дома блог страница 384

Уметникот Милко Нестороски, синоќа пред прилепчани се претстави со изложбата “Сувенир” (Фото галерија)

Уметникот Милко Нестороски, синоќа пред прилепчани се претстави со изложбата “Сувенир”, на која се изложени дела изработени од природни предмети.

-Делата ги нареков сувенири будејќи претставуваат спомени од природата. Раскажуваат за изобилството на форми на природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја конзумира естетиката на масовно произведените предмети, па и сувенири – вели уметникот, кој живее и твори во Струга.

Им одржа лекција како се прави пица, и тоа во италијанската метропола: Македонец освои два медали на Светскиот пица шампионат

На светскиот пица шампионат што се одржа во Рим, Италија, кавадарчанецот Глигор Каров, како дел од македонската пица репрезентација освои два бронзени мeдали што претставува најголем успех досега за Македонија.

Глигор се натпреваруваше во две категории: римска пица и пица Наполетана Стг, која се смета за најтешка категорија.

Ова е голем успех за Глигор и за Македонија, бидејќи во главниот град на Италија успеа да влезе меѓу тројцата најдобри пица мајстори во светот, а на натпреварот учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи од целиот свет .

Да му посакаме среќа и мирна рака! Владимир Ѓорѓиески од Прилеп ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот билијард турнир во Естонија

Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески и репрезентативец на Македонија во билијард, е пред нов голем предизвик во кариерата.

Освојувачот на бронзениот медал од последното Европско првенство, ќе настапи најпрестижниот континентален самит кој ќе се одржи во Талин, Естонија, каде ќе се натпреварува во категорија на спортисти со хендикеп во сите три дисциплини.

„Да му посакаме многу среќа, мирна рака и голем успех на нашиот репрезентативец Владимир Ѓорѓиески, кој во период од 29.03 до 09.04, ќе се натпреварува со најдобрите играчи на најпрестижниот континентален самит кој ќе се одржи во Талин, Естонија. Уживај во играта и играј од срце за Македонија“, порачаа од Билијард федерацијата на Македонија.

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до четврток

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.

Eден куп нови проекти и инвестиции во СОТУ „ЃОРЃИ НАУМОВ“ Битола (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски денес, го посети средното техничко училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, каде заедно со директорката Жанета Сервини и вработените професори во училиштето разговараа околу инвестициите реализирани во училиштето во последниот период, со цел подобрување на условите за работа и подобрување на опременоста на училиштето.

Главна инвестиција во училиштето во последниот период е проектирањето и изведбата на фотонапонска централа.

Поконкретно, поставени се фотонапонски панели за производство на електрична енергија со инсталиран капацитет од 40kW на кровната површина од постоечкиот објект на училиштето, како и метео станица. Со оваа инвестиција ќе се намалат трошоците и ќе се придонесе за зголемување на енергетската ефикасност и за заштита на животната средина. Покрај централата, обезбеден е и едукативен фотонапонски панел за реализација на наставата по стручни предмети, како и ардуина комплети (Solar tracking learning kits) за спроведување на практични вежби од областа на енергетиката.

Дополнително, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование во последните неколку месеци значително е подобрена опременоста на училиштето со информатичка и видео опрема (компјутери, графички картички, камери, 3D принтер и сл.), како и со набавка на друга стручна опрема (фреквентен регулатор, термовизиска камера, тестер на соларни системи, повеќенаменски тестер на електрични инсталации, принтери). Поставен е и ламинат во наставничката канцеларија.

Во разговорот директорката и наставниците изразија голема благодарност до Општина Битола и до МОН за обезбедените средства за СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, со кои ќе се даде значаен придонес во образовниот процес, и ќе им се овозможи на учениците пристап до квалитетна практична настава.

„Обезбедената стручна опрема опфаќа и сензори, микроконтролери, шилдови и други електронски компоненти како што се RFID модули, ултразвучни сензори, релејни модули и многу други елементи кои ќе им овозможат на учениците да работат на современи проекти. Преку оваа поддршка, младите техничари ќе можат да стекнат драгоцено знаење и практични вештини, што ќе им помогне во нивниот понатамошен професионален развој. Како резултат на овие инвестиции во образованието на младите се и освоените први места на повеќе национални натпревари. Ваквата инвестиција е од непроценливо значење за иднината на стручното образование, за што сме длабоко благодарни“, истакна директорката на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола, Жанета Сервини.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината и во следниот период ќе овозможи поддршка на идните планови и активности, насочени кон создавање подобри можности за училиштето.

Новите попусти се тука! Погледнете го новиот ЖИТО ЛЕТОК, одлични цени! Посетете ги!

НОВ ЖИТО ЛЕТОК – ОДЛИЧНИ ПОНУДИ ДО 01.04.2025

Новите попусти се тука! Разгледајте го нашиот ЖИТО ЛЕТОК и искористете ги најдобрите понуди!

