дома блог страница 3443

Видео: “Дали Пендаровски има проблем со синусите??”

(Твит на денот)

“#ОнаКога бараш дозвола да одиш во Будипешта на преглед за синуси”

(Фото) Заборавениот фудбалски “АС”: Ги тресеше мрежите за Бразил и Реал, а сега доби отказ во Романија

Поранешниот репрезентативец на Бразил и “ас” на Реал Мадрид, Жулио Баптиста, доби отказ од романски Клуж.

Фудбалерот за кој моќниот Реал издвои дури 25 милиони, доживеа неверојатен пад во кариерата.

Баптиста блескаше во дресот на Севилја од 2003 до 2005 година. Челниците на Реал веднаш реагираа, го купија за 25 милиони евра, кои за тој период беа огромна сум пари. Во дресот на Реал постигна 13 голови во 77 утакмици. Беше на позајмица во Арсенал, каде во сезоната 2006/2007 постигна 10 гола.

Реал го продаде на Рома за 10 милиони евра. Таму се задржа две сезони. Настапуваше и за Малага, Крузеиро и Орландо.

Верувале или не, 37-годишниот фудбалер заврши во Романија. Минатата година потпиша за Клуж. Таму доживеа целосен дебакл. На терен помина само 43 минути и не ги исполни очекувањата.

(Видео) Овие скали се направени од Свети Јосиф: Стојат во капелата веќе 130 години и му пркосат на законите на физиката

Овие “чудотворни” скали се стари 130 години, а годишно ги посетуваат 250 илјади посетители.

Капелата Лорето е изградена на крајот од 19 век. Кога капелата била довршена, калуѓерките забележале дека им недостигаат скали за галеријата.

Се молеле 9 дена на Свети Јосиф, кој бил столар, а последниот ден на нивната врата се појавил странец кој рекол дека е столар и дека ќе им направи скали. Сам, без никаква помош овој мистериозен човек направил скали кои стојат “сами”, без централен и потпорен столб, а столарот не користел ниту лепак.

Капелата Лорето крие три мистерии – до ден денес не се дознало кој ги изградил скалите. Сите инженери, научници, архитекти, признале дека станува збор за чудо. Исто така, не се знае од каде потекнува дрвото од кое се изработени скалите.

“Пратеничка од Прилеп горда на Северна Македонија??” (Видео)

На вчерашната седница на Собранието се расправаше за интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски, која владеачкото мнозинство доцна синоќа ја одби, а Спасовски ќе продолжи да ја извршува функцијата прв човек на полицијата.

На седницата пратеничката Павлинче Честојнова и реплицираше на пратеничката од Прилеп Кети Смилеска.

“Вие кога ќе си одите во Прилеп, кажете им на вашите прилепчани, колку таа Северна Македонија како што вие ја нарекувате, е безбедно место за живеење. Уште колку човечки животи треба да згаснат, за вие да сфатите дека министерот треба да си даде оставка? Дали сте свесни каков страв владее помеѓу луѓето, посебно во Скопје? Дали сте свесни дека после 18:00 часот нема родител кој слободно ќе си го пушти своето дете по скопските улици? Дали вие би ги пуштиле вашите деца? Одговорете колешке на тоа прашање”, и порача Честојнова на Смилеска.

ВМРО-ДПМНЕ: “Се распаѓа прилепското здравство? Болницата пред колапс?” (Видео)

“За само две години СДС успеа да го урниса здравството и да го доведе до тотален колапс. На први март почнува првиот семестар за специјализанти на медицински факултет УКИМ Скопје. За прв пат после неколку години, од повеќе болници и клиники државни специјализанти ќе ја започнат специјализацијата и тоа за прв пат во време на владеење на СДС, иако поминаа веќе две години. Но од прилепската болница нема да започне ниту еден специјализант” – истакна Влатко Петкоски на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Последните специјализанти се упатени во март 2015 година ( пред точно четири години ). Иако пред да дојдат на власт СДС постојано критикуваа како тоа немало доктори, откога дојдоа на власт не упатија ниту еден доктор на специјализација, иако во октомври 2018 година имаше распишан конкурс за специјализации на кој уредно се пријавија кандидати и беа потврдени од управниот одбор и Министерството за здравство.

Сепак, на крајот огласот поради некои неразумни причини не беше прифатен од деканатот на медицински факултет УКИМ Скопје и истиот пропадна. Постои недостаток на доктори во прилепската болница, а со тоа веројатно се заканува затворање на некои одделенија. Прашуваме дали директорот на болницата потпишал согласност за префрлање на две докторки во Скопје, а еден доктор си заминал во Германија?

Директорот како менаџер наместо да се грижи да обезбеди доктори специјалисти и нови медицински апарати за потребите на граѓаните на Прилеп, тој ја снабдува болницата со микробранови печки, ѓезвиња за кафе, кафемати, фритези и шкафови.

