дома блог страница 3427

Не е само „Баба Марта со 300 ума” – Временска за идниот месец, не чекаат пресврти

Мeсецов бевме сведоци дека навистина е точна поговорката „Баба Марта со 300 ума”, па видовме многу пресврти со времето, од сонце и високи температури, до силно невреме и силен ветер и пад на температурите.

Во месец април кој ни е речиси на праг исто така ќе има многу убави и топли, сончеви денови, но од средината според временската најава на Accuweather, ќе видиме и денови со невреме.

Ако Финците се најсреќни на светот, еве на кое место се наоѓаат Македонците

Финците се најсреќни луѓе на светот.

Во топ 10-те се рангирани пет нордиски нации. Податоците се објавени во извештајот „World Happiness Report” и е креирана ранг-листа од 156 земји на светот врз основа на среќата на населението. Во обзир се земени фактори како животниот век, личната слобода, социјалната сигурност, социјалната помош и корупцијата.

Оваа земја се наоѓа на првото место со 7.769 бодови, Данска е втора со 7.600, трета е Норвешка со 7.554, четврта земја е Исланд со 7.494, а Холандија е петта со 7.488 бодови. Меѓу првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.

Во регионот, најсреќни се во Словенија (44-тото место), потоа следуваат Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107 место). Македонија е на 84-тото место.

Најнесреќни се во Јужен Судан, а пред нив, на дното на листата, се Централноафриканската Република и Авганистан.

MAKEДОНСКИ ХЕРОИ! Кошаркарите на Специјална Олимпијада освоија бронзен медал

Македонија се закити со уште еден медал на Специјалната олимпијада која се одржува во Абу Даби. Со бронзен медал се закитија и македонските кошаркари, предводени од тренерите Ана Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски, откако во натпреварот за третото место славеа против Буркина фасо со 24-18.

Претходно, како што е познато, златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливачките трки на 50 метри во слободен стил.

Во атлетика, пак, бронзен медал освои Адријан Шабан во трката на 50 метри.

Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019 се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата. Учествуваат повеќе од 7000 атлети од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови. Игрите се одржуваат со поддршка од 20.000 волонтери. Ова се први олимписки игри во регионот на Блискиот Исток.

(Видео) БЕЗ ВЕЖБИ И ДИЕТИ:Напиток со кој за помалку од една недела ќе имате 5 кг помалце!

Диети, вежбање, маки…кои сепак не ги донесуваат саканите резултати…

Сепак, има напитоци кои помогнуваат во намалувањето на килограмите. Но, тоа не се волшебни напитоци кои, додека вие продолжувате со старите навики, ќе ви ги истопат одвишните килограми…

Напротив, помогнуваат ако редовно се конзумираат и се обрне внимание на исхраната…
Овој напиток ветува одлични резултати но конечната бројка на вагата најмногу ќе зависи и од исхраната…

Состојки:3 чаши вода, 3 стапчиња цимет, 1 свежа (малечка) краставица, 1 см исчистен ѓумбир,1 лажица ким

Подготовка: излушете ја краставицаиа и исечкајте на парчиња.Потоа ѓумбирот исечете го на ливчиња.во соодветен сад ставете ја водата падодајте ги краставицата, ѓумбирот, циметот и кимот. Оставете да се вари. Оставете да се вари додека течноста не остане само една чаша вода.Смесата исцедете ја и ќе добиете една чаша течност.

Примена: Најдобро е овој напиток за слабеење да го користите секое утро на празен желудник. Секако, резултатите ќе бидат повидливи доколку исхраната е порамномерна.

Четкајте ги забите со оваа смеса – кажете им збогум на кариесот и забниот камен

Наслагите од забен камен не само што изгледаат грдо, туку можат да предизвикаат и сериозни проблеми.

Забниот камен е тврда наслага на забите која се таложи со текот на времето.

Доколку спаѓате и вие во категоријата на луѓе кои се тресат од страв при посета на стоматолог, тогаш овие природни решенија се идеални за вас:

Рецепт 1

Состојки: 30 g лушпи од ореви, Малку вода

Начин на подготовка:

Ставете ги лушпите од орев во тенџерче, додајте вода и варете ги 15 минути. Во добиената смеса натопете ја четката за заби и мијте ги забите 5 минути. Оваа процедура повторувајте ја во утринските, попладневните и вечерните часови.

Рецепт 2

Состојки: 4 кафени лажички семки од сончоглед, 4 кафени лажички цвет од липа, 1l вода

Начин на подготовка:

Ставете ги состојките во сад, прелијте ги со вода и варете ги околу половина час. Мијте ги забите со оваа смеса после секој оброк.

