дома блог страница 3450

Чудото од дете на Јувентус: 19-годишниот Моисе Кин со два погодоци најзаслужен за новиот триумф на Јуве (Видео)

Италијанскиот првак Јувентус ја продолжи доминацијата во Серија А совладувајќи го Удинезе на домашен терен со 4-1. Тренерот Масимилијано Алегри излезе со комбиниран состав и неколку стандардни првотимци беа оставени на клупата, па и без Дибала, Роналдо, Киелини и Пјаниќ тимот беше убедлив.

Првите два гола за домаќинот ги постигна Моисе Кеан, третиот од пенал беше дело на Емре Џан, а за 4-0 погоди и Блес Матуиди. Почесниот погодок за Удинезе го постигна Ласања во 86.минута од натпреварот.

По 27 одиграни кола, „старата дама“ има освопено 75 бода, дури 19 повеќе од Наполи кој има натпревар помалку.

Прилепчанец со “голф” удрил во свој сограѓанин

На 08.03.2019 година во 12 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Сотка Ѓоргиоски“ патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Г.И.(44) од Прилеп, удрило во пешакот Ј.П.(82) од Прилеп-информираат од МВР.

Ј.П. се здобил со тешки телесни повPеди констатирани од страна на лекар од Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Денес е тежок празник: Наоѓање на главата на свети Јован Крстител- избегнувајте ги овие работи

Православните верници денеска го одбележуваат денот на првото и второ наоѓање на главата на св. Јован Крстител.

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Јерусалим и ја закопа на Елеонската Гора.

Не знаејќи за сето тоа, кога царот Ирод дозна дека Исус врши големи чуда, се уплаши и рече: „Тоа е Јован когошто јас го убив, стана од мртвите“ (Марко 6, 16). Подоцна, еден угледен богаташ поверува во Христа, ја остави својата позиција и суетата на светот и се замонаши, па како монах со името Инокентиј се насели на Елеонската Гора токму на она место каде што беше закопана главата на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си соѕида келија, копаше длабоко и пронајде земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му беше јавено дека е на Крстителот.

Тој ја целива и ја закопа на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глава подоцна одеше од рака на рака и понираше во мракот на заборавот па одново беше објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора – мајка на Михаил а жена на царот Теофил – и во времето на патријархот Игнатиј, не беше пренесена во Цариград.

Од главата на Светиот Предтеча се извршија многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека беше жив Свети Јован не изврши ниедно чудо (Марко 10, 41), а на неговите Свети мошти им се даде дар на чудотворство.

Од евангелската историја е познато дека Иродијада во една прилика ја побарала и ја добила отсечената глава на свети Јован Крстител. Неговата глава таа ја фрлила на буниште во дворецот на Ирод.

Некоја си Јована, жена на управникот на домот на Ирод, ја зела главата оттаму и ја закопала на Маслиновата Гора. Подоцна главата ја нашол некој Инокентиј, и тоа е првото наоѓање.

Нејзиното второ наоѓање е во петтиот век, кога веќе трагата и била загубена. Главата била пренесена во Халкидон, а подоцна во Цариград.

Според обичаите и верувањата за овој ден, денеска никако не смее да се работи тешка работа, ниту пак да се допираат ножеви или нешто остро.

Брука: “Минус 23 за РК “Прилеп” во Битола: Важно Градоначалникот навиваше за Северна во Германија?”

РК Прилеп беше домаќин на Еурофарм Работник во Битола, во заостанатиот натпревар од 15-то коло во машката ракометна Супер лига.

Натпреварот кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, Еурофарм Работник го доби со огромни 41:18 или со 23 гола разлика што е вистински срам за прилепчани.

Со овој нов пораз РК Прилеп останува на 8-то место на табелата, а под прилепчани се само екипите на Вардар Јуниор и Борец.

Спортот во Прилеп како никогаш во изминатите години се наоѓа во незавидна ситуација.

Само за потсетување, што ветуваше сегашниот премиер Зоран Заев за спортот во Прилеп во пресрет на парламентарните избори во 2016 година:

КУПИЛА КУЧЕ ЗА 150 ЕВРА: Кога животното почнало да расте сфатила што чува дома!

Купила куче за 150 евра: Кога животното почнало да расте сфатила што чува дома

Интересна случка имала една жена од Кина која ја пренесуваат кинеските медиуми. Имено, жената била во продавница за миленици и купила јапонски шпиц за 150 евра (околу 9000 денари).

Но, како минувало времето и нејзиното милениче растело тоа не наликувало на куче. Никогаш не лаело и многу пораснало. За некое време престанало да јаде и од кучешката храна.

Крзното му станувало подебело, а опашката подолга, па девојката со причина помислила дека нејзиното милениче е поинакво.

Тогаш жената по име Ванг отишла до зоолошката градина да се консултира со тамошен стручњак.

Нејзините сомнежи се покажале оправдани бидејќи на крај дознала дека наместо куче купила – лисица.

Во локална продавница со домашни миленичиња на Ванг наместо куче и продале лисица, а таа сега ќе ја подари во зоолошката градина како би живеела во природно опкружување.