За брзо време доктори ќе си одат во пензија. Тој како хирург знае дека оваа година двајца хирурзи си заминуваат во пензија и хируршкото одделение останува со тројца доктори. Градоначалникот како ортопед знае дека еден доктор замина во пензија. Тој напушти за да ја преземе функцијата градоначалник, а оваа година уште еден доктор си оди во пензија и друг најавува заминување во приватно здравство, со што ортопедско одделение ќе остане со тројца доктори.

Незаинтересираноста на СДС за подобро здравство за прилепчани може за брзо време да доведе до затворање на прилепската болница или одделни одделенија, со што пациентите ќе мора да се упатуваат за сите видови операции и интервенции во клиниките во Скопје.

Здравствениот дом тоне во долгови! Директорката не реализира ниту еден единствен проект во изминативе две години, а негрижата и непроменетите гуми на едно од возилата од Итната медицинска помош ќе резултираше со фатални последици по животот и здравјето на вработените и пациентите.

Почитувани, хаосот кој го донесе СДС во здравството ќе остави негативни далекусежни последици како за нас, така и за генерациите кои доаѓаат по нас. И наместо да се продолжи трендот на унапредување на здравствениот систем и инвестирање во здравствените установи во Прилеп, добивме тотален крах кој негативно сеодразува по обичниот граѓанин”.

ВМРО-ДПМНЕ го претстави својот кандидат за градоначалник на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ на предвремените локални избори во Охрид ќе излезе со Д-р Митре Милошевски.

“Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 21 април на огромно задоволство со одлука на Извршниот Комитет е д-р Митре Милошевски. Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа.

Д-р Митре Милошевски е роден на 29.10.1963 год. во с. Битуше. Специјализација по Неурохирургија завршено на Медицински Факултет во Скопје. Доктор специјалист во дејноста со која се занимава: Повреди и дегенеративни страдања на ’рбетниот столб и мозок; и Повреди и заболувања на ЦНС и краниумот. Вработен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“. Сопруг и татко на две деца.

Сплотени и мотивирани за доброто на Охрид и охриѓани. На 21 април, д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид!”, објави на Фејсбук Кирил Пецаков, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Ликот на Игор Џамбазов направен од коса: Фризерка од Кривогаштани создава вистинска уметност (ФОТО)

Светлана Зуламоска Гроздановска од Кривогаштани е одличен стилист и фризер, но нејзината пасија не се само фризурите.

Таа со потстрижената коса создава вистински ремек дела. На падот во нејзиниот фризерски салон досега се нашле ликовите на голем број познати личности од шоу бизнисот, како и познати спортисти.

Ликовите се толку реални, чиниш ќе прозборат.

Најновото дело на Светлана е ликот на Игор Џамбазов.

Студеното време нека не ве разочарува: Подгответе се за температури и до 25 степени

Ако сте од оние кои уживаат во топлото време и сончевите денови, не се разочарувајте.

Студеното време ќе се задржи само до петок. Веќе од викендот повторно ни се враќа пролетта.

Веќе во недела чекајте максимални над 20 степени во Скопје и над 23 низ Македонија.

Најтопло ќе биде во среда кога се најавуваат 25 во Скопје и до 28 во јужните делови на земјата.

Целата наредна недела ќе биде исклучително топла и сончева.

КУЧЕ ХЕРОЈ: Се врати дома со порака на вратот што ги изненади сопствениците!

Луи е куче старо 12 години кое исчезнало од својот дом. Неговото ненадејно заминување од домот ги вознемирило неговите сопственици, но во вечерните часови се покажало дека немале причина за грижа. Бидејќи нивниот миленик всушност бил во акција на спасување.

Се вратил во својот дом во доцните часови. Изгледал исцрпено и едвај дочекал да легне во својата куќичка. Сопствениците го погледнале со загриженост, а потоа забележале на неговото ремче закачена порака, по која сè им станало јасно.

На пораката пишувало дека Лиу всушност ја спасил кучката на нивните соседи, Меди. Кога забележал дека таа е во неволја, застанал пред домот на соседите и упорно се обидувал да им го сврти вниманието и да ги однесе до местото на кое што се наоѓала Меди. Луи успеал да го однесе соседот кај неговиот миленик, кој бил затрупан со гранки и не можел да излезе.

Со заеднички сили, Луи и соседот успеале да ја спасат Меди. По храбрата акција Луи бил награден и добро нахранет, по што бил вратен кај сопствениците со пораката за благодарност.

Домашен шампон против опаѓање на косата: Направете го овој рецепт и видете ги резултатите после еден месец

Ако косата ви опаѓа, безживотна е и сува, ќе ја освежите со мешавина од избрани еликсири за погуста коса.

Основата на оваа мешавина може да биде било кој шампон што ќе го купите, затоа ве советуваме да го одберете наједноставниот шампон од коприва или бреза.

На еден литар шампон додадете 50 ml раствор на пантелол, 2-3 ампули витамин Б, капки од коприва и шишенце АД капки (воден раствор).

Измешајте ги состојките и со добиениот раствор мијте ја косата. Можете да очекувате резултати за околу еден месец.