дома блог страница 398

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош

Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.

Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош.

Распределба на хоспитализираните пациенти:

Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:

Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со здравствените институции, внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега.

Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените.

Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош.

Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:

ГОБ 8 Септември – 071226764
Клинички центар – 070387115
СВ Наум Охридски – 075203026

СЕ БАРААТ ОВИЕ ЛИЦА кои биле во дискотеката во Кочани: Доколку имате информации контактирајте ги семејствата!

Десетици роднини на повредените во пожарот што ноќеска изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани се наоѓаат пред градската болница во Скопје „8 Септември“. Амбулантни возила постојано транспортираат  повредени а предмалку во правец на болницата се упати хеликоптер.  Дел од присутните не знаат дали нивните блиски се во оваа болница или на друго место. Неодамна министерот за здравство Арбен Таравари испрати допис до болниците од внатрешноста да не испраќаат пациенти во КАРИЛ зашто се реновира, по што ГОБ 8 Септември и градската болница во Скопје „Св. Наум Охриски“ го презедоа товарот. Трагедијата која се случи ноќеска вклучува стотина повредени лица, од кои 30 се во кочанската болница, 60 се препратени во Штипската клиничка болница, а потоа дел од нив се препраќани во Скопје. Се работи за претежно млади лица кои ноќеска биле на концерт на групата ДНК. Избил пожар во дискотеката со 1.500 присутни. Се споменува бројка од над 50 загинати.

Семејства на голем дел од лицата кои биле во дискотеката не можат да контактираат со нив.

Во продолжение лицата кои се бараат:

 

МВР официјално потврди: 51 лице загина во пожарот во Кочани и над 100 се повредени

Искри од пиротехника кои се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.

Министерот вели дека се приведени лица, со кои се одвива разговор за причините за пожарот.

– На 16.3.2025 околу 2:35 од страна на полициски службеник од ОВР Кочани кој во моментот постапувал по план за контрола на угостителски објекти во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Полициска станица Кочани е добиено информација дека во дискотеката избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата ДНК, изјави Тошковски.

Веднаш по добивање на информацијата, како што рече, дежурната служба во Полициската станица Кочани ги известила Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош, кои за краток временски период пристигнале на лице место и започнале со пружање на прва помош и евакуација на присутните.

Според првичните информации со кои располагаме, пожарот настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои што биле употребени за светлосни ефекти на концертот. Во моментот на активирање на т.н прскалки, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесно запалива материја, по што за многу краток период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ чад. За краток временски период на лице место пристигнати се служби од противпожарните служби и Итна медицинска помош од соседните градови кои се вклучиле во помош на повредените а веднаш се активирани хеликоптери на МВР кои се вклучиле во транспорт на повредените до скопските клиники, рече тој.

Додаде дека МВР со целиот капацитет ги презема сите неопходни мерки за расветлување на околностите и утврдување на одговорност за оваа трагедија.

 

ГРОЗОМОРНО: Прилепчанец имал експлицитни видеа и слики од порнографски материјал од деца- еве што правел 4 години

СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видео записи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца.

Од 2021 до 2025 година, пријавениот од социјални мрежи преземал слики од женски деца, креирал лажни женски профили и преку тие профили запознавал и започнувал комуникација со други деца, кои ги наведувал да си разменуваат слики и видеа со експлицитна содржина.

Изложба “Мотиви од Хераклеја” од Панде Петровски

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК ” Марко Цепенков” беше отворена изложбата “Мотиви од Хераклеја” од Панде Петровски,  која на љубителите на уметноста им нуди дела полни со спокој, благост, со отсјај од минатото.

Тоа се слики кои побудуваат чувства на вечност, го отсликуваат минатото  говорат за сегашноста.
Отворајќи ја изложбата, графичарот Владо Ѓорески посочи дека Панде Петровски има богат опус, со стилски широк дијапазон, од цртежи до суптилен енформел.
“Во делата за Хераклеја на Петровски го продолжува континуитетот  за духовно презентирање – рече Ѓорески.
Со оваа изложба Центарот ја започна обемната и богата програма од областа на визуелните уметности за 2025 година.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Н.М. ОД ПРОБИШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.400.427 ДЕНАРИ

НеделавајазаокружувамесосреќниВЛТвести.ИграчотН.М.одПробиштипјаосвои
најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 7. 400.427 денари. Неговата
среќнаиграеСуперхот,којана13.03.2025имујадонесесреќнатадобивка.Добивкатае
освоена на видеолотарските терминали кај нашиот деловен соработник Спортлајф Трејд во
Пробиштип.
Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство му честита на најновиот Супер милионер џекпот
добитник.Посакувамесорадостдауживавофантастичнатадобивка,закојасилноверуваме
дека ќе му донесе многу успех и убави моменти во иднина.
Совассподелувамеидекапрватанеделавомартитоаод03.03.2025до09.03.2025,беше
добитназаиграчитенавидеолотарискитетерминаликоизаедноподелијафантастични
15.390.904 денари. Во овие седум дена, го имавме и среќниот играч С.З од Гостивар, кој на
04.03.2025 ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 7.040.573
денари. Неделава имаме и 4 Милионер џекпот добитници кои заедно поделија 6.242.724 денари.
СупердобитнатаседмицајазаокружувамесоМиниџекпотдобивките,чијвкупенизносдостигна
2.107.607денари. Забавата со ВЛТ продолжува.

Кривична пријава против прилепчанец за „производство и дистрибуција на детска порнографија“

Кривична пријава против прилепчанец за „производство и дистрибуција на детска порнографија“

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видео записи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца. Од 2021 до 2025 година, пријавениот од социјални мрежи преземал слики од женски деца, креирал лажни женски профили и преку тие профили запознавал и започнувал комуникација со други деца, кои ги наведувал да си разменуваат слики и видеа со експлицитна содржина.

ЛЕТО ВО ПРОЛЕТ: Високи 29 степени во Скопје, утре ДОЖД

Необично високи температури за овој период од годината ја зафатија Македонија, а Скопје денеска е на чекор од поставување нов рекорд. Според метеоролозите, главниот град би можел да достигне речиси 30 степени Целзиусови – нешто што досега не е забележано во март.

Македонија денеска ќе ужива во сончево и топло време со мала до умерена облачност, но попладнето носи нестабилност во делови од земјата.

 

Ќе дува умерен, а на моменти и засилен јужен ветер, кој на одредени места може да достигне брзина од над 60 километри на час. Во попладневните и вечерните часови, северозападните делови на земјата ќе бидат под влијание на нестабилна воздушна маса, што може да предизвика краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималните утрински температури ќе се движат од 5 степени во Берово до 11 во Гевгелија, а максималните дневни од 20 во Маврово и 29 Целзиусови степени во Скопје.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 29 степени.

 

Времето во недела ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд и грмежи. На одредени места врнежите ќе бидат поинтензивни и краткотрајно во форма на невреме, проследени со силен ветер и електрични празнења.

Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец, што дополнително ќе придонесе за динамични временски услови.

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 17 степени до 25 степени.

Првиот работен ден од следната недела ќе донесе променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни врнежи, проследени со електрични празнења и силен ветер.

Висината на минималната плата останува отворено прашање

 

Економско-социјалниот совет до крајот на месецов треба да одржи седница на која би се разговарало за минималната плата и за колку таа би била зголемена. Според законското решение, зголемувањето би било околу 1.800 денари, а Сојузот на синдикати бара зголемување за 6.000 денари со оглед на трошоците на живот, а придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, една година да ги субвенционира Владата. Од Владата остануваат на ставот дека се согласуваат со решение што ќе го договорат работниците и работодавачите, но велат дека во Буџетот не се предвидени средства за оваа намена.

Од Министерството за економија велат дека мора прво Комисијата за репрезентативност да ја утврди репрезентативноста на синдикатите, а потоа да се закаже седница на Економско-социјалниот совет. Комисијата за репрезентативност беше формирана во вторникот и од неа се очекува да закаже седница за да ја утврди репрезентативноста.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека седница на Економско-социјалниот совет би можела да се одржи во втората половина од месецов, повторувајќи го притоа ставот дека како Влада ќе поддржат решение за минималната плата што ќе го договорат работниците и работодавачите.

– Секој оној договор што тие ќе го постигнат, ние како Влада ќе го поддржиме. Предлогот, којшто го слушнав од еден од претставниците на работниците, конкретно претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија се разликува од оној предлог од пред неколку месеци, кога оваа Влада беше избрана како Влада. Не почекаа ниту една недела да биде избрана излегоа со предлогот 400 евра минимална плата. Сега кога видоа дека законски ќе дојдеме до 400 евра се бара минимална плата од 500 евра. Еве јас велам ни 500 евра не се доволни, можеби треба 1.000, можеби треба 2.000 и тука немам никаква дилема. Јас апсолутно сум работник, како и сите други работници и сакам сите ние да имаме поголеми плати, рече Мицкоски.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар. Велат растот на цените е огромен и апелираат да почнат да се применуваат колективните договори со цел паралелно да растат и останатите плати.

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов вчера рече дека работниците очекуваа Владата да испорача брзи, ефективни и ефикасни решенија за зачувување и унапредување на животниот стандард.

Сеирџии не ни требаат, ни требаат партнери што ќе седнат со нас на маса и ќе разговараат за овие битни прашања, не ни трабаат луѓе кои само ќе не ислушаат, не ни требаат психијатри, туку луѓе кои ќе одлучуваат и кои ќе застант цврсто на тоа што ќе го одлучат во интерес на работниците. Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Ако едниот од партнерите во трипартитниот дијалог се изземе од процесот на демократија, очигледно смета дека не треба да има демократски процеси по одредени прашања во државата, рече Трендафилов.

ССМ очекува во најбрзо време Комисијата за репрезентативност да се состане и да ги разгледа нивните документи со што ќе биде потврдена репрезентативноста.

Сеирџии не ни требаат, ни требаат партнери што ќе седнат со нас на маса и ќе разговараат за овие битни прашања, не ни трабаат луѓе кои само ќе не ислушаат, не ни требаат психијатри, туку луѓе кои ќе одлучуваат и кои ќе застант цврсто на тоа што ќе го одлучат во интерес на работниците. Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Ако едниот од партнерите во трипартитниот дијалог се изземе од процесот на демократија, очигледно смета дека не треба да има демократски процеси по одредени прашања во државата, рече Трендафилов.

ССМ очекува во најбрзо време Комисијата за репрезентативност да се состане и да ги разгледа нивните документи со што ќе биде потврдена репрезентативноста.

Чекаме да излезе решението во Службен весник и да добиеме покана на која ќе ги образложиме списоците што ги имаме доставено до надлежното Министерство уште во декември минатата година. Нашите очекувања се дека овој позитивен сигнал што го направи Владата ќе резултира со брза и ефикасна работа на Комисијата која ќе овозможи донесување решенија за утврдување репрезентатиувност на ниво на територија за да може да се откочат трипартитните економско-социјални тела како Комисијата и ЕСС, за да може да се заокружи целиот процес особено со потребата од растот на минималната плата, но и да се откочи процесот на колективните преговарања и договарања, како и склучувањето на колективните договорои преку доделување репрезентативност во јавен и приватен сектор, а се разбира и на гранските синдикати, истакна Трендафилов.

Предлогот на ССМ е минималната плата да изнесува 30.000 денари, а работодавачите една година да бидат ослободени од плаќање на социјалните придонеси, односно нив да ги субвенционира државата. Доколку не се зголемат платите, ССМ најавува протести.

Во март треба да се изврши усогласување на минималната плата според утврдената методологија – 50 проценти од порастот на просечната нето плата за претходната година и 50 проценти од порастот на индексот на трошоците на живот објавени од Државниот завод за статистика. Според овие пресметки, минималната плата од март би требало да биде зголемена за околу 1.800 денари или да изнесува 24.400 денари, односно 400 евра.

Гимназијалците ја посетија “Витаминка”, најпознатиот македонски бренд

Според предвидениот план и програма за учениците од проектна активност по природни науки-хемија во учебната 2024/25 год учениците од III 6 и 7 клас при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп на 13.03.2025 год. беа во посета на хемиската лабораторија во ПИ Витаминка-Прилеп каде директорката за контрола на квалитетот на производи Натали Петреска заедно со стручните лица вработени во лабораторијата, ги запозна учениците со целта, формите и методите на испитување.

Воедно учениците имаа можност да бидат запознати и да учествуваат во сензорска анализа, темперирање, вискозност, гранулација и рефрактометрија на некои од производите од ПИ Витаминка, да дегустираат дел од производите и да прашаат се што ги интересира поврзано со анализите и технолошкиот процес во компанијата со што беа поттикнати на поголем интерес за хемијата не само како наставен предмет туку како избор за понатамошно образование и професија.

Организатор и раководител на оваа посета беше предметниот проф.Ружа Ангелеска