дома блог страница 39

Од домашно сирење до мед, вино и традиционални производи – Еве што се’ ќе може да се проба и купи во сабота кај Саат Кулата во Прилеп

Во сабота, 12 септември, платото кај Градскиот Саат во Прилеп ќе биде место каде што на едно место ќе се сретнат традицијата, домашните вкусови, локалните производители и приказните на луѓето кои со својот труд ги чуваат македонските корени.

Од 10 до 16 часот ќе се одржи осмото издание на традиционалниот настан „МЛЕКО 2026“, во организација на Slow Food, а Прилеп по петти пат ќе биде домаќин на оваа прекрасна манифестација.

Оваа година „МЛЕКО“ се одржува под мотото „Корени и трпеза – Руралната жена денес“, ставајќи го во фокусот трудот, знаењето и улогата на жената од руралните средини во зачувувањето на традиционалното производство и домашната храна.

Зашто зад секое домашно сирење, кашкавал, тегла мед, традиционален производ или рачно изработен предмет стои приказна. Приказна за семејство, за работа, за знаење кое се пренесува од генерација на генерација и за луѓе кои и денес веруваат дека од сопствената земја, сопствените раце и традиционалните рецепти може да се создаде квалитетен производ и иднина.

Токму затоа „МЛЕКО 2026“ не е само настан за дегустација, тоа е можност да се запознаат луѓето кои стојат зад производите, да се слушнат нивните приказни, да се пробаат автентични домашни вкусови и директно да се поддржат малите производители и семејните бизниси.

А оваа година, понудата ќе биде навистина разновидна.

На платото кај Градскиот Саат ќе се претстават неколку производители на МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ каде што посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат домашни млечни производи, сирења и специјалитети подготвени со традиционални рецепти.

ФАРМА ДИХОВО

ПРОИЗВОДИТЕ ОД ОВЧО МЛЕКО НА МАНДРА ОД ПАДИНИТЕ НА ПЕЛИСТЕР

ПРОИЗВОДИТЕ ОД КОЗАРСКАТА ФАРМА НА СЕМЕЈСТВОТО МИРЧЕСКИ ОД ПРИЛЕП

За љубителите на медот ќе има богата понуда пчелни производи, која ќе покаже колку богатство може да има во еден мал пчеларски производ.

ПЧЕЛАРНИК ГВЕРОСКИ

ПЧЕЛАРНИК ТАЛЕВСКИ

ПЧЕЛАРНИК ЃОРЃИОСКИ

ПРОИЗВОДИТЕ “ЗДРАВЈЕ ОД ПЧЕЛА” НА СЕМЕЈСТВОТО ТАЛЕСКИ ОД ПРИЛЕП

Неизбежен дел се и месните домшано произведени деликатеси…Па така, ни случајно немој да го одминете штандот на

ГАВРИЛОСКИ

За оние кои сакаат добро вино, настанот ќе понуди можност посетителите да се запознаат и да ги дегустираат производите од неколку домашни винарии и дестилерии.

ПРИЛЕПСКИОТ ЕЛИКСИР – ВИНАТА НА ВИНАРИЈА “САРИКА”

ДЕСТИЛЕРИЈА ЛЕЗЕТ

ЉУБОВНА РАКИЈА

Посебен дел од приказната ќе бидe понудата на домашна козметика, како и занаетчиските производи и ракотворби, со кои уште еднаш ќе се покаже дека македонското производство не е само храна, туку и традиција, умешност и креативност.

Ќе можете да си купите некој од производите на:

РАЧНИ ИЗРАБОТКИ “КОКА”

РАЧНО ИЗРАБОТЕН ДЕКОР “ЛОЛА”

ДОМАШНА КОЗМЕТИКА “МОНА”

Ова е само дел од шаренилото што ќе биде презентирано на платото пред Саат Кулата, ќе има уште повеќе. Затоа не заборавајте, сабота, 12 септември,  Градски Саат Прилеп, од 10 до 16 часот.

Дојдете, дегустирајте, купете домашно и поддржете ги луѓето кои со својот труд ја чуваат традицијата жива.

Зашто кога купуваме домашно, поддржуваме човек, семејство, традиција и иднина.

Во сабота, кај Градскиот Саат, ќе има што да се види, проба и почувствува!

 

 

Кузманоска распали: Талогот од општеството е несреќен поради економскиот раст

Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал од 2026 година е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото, оцени пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска.

Според неа, податоците покажуваат дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност, а не само на статистички показатели.

„Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност“, истакна Кузманоска.

Таа посочи дека во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите бележат раст од 16,5 проценти, додека извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти.

Особено значаен раст, како што нагласи, е забележан во градежништвото, кое бележи раст од 21,9 проценти. Преработувачката индустрија, пак, има раст од 4,1 процент.

„Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност“, рече Кузманоска.

Пратеничката посочи дека целта, според економската политика на власта, не е краткорочен резултат, туку создавање услови за одржлив раст и нова економска вредност.