ГPДA CЛИKA BO ЦEHTAPOT HA ГPAДOT: Градската река со целиот свој “сјај” (Фото)

Корисници на социјалните мрежи објавија фотографии од градската река во Прилеп.

На само стотина метри од центарот на градот ваква е сликата на речното корито:

Двајца драчевчани “затворија” кладилница: За уплата од 40 денари добиле неверојатни 40 илјади евра

Оваа мајсторија ја извеле заедно во тим, едниот играч ги наредил натпреварите, а другиот ги уплатил. Се работи за два исти тикета со уплата од по 20 денари, со кои едниот заработил над 1.200.000 денари, а другиот над 1.400.000 денари. Односно вкупно 2.722.384 денари, или 40.000 евра, со уплата од 40 денари.

Иако тикетите се идентични, добивката се разликува поради разликата во уплатата од 33 секунди, кога коефициентот за победа на Аполон Лимасон од 1,38 се намалил на 1,25. Со тоа еден меч помалку е влезен во бонусот што го нудат во „Sport Life“, па за едниот тикет бонусот е 96 отсто, а на другиот е 88 отсто.

Сепак, кога ќе се соберат бонусите од двата тикети, се доаѓа до неверојатна сума од 1.305.934 денари. Тоа е скоро половина од вкупната добивка.

„Во неделата поактивно ги следевме мечевите, а вистинска драма беше во понеделникот. Останаа три меча, Знојно, Олимпијакос и Хамбургер. Последен беше дуелот на Хамбургер. Бидејќи се работеше за голема добивка, решивме да го „штитиме“, па ставивме 250.000 денари на Х2, но сепак навивавме Хамбургер да победи. Домаќините дадоа гол во 85-тата минута и тоа ни донесе голема радост“, раскажуваат двајцата среќници.

Пендаровски: Македонска академија подразбира дека таму нема академици Албанци, затоа треба да се смени името на МАНУ

Кандидатот за претседател на државава, кој е поддржан од владеачките партии, Стево Пендаровски, вели дека МАНУ како и имињата на другите институции, како Македонска радио телевизија (МРТ) треба да се сменат затоа што не смееме да имаме етнички наслови на институциите.

Ова, тој го истакна во синоќешното гостување во дебатниот магазин “Клик Плус“ на Телевизија 21, запрашан за тоа кој е неговиот став за последната одлука на Владата за промена на имињата на институциите.

-Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите. Македонска телевизија, јас го кажувам илјада пати тој пример. Македонска Армија беше првиот нацрт на законот за одбрана. Стоеше Македонска Армија. Целокупната група на ПДП, во тоа време 23 пратеници Албанци напуштија и рекоа ние нема да се вратиме назад во институциите. Во тоа време уште имавме армија од регрути, не професионалци, вели нема да имате ниту еден регрут Албанец бидејќи тие со овој назив, го толкуваат тоа дека е тоа армија само на Македонци. Или имате МАНУ, ќе видиме новиот назив како ќе биде, меѓутоа македонска академија подразбира дека таму нема академици Албанци.

СДСМ: “Ја направивме Северна Македонија земја со високи плати и инвестиции”

СДСМ со соппштение денеска:

Силна економијата, нова германска странска инвестиција во земјава со 400 нови и добро платени работни места

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот во евроинтеграциите ја вратија довербата и конкурентноста во домашната економија.

Република Северна Македонија е атрактивна земја за инвестирање со силна економија.

Германската компанија „Герешајмер“ реши да ги искористи економските поволности и да инвестира во нова фабрика во земјава.

Компанијата ќе произведува фармацевтски амбалажи и производи а обезбедува нови 400 работни места наменети за високо квалификуван кадар со високи плати.

Странските инвестиции имаат заначајна улога во поттикнувањето на економскиот раст и намалувањето на невработеноста. Само во 2018 во странските инвестиции отворени се 4.500 работни места.

Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а рекорден раст бележеше и индустриското производство кое во 2018 година беше највисоко во последните седум години.

Со пристапувањето во НАТО и процесот на интеграција во ЕУ, економскиот раст дополнително ќе се интензивира со што ќе се отворат можности за повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Видео: “Зачуван ли е идентитетот, откога се преименуваа сите институции и се избриша придавката МАКЕДОНСКИ/А??”

“Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна.

Договорот гo гарантира правото на Македонците да се определуваат како Македонци. Нема повеќе оспорувања, од никого и никаде.

Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Според членот 1 од Договорот, македонскиот јазик е потврден како официјален јазик на нашата земја и станува официјален во најмоќниот сојуз на светот (НАТО) и во најголемата Унија (ЕУ).

Химната, грбот и знамето не се менуваат. Меѓународните кодови на Македонија не се менуваат, остануваат МК и МКД.

Почитувани граѓани, со сето ова, идентитетот е целосно зачуван! Ние сме македонци и засекогаш ќе бидеме македонци, признати и прифатени од сите”, рече на прес-конференција пратеничката од СДСМ Кети Смилеска, во пресрет на референдумот за промена на државното име.

Дали ова е вистина, проценете сами: