дома блог страница 396

Инцидент во Кочани – Демолиран вториот локал на газдата на Пулс (ВИДЕО)

Револтирани граѓани претежно млади луѓе денеска го демолирале кафичот Класик, вториот локал на газдата на Пулс.

По спонтан собир на граѓани во центарот на Кочани група од стотина млади се упатила кон локалот и искршиле дел од инвентарот.

По откритието дека дискотеката Пулс работела без лиценца граѓаните биле револтирани по што се случил денешниот инцидент, велат граѓани на Кочани кои апелираат на смиреност.

Видеото на овој линк:

https://www.facebook.com/share/v/1BT1psMKqr/

Мицкоски: Нема да има милост за никој, нека биде од било која политичка партија!

Во 2024 година биле издадени само 12 лиценци за кабареа, можете да претпоставите колку клубови работат низ државата вели премиерот.

-Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата, а само 12 поседуват лиценци и тоа од тие не знаем кои се сеуште валидни бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, затоа што тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно е дека некој не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја сокрие криминалната работа која што ја правел изминативе години додека раководел со тaа институција, изјави Мицкоски.

Нема да има милост за никој, нека биде од било која политичка партија, ова е би рекол е масовно убиство кое што некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Концертот во „Пулс“ се одвивал на „диво“, најдени лицата барани по потерница

Лицата по кои се трагаше со потерница се обезбедени, посочи министерот Панче Тошковски на денешната прес-конференција. Повлечени се потерниците издадени вчера.

Во реон на тетовско се приведени повеќе лица, меѓу кои и еден поранешемн минситер, две лица се приведени од министерството за економија, при претреси кај нив се одземени парични средства и оружје.

-Утврдено е дека правното лице нема лиценца за работа, издавањето нејзино е од министерството за економија и во регистерот нема важечка лиценца. Сопственикот на „Пулс“ приложил фалсификувана лиценца при контрола од органите, изјави Тошковски.

13 лица се приведени во СВР Штип, меѓу нив и лица од државен пазарен инспекторат, едно лице од трудов инспекторат, сопственикот на објект, обезбедување, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот, посочи министерот.

Констатирани се низа неправилности во објектот – дискотеката не само што немала соодветна лиценца, работела во објект наменет за лесна индустрија, правила за ПП заштита се прекршени, само два ПП апарати имало за цел клуб, немало излезни врати за евакуација. Концертот се одвивал на диво, немало писмен договор меѓу изведувачите и сопственикот, ниту бил пријавен во МВР како настан.

На прашањето: Дали МВР требало да го обезбедува надвор настанот? Министерот соопшти дека не било известено за оддржување на таков настан и МВР нема обрска да врши обезбедување пред секој клуб.

МВР исто така беше прозвано за присуството на полициските службеници кои биле внатре во дискотеката ?Одговорот е дека МВР нема обрска да врши постојано обезбедување, се врши по барање од организатор за вакви анстани.

Вршена е контрола согласно акциски план, а полициските службеници влегле неколку минути пред да започне пожарот и полицискиот службеник кој беше обвинет дека требало да го прекине настанот е тој кој загинал затоа што помагал на лицата да ги изнесе од објектот, другите полициски службеници биле поблиску до излезот за среќа се преживеани.

Во однос на пиротехничките средства, дали МВР треба да издаде дозволи, согласно законот количината мора да се пријават во СВР за местото и објектот каде ќе се користат, но пријава до МВР немало. По завршување на увидот за питротехниката ќе и се соопшти на јавноста за типот на пиротехника. За жал ниедна власт не видела потреба за носење нов закон, кој ќе се донесе до крајот на оваа година.

Градоначалникот на Кочани Папазов си даде оставка поради морални причини

-Почитувани сограѓани,
Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани.
Оваа загуба е огромна!, објави Љупчо Папазов, Градоначалник на Општина Кочани.

„Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели.

Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна.
Барам од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани! Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за се’, како и за моите лични постапки.

Нема зборови што можат да ја опишат мојата болка! Но, во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме црлосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, го повикувам обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите.

За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење! Ова беа наши деца! Многумина, со право, забележаа зошто вчера не излегов во јавност цел ден. Но, тие што ме познаваат знаат колку сум скршен и како го доживувам ова што се случи. Тешко е, и тешко ќе го преживеам“, потенцира во објавата на својот фејсбук профил Папазов.

„Работев чесно и посветено целиот свој живот!

Никогаш не сум ни помислил дека вака ќе заврши и мојот ангажман, но сега се повлекувам од оваа функција, молејќи го Бога за душите на нашите деца, за нивните семејства и за народот на Македонија!“, додава Папазов.

(Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало

Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани животот го загубија најмалку 59 лица.

Меѓу загинатите е и момчето Виктор Јорданов од Кочани, кој како што споделуваат на социјалните мрежи, останало да
спасува настрадани во пожарот.

„Во моментот кога пламенот се закануваше да проголта се, Виктор Јорданов не се повлече. Тој застана храбро, исправен
пред стихијата, решен да спаси што повеќе животи, додека самиот остануваше зад сите.

Виктор, твоето срце престана да чука, но твоето дело ќе живее вечно. Почивај во мир, хероју„, стои во информацијата на социјалните мрежи, заедно со видео откако се случил пожарот.

Не сите херои носат наметки! Ова е возачот на амбулантата кој ненадејно почина по трагедијата

Утрово Кочани го разбуди уште една трагична вест. Почина Иле Гоцевски возачот на Итната медицинска помош кој вчера неуморно ги превезуваше повредените од трагедијата што се случи вчера рано утрото во дискотеката Пулс во која како последици на пожар загинаа 59 млади луѓе, а повеќе од 155 се повредени.

Колегите и вработените во Општата болница Кочани утрово се простуваат од Иле Гоцевски.

Гоцевски бил долгогодишен возач на возила во Итната помош во Кочани кој синоќа починал откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени од пожарот отишол дома да одмори, но не се разбудил.

Во трагедијата во Кочани животот го загуби и младиот кошаркар Петар Ивановски

Со голема тага ја примивме веста дека што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот.
Тагата е преголема, сочувство до семејството, објави КК Дино Баскет на својот профил на Фејсбук.

Помеѓу загинати во пожарот во дискотеката во Кочани се и 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров член на Шкупи, како и 18-годишниот голман Дамјан Таневски од Штип.

Во пожарот во Кочани ноќта сабота кон недела загинаа 59 лица, а 150 се повредени од кои дваесетина потешко.

Ребека: Состојбата на Панчо е влошена, моментално е на апарати

Драги и почитувани пријатели,

Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части,а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец,патриот,хуманитарен, уметник!

Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа,а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.

Панчо мил,Те молам не се предавај!!!!

Излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот и го загубил животот во пожарот во „Пулс“

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Како што пренесува српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на својот син.

Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.

47 ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО Неколку пациенти се на кислородна поддршка, но сите се во стабилна состојба

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека има информации за 4 до 5 пациенти кои се лекуваат во приватни болници, но дека тие се надвор од животна опасност.
Вечерва се очекува уште 4 пациенти да патуваат во Хрватска, а 15 други пациенти ќе бидат испратени со авион во Белград. Со тоа, вкупната бројка на повредени што ќе се лекуваат надвор од Македонија ќе достигне 47, најави министерот Таравари.

Тој потврди дека утре во Македонија ќе пристигнат специјалисти за изгореници од Израел, Белград и од Прага, кои ќе им помогнат на домашните медицински тимови.

– Неколку пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, но генерално сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Но, овие ситуации не се предвидливи. Засега велиме дека е стабилно, иако постои можност за развивање едеми и други компликации – посочи Таравари.

Тој додаде дека има информации за 4 до 5 пациенти кои се лекуваат во приватни болници, но и тие се надвор од животна опасност.