дома блог страница 38

Сите утакмици од турнирот “Миле Нешкоски” ќе се пренесуваат во живо нашиот портал

Вечерва во Прилеп започнува XI Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, традиционалната спортска манифестација посветена на една од најзначајните личности во прилепскиот и македонскиот ракомет.

Во наредните 4 дена спортската сала „Ристе Ристески – Ричко“ ќе биде местото каде шест екипи ќе се борат за престижниот трофеј, но и каде низ спортот повторно ќе се оживее споменот на Миле Нешкоски – човекот чие име со години е нераскинливо поврзано со ракометот во Прилеп.

Турнирот ќе започне со традиционалното положување цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски, како чин на почит кон ракометарот и спортскиот работник кој остави длабока трага во спортската историја на градот.

На теренот, пак, следуваат четири денови исполнети со квалитетен ракомет и голема борба. Екипите се поделени во две групи:

Група 1:
РК Прилеп
РК Мулти Есенс
РК Младост 1997 Богданци

Група 2:
РК Бутел Скопје
ГРК Тиквеш 2014
РК Еурофарм Пелистер 2

Денеска на програмата се два натпревари. Од 18:00 часот силите ќе ги одмерат РК Бутел Скопје и ГРК Тиквеш 2014, додека од 20:00 часот домаќинот РК Прилеп ќе го одигра првиот натпревар на турнирот против РК Мулти Есенс.

Натпреварите ќе можат да се следат во живо и на нашиот портал, па доколку не сте во можност да бидете во сала поради ограничениот број места, отворете Маркукуле и уживајте во ракометната магија.

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: M.T. ОД ПРИЛЕП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.687.144 ДЕНАРИ

М.Т. од Прилеп освои Супер милионер џекпот вреден 7.687.144 денари.

Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Спорлајф Трејд на 10.08.2026 година во Прилеп. Среќната игра е Фламинг хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот.

Во периодот од 10.08.2026 до 16.08.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 15.848.750 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:

•1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивка, исплатени 7.687.144 денари

• 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки, вкупно исплатени 6.365.742 денари

• МИНИ џекпот добивки, вкупно исплатени 1.795.864 денари

Само за потсетување, благодарение на летната промотивна кампања „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Во периодот од 8 јуни до 31 јули 2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати неверојатни 124.213.765 денари за ВЛТ џекпот добивки, или повеќе од два милиони евра.

Уште не сте ја посетиле AVRA? Eве ви совршена можност, 4 дена полни со коктел изненадувања

Уште не сте ја посетиле AVRA? Еве ви одлична можност!

Следните четири дена, од четврток до недела, AVRA ве очекува на целодневно уживање, со посебна коктел програма, различни вкусови, летна атмосфера и промотивни цени создадени за секој да може да ја почувствува магијата на локалот кој дефинитивно го обележа ова лето во Прилеп.

Секој ден носи нова коктел приказна, нови комбинации и ново расположение. Од елегантни мартини и свежи gin & tonic комбинации, преку италијански класици, па сè до освежителни sour коктели – четири различни концепти, четири различни вкусови и една AVRA атмосфера.

Идејата е едноставна, изберете го денот, изберете го вашиот коктел и уживајте во летото во AVRA, во кое било време од денот.

ЧЕТВРТОК, 20 АВГУСТ | MARTINI CLUB | 260 МКД

Четиридневното коктел уживање започнува со ден посветен на љубителите на мартини.

На менито се Red Martini, Peachy Martini, Pornstar Martini, Espresso Martini и Emerald Apple Martini.

Елегантни, впечатливи и со различни карактеристики, овие коктели се совршен избор за сите оние кои сакаат да го започнат AVRA викендот со нешто посебно.

Промотивна цена: 260 МКД

ПЕТОК, 21 АВГУСТ | GIN & TONIC | 230 МКД

Петокот носи свежи и ароматични комбинации, идеални за летно уживање во текот на целиот ден.

Од Mango Chilli и Strawberry, преку Basil & Lemon и Classic, па сè до Cucumber Elderflower и Pear & Rosemary, GIN & TONIC понудата носи по нешто за секој вкус.

Промотивна цена: 230 МКД

САБОТА, 22 АВГУСТ | ITALIAN RIVIERA | 250 МКД

Во сабота AVRA ве носи на италијанската ривиера!

Очекувајте ги Amalfi Cloud, Capri Breeze, Limoncello Spritz, Negroni, Hugo Spritz, Americano, Campari Spritz, Aperol Spritz, Negroni Sbagliato и Espresso Martini.

Медитерански дух, цитрусни ароми и препознатливи италијански коктел класици – совршена комбинација за опуштен летен ден во AVRA.

Промотивна цена: 250 МКД

НЕДЕЛА, 23 АВГУСТ | SOUR COCKTAILS | 230 МКД

Четиридневното уживање завршува со нешто свежо, киселкасто и неодоливо.

Изберете помеѓу Vodka Sour, Gin Sour, Whiskey Sour, Aperol Sour, Amaretto Sour и Tequila Sour и уживајте во поинаков начин да го заокружите летниот викенд.

Промотивна цена: 230 МКД

Четири дена, четири различни коктел концепти, десетици вкусови и една AVRA атмосфера.

Ако досега не сте ја посетиле AVRA, овие четири дена се совршена причина да ја запознаете. А ако веќе сте биле, знаете дека добрата приказна вреди да се повтори.

Резервации на телефонскиот број: 078 564 477

Изберете го вашиот ден, изберете го вашиот коктел и уживајте во летото, цел ден во AVRA.

Солидарност на дело: Конвој пожарникари од Скопје тргна да го спасува прилепско Мариово

Во моментите кога огнената стихија сериозно му се заканува на Мариово, помош пристигнува и од Скопје.

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргна кон прилепскиот регион, каде ќе се приклучи во гаснењето на големиот и исклучително ризичен пожар кој веќе подолго време беснее во Мариово.

Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, помошта е испратена на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го заштитиме секој човечки живот, секој дом и секоја педа од нашата татковина“, порача Ѓорѓиевски.

Тој им посака безбеден пат на пожарникарите кои заминуваат директно во огнената зона, со задача да помогнат во заштитата на луѓето, домовите, шумите и населените места.

„Бог да ги чува нашите херои, нивните колеги и сите луѓе кои деновиве се на првата линија во борбата со пожарите низ Македонија“, порача градоначалникот.

Пристигнувањето на дополнителни сили од Скопје е уште еден пример дека во борбата со огнената стихија солидарноста и заедништвото се најважни, особено во моментите кога Мариово се соочува со еден од најсериозните пожари во регионот.

Во полн ек е ликовната колонија “Дрен 2026” – Уметниците во Прилеп создаваат монументални скулптури

Ликовната колонија “Марко Цепенков -Дрен 2026″ што ја реализира НУЦК”Марко Цепенков” е во полн ек.

“Прилеп создава, поддржува и остава траги. Уметноста е дел од просторот, од нашиот идентитет и нашето културно наследство – вели Марјан Стојаноски, координатор на колонијата.

Творат уметниците: Озбек Ајваз, Никола Пијанманов, Емил Солески, Дамјан Ѓуров, Слободан Милошески, Славчо Павлески и Марјан Стојаноски, кои создаваат монументални скулптури за трајни уметнички интервенции!

НУЦК „Марко Цепенков“ колонијата ја реализира со поддршка на Општина Прилеп и Министерство за култура и туризам.

Се освети грозјето, верниците го преполнија храмот Св. Преображение во Прилеп

Православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Преображение Господово.

Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава.

Во црковниот храм Св. Преображение во Прилеп традиционално беше одбележана храмовата слава. Голем број верници го исполнија црковниот двор, запалија свеќа и се помолија за здравје.

Тропар на празникот:

“Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава, колку што можеа (да видат). По молитвите на Богородица и нас грешните да нé осветли Твојата вечна Светлина. Слава Тебе, Дарителу на Светлината.”