„За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност“, истакна таа.

Кузманоска додаде дека фокусот и во периодот што следи ќе биде ставен на поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Според неа, крајната цел на ваквите економски движења треба да биде подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

„Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард“, рече Кузманоска.

Во својот настап таа упати и политичка порака до опозицијата, обвинувајќи ја дека не се радува на позитивните економски показатели.

„Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните“, порача Кузманоска.

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ? Во сабота Прилеп ќе биде во знакот на велосипедизмот – пријавете се на „Трофеј Прилеп“!

Прилеп во сабота ќе биде во знакот на велосипедизмот! На 12 септември ќе се одржи велосипедската трка „Трофеј Прилеп“, во организација на Велосипедскиот клуб „Херој“ од Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија.

На трката ќе учествуваат велосипедисти во повеќе категории – Сениори, Јуниори, Кадети, Мастерс, Жени, У-15, У-13 и ХОБИ, па на свое место ќе се најдат и искусните натпреварувачи и оние кои велосипедизмот го практикуваат рекреативно.

Трасата е кружна, со старт на Булевар „Гоце Делчев“ кај споменикот Александар III Македонски, а натпреварувачите ќе возат низ градските улици и повторно ќе се враќаат на стартно-целната позиција.

Во зависност од категоријата, ќе се возат од 5 до 20 круга, односно од 12 до 48 километри.

Пријавувањето трае до 11 септември, а заинтересираните можат да се пријават на [email protected].

За оние кои сакаат да се испробаат во велосипедски натпревар, ХОБИ категоријата е одлична можност. Се возат 15 круга, односно 36 километри, а трката е одлична можност за сите рекреативци и љубители на велосипедизмот кои сакаат да бидат дел од натпреварувачката атмосфера.

Стартовите се во 17:30 часот за У-13, У-15 и Кадети, во 18:15 часот за ХОБИ, а во 19:00 часот за Сениори, Јуниори, Мастерс и Жени.

Организаторите најавуваат спорт, дружење и забава за паметење, а најдобрите тројца во секоја категорија ќе бидат наградени.

Пријавете се, подгответе ги велосипедите и бидете дел од „Трофеј Прилеп“!

ЛИДЛ во Кавадарци ем гради маркети, ем донираше за кружен тек, и тоа европски по сите стандарди

Кавадарци доби ново инфраструктурно решение на Северен Булевар – кружен тек со вкупна површина од 5.300 квадратни метри, кој треба да придонесе за подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и пофункционална урбана средина.

Како што информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за реализацијата на проектот е обезбедена и донација од ЛИДЛ, компанијата која во Кавадарци истовремено инвестира во изградба на свои маркети.

„Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните“, наведува Јанчев.

Новиот кружен тек е уште еден чекор кон модернизирање на сообраќајната инфраструктура во Кавадарци и уредување на просторот според современи стандарди.

Премиерот Мицкоски утре на отворањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп

Од Владата известуваат дека утре (четврток, 10 септември 2026 година), со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на отворањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ (WIK) во ТИРЗ Прилеп.

Предвидено е изјава за медиумите да даде премиерот Мицкоски.

Мицкоски откри: Државата не плати ниту ДЕНАР за сите настани, вклучително и за концертот на Дејвид Гета

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле потрошени за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Од настапот на Стив Аоки, преку разни музички програми и настапи во повеќе градови низ земјава, до последниот концертот, на Дејвид Гета во Скопје, Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари.

-Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, клеветеа, лиферуваа лажни информации. Оставив сето она кое претставуваше посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент за граѓаните во тие градови. Буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат 0 денари. Слободно може да проверите на „Отворени финансии“ и ќе видите дека сето ова граѓаните ги чини нула денари. Се е организирано од општествено одговорни компании. Јас жалам што кај поединци Фројд работи, што мислат дека како тие би правеле, така и некој друг прави. Ова е Влада домаќинска, влада промакедонска која се грижи за граѓаните, пронародна и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот додаде дека како држава сме покажале дека знеме, можеме и умееме да направиме светско, а да се случува тука во Македонија.

Каратe клубот „Бонсаи“ од Прилеп со одлични резултати на Купот на Македонија: Осум медали и пласман на Светското првенство

Уште еден успешен настап зад себе имаат каратистите на Карате клубот „Бонсаи“ oд Прилеп, кои на 5 и 6 септември настапија на Купот на Македонија и постигнаа одлични резултати.

Под водство на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески, младите каратисти на „Бонсаи“ освоија вкупно осум медали, потврдувајќи ја својата посветеност, квалитет и континуирана работа.

Најголем успех оствари Катерина Јорданоски, која во јуниорска конкуренција го освои првото место во борби до 48 килограми. Со оваа победа, Катерина избори и пласман на Светското првенство во Полска, што претставува голем успех за неа, но и за клубот.

Марија Јорданоски се закити со сребрен медал во борби до 53 килограми во јуниорска конкуренција, а освои и бронза во ката поединечно.

Бронзени медали освоија и Јована Илиоска во категоријата U21 – ката индивидуално, Цвете Миланоска во кадетска конкуренција – ката индивидуално, Леонид Белески во кадетска конкуренција – борби до 52 килограми, како и Максим Петрески и Христијан Димески во кадетска конкуренција – ката индивидуално.

Со осум освоени медали, од кои еден златен, еден сребрен и шест бронзени, Карате клубот „Бонсаи“ уште еднаш покажа дека има сериозен потенцијал и дека вложувањето во младите спортисти носи резултати.

Особено радува успехот на Катерина Јорданоски, која со својата победа обезбеди настап на светската карате сцена во Полска.

Од клубот упатуваат честитки до сите натпреварувачи за постигнатите резултати, но и за трудот, дисциплината и посветеноста кои стојат зад секој освоен медал.

Битолчанка со нож си го нападнала таткото и му нанела рaceкотина

-На 08.09.2026 во 22:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода Г.И.(28) од Битола. Според пријавеното, Г.И. во семејниот дом со остар предмет го нападнала нејзиниот татко и му нанела расекотина. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Битола ќе го напаѓа врвот и во женскиот ракомет – Подготвена е нова ракометна платформа

Нова ракометна платформа меѓу Општина Битола и Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ наскоро треба да биде ставена пред советниците на разгледување и усвојување.

Договорот ќе се најде на првата наредна седница на Советот на Општина Битола, а неговата цел е да обезбеди поддршка за активностите, развојот и промоцијата на женскиот ракомет и спортот кај женската популација во општината.

Како што појаснуваат од општина Битола, платформата е насочена кон создавање подобри услови за развој на женскиот ракомет и поддршка на работата на ЖРК „Пелистер 2012“.

Од општината нагласуваат дека договорот кој ќе биде разгледуван од Советот не претставува основ за промена на капиталната структура на клубот, ниту, пак, подразбира припојување, преземање, поделба или каква било друга статусна промена на клубот.

За новата платформа денеска се разговараше на средба на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски со претставници на раководството на ЖРК „Пелистер 2012“ и ракометарките.

Со оваа иницијатива, Општина Битола најавува дополнителна институционална поддршка за женскиот ракомет и за развојот на младите ракометарки, со цел спортот да добие уште поголема афирмација во градот.

Прилеп не е само скара! Сакаш да пробаш нешто поразлично и неверојатно вкусно? Еве совршен предлог за денес

Во Прилеп добро знаеме каде се оди кога ќе ни се пријаде добра скара. Но, понекогаш е убаво да се проба и нешто поинакво, нешто што можеби на прв поглед изгледа едноставно, но кога ќе се подготви вака, станува вистинска гастрономска приказна.

Ако денес ви се јаде нешто топло, богато, вкусно и поразлично, нашиот предлог е добро познатото јадење од Kumpir House, голем печен компир кој се подготвува свежо и се полни со состојки по ваш избор.

А кога ќе видите како се приготвува… тешко дека ќе останете рамнодушни.

Печен компир, путер, кашкавал и богата комбинација по ваш вкус.

Целата приказна започнува со голем печен компир, кој по печењето се отвора и во неговата топла, мека внатрешност се додава путер, а потоа и кашкавал, кој се топи и ја прави основата уште покремаста и повкусна.

Следува најинтересниот дел – изборот на додатоци.

Во комбинацијата можете да изберете месо, како пилешко, сланина или туна, а потоа да додадете уште две состојки по ваш избор – од пченка, печурки, маслинки, пиперки и кисели краставички, до рукола, руска салата, сув кромид и други додатоци.

На крај, сето тоа се заокружува со сос по ваш вкус.

Резултатот е огромен, топол и неверојатно богат Kumpir, кој изгледа подеднакво добро колку што е вкусен.

A, aко досега не сте пробале Kumpir, едно нешто сигурно ќе ве изненади – големината на порцијата.

Во Kumpir House порциите се големи, богати и полни со додатоци, па не е реткост една порција да биде сосема доволна и за двајца добро да се најадат.

А за најмладите има и детска порција, па и тие можат да уживаат во ова поинакво јадење, прилагодено на нивниот вкус.

Покрај комбинацијата која ја гледате во видеото, во Kumpir House ве очекуваат и други вкусови и комбинации, меѓу кои едни од најбараните се Bestseller Kumpir и Bacon Kumpir, а можете и самите да си ја составите омилената порција.

Каде да го пробате?

Kumpir House се наоѓа спроти старата катна гаража, на потегот од поранешниот хотел „Скопје“, по пешачката патека.

Посетете ги, или нарачајте на тел.бр: 075 536 552

А доколку не сте во можност да дојдете до локалот, достапна е и достава низ Прилеп, со можност за нарачка преку Kart.

Прилеп можеби е познат по скарата, но убаво е понекогаш да пробаме нешто ново. А ако тоа „нешто ново“ е вака големо, богато и вкусно – уште подобро.

Kumpir House – направи го по твој мерак! 👑🥔