Реал нуди 350 милиони евра за Нејмар: А кога ќе ја видите платата…

Boмбa! Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден трансфер и за 350 милиони евра да го доведе фудбалерот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар, пишува шпанскиот весник “Спорт”.

Со тоа, кралскиот клуб сака да го направи Нејмар најплатениот играч во светот со нето плата од 45 милиони евра, со што би го надминал Лео Меси.

Во Реал процениле дека доведувањето на Нејмар е реално, додека купувањето на Мбапе е невозможно.

Реал новиот тим од лето би требало да го гради околу Нејмар, а на оваа идеа дошле по очајната сезона и испаѓањето од Ајакс во осмина финалето од Лигата на шампионите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.