дома блог страница 3444

Овие 3 намирници немаат рок на траење и не се фрлаат никогаш

Во денешно време, кога станува збор за храна, сите сме многу внимателни околу датумот на намирниците. При купување посебно внимание посветуваме на рокот на траење и на амбалажата. Често, рокот на траење на намирниците знае да не збуни.

Но, некои артикли не се расипуваат никогаш.

Сол

Солта не се расипува и засекогаш останува свежа исто како што била оној ден кога сте ја купиле.

Шеќер

Шеќерот не е проблем да остане свеж, туку главен проблем е да се спречи да не стане тврд како камен. Шеќерот никогаш нема да се расипе бидејќи не развива бактерии. Треба само да биде подалеку од влага и од инсекти.

Мед

Медот има неограничен рок на траење. Може да ја смени бојата или да кристализира, но и понатаму ќе биде добар за јадење. Ако медот кристализира, ставете ја теглата во топла вода и мешајте додека не се растопат кристалите.

Како руските пoлицajци им го честитаа “8-ми Март” на жените: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Иако видеото е од минатата година, деновиве одново е актуелно на социјалните мрежи. Руската полиција на оригинален начин им го честиташе Денот на жената “8-ми Март” на припадничките од понежниот пол.

Погледнете како тоа изгледало:

Дизајнерот Таневски кој го претстави новиот Мерцедес, побара од институциите да не го поврзуваат неговото име со Северна Македонија

Maкедонскиот дизајнер на автомобили, Славче Таневски, кој пред неколку дена на саемот за автомобили во Женева, Швајцарија, го претстави своето врвно дело, Мерцедес Бенц CLA Shooting Brake, ги замоли сите државни институции да не го поврзуваат неговото име со Северна Македонија.

“Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат “северна” (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели. Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно! Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример! Споделете!” – напиша Таневски на својот Фејсбук профил.

Тој своето барање го испратил до Агенцијата за иселеништво, а пораката која ја објави на Фејсбук предизвика лавина на социјалните мрежи и огромна поддршка за Таневски.

Во продолжение уште еднаш погледнете го ремек делото кое го дизајнираше Таневски:

“Лидер”: Заев со шоkaнтна изјава: Xолokaycтот е еврејска традиција! (Видео)

Премиерот Зоран Заев излезе со шокантна антисемитистичка изјава на комеморативна свеченост што се одржа во Националната установа македонски народен театар Скопје, по повод одбележување на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, пишува порталот Лидер.

Заев вели дека Холокаустот не бил само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна.

– Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна. – вели Заев во својот говор.

Инаку Холокауст е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во периодот од 1941 и 1945 година, па самата употреба во контекст дека бил еврејска традиција значи антисемитизам.

Извор: lider.com.mk

Бигорски манастир објави нов видео спот: „Сега е Свет и Велик Пост“ – нов видео-спот за првата великопосна песна

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов „Сега е Свет и Велик Пост“.

Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.

И ете овој понеделник, на самиот почеток од Велигденскиот (Велики) пост, да го проследиме најновиот видео запис за прекрасната традиционална песна, која е во изведба на верниот чувар на нашата културна традиција, Ансамблот „Македонија“.

Егеецот пратеник Трајчо Димков бpутално и храбро кон Димитров: “НЕПИСМЕН МИНИСТЕР”?!

(Фејсбук статус на пратеникот Трајчо Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ)

“НЕПИСМЕН МИНИСТЕР

Има ли крај на понижувањата што ни ги приредува министерот Димитров.

Не беа доволни страдањата на МАКЕДОНЦИТЕ во минатиот век кој ги приреди тогашната власт во Грција. Не беше ли доволна голготата на МАКЕДОНЦИТЕ кои ја доживеаа кога беа приморани да ги напуштат своите домови, не беше ли доволно забраната да се зборува македонскиот јазик во Егејска Македонија, па и вие моравте да се откажете од МАКЕДОНЦИТЕ кои живеат и го зборуваат МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК во Егејска Македонија.

Светите браќа Кирил и Методиј родени во Солун во IX век основоположници на словенската писменост и литература заслужни за културниот развој на сите словенски народи, дали и тие немаат врска со МАКЕДОНЦИТЕ во Република Македонија.

Македонскиот великан Гоце Делчев роден во Кукуш во Егејскиот дел на Македонија кој бил учител во Штип од 1894 до 1896 година дали според вас и тој немал ништо заедничко со штипјани односно немал никаква врска со овај дел на Македонија само поради тоа што е роден Егејска Македонија.

Дали Според вас Крсте Петков Мисирков роден во Постол, Егејска Македонија македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, нема ништо заедничко со МАКЕДОНЦИТЕ во Вардарска Македонија.

Кога по Втората Светска Војна требало да се стандардизира македонскиот литературен јазик да биде ист на целата територија на Македонија од авторите на тогашните учебници на македонски јазик (Мисирков: „за македонските работи“, Круме Кепески и Блаже Конески) земени се во предвид македонските говори од централниот дел на Македоија како и земен е во предвид и говорот на делот од Македонија кој се нашол под Грција особено од леринскиот,воденскиот и солунскиот крај.

Неписмен министер отворено ве прашувам: како се разбраа браќата Кирил и Методиј на територијата на Вардарска Македонија кога ја обавуваа својата мисија, како се разбираше Гоце Делчев и на кој јазик говореше додека предаваше и ги учеше штипјани, како МАКЕДОНЦИТЕ во Вардарарска Македонија ги разбираа книгите кои ги напиша Крсте Петков кој е роден во Егејска Македонија, а вие Министре не ги разбирате Македонците кои живеат на другата страна на границата.