Посетете го најблискиот Жито Маркет и наполнете ја вашата кошничка со најдобрите зделки!

Жито Маркети, секогаш верни на вас!

Јовчески: Сите училиштата во Прилеп се безбедни, изречени се опомени на дел од угостителските објекти

Во име на Општина Прилеп и во мое име како градоначалник на Прилеп, сакам да ја информирам јавноста дека во изминатиот период беа спроведени засилени инспекциски надзори во повеќе сектори, со цел зголемување на безбедноста и заштитата на граѓаните, согласно актуелните случувања во државата – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на општината, Борче Јовчески.

“Во периодот од 4 февруари до 6 март 2025 година, од страна на овластениот просветен инспекторат беа извршени редовни инспекциски надзори во сите основни и средни училишта во Општина Прилеп. Согласно наодите, не се утврдени никакви неправилности во функционирањето на образовните установи, а училиштата ги исполнуваат сите пропишани стандарди за безбедност. Исто така, тековно се вршат проверки во сите детски градинки, а согласно информациите од училиштата, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно вршат контроли, при што сите пропишани мерки се почитуваат.

Паралелно со овие надзори, во периодот од 19 до 24 март 2025 година, комуналната и даночната инспекција на Општина Прилеп изврши вонредни инспекциски контроли во 24 угостителски објекти. На дел од субјектите им беа изречени опомени за понатамошно постапување согласно законските прописи, особено во делот на користење јавна површина, плаќање комунални такси и даноци, како и одржување на јавната чистота.

Дополнително, во периодот од 20 до 24 март 2025 година, овластениот инспектор за животна средина изврши контрола на повеќе правни субјекти. При надзорот беше утврдено дека истите поседуваат соодветни елаборати и програми за управување со отпад, со што се потврдува нивното усогласување со законските регулативи.

Како градоначалник, во координација со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), со колегите градоначалници и согласно препораките на Владата на Република Македонија, ќе продолжиме со координирано делување.

Наш приоритет останува безбедноста на сите наши сограѓани, создавање сигурни услови за работа, квалитетно образование за нашите деца и подобрување на квалитетот на живот за сите жители на Општина Прилеп.

Ги повикувам сите граѓани, институции и стопански субјекти да останеме одговорни и посветени на заедничката цел – безбедна и просперитетна заедница за сите”, напиша Јовчески.

Компанијата Кожувчанка ја лансира првата Апликација – Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Компанијата Кожувчанка повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!

Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите Со здравје користење.изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.

Како работи апликацијата?

Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.

А, ова се нејзините основни карактеристики:

  • Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!
  • Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.
  • Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем – апликацијата ќе ви испрати потсетување.
  • Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.

Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk

Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска продолжуваат да инвестираат во иновации кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност.

Прилепчанка заработи кривична пријава: Украла три картички и си пазарела кај ќе стигне

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.У.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Пријавената, од домот на едно лице украла три платежни картички и извршила вкупно 12 трансакции на различни локации – информираат од СВР Битола.

Градоначалник ја донираше платата за настраданите во Кочани

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа гостуваше во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани”, кадешто граѓаните можеа телефонски да донираат средства за настраданите сограѓани од пожарот во Кочани.

Во студиото на Канал 5 телевизија, Герасимовски порача дека во овие тешки денови мораме сите ние да бидеме заедно, сплотени и хумани, а политиката да ја тргнеме настрана. На прашање на новинарката дали општината има донирано, Герасимовски информираше дека Општина Центар донирала, но и тој самиот исто така ја донирал својата плата за настраданите.

„Во овие тешки моменти, во оваа болка со која сите ние се соочуваме да бидеме единствени, да бидеме сплотени, да не ги политизираме работите, да бидеме хумани и да помагаме на оние на коишто им е најпотребно во овој момент”, рече Герасимовски.

Тој истакна дека на Управниот одбор на ЗЕЛС се дискутирало на повеќе точки, меѓукои за подигнување на безбедноста и давање препораки на куќните совети во делот на хидрантите, на ПП апаратите и на заштитата на фасадите коишто се во лоша состојба.

„Дополнително, поразговаравме во делот и на урбаната опрема, угостителските објекти и сите оние услови коишто треба да ги исполнуваат. Направени се посебни комисии коишто ќе спремаат одредена, стандардизирана програма за урбана опрема којашто ќе биде единствена и ќе важи за сите општини во државата. Ја подигнавме безбедноста на нашите најмлади, на учениците во училиштата и децата во градинките. Можам слободно да кажам, родителите да бидат спокојни, нашите училишта и градинки се на највисоко безбедносно ниво и така ќе продолжиме во наредниот период. Во моментов имаме пациенти коишто се лекуваат, треба да најдеме начин сите заедно, сплотено да помогнеме на тие семејства, но и на семејства на трагично загинатите, да искочиме во пресрет на тие семејства”, изјави Герасимовски.