Рецепт 3

Јаболковиот оцет може да се користи за отстранување на забен камен, но употребувајте го само еднаш неделно. Ставете малку јаболков оцет во уста и тријте со четка за заби. Потоа темелно измијте ја устата со вода.

Рецепт 4

Сода бикарбона исто така може да ви помогне да го отстраните забниот камен. Ставете малку сода бикарбона на намокрена четка и со неа исчистете го каменот. Можете да додадете и малку сол, па да ги исчеткате забите. Заради силното дејство, доволно е постапката да ја повторувате на 2 недели.

(Галерија) Богатство во мразот !

Древните ловци ги ловеле мамутите поради месо, а денес во арктичката облас на Русија се трага по нивните скапоцени коски.

Десет карактеристики на перфектните мажи: Проверете дали сте еден од нив

Откријте за каков маж сонуваат сите жени и поред кој никогаш не би погледнале друг маж. Кратко и јасно.

Маж кој знае добро да готви и ужива во тоа

Мажи кои имаат автентичен стил, водат грижа за својот изглед и оние кои не би пуштиле пивски стомак кога ќе влезат во брак.

Мажи кои знаат како се користи машината за перење алишта

Мажи кои знаат како треба со децата, тука е да ги подели сите обврски и знае да постави приоритети

Мажи кои сакаат да читаат книги

Финансиски добро поткован или спремен да работи и да заработи

Мажи кои не сакаат женски предрасуди, клише размислувања и однесување

Маж кој е емотивно зрел, интелегентен и со доволно животно искуство

Маж со богат внатрешен и друштвен живот и смисла за хумор

Маж кој го сака животот и ја сака својата жена

TAPABAPИ 3А ТВ АЛФА: Moжнa е copaбoтка co oпoзициjaта зa пpeтceдaтeлcкитe избopи

Неофицијалниот „дил“ меѓу македонската и албанската опозиција ги урива столбовите на владејачката конструкција. Според извори на “Алфа TВ” во власта, двајцата коалициони партнери Заев и Ахмети стравуваат дека гласовите од Алијанса за Албанците и Беса, на адреса на натпартискиот кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ – Силјановска- Давкова, во вториот круг, ќе значат и нејзина победа.

Поддршката на албанската опозиција е дил меѓу ВМРО ДПМНЕ и Алијанса што за сега не е официјално потврден од двете партии, но не е ни демантиран.

Неофицијално, постои договор: македонската опозиција да ја поддржи албанската за нивниот кандидат за градоначалник на Дебар каде заедно со претседателските ќе се одржуваат и локалните избори.

На овој начин кандидатот на Алијанса би излегол како победник, а потоа во вториот круг на претседателските, албанската опозиција да ја даде својата поддршка на контото на Силјановска- Давкова – додаваат од “Алфа”.

–Секакви политички дилови се можни, особено пред парламентарните избори, и за тоа се отворени и Беса и Алтернатива, освен ДУИ и Вејсел Мемеди. Така што ништо не се исклучува. До сега немаме преговори или договори со никого до сега, математиките конкретно за Дебар е тоа дека нашиот кандидат води со 30-40 отсто пред тој на ДУИ. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите во вториот круг. Сите математики се можни, отворени сме за комуникација со сите, но цврст договор немаме, вели градоначалникот, Арбен Таравари.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

(Фото) “Мислевме дека се остатоци од брод”: Рибари пронашле гигантска риба на брегот од реката

Редок вид на риба пронајден е на брегот на реката Мареј во Австралија.

“Мислевме дека се работи за остатоци од брод. Многу од луѓето ќе помислат дека измислуваме, бидејќи само еден дел беше излезен од песокот, па изгледаше како да е од хартија”, вели еден од рибарите.

Се работи за риба која ретко може да се пронајде во тие предели.

Лидерката на владејачката германска ЦДУ, Каранбаурер со поддршка за Силјановска на изборите

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел оствари разговор со лидерката на владејачката германска партија ЦДУ Крамп Каранбауер.

За време на разговорот Мицкоски ја запозна со актуелната политичка состојба во државата и разговараа за актуелната состојба во рамките на ЕНП. Каранбауер истакна дека стои на располагање за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на стратешките интереси и посакува успех на наредните избори.

Од лидерката на ЦДУ беше испратена и поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Разменија мислења за улогата на жените во политиката. Крамп Каранбауер и даде целосна поддршка на Силјаноска Давкова за победа на следните избори.

-Давам поддршка на жените во политиката и се надевам на нивен успех. Се надевам дека ќе станете првата жена претседател на вашата држава и ќе победите на изборите, изјави Крамп Каранбауер.