Ние потомците на децата бегалци ќе ви порачаме само едно: „Оној што има за што да живее може да поднесе се“.
“ИМАМЕ ЗА ШТО ДА ЖИВЕЕМЕ, ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ЌЕ ВЕ ИСТРПИМЕ И ВАС И ОВАА ОДРОДЕНА ВЛАСТ”

Вака пеат 3.000 битолчанки во еден глас – Прекрасно видео!

Пејачот Влатко Лозаноски на својата Фејсбук фан страна објави видео од негов настап во Битола, каде заедно со 3.000 битолчанки пеат во еден глас.

Овој настап на Лозано е загревање пред големиот концерт кој ќе се одржи на 23.03.2019 во спортската сала “Борис Трајковски” во Скопје.

“Мајмуни” се мобилизираат – Ги повикуваат сите прилепчани од дијаспората да помогнат за “Победа” и најавуваат преземање на клубот

Навивачката група “Maјмуни” започна да се мобилизира со цел спасување на ФК Победа. Од таму упатија повик до сите прилепчани во дијаспората да помогнат Победа да опстане и да се надминат сите проблеми во клубот кој е миленик на прилепчани. “Мајмуни” најавуваат дека планираат да го преземат клубот и се дистанцираат од секаква политичка гарнитура, како и од актуелното раководство на клубот.

“МАЈМУНИ ПРИЛЕП 1997…Повик …Победа како БРЕНД на ПРИЛЕП и ПРИЛЕПЧАНИ никогаш повеќе нема да ЗАГАСНИ…Ги ПОВИКУВАМЕ сите ПРИЛЕПЧАНИ во ДИЈАСПОРАТА да ПОМОГНЕМЕ сите заедно да ПОБЕДА остане и биде само на ПРИЛЕПЧАНИ….Ние НАВИВАЧКАТА ГРУПА МАЈМУНИ под секакава МОРАЛНА КРИВИЧНА ПРАВНА ОДГОВОРНОСТ го ПРЕВЗЕМАМЕ ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ПОБЕДА .Со тоа се ДИСТАНЦИРАМЕ од сите ПОЛИТИЧКИ ИГРАРИЈИ и ГАРНИТУРИ… Посебно од АКТУЕЛНАТА и ПОЛИТИЧКА и КЛУБСКА НЕСПОСОБНА гарнитура како ИНСТИТУЦИЈА ГРАДОНАЧАЛНИК на ГРАД ПРИЛЕП до ИНСТИТУЦИЈАТА на УПРАВА во ФК ПОБЕДА.. При тоа испрајчаме ПОВИК за ПОДРШКА посебно до ПРИЛЕПСКАТА ДИЈАСПОРА по целиот свет …Да сите заедно застанеме и помогнеме во овие ЦРНИ ДЕНОВИ на КЛУБОТ …Да не сме зависни од никакви ПОЛИТИЧКИ ПРЕПУКУВАЈНА и ЛАЖНИ ВЕТУВАЈНА….Зошто само ПОБЕДА ПРИЛЕП и МАКЕДОНИЈА се ВЕЧНИ!!!” – напиша на својот Фејсбук профил Даниел Јошески, член на навивачката група “Мајмуни”.

Слично соопштение пред две недели беше објавено и на Фејсбук фан страната на навивачката група:

“Забранетиот остров” кој се наоѓа на само 27 километри од брегот: Изолиран е веќе 150 години !

Островот е буквално временска капсула – нема автомобили, улици…

На само 27 километри од брегот на Кауаи, Хаваи, лежи мал остров. Името му е Ниихау, а тој е хавајскиот “забранет остров” кој е изолиран повеќе од 150 години.

Како што пишува “Huffington Post” Ниихау и неговата изолација се последица на семејно водениот проект кој обезбедува островот да ја задржи својата препознатлива традиционална култура пред колонизацијата, глобализацијата и економската експанзија.

Во 1864 година, богата шкотска вдовица Елизабет МекХачисон Синклер го купила островот од тогашниот крал на Хаваите, Камехамехе V за 10.000 долари во злато. Ги преселила своите деца и нивните семејства од Нов Зеланд на Хаваи. Според “Њујор Тајмс” таа планирала да направи ранч на островот и да основа сопствена мини династија.

Кога стигнало времето за трансакцијата на парите за кралот, тој имал една молба за семејството. Ги прашал дали се подготвени да го одржат традиционалниот начин на живот.

“Ниихау е ваш. Но можеби ќе дојде ден кога Хавајците ќе бидат подобри од сега. До тој ден, помогнете им”.

Синклер, но и нејзиното семејство, сериозно го сфатиле ова не дозволиле да се избрише традиционалната култура.

Во 1893 година Американците ги анектирале островите, а културата започнала полека да изумира. Но семејството Синклер се обидело да го исполни ветувањето, па на никој не му било дозволено да го посети островот, дури ни на пријатели и роднини. Ова било и причината поради која нкои болести како сипаници и детска парализа никогаш не стигнале на островот.

Ниихау е буквално временска капсула која дава уцид на 19 век пишува “Vintage News”. Нема автомобили, улици или водовод. Нема ниту продавници. Оние кои живеат таму земаат продукти од други острови, а се исхрануваат најмногу со она што го одгледуваат и со риби.

ЗАТОА Е БРОЈ ЕДЕН! Нова моќна балада на Влатко Лозаноски, емотивна до последен стих (Видео)

Влатко Лозаноски ја објави својата најнова песна и видео запис, насловена “Majко”.

Се работи за нова балада на Лозано која изобилува со силни чувства и емоција.

Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, текстот на Магдалена Цветкоска – Ена, а за снимањето заслужни се од “LCV Production”.

Во продолжение уживајте во најновиот хит на Влатко Лозаноски. Веруваме дека ќе ви изнуди солзи…