дома блог страница 3445

(Видео) Ќе ве насмее до солзи: Покрај ваков папагал не им е потребно куче чувар

Добро е познат талентот на некои папагали да имитираат човечки говор или звуци од природата. Меѓутоа, овој папагал го надминал вообичаениот репертоар и научил да лае како куче.

Тој го прави тоа толку феноменално што не остава место за сомнеж дека во дворот има куче, а не птица.

“Ракометна брука со оваа Локална самоуправа? Најспортскиот град понижен во секој спорт?”

Фото/ohridnews.com

Прилепчани викендов одново поразени, овојпат на гостувањето кај РК Охрид и тоа со огромни 16 голови разлика (12-4 на полувреме, крај 35-19).

Со овој нов пораз РК Прилеп останува забетониран на 8-то место на табелата во ракометната Супер лига, каде под нив се само екипите на РК Вардар Јуниор и Борец.

Веќе долго време прилепчани немаат причина за радост и во овој спорт, кој пред неколку години полнеше сали во градот.

За жал на ракометарите од РК Прилеп сега им останува само борбата за опстанок во најелитното ракометно друштво.

Потсетуваме дека пред само 3 години, РК Прилеп настапуваше на европско тло, каде имаше двомеч дуел со швајцарскиот тим Винтертур во ЕХФ Купот.

Љубителите на спортот во Прилеп, деновиве на социјалните мрежи потсетуваат на ветувањата за спортот, дадени од актуелниот градоначалник Јованоски.

Гордана Силјановска Давкова со моќна порака: Јас сум се боpела, се боpам, и ќе се боpам за зачувување на идентитетот и името македонско

Преименувањето на институциите е демакедонизација! Правдата за Македонија мора да победи! Јас сум кандидатката што се боpела, се боpи, и ќе се боpи за зачувување на идентитетот и името македонско врз база на владеење на правото за сите граѓани. Ве молам, погледнете го видеото и раширете го нашиот глас за заедно да победиме на претседателските избори, пишува кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ: “Кочанчани се гушат, смрдеа се шири низ целиот град” (Видео)

“Сведоци сме на еколошка катастрофа што ја создава депонијата над с.Бели, депонијата гори неконтролирано и го прави животот во Кочани и с.Бели неподнослив”, изјави Гоце Марков, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

Изјавата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Градската депонија и денес пак гори. Чадот се прошири на голема површина над градот, а се чувствува силна смрдеа во Кочани, а особено во с. Бели.

Сведоци сме на еколошка катастрофа што ја создава депонијата над с.Бели, депонијата гори неконтролирано и го прави животот во Кочани и с.Бели неподнослив.

Ги повикуваме градоначалникот, директорот на КЈП,,Водовод” и советот на општината под итно да превземат најитни мерки а ако споменатите не се способни за тоа-бараме од Владата на РМ да ја превземе надлежноста на оваа депонија и да го сопре труењето на кочанчани!”

Креативноста на прилепчани без граници: “Родител 1 и Родител 2” и уште еден куп други чуда на Карневалот “Прочка” (Фото)

Со посна трпеза во манастирот “Св. Ѓорѓија” во село Селце, во организација на Здружението “Прилепски мечкари”, заврши традиционалниот Меѓународен Карневал “Прочка 2019”.

Карневалското шоу беше вчера во центарот на градот, каде покрај учесниците на натпреварувачкиот дел, присутни беа и голем број маскирани посетители, кој од кој покреативни и поинтересни.

На нашата фан страна пристигнаа голем број маски, а ние ги избравме најдобрите.

СДСМ: “Нарушена безбедноста на прилепчани?” (Видео)

Дали денеска се чувствувате побезбедни? Дали сметате дека вашиот имот е позаштитен?

Во 2015 година, актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески, преку прес-конференција велеше дека е нарушена безбедноста на прилепчани.

“Долгогодишната злоупотреба на МВР од страна Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, резултираше со нарушена безбедност и сигурност на граѓаните на општина Прилеп! Само за еден месец, во Прилеп се случени огромен број на разбојништва и кражби, од коишто една со украдени 47 илјади евра, а друга со 30 илјади евра! Разочарувачки и поразително делува фактот што најголем дел од овие кражби, се уште остануваат не разрешени, што укажува на сериозна нестручност и непрофесионалност во работата на полициската станица во Прилеп. Очигледно, брзањето на власта да „вдоми“ што поголем број на партиски членови во МВР, како и маргинализирањето на професионалниот кадар, доведе до аматеризам во работата на прилепската полиција”, порача тогаш од партиската говорница Талески.

Вашето мислење дали Прилеп е побезбеден град денеска ги очекуваме во коментари.

Избрани најдобрите маски на Карневалот “Прочка 2019”: Eве кои маски се наградени (Фото)

Со забава под маски во ресторанот „Ла Каса Гранде“ и доделување на дипломи и награди на најуспешните заврши 18 –тото издание на карневалот „Прочка 2019“.

Награда за најдобра маска на детскиот карневал, кои влегуваат во категоријата, учесници до 14 години, доби основното училиште „Блаже Конески“ со „Мадагаскар.

