дома блог страница 395

77-годишен прилепчанец ограбен пред продавница во Прилеп

-На 28.06.2025 околу 23.30 часот во ОВР Прилеп, Н.С.(77) од Прилеп пријави дека пред продажен објект во Прилеп, едно лице со употреба на физичка сила му ја одзело чантата, во која имало пари, лични документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Водостопанство со соопштение: Дефектот на хидросистемот во прилепско е конечно саниран

Дефектот на хидросистемот кој повеќе од еден месец ги мачи земјоделците во Прилеп и прилепско е конечно саниран – информираат од АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле.

Во краткото соопштение до медиумите стои:

-АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле, ги известува сите водокорисници кои што се приклучени на мрежата на хидросистемот во делот кој што го опфаќа Лева падина, дека на 27.06.2025 година е отстранет дефектот на цевководот Ф 700 мм и е воспоставено нормално водоснабдување. Ви благодариме за разбирањето.

Прилепчанката Теодора Илиоска со најуспешен настап за Mакедонската репрезентација на ЕП Кадети – Скопје 2025

Заврши репрезентативниот настап на Европското првенство во џудо за кадети Скопје-2025.

Репрезентативката Теодора Илиоска -57 кг. член на Џудо клубот Сеишин – Прилеп, беше единствена од целата македонска репрезентација која прикажа најмногу, односно оствари две победи на ова големо и престижно натпреварување.

Имено во првото коло Теодора се бореше против Леа Болтванова (Словачка), каде оствари победа 10-0 со ипон. Потоа во второто коло се бореше против европската шампионка на ова првенство, Софија Пекки (Финска). од која загуби 0-10 со ипон и јуко.

Подоцна во репесажот против – Десара Ндоци (Албанија), повторно оствари победа 10-0 со ипон. На крајот во финалниот репесаж се бореше против– Катерина Каизер (Германија), од која загуби 0-10 со ипон.

Нејзината сестра Тамара Илиоска репрезентативка и член на Џудо Клубот Сеишин, во првото коло се бореше против Сидорела Додај (Косово), од која загуби 0-10 со ипон. Во репасажот се сретна со Ајсун Мамадова (Азербејџан), од која исто така загуби 0-10 со ипон.

Во екипна конкуренција (микс тимови), нашата репрезентација имаше неповолен ждреб, и во првото коло се бореше против европскиот шампион на ова натпреварување Франција, од која загубивме, додека во репесажот исто така загубивме против репрезентацијата на Грција, која заврши како петтопласирана.

Репрезентативката Теодора Илиоска во екипното натпреварување настапи во една повисока тежинска категорија – 63 кг. и тука покажа одлични борби, особено против противничката од Грција, каде се водеше една долга и неизвесна борба.

Стручниот тим од ЏК Сеишин Прилеп е задоволен од настапот на своите две членки, кои демонстрираа одлично џудо и рамноправно се носеа со противничките.

-Напорната и секојдневната континуирана работа и тренинг излезе на површина. Бидејќи станува збор за возрасна категорија кадетки почетна година и престојат уште дополнителни две во оваа категорија за двете џудистки, ова претставува дополнителен мотив за сите да се работи уште понапорно, да се акумулира поголемо бидејќи сме на чекор и до европски медал – велат од прилепскиот клуб.

РЕКОРДЕН МАЈ СО ВЛТ ДОБИВКИ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Фантастични 69.662.549 денари Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите во мај, за ВЛТ добивки. Среќните статистики од овој месец покажуваат: 4 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 21 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 2075 играчи кои освоија МИНИ џекпот добивки.

Мај руши рекорди со ВЛТ добивки и многу нови среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изминатиот месец заедно поделија фантастични 69.662.549 денари.

Четворица играчи на видеолотариските терминали, во мај ја освоија најпосакуваната добивка -СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот и заедно поделија 29.607.139 денари.

21 ВЛТ играч станаа среќни милионери, освојувајќи МИЛИОНЕР џекпот добивки. Тие заедно поделија одлична сума од 30.737.991 денари. Во мај се радуваа и играчите кои освоија МИНИ џекпот и заедно поделија 9.317.419 денари.

Видеолотарија Касинос Австрија со гордост споделува дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа.

Премиерот Мицкоски утре на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп.

-Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во 12:00 часот ќе присуствува на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп.

Предвидено е свое обраќање да има премиерот Мицкоски, информираат од прес службата на владата.

Прилеп не се шегува! Доаѓа прилепско засилување од ШПАНИЈА

Тимот на Прилеп влегува со големи амбиции во наредната сезона од ракометната Супер лига.

