дома блог страница 3448

(Видео) УБАВИ И CMPTOHOCHИ: Руските Aмазонки и кога се облечени во униформа изгледаат неодоливо!

Илјадници Русинки влегуваат во армијата и ги извршуваат своите задачи на разни терени, од топлите сириските пустини до подрачјето што го покриваат Арктикот. Тие си ја вршат својата работа, како и мажите.

Овие руски Амазонки се подготвени да се соочат со секој предизвик со цел да ја совладаат воената професија. Во видеото објавено на Твитер, се прикажани убави и атрактивни девојки припаднички на руските вoopужените cили!

Тие, се снаоѓаат и во најтешките ситуации и задачи. Тие возат огромни воени оклопни возила, пyкaaт, летаат од воени авиони, но сепак имаат време да се забавуваат со своите колеги – се кажува меѓу другото во видеото.

Тие служат во позадина и на линијата на фронтот, во сите гарнизони во земјата. Жените во Русија немаат обврска за воена служба, но можат да служат во армијата врз основа на договор.

Пендаровски:”Македонија е далеку од полноправно членство во ЕУ”

Претседателскиот кандидат на владеачката коалиција, Стево Пендаровски во интервју за хрватски „Јутарњи Лист“ вели дека Македонија е далеку од рамноправно членство во ЕУ, како и дека идејата за размена на територии меѓу Србија е Косово е најлошата што ја слушнал во изминатава деценија, пренесува Инфомакс.

Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голем дипломатски предизвик со офанзивно темпо да ги спроведеме реформите и да успееме да ги достигнеме Србија и Црна Гора, на кои како датум на влегување во ЕУ им е поставена 2025 година, вели Пендаровски.

Тој смета дека неговиот пораз наа претходните избори е резултат на притисокот на тогашната влст врз вработените во јавната администрација кои биле принудени да гласаат за Ѓорге Иванов.

Таа година автократскиот режим беше на својот врв. Добив околу 400.000 гласови, што е политички капитал кој сега може само да се зголеми во демократска атмосфера. Исходот од изборите во 2014 година беше резултат на бруталниот притисок на владата врз голем дел од гласачите. Имено, сите вработени во државната администрација беа принудени да му дадат глас на кандидатот на владејачката ВМРО кој ги задржа сите медиуми под апсолутна контрола. Накусо, целиот државен апарат со сите ресурси работеше за Иванов. Денес ситуацијата во земјата е сосема поинаква и сите кандидати ќе имаат еднаков пристап до медиумите и во принцип, еднакви услови за изборниот натпревар, рече Пендаровски.

Тој го кажа своето мислење за идеите за размена на територија меѓу Србија и Косово.

За жал, јас сум еден од ретките политичари во регионот на Западен Балкан кој јавно зборува против оваа идеја, која е најлошото нешто што го слушнав во изминатата деценија. Во случај Србија и Косово навистина да разменуваат територии, Северна Македонија и БиХ ќе бидат колатерални жртви. Всушност, ние во 2001 година потпишавме мировен договор со Албанците, а пред тоа за време на разговорите во Охрид беше одбиен предлогот за територијално разграничување во Македонија. Тоа беше можно само затоа што за време на распадот на Југославија и создавањето на нови држави се почитуваше правилото дека поранешните граници на републиката да станат национални граници. Но ако сега наместо тој принцип се воведе принципот на етничка дистрибуција на народите, тогаш Албанците во Македонија, и многу веројатно Србите во Босна и Херцеговина ќе бараат исправка на границите , заклучува Пендаровски.

Кандидатот за претседател рече и дека е против спомениците на плоштадот во Скопје,а особено на Александар Македонски, односно Воинот на коњ.

Ако ме прашате на лично ниво, не само оваа статуа, туку и сите други споменици на главниот плоштад треба да се отстранат. Ова, сепак, нема да се случи, бидејќи според анализите, цената за нивно отстранување би била премногу голема за сиромашна земја како нашата, вели Пендаровски.