За многу години Празникот! Господ да им дарува здравје и спасение како на овогодинешните, така и на идните домаќини и на сите православни христијани!

Премиерот Мицкоски вечерва гостин во Дневникот на ТВ Сител

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе гостува во централниот Дневник на ТВ Сител.

Мицкоски преку објава на социјалните мрежи информираше дека неговото гостување ќе започне во 19:00 часот.

„Следете го моето гостување во Дневникот на ТВ Сител, во 19:00 часот“, напиша премиерот.

ОГРОМНА ШТЕТА! Семејство од Прилеп загуби 42 хектари со бадеми во пожарот во Мариово

Огромна материјална штета предизвика пожарот кој веќе трет ден беснее во Мариово, а според сведоштво на Даме Чкатроски, во огнената стихија целосно е уништена семејна плантажа од 42 хектари со бадеми.

Во својот Фејсбук статус, Чкатроски наведува дека пожарот во реонот на Крушевица и Чаниште избувнал во понеделникот околу 13:30 часот и дека, според неговите информации, досега не е ставен под контрола.

„Нашата плантажа од 42 хектари е веќе уништена“, пишува Чкатроски, додавајќи дека материјалната штета од пожарот е огромна.

Според неговото сведоштво, во пожарот досега изгореле и околу 20 куќи и придружни објекти, а огнената линија се проширила на повеќе од 30 километри.

Чкатроски посочува дека пожарот и понатаму се шири без контрола, и покрај напорите на прилепските пожарникари и локалното население, кои интервенираат со механизацијата и опремата што им се достапни.

Тој во статусот апелира Општина Прилеп да прогласи елементарна непогода, оценувајќи дека расположливата механизација е недоволна во однос на размерите на огнената стихија.

„Дадовме тоа што го имаме од механизација, но тоа е смешно спрема тоа што се случува“, наведува Чкатроски.

Според Чкатроски, постои опасност огнот да продолжи да се шири во правец кон Битола, Кавадарци и Прилеп, како и да ја премине Црна Река.

„Ова е најголема огнена стихија во овој момент во регионот“, стои во неговиот апел, во кој тој предупредува дека состојбата на терен е многу посериозна од информациите што досега се објавуваат во јавноста.

Пожарот во Мариово продолжува да претставува сериозна закана за селата, домовите, земјоделските насади и имотот на жителите, додека локалното население и пожарникарите продолжуваат со борбата со огнената стихија.

Пожарот кај мариовско Чаниште не е изгаснат, се шири итен апел: “Потребни се повеќе луѓе и средства”

Состојбата во Мариово е многу посериозна од она што во моментов се прикажува во јавноста, предупредуваат од селото Чаниште, каде пожарот продолжува да беснее и зад себе веќе остави огромна материјална штета.

На Фејсбук-страницата на село Чаниште информираат дека пожарот никогаш не бил целосно изгаснат и дека огнот и понатаму е активен. Според нивните информации, во селото веќе се зафатени голем број објекти, а околу 20 куќи изгореле.

Пожарот се проширил во правец кон Црна Река, додека огнената линија се шири и на горната страна од селото, кон Маргара и селото Крушевица.

Особено загрижувачки се информациите дека и во текот на ноќта на 18 август имало активни пожари и дека гореле куќи во селото.

„Ова не е време за потценување на опасноста. Потребни се итна реакција, што повеќе луѓе, противпожарни екипи, механизација, возила и друга неопходна опрема“, стои во апелот објавен на страницата на селото.

Жителите апелираат до сите надлежни институции, локалните власти, пожарникарите, доброволците и сите кои можат да помогнат, што побрзо да се мобилизираат сите расположливи сили и средства.

Мариово повторно се соочува со сериозна опасност од ширење на огнената стихија, а секој час е важен за да се спречи понатамошното уништување на селата, домовите и имотот и, пред сè, да се заштитат човечките животи.

„Потребни се што повеќе луѓе и средства – веднаш“, апелираат од Чаниште.

За многу години, денеска е Преображение Господово: Листовите почнуваат да жолтеат, а водата станува постудена

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мpтвa ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болka во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.

Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.