дома блог страница 3449

Силјановска од Прилеп упати порака до Заев: “Никој не е завидлив на заевизмот, сите го презираат” (Фото)

Кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Прф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, денеска беше во посета на Прилеп.

После средбата со повеќе граѓани низ прилепската Стара чаршија, таа се обрати преку Фејсбук:

“Бев во Прилеп, градот херој. Ме мотивираше да помислам дека нам ни требаат херои за борба за родова еднаквост. Не да маршираат само жени од СДСМ на Меѓународниот ден на женските права. Тој не смее да добие партиски предзнак.

Никој не смее да ги дели жените во нивната борба за еднаквост. Владата или партијата на власт најмалку треба да создава поделби и партизација на вредностите за кои генерации мажи и жени се бореле. Бидејќи не прозвале и не квалификувале дека сме завидливи да одговорам.

Да, господине Заев, Ви завидуваме.

Ви завидуваме како спиете навечер, а притоа да ја изгубите, продадете како суров трговец националната свест, да ги погазите коските на нашите предци. Ви завидуваме како се колнете во едно, а правите друго, и сеуште имате лице да одите на чело на поворка.

Ви завидуваме како може да се повикувате на оддржливи цели и родова еднаквост, а Владата која ја водите две години нема донесено акциски план ниту индикатори за мерење на оддржливите цели кои ќе одговараат на спецификите и состојбите во земјата, ниту сте испратиле претставник на состаноците во ОН на оваа тема. И запомнете никој не е завидлив на заевизмот. Сите го презираат заевизмот”, напиша Силјановска на Фејсбук после денешната посета на Прилеп.

Детскиот карневал одново ги воодушеви прилепчани: Креациите на најмалите и оваа година ги освоија сите симпатии (Фото)

Весело и разиграно, со насмевки и позитивна енергија каква што само најмладите знаат да емитуваат, помина вториот ден од „Прочка 2019“, каде децата и нивните наставници од прилепските основни училишта и градинките настапија со 15 групни и поединечни маски на традиционалниот “Детски карневал”.

Kaко и претходните години и оваа, најмалите се претставија со одлични креации и одново покажаа дека кога се работи со љубов и труд се создаваат ремек дела дури и од најмалите раце.

Тие се иднината на Прилепскиот карневал и даваат посебна убавина на оваа манифестација.

„Ние сме чувари на планетата земја“, „За чиста околина“, „Еколошка цветна пролет“, беа дел од маските со кои децата порачаа дека сите треба да се грижиме за животната средина. Инвентивноста на дечињата се покажа и преку прекрасните маски „Да си подадеме рака“, „Витаминки шејк“, „Деца на сонцето“ и преку другите маски со кои на прилепчани им го разубавија денот и го направија посебен детскиот карневал „Прочка 2019“.

Фото/prilep.gov.mk

(Фото+Видео) Можете ли да го препознаете? Фотографии на Трамп од средно: Бил успешен спортист, но никогаш нема да погодите што тренирал

Доналд Трамп во текот на неговиот живот бил успешен бизнисмен и милијардер, глобален бренд, ријалити ѕвезда и секако претседател на Америка.

Трамп бил и спортист и успешно играл безбол и фудбал.

(Видео) Новинарот Фуркан Салиу во свој стил! Го пронајде жолтото комбе додека Пендаровски зборуваше на бина (Видео)

Откако кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски изјави дека е следен од тајни служби нема крај на мајтапот кој граѓаните и јавноста го тераат со него поради трагрикомичната изјава.

Тоа го стори и новинарот Фуркан Салиу кој позади бината на која денеска во градскиот парк зборуваше Пендаровски го пронајде жолтото комбе на ,,тајните служби” па “го извести” и МВР.

-Пендаровски збори, позади бина жолто комбе!!!#МВР алоо0

Реал нуди 350 милиони евра за Нејмар: А кога ќе ја видите платата…

Boмбa! Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден трансфер и за 350 милиони евра да го доведе фудбалерот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар, пишува шпанскиот весник “Спорт”.

Со тоа, кралскиот клуб сака да го направи Нејмар најплатениот играч во светот со нето плата од 45 милиони евра, со што би го надминал Лео Меси.

Во Реал процениле дека доведувањето на Нејмар е реално, додека купувањето на Мбапе е невозможно.

Реал новиот тим од лето би требало да го гради околу Нејмар, а на оваа идеа дошле по очајната сезона и испаѓањето од Ајакс во осмина финалето од Лигата на шампионите.

Победникот Силјановска: “Никогаш нема да го употребам името Република Северна Македонија”

Како тоа комисии расправаат за историски личности, што да славиме заедно, запраша професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на емисијата 360 на телевизија АлсатМ.

Во контекст на сменетите имиња на институции и новите табли таа рече „нема да ги симнувам натписите, но јас никогаш сама нема да употребам Република Северна Македонија“.

Пресудата од Хашкиот суд која беше во полза на Македонија ја игнорираа политичари, ние сега, потенцираше Силјановска, зборуваме за задолжитено меѓународно право кое ако не е почитувано тогаш се е ништожно.

Обичаи и верувања за Прочка: Утре е големиот празник- направете го ова за радост во домот

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите и слично се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница.

Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. Во населените места посебен впечаток во вечерните часови на овој ден остава раздвиженоста на населението, кога многумина во групи брзаат да се простат со родителите, роднините, пријателите, а потоа да се најдат покрај богатата трпеза. Останало забележано дека и младите вљубени се проштевале на чешмата со по некој бакнеж, зашто за време на Велигденските пости и бакнувањето се сметало за грев.

Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен во други места памучен) кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Ефтим Спространов забележал дека во Охрид, во втората половина на минатиот век, целата ова недела по Прочка се викала Чиста недела и секој ден одделно: Чист понеделник, Чист вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода наезмо, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите. Овој строг пост трите дена по Прочка се вика Тримери,асамиот чин постење, односно гладување тримерење.

Во врска со овој празник се и карневалите што се одржуваат во Струмица и Прилеп. Празнувањата во Струмица се во врска со тримерските празнувања, кога се изведуваат богати обичаи за свршените.

Празникот Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите, како што се оние околу огновите, гатањата за среќа, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Домашно масло кое ги отстранува болките во грбот и зглобовите

Ако имате болки во пределот на грбот и зглобовите не посегнувајте веднаш по аналгетици, туку направете го овој домашен мелем.

Овој природен лек може да ви помогне да ги одржувате здравите зглобови во добра состојба или да ја намалите / да се ослободите болката која ја чувствувате.

Рецепт за болни зглобови и грб:

Ситно исецкајте 300-400 гр лук. Ставете го во тегла и прелијте го со 1л квалитетно нерафинирано билно масло (маслиново, сончогледово…), затворете го со капаче и оставете ја теглата во темна просторија на собна температура. Потребно е да отстои 2 седмици, но во тој период содржината во теглата треба да се протресува секојдневно. На крајот ќе добиете масло од лук, треба да го процедите низ 3-4 слоја газа или 2 пати низ ситна пластична цедалка.

Употреба:

Масирајте ги болните места со подготвеното масло, на пример долниот дел на грбот (крстот) во случај на остеохондроза, болки во грбот или во случај на артроза – болки во зглобовите на рацете или нозете.

Потоа, прекријте го местото со најлонска кеса и врз неа ставете ракавици (доколку се тоа зглобовите на рацете) или чорапи (ако станува збор за зглобовите на нозе).

Лукот ја подобрува циркулацијата на крвта кај болните зглобови, па со самото тоа помага во воспоставување на нивната функција. Терапијата со ова домашно масло би требало да ја практикувате околу 2 месеци. За секој случај, пред употреба на природни средства консултирајте се со вашиот лекар.

ИНCПИРАТИВНА ЉУБОВНА ПРИKАЗНА ОД БАЛКАНОТ: „Не ни се потpебни pаце за да се пpегpнуваме. Ние се гушkаме со срцето

Дејана Бачко и Суљо Керановиќ се инспиративен пар кој мотивира и одушевува со позитивната енергија. Дејана, која е родена бе3 раце, и Суљо, кој има една pака, наскоро ќе ја прослават првата годишнина од својата врска, а нивната љубовна приказна го освои Балканот.

„Не ни се потpебни pаце за да се прегрнуваме. Ние се гушkаме со сpцето“ – пишуваат тие во описот на неодолива заедничка фотографија.

24-годишната Дејана е позната како девојката со крилја, поради нејзиниот непокорлив дух и упорност. Таа денес е академски образована ликовна уметница и слика со помош на нејзините нозе. Минатиот месец инспиративната девојка се закити и со златен медал на Светското првенство во пара таеквондо.

Дејана успешно ги руши сите препреки во животот и не се откажува. „Се боpам, без оглед на тоа каков недоcтаток имам. Никогаш не се откажувам пред препpеките или оcудувањето од околината, тоа дури ме тера и да се боpам уште повеќе. Кога бев малечка, се враќав дома расплаkана, бидејќи сите ме иcмејуваа: ‘Ти Hемаш раце’. Ме покажуваа со прcт.

Тогаш барав pака од мајка ми. Но сега, немам таква потреба. Сите ме прашуваат дали сакам пpотези или нешто слично. Им велам не. Во тој случај веројатно би била поинаква. Не би била ова што сум и не би била борец“ – вели Дејана.

Извор: “Инфомакс”

Цел живот ја миеме косата по погрешен редослед и затоа е мрсна и тенка – фризерите ја откриваат вистината

„Обратното миење на косата“ е новата хит метода и истражувачите кои велат дека тоа е единствениот исправен начин, а подразбира регенераторот да се нанесува пред шампонот.

Експертите за нега на коса објавиле метод „обратно миење на коса“, односно прво да нанесете регенератор за коса, а потоа шампон, а тоа велат е лек за мрсна и тенка коса. Важно е регенераторот да не го нанесете на темето, бидејќи тогаш косата губи волумен, а тврдат дека со овој редослед ќе се зајакне заштитниот слој на влакното и косата ќе биде пожива и со повеќе волумен.

-Тоа е чисто измислување дупки на саксија. Улогата на регенераторот е да ја врати ПХ вредноста на косата, да ја измазни и да ја нахрани, а ако после него нанесеме шампон така ќе ги отстраниме заштитните слоеви. Кај некои миења постои принцип кога на масна коса се нанесува бланш со регенератор, па потоа се мие со шампон, но тоа се прави на фризер, а не дома – истакнува српскиот фризер Бобан Чириќ.

Уште една српска фризерка се согласува со ставот на Бобан.

-За мене е тоа целосно нелогично и никогаш не сум слушнала за тоа. Регенераторот има улога да ја затвори кутикулата на влакното после миењето со шампон, а со обратниот процес тоа не може да се постигне. Единствена можна варијанта е на косата да се нанесе прво маска за коса која долго ќе стои и ќе ја нахрани косата, па потоа со благ шампон да се измие косата. Оваа техника се препорачува на мрсна и тенка коса – вели фризерката Ива Јаковлијевиќ.

Изгледа дека фризерите сепак не се согласуваат со истражувачите. Дали вие би ја проблае оваа нова техника