Извор: infomax.mk

Денеска е Прочка: „Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него”

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите … се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница. Саботата пред Прочка во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за баничка, во други, само Дете за кора. Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете кое гледајќи како богатите секој ден носат сукани јадења на фурната побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи и плачејќи умрело. За спомен на тој ден и на тоа дете останало на овој ден да се меси баничка, зелник или друга храна и да се раздава.

Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела. Според преданието на некој што умрел во текот на овие денови во забите му нашле месо што го сметале за причина за смртта. Оттогаш останало строго да се внимава во текот на Сирната недела да не се јаде месо.

Од обичаите што се изведуваат на Сирни понеделник интересно е канењето на ветерот да дојде преку летото кога е потребен за веење на житото. Имено тогаш се прави „топејнца“ и со кисело млеко или „маштејнца“ се носи на гумното, три пати се трча низ гумното со викање: „Ела ветре да јајме топејнца,/ в лето да дојш да вејме чејнца, / југу, југу, југу…“ Потоа храната се изедува до стежерот.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што и погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. Во населените места посебен впечаток во вечерните часови на овој ден остава раздвиженоста на населението, кога многумина во групи брзаат да се простат со родителите, роднините, пријателите, а потоа да се најдат покрај богатата трпеза. Останало забележано дека и младите вљубени се проштевале на чешмата со по некој бакнеж, зашто за време на Велигденските пости и бакнувањето се сметало за грев.

Во Велес, при проштевањето на жената се давало портокал, а на мажот лимон. Во овој град на овој празник се правеле сурати односно се маскирале и оделе по куќите во групи од по дванаесет души во кои имало: момче, невеста, дедо, ѓавол, доктор, благар итн. Благарот го собирал благото со кое биле дарувани по куќите.

Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен во други места памучен) кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

Во Мариово кога тој што амкал ќе речел: „Ам!“, домаќинот го прашувал: „Што амкаш?“, на што тој одговарал: „Амкам за здравје!“ При лупењето на јајцето се внимавало еден дел од лушпата да остане поцелосен, а потоа од него сите пиеле вода велејќи: „За крто душа!“, што значи кртовите што се наоѓале во нивните или бавчите да умрат или барем да минат во туѓ синор. Во Дебарца, според обичаите и верувањата што ги забележавме, притоа се велело: „Таму му гробнина, таму му столнина!“, што имало исто значење. Во некои краишта од Македонија сите пиеле вино од белката на јајцето, а лушпите ги фрлале во соседниот двор, за и болвите да прејдат кај соседите. Во Скопје, како и во Воден, Битола и други места амкале најпрвин со пита, потоа со јајце и на крајот со алва. По амкањето со конецот на кој било врзано јајцето се гатало за живот на старите луѓе во селото. Се споменувало некое име на стар човек и се запалувал конецот. Ако подолго време горел со пламен, ќе живеел долго, ако веднаш угаснел ќе умрел во таа година. Во некои места вака се гатало само за старите луѓе, во други за секој член од семејството.

Величествен впечаток оставаат големите обредни огнови, кои се палат вечерта на овој празник. Во Штип, Радовиш, Гевгелиско и некои други места овој оган се викал Голема Ора-копа, за разлика од Малата Ора-копа, огнот што се палел една недела порано. Големата Ора-копа се изведувала посвечено од малата, со поголеми огнови, со повеќе деца, со повеќе песни итн. Важно е за овие огнови што децата ги прескокнуваат со верување дека ќе се очистат не само од болви, вошки и други паразити, туку и од негативните демони, но најповеќе од гревовите.

Во Разлошко овој оган се вика Гаро. Целото попладне децата го подготвувале Гарото, а уште пред да го запалат девојките пееле:

Јунак стрелба стрелаше, стрелите му падаа, на момини дворове. Мома двори метеше, и си стрели береше. Јунак и се молеше:

– Дај ми моме стрелите, ќе ти одам прстенче!

