Од домашно сирење до мед, вино и традиционални производи – Еве што се’ ќе може да се проба и купи во сабота кај Саат Кулата во Прилеп

Во сабота, 12 септември, платото кај Градскиот Саат во Прилеп ќе биде место каде што на едно место ќе се сретнат традицијата, домашните вкусови, локалните производители и приказните на луѓето кои со својот труд ги чуваат македонските корени.

Од 10 до 16 часот ќе се одржи осмото издание на традиционалниот настан „МЛЕКО 2026“, во организација на Slow Food, а Прилеп по петти пат ќе биде домаќин на оваа прекрасна манифестација.

Оваа година „МЛЕКО“ се одржува под мотото „Корени и трпеза – Руралната жена денес“, ставајќи го во фокусот трудот, знаењето и улогата на жената од руралните средини во зачувувањето на традиционалното производство и домашната храна.

Зашто зад секое домашно сирење, кашкавал, тегла мед, традиционален производ или рачно изработен предмет стои приказна. Приказна за семејство, за работа, за знаење кое се пренесува од генерација на генерација и за луѓе кои и денес веруваат дека од сопствената земја, сопствените раце и традиционалните рецепти може да се создаде квалитетен производ и иднина.

Токму затоа „МЛЕКО 2026“ не е само настан за дегустација, тоа е можност да се запознаат луѓето кои стојат зад производите, да се слушнат нивните приказни, да се пробаат автентични домашни вкусови и директно да се поддржат малите производители и семејните бизниси.

А оваа година, понудата ќе биде навистина разновидна.

На платото кај Градскиот Саат ќе се претстават неколку производители на МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ каде што посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат домашни млечни производи, сирења и специјалитети подготвени со традиционални рецепти.

ФАРМА ДИХОВО

ПРОИЗВОДИТЕ ОД ОВЧО МЛЕКО НА МАНДРА ОД ПАДИНИТЕ НА ПЕЛИСТЕР

ПРОИЗВОДИТЕ ОД КОЗАРСКАТА ФАРМА НА СЕМЕЈСТВОТО МИРЧЕСКИ ОД ПРИЛЕП

За љубителите на медот ќе има богата понуда пчелни производи, која ќе покаже колку богатство може да има во еден мал пчеларски производ.

ПЧЕЛАРНИК ГВЕРОСКИ

ПЧЕЛАРНИК ТАЛЕВСКИ

ПЧЕЛАРНИК ЃОРЃИОСКИ

ПРОИЗВОДИТЕ “ЗДРАВЈЕ ОД ПЧЕЛА” НА СЕМЕЈСТВОТО ТАЛЕСКИ ОД ПРИЛЕП

Неизбежен дел се и месните домшано произведени деликатеси…Па така, ни случајно немој да го одминете штандот на

ГАВРИЛОСКИ

За оние кои сакаат добро вино, настанот ќе понуди можност посетителите да се запознаат и да ги дегустираат производите од неколку домашни винарии и дестилерии.

ПРИЛЕПСКИОТ ЕЛИКСИР – ВИНАТА НА ВИНАРИЈА “САРИКА”

ДЕСТИЛЕРИЈА ЛЕЗЕТ

ЉУБОВНА РАКИЈА

Посебен дел од приказната ќе бидe понудата на домашна козметика, како и занаетчиските производи и ракотворби, со кои уште еднаш ќе се покаже дека македонското производство не е само храна, туку и традиција, умешност и креативност.

Ќе можете да си купите некој од производите на:

РАЧНИ ИЗРАБОТКИ “КОКА”

РАЧНО ИЗРАБОТЕН ДЕКОР “ЛОЛА”

ДОМАШНА КОЗМЕТИКА “МОНА”

Ова е само дел од шаренилото што ќе биде презентирано на платото пред Саат Кулата, ќе има уште повеќе. Затоа не заборавајте, сабота, 12 септември,  Градски Саат Прилеп, од 10 до 16 часот.

Дојдете, дегустирајте, купете домашно и поддржете ги луѓето кои со својот труд ја чуваат традицијата жива.

Зашто кога купуваме домашно, поддржуваме човек, семејство, традиција и иднина.

Во сабота, кај Градскиот Саат, ќе има што да се види, проба и почувствува!

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.