Првото место отиде во рацете на основците од „Климент Охридски“ со маската „Пролеп и облачиња“, втора беше маската „Еколошка Пролет“ од училиштето „Добре Јованоски“, а третата награда им беше доделена на основците од „Кочо Рацин“ со „Роденденот на Штрумфета“.

Најдобра маска на карневалот „Прочка 2019“ беше групната маска „Водици во Прилеп“ на прилепското здружение „Прочкари“. Во чие изведување учествуваа 30 членови на здружението.

Награди се доделени и за најдобри современи и традиционални маски. Во категоријата најдобра традициона маска е маската на учесниците од селото Куратица, Охридско, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот.

„Метаморфоза“ , групна маска на учесниците од Лесковац, Србија, на овогодинешното издание на карневалот, е избор за најдобра современа маска. Второто место е за учениците од средното училиште „Ѓорче Петров“ со „Пролетна забава“, а трето место им беше доделено на студиото за танц „Зодијак“ со „Малата сирена“ .

Најдобрата маска на овогодишниот карневал:

Зидан донесе одлука- познат неговиот нов клуб

Шпанските медиуми веќе подолго време шпекулираат со иднината на Зинедин Зидан и го поврзуваат во враќање на клупата на Реал Мадрид.

Иако популарната емисија „Чирингито“ тврдеше дека Зидан размислува за враќање на „Сантиаго Бернабеу“ на лето, сепак угледниот „Ел Пас“ тврди дека тоа сигурно нема да се случи.

Весникот тврди дека Реал воопшто не воспоставил контакт со францускиот стратег бидејќи Зидан има затегнати односи со претседателот Перез и директорот Санчез.

Зидан го напушти Реал токму поради лошите проценки на Флорентино Перез. Тој не се согласуваше со купување на нов голман, сакаше да се ослободи од Бејл и по секоја цена да се задржи Роналдо. Во спротивно му порачал на клубот дека нема што да бара оваа сезона, што се испостави како точно.

Од друга страна Перез е многу повеќе загреан за Мурињо, веќе ги направил првите контакти со Португалецот и сака да го врати на „Сантиаго Бернабеу“.

„Ел Пас“ тврди дека Зидан нема да се врати во Мадрид и поради фактот што веќе ја донел одлуката за својата иднина. Имено, Французинот го чека расплетот во Јувентус и е спремен да седне на купата на „старата дама“.

Италијанските медиуми отидоа чекор напред и тврдат дека Зидан веќе постигнал договор со „старата дама“ до 2022 година и дека тоа ќе биде официјализирано на крајот на сезоната.

“Нов пораз за Победа! Нема прочка за локалната? Го уништија спортот во Прилеп?”

Победа деновиве е главна тема низ прилепската чаршија, но за жал само по лошите резултати.

Победашите вчера нанижаа уште еден пораз, четврт по ред, или осми во последните девет прволигашки натпревари.

Црвено-белите беа поразени со 1:0 на гостувањето во Кратово кај Силекс. Погодокот од пенал на Алексоски во 63-та минута беше доволен за кратовчани да забележат триумф и да се оддалечат од опасниот дел на табелата.

Со овој нов неуспех Победа се наоѓа на самото дно од табелата, со еден бод заостаток зад Беласица која ремизираше со Вардар, а Македонија Ѓорче Петров сега се наоѓа на 5 бода плус на 8-то место на табелата.

Од Победа после натпреварот реагираа дека пеналот за Силекс е поклон од судијата Влахо.

“Истиот тој Влахо и неговиот прв помошник Димитриевиќ, неполни 30-тина секунди претходно не сакаа да видат очигледен офсајд на Георгиев, а потоа и прекршок од негова страна врз голманот на Победа Котевски (голманот е непеприкосновен во казнениот простор)…судиска лакрдија по која Победа е драстично оштетена.Се покажаа како оправдани сомневањата и индициите дека сево ова ќе се случи-од страна на главниот судија кој денес судеше 80-20, и додели дури 8 жолти картони на фудбалерите на Победа. По мечот и контролорот Шуклев, во присуство на сведоци, откако ја погледна спорната ситуација искоментира дека Влахо судел 50-50 само во првите 13 минути, а не само што немало пенал туку требало да досуди прекршок во напад на Драшковиќ”, велат од Победа.

Видео од спорните моменти погледнете ТУКА

Прволигашката табела после 22-то коло изгледа вака:

Деновиве пак на социјалните мрежи, прилепчани постојано ги споделуваат ветувањата на актуелниот градоначалник Илија Јованоски, кои во пресрет на локалните избори во 2017 година ги ветуваше за спортот во Прилеп.

Во Македонија се роди здраво машко бебе од речиси 6 килограми: Да е здраво и живо! (Фото)

На скопската Клиника за гинекологија и акушерство во изминатиот месец се родило најголемото бебе во државата. Здравото машко бебе е тешко 5.700 грама и долго 55 сантиметри. Бебето се родило по природен пат.

Просечната тежина на бебињата при породување е меѓу 3.000 и 4.000 грама.