По запалувањето на Гарото, вечерта, девојките играле оро без песни, а момчињата го прескокнувале Гарото, играле и пукале од пиштоли. Повозрасните момчиња фрлале стрели, наречени самострели кон куќите на девојките што ги сакале. Стрелите ги правеле од борова срцевина, натопена со боров катран, на врвовите му лепеле боров катран од колите, потоа ги запалувале од Гарото и така ги фрлале кон куќите на саканите девојки. Во Банско овој оган се викал Стрелачка и околу него не се играло оро.

Д. В. Македонски забележал кон крајот на 19-тиот век дека во селата Емборе, Дебрец и Палиор во егејскиот дел на Македонија децата, исто така, правеле голем куп од дрва, смреки и слама, наречен Ерле и навечер на празникот го палеле со пукање од пушка или пиштол. Ако тоа не успеело дури тогаш го палеле со оган. Околу него пееле, а потоа запален сноп слама (ржаница) носеле дома со верување дека летото нема да има болви. Вакво Ерле правеле децата од секоја маала и се натпреварувале чие ќе гори последно.

Во Струга, како што е запишано во зборникот на браќата Миладиновци, се изведувал обичајот наречен Лапрди. „На Поклади вечерта децата играет околу црков со лапрди. Лапрди сет дргови, не толку длги, на врхот расцепени и в цепот накладено сено сврзано. В сеното клавает јаглен, и вртет лапрдата, на десно, на лево, дури да се запалит сеното и да изгаснит. После оставет драговите в црква“.

Во селото Вмбел, Костурско овој оган го викале л’нго. Имено неколку дена пред празникот собирале суви дрва и гранки кои ги складирале на едно место во маалото. Заедно со тоа се правело и л’нгото. Долги стебла се составувале со ковење потоа ги исправале и на врвот ставале маалско знаме. Во време на грчката окупација доаѓала полицијата да види дали тоа не е некое „комитаџискко“ знаме. Секое маало си имало место каде се подигнувал л’нгот. Откако ќе го исправеле и зацврстеле л’нгот го ределе со суви дрва, прнар, рошки (суви гранки), слама и така правеле пирамида од околу 3-4 метра. Целата оваа направа била наречена Укала. Укалата се палале пред заоѓање на сонцето и околу нив се играло и пеело. Нагорени гламни се користеле за нажежување на некој болен или за подгорување на влакната на добитокот за отстранување на болестите од луѓето и животните.

Во селото Мрзен, Кавадаречко, вечерта пред зајдисонце сите млади невести облечени во невестинска руба, придружени од своите свекрви, золви и јатрви, оделе на чешмата на групно клањање (поклонување). Тука правеле три наклони.

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Ефтим Спространов забележал дека во Охрид, во втората половина на минатиот век, целата ова недела по Прочка се викала Чиста недела и секој ден одделно: Чист понеделник, Чист вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода наезмо, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите. Овој строг пост трите дена по Прочка се вика Тримери, а самиот чин постење, односно гладување тримерење.

Во врска со овој празник се и карневалите што се одржуваат во Струмица и Прилеп. Празнувањата во Струмица се во врска со тримерските празнувања, кога се изведуваат богати обичаи за свршените. Обичаите со варењето на посен (бел) грав, со синиите, пеењето на еротски песни и играње на орото „Црна кокошка“, посетата на Цареви Кули и сл. отсекогаш го привлекувале вниманието на намерниците и случајните минувачи. Во карневалот, пак, што се одржува во овој град по повод овој празник очигледни се влијанија на големите светски карневали. Карневалот во Прилеп е впечатлив по автентичните маски од мечки кои ја продолжуваат вековната традиција на празнувањето на касапите од овој град.

Празникот Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите, како што се оние околу огновите, гатањата за среќа, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

(Видео) ВИДЕО КОЕ ЌЕ ВИ ГО НАПРАВИ ДЕНОТ: Јас сум чисто макединче, крв македонска

-Јас сум чисто македонче, крв македонска, од Битола, село Новаци. Имам брат од Горно Оризари се вика Димчо.

Утре испраќајте ни ги најуникатните маски: Минатата година “Цреповите” беа вистинска атракција (Фото)

Секоја година карневалот “Прочка” во Прилеп изобилува со доста уникатни и досетливи маски. Една таква беше маската “Црепови” која насмеа многумина минатата година.

Утре со почеток од 13:00 часот стартува Меѓународниот карневал “Прочка 2019”, а вечерта одново ќе има забава под маски во сите прилепски локали.

Најинтересните маски испраќајте ги на нашата фан страна, или на e-маил aдресата [email protected], а ние ќе ги објавиме.

Тимот на Маркукуле.мк на сите им посакува возбудлив и забавен карневал.

(Видео) КОГА ЈАПОНЦИТЕ НАВИВАА ЗА МАКЕДОНИЈА: Илјадници Јапонци скандираат „Македонија, Македонија“ во чест на македонски фудбалер

Навивачите на Нагоја му оддадоа големо признание на македонскиот фудбалски интернационалец Никола Јакимовски. Тие на дуелот со Џубило Ивата на стартот од сезоната го поздравија Јакимовски со десетици македонски знамиња и со скандирање „Македонија, Македонија“.

„Беше неверојатно чувство. Ова беше на првиот натпревар од сезоната против Џубило Ивата. Би му посакал на секого ваков пречек, иако сум во далечната Јапонија, се чувствувам добредојден и како во бајка“, вели Јакимовски во изјава за спортскиот портал „Екипа“.

Утакмицата беше одиграна на 13 март 2013 година.

Во пресрет на утрешниот карневал во Прилеп, потсетуваме на најоригиналната маска од минатата година: “Исус и дванаесетте апостоли”

Во пресрет на утрешниот Меѓународен карневал “Прочка 2019” потсетуваме на најоригиналната маска која минатата година направи вистински бум.

На камената бина на плоштадот “Aлександрија” беше поставена маската “Исус и дванаесетте апостоли” .

Пред нив беше поставена и вага на која пишуваше “Meрење на гревови”.

Ова е маската која го привлече вниманието на сите посетители на карневалот “Прочка 2018” и маска каква што до сега не е видена во Прилеп.

Мицкоски: На лидерската ќе зборуваме и за предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека на утрешната лидерска средба со Зоран Заев повторно ќе го отвори прашањето за предвремени парламентарни избори. Тој потсети дека досега неколкупати бараа предвремени избори, но, како што вели, власта изнаоѓала изговори тоа да не го прифати.

Утрешната средба е на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вели дека не неа ќе се разговара за реформските закони, за иднината на СЈО, за политичкиот прогон и за се она што актуелно и суштински важно за граѓаните.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, рече дека лидерската средба ќе започне утревечер во 20 часот во Владата.

Песната која деновиве ги освои социјалните мрежи: “Maкедонија не ја даваме” oд неповторливиот Јордан Митев (Видео)

Песната на Јордан Митев, “Македонија не ја даваме”, иако е излезена во 2017 година, деновиве како “вирус” се шири на социјалните мрежи.

Се работи за прекрасна мелодија за која текстот, музиката и аранжманот се на изведувачот Јордан Митев, а продуцент е Љупчо Павловски.

Слушнете ја во продолжение:

Галерија: “Сугарески демек ќе урива платформи во Сарај, дотогаш внимавајте овде за вашиот живот!?” (Фото)

На самиот влез од Прилеп, на клучката од патниот правец Прилеп-Битола, демнее вистинска опасност.

Недостасува оградата на надвозникот што претставува огромна опасност за возачите.

Бидете претпазливи и внимавајте со каква брзина се движите.