Дизајнерот Таневски кој го претстави новиот Мерцедес, побара од институциите да не го поврзуваат неговото име со Северна Македонија

Maкедонскиот дизајнер на автомобили, Славче Таневски, кој пред неколку дена на саемот за автомобили во Женева, Швајцарија, го претстави своето врвно дело, Мерцедес Бенц CLA Shooting Brake, ги замоли сите државни институции да не го поврзуваат неговото име со Северна Македонија.

“Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат “северна” (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели. Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно! Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример! Споделете!” – напиша Таневски на својот Фејсбук профил.

Тој своето барање го испратил до Агенцијата за иселеништво, а пораката која ја објави на Фејсбук предизвика лавина на социјалните мрежи и огромна поддршка за Таневски.

Во продолжение уште еднаш погледнете го ремек делото кое го дизајнираше Таневски:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.