Детскиот карневал одново ги воодушеви прилепчани: Креациите на најмалите и оваа година ги освоија сите симпатии (Фото)

Весело и разиграно, со насмевки и позитивна енергија каква што само најмладите знаат да емитуваат, помина вториот ден од „Прочка 2019“, каде децата и нивните наставници од прилепските основни училишта и градинките настапија со 15 групни и поединечни маски на традиционалниот “Детски карневал”.

Kaко и претходните години и оваа, најмалите се претставија со одлични креации и одново покажаа дека кога се работи со љубов и труд се создаваат ремек дела дури и од најмалите раце.

Тие се иднината на Прилепскиот карневал и даваат посебна убавина на оваа манифестација.

„Ние сме чувари на планетата земја“, „За чиста околина“, „Еколошка цветна пролет“, беа дел од маските со кои децата порачаа дека сите треба да се грижиме за животната средина. Инвентивноста на дечињата се покажа и преку прекрасните маски „Да си подадеме рака“, „Витаминки шејк“, „Деца на сонцето“ и преку другите маски со кои на прилепчани им го разубавија денот и го направија посебен детскиот карневал „Прочка 2019“.

Фото/prilep.gov.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.