Дома се враќа Димитар Димитриоски, левото крило кој изминатите три сезони блескаше во дресот на Ваљадолид во Асобал лигата – дознава “24Ракомет”.

Името на прилепчанецот беше редовно во листата на стрелци за шпанската екипа, а неговите голови во многу наврати беа клучни за триумф.

Во својата кариера Димитриоски играше за Металург, со кој ја освои титулата во Купот на Македонија во 2019 година, а потоа две сезони ги бранеше бите на Вардар, со кој освои двојна круна пред да се пресели во Еурофарм Пелистер 2.

Со младинската репрезентација на Македонија играше на СП во 2017 година, а сениорскиот дрес го носеше на СП 2021 во Египет.

Суперталентираниот голман од Прилеп следната сезона ќе го брани голот на чаирчани

По неколкугодишните одлични изданија во различни екипи, младиот голман од Прилеп, Иван Николоски, се приклучи на поранешниот шампион на Македонија – екипата на Шкупи.

22-годишниот македонски голман на чаирчани им се приклучува со меѓународно искуство како поранешен член на младинската репрезентација У21.

Николоски е син на поранешниот репрезентативен голман Јане Николоски, а од Шкупи велат дека носи сигурност и квалитет меѓу стативите.

Во својата кариера Николоски беше дел од албански Поградец, Победа, Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Брегалница, Работнички и Дрита.

(ВИДЕО) Миле Талевски, губитникот од Прилеп, повторно прави револт во јавноста

Горди сме затоа што СДСМ заврши над 90% од овој капитален инфраструктурен проект. Станува збор за делница долга 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, која има огромно значење не само за Прилеп и прилепчани, туку и за целиот Пелагониски регион, истакна на денешната прес конференција единствениот пратеник на СДСМ од Прилеп и човек кој додека беше прв човек на партијата во градот под Марковите Кули, ги загуби сите можни избори.

Тој додаде дека во мандатот на СДСМ биле целосно завршени двата тунели со вредност од околу 6 милиони евра, биле асфалтирани 95% од трасата и изведени сите клучни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт и 1 галерија.

„Ова не е само пат, туку животна артерија за економијата, транспортот и безбедноста во регионот. Нашата работа зборува сама за себе“, додаде тој.

Во однос на активностите на актуелната власт, Талески беше јасен:

„Што направи ВМРО-ДПМНЕ за една цела година? Заврши само мал дел, санира едно свлечиште, постави бетон од 10 метри, дел од сигнализацијата и оградите. И потоа, секако, сликање пред камери и китење со туѓи перја“.

Тој подвлече дека, и покрај тоа, најважно е што патот конечно е завршен и достапен за граѓаните, и потсети на низа други проекти изведени во мандатот на СДСМ, како експресниот пат Градско–Дреново, обновата на делницата кај Плетвар, патот до езерото кај Прилеп, како и почетокот на автопатот Прилеп–Битола, дел од Коридорот 10д.

„СДСМ сериозно инвестираше во патната инфраструктура и ние ќе продолжиме по тој пат. Благодарност до сите градежници, инженери и проекти кои ја реализираа оваа важна делница“, истакна Талески на крајот.

Драма на Охридското Езеро: Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект, откако им се скршил дел од едрилицата

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош.

Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“.

Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект.

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јован Брмбески – еден од најпознатите интерпретатори на македонски народни песни од Прилеп

На 87-годишна возраст по кратко боледување почина Јован Брмбески, своевремено еден од најпознатите интерпретатори на народна музика од градот под Марковите Кули.

Македонската народна песна му беше дел од душата. Ја запеал првата песна на 13 години во живо, а во својата музичка кариера има снимено над 70 македонски бисери кои никогаш нема да исчезнат.

Брмбески работниот век го помина во Тутунскиот Комбинат, каде 40 години работеше како кафеготвач. Со КУД “Мирче Ацев” настапуваше низ Англија, Белгија, Шпанија, Австрија, Холандија, Чехословачка, Полска, Москва… и голем број други европски земји.

Покрај снимки за Радио Скопје, на грамофонски плочи се ставени десетици незаборавни песни за РТБ и за Југотон. Пеел со Нина Спирова, Захарица Вртаноска, Блага Петреска, Васка Илиева, Тале Огненоски, Пеце Атанасоски…

Има добиено стотици благодарници, признанија…

Погребот ќе се одржи на 29.06 на новите градски гробишта во Прилеп во 11:00 часот, а телото ќе биде изложено во капелата на гробиштата од 10 до 11 часот.

Нека почива во мир!