание на Битолското културно лето. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, потенцирајќи дека БИТ ФЕСТ е фестивал кој ја слави Битола како град на културата, уметноста и традицијата.
„Годинава сме особено горди што фестивалот продолжува да расте, што имаме добра програма и што заедно со уметниците, институциите, но и со секој од вас, ја негуваме убавината на уметноста, затоа што таа е најголемата вредност што можеме да ѝ ја даруваме на нашата Битола. Искрено им благодариме на сите кои вложуваат во културниот живот на нашиот град, особено на Министерството за култура и туризам за континуираната поддршка. Благодарение на ангажманот на бројни уметници, организации и културни институции, со задоволство најавуваме дека фестивалските настани ќе траат сè до 31 август. Но, Битола веќе пулсира во ритамот на уметноста – уште од првиот календарски летен ден и Празникот на музиката „Солстис“, а така ќе биде сè до септември, со бројни културни случувања. И оваа година, ќе имаме содржини проткаени во традиционалните манифестации кои се дел од нашата годишна програма за култура, како: Битола отворен град, Илинденски денови, Битолино, Локум фест, но и многу други настани поврзани со јубилеи на наши домашни изведувачи, како што е вечерашниот настан, настанот на Стефанија мјузик ворлд, групата Гром, но и музички спектакл од светски ранг како што ќе биде гостувањето на еден од највлијателните DJ артисти – Армин ван Бурен“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред публиката, по што следуваше концертот на „Леб и сол“, со кој групата го означи почетокот на БИТ ФЕСТ и ја започна турнејата по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на музичката сцена.
Културното лето во Битола има континуитет повеќе од 48 години. Од некогашните Хераклејски вечери, во 2006 година, организацијата на културното лето ја презема Општина Битола, а овој настан се трансформира во препознатливиот битолски фестивал — БИТ ФЕСТ, кој во текот на летниот период, значително го збогатува културниот живот во градот.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.
За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.
Општина Илинден денеска и утре е домаќин на Првиот Регионален саем за економски развој – „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“, што е одлична платформа за компаниите од нашата и околните општини кои ќе се претстават и ќе имаат можност за воспоставување на соработка, размена на искуства, деловно вмрежување, отворање нови можности и нови работни места.
-Овој саем претставува важна пресвртница за економскиот и општествениот развој на нашата општина и поширокиот регион, ова е конкретен чекор напред со која го потврдуваме капацитетот на Илинден како регионален економски центар, двигател на соработка и на промени – напиша градоначалникот на општината Александар Георгиевски.
Како претставник од Владата, на саемот присутен беше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој истакна дека организирањето на овој регионален саем за економски развој е одлична идеа и можност за поврзување на локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери, а со цел стимулирање на економскиот развој и создавање на нови можности за раст во општината и во државата.
Над 20 години искуство во угостителство е навистина долг период, кој со себе влече добро познавање на пулсот на чаршијата и на она што им треба на прилепчани. Ресторан “ПОРТА” од Прилеп и после две децении продолжува да им го нуди на прилепчани и на сите посители во Прилеп, НАЈДОБРОТО! Летото започна, а градот и чаршијата е исполнета со луѓе, ваше е навреме да резервирате и убаво да си го поминете престојниот викенд.
Овој петок (27.06) настапува дуото од Прилеп Никола и Зоран. Oдличниот вокал на Никола Димески е добро познат меѓу прилепчани, кои секогаш уживаат во неговите изведби.
Во сабота (28.06) одново се дружиме и уживаме со добро познатиот состав од Кавадарци – “Aкустико лајт бенд”. Kвартетот од Кавадарци како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.
Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!
Некогаш беше бисер на Прилеп, место каде се случувале најголемите прослави, свечености, каде доаѓале луѓе од цела Македонија, но и од голем број земји од соседството и од странство…
Денеска само стои немо, уништен, во руини, се што можело да се ограби е ограбено… И додека некогаш ексклузивниот хотел “ЛИПА” денеска го нагрдува целиот град, кај повозрасните се’ уште буди спомени, спомени за едно време кога се живеело безгрижно, растеретено, кога имало повеќе насмевки на лицата од луѓето, се сеќаваат на прекрасните игранки тука, на раскошните свадвени свечености, на музиката во викендите…
Сликата од хотелот е целосно грда, тој веќе стана засолниште за бездомници и веројатно за скоро овој објект би можел да стане и ризик по безбедноста.
Фотографиите се од главниот влез, каде можат да се видат душеци и лимена преграда, која пак беше ставена откако внатре беа откорнати сите кабли, сите инсталации и беше ограбено се’ што некогаш беше вредно и убаво.
Потрагата по 52-годишниот прилепчанец Коле Петрески, за жал заврши со трагичен исход. Лицето попладнево е пронајден починат, информираат неговите блиски на социјалните мрежи.
Потрагата по Петрески започна денеска, откако последен пат бил виден вчера утрото околу 08:00 часот.
Засега нема информации кои се причините за смртта.