Полицијата уапси двајца битолчани во близина на Ленишки мост кај Прилеп

-На 27.11.2026 во 17:00 часот на патот Градско-Прилеп, во близина на Ленишки мост, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.А.(39) и Ј.Т.(42), двајцата од Битола. При преглед на патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.А., а сопатник бил Ј.Т., била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.