Кавадарци доби ново инфраструктурно решение на Северен Булевар – кружен тек со вкупна површина од 5.300 квадратни метри, кој треба да придонесе за подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и пофункционална урбана средина.
Како што информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за реализацијата на проектот е обезбедена и донација од ЛИДЛ, компанијата која во Кавадарци истовремено инвестира во изградба на свои маркети.
„Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните“, наведува Јанчев.
Новиот кружен тек е уште еден чекор кон модернизирање на сообраќајната инфраструктура во Кавадарци и уредување на просторот според современи стандарди.


























