“Забранетиот остров” кој се наоѓа на само 27 километри од брегот: Изолиран е веќе 150 години !

Островот е буквално временска капсула – нема автомобили, улици…

На само 27 километри од брегот на Кауаи, Хаваи, лежи мал остров. Името му е Ниихау, а тој е хавајскиот “забранет остров” кој е изолиран повеќе од 150 години.

Како што пишува “Huffington Post” Ниихау и неговата изолација се последица на семејно водениот проект кој обезбедува островот да ја задржи својата препознатлива традиционална култура пред колонизацијата, глобализацијата и економската експанзија.

Во 1864 година, богата шкотска вдовица Елизабет МекХачисон Синклер го купила островот од тогашниот крал на Хаваите, Камехамехе V за 10.000 долари во злато. Ги преселила своите деца и нивните семејства од Нов Зеланд на Хаваи. Според “Њујор Тајмс” таа планирала да направи ранч на островот и да основа сопствена мини династија.

Кога стигнало времето за трансакцијата на парите за кралот, тој имал една молба за семејството. Ги прашал дали се подготвени да го одржат традиционалниот начин на живот.

“Ниихау е ваш. Но можеби ќе дојде ден кога Хавајците ќе бидат подобри од сега. До тој ден, помогнете им”.

Синклер, но и нејзиното семејство, сериозно го сфатиле ова не дозволиле да се избрише традиционалната култура.

Во 1893 година Американците ги анектирале островите, а културата започнала полека да изумира. Но семејството Синклер се обидело да го исполни ветувањето, па на никој не му било дозволено да го посети островот, дури ни на пријатели и роднини. Ова било и причината поради која нкои болести како сипаници и детска парализа никогаш не стигнале на островот.

Ниихау е буквално временска капсула која дава уцид на 19 век пишува “Vintage News”. Нема автомобили, улици или водовод. Нема ниту продавници. Оние кои живеат таму земаат продукти од други острови, а се исхрануваат најмногу со она што го одгледуваат